You are on page 1of 2

РОМАНТИЗМОТ ВО ГЕРМАНИЈА

ЈОХАН ВОЛФГАНГ ГЕТЕ

Јохан Волфганг Гете е најголемата творечка фигура во времето на романтизмот во Германија.


Роден е 1749 година во Франкфурт на Мајна во семејство во кое се негувале граѓански традиции.
На млади години започнува да пишува поезија и најпознати негови збирки поезија се: „Книга за
Анета“ и „Лајпцишка книга песни“.Со нив се искачува на врвот на група млади поети кои
верувале во сопствената генијалност.Гете се појавува и како драмски автор, па така за пишување
на драмите „Ифигенија“ и „Торквато Тасо“ инспирација наоѓа во Италија за време на неговиот
престој таму. И двете драми навлегуваат во италијанската ренесанса и се напишани во класичен
стил. Од романите на Гете се издвојуваат „Страдањата на младиот Вертер“ и „Фауст“

„Страдањата на младиот Вертер“ е роман кој Гете го пишува во 1774.Романот е инспириран од


животот на авторот. Така, тој, две години претходно се сели во градот Вецлар каде работи како
писар и тоа следејќи ја татковата желба да се занимава со правото. Главната инспирација доаѓа од
неговото познанство со извесна девојка по име Лота. Гете се вљубува во неа, но таа била верена
за негов колега. Увидувајќи ја својата грешка Гете заминува во Франкфурт. Романот доживува
голем успех и со него станува познат и во Европа.

„Страдањата на младиот Вертер“ жанровски се определува како епистоларен роман чие дејство
се прикажува преку писмата што еден или повеќе јунаци си ги испраќаат меѓу себе. Станува збор
за писмата кој Вертер му ги праќа на својот пријател Вилхелм. Во овие писма главно се зборува за
забранетата љубов на Вертер кон девојката Лота (Шарлота), а на некои места се среќаваат и
писма кои Вертер ги праќа и на Лота.

Романтичарите, според своите принципи, се залагаат за краен субјективизам и индивидуализам


во уметноста,па затоа и не треба да се чудиме на формата на романот. Замислен е како роман во
писма затоа што писмото се смета за еден од најинтимните форми на обраќање. Блиску до
формата на писмата според интимноста е и дневникот, т.н. роман-дневник, којшто
романтичарите го почитуваат поради неговата приватност. При читањето на романот може да се
забележи дека писмата упатени до неговиот пријател Вилхелм стануваат толку интимни што
наликуваат и на дневник на главиот јунак. Кон крајот на романот како раскажувач се појавува и
„приредувачот“, или „издавачот“ на делото, кој треба да ги раскаже последните денови од
животот на Вертер, оред неговото самоубиство, каде главниот јунак нема ниту време, ниту волја
да пишува на пријателот. Тој треба да ги раскаже и настаните после смртта на Вертер.

„Страдањата на младиот Вертер“ е интересна комбинација на епистоларен роман, роман-


дневник и на класичен роман, во кој трето, неутрално лице е сведок на настаните.

На почетокот на романот ни е претставен главниот лик Вертер-младич кој отпатувал од родното


место и го поминува времето на имотот на некој велепоседник. Дознаваме за неговите
уметнички, сликарски способности, неговата страст кон литературата, но и неговото постојано
безделничење. Во малото место ја среќава својата фатална љубов Шарлота С. Таа живее заедно со
својот татко на имотот и по смртта на мајката се грижи за семејството. Меѓу нив се раѓа љубов на
прв поглед, но вистинската наклоност доаѓа на една игранка, на која двајцата танцувајќи
забораваат на светот околу нив. Од овој миг започнуваат вистинските страдања на Вертер, бидејќи
Лота е ветена на друг. Во еден момент игранката е прекината поради силното невереме –дожд и
грмотевици, елемент кој романтичарите често го користат, па преку пејзажот се дава слика на
душевната состојба на главниот јунак. Во неговата душа како гром се јавува љубовта кон Лота,
забранетата за него жена!

Вертер се повеќе го минува времето заедно со Лота во нејзиниот дом, па така станува добар
пријател и со нејзиниот татко. Од ден на ден се повеќе се приврзува кон неа, но и Лота не
останува рамнодушна кон него. И двајцата се сродни души-љубители на природата, уметноста,
особено на поезијата и музиката.

Следува моментот кога на имотот доаѓа вереникот на Лота, Алберт. Тој е стабилен сериозен
човек, но од друга страна тој е човек без емоции и страст. Интересно во приказната е тоа што и
Вертер во неговиот соперник гледа како на добар и чесен човек. Сега за главниот јунак
новонастанатата состојба станува уште потешка. Не може да се помири со фактот дека неговата
љубена е ветена за друг и дека Лота наскоро треба да се омажи за друг човек. Воден од
моралните норми и грижа на совеста, Вертер решава да го напушти местото и тоа без да се
поздрави.

Во вториот дел од романот Вертер знае дека доживеал љубовен пораз и решава да си го
пронајде местото во општеството. Наоѓа и работа со добра заработувачка и конечно ќе реши да си
го промени животот. Но, набргу и општеството ќе си го покаже вистинското , сурово лице. Вертер
е разочаран од лицемерието во општеството. Го повредуваат и односите во хиерархијата- според
општеството не е важно колку вредиш и колку си способен, туку е важно човековото потекло. Ако
си роден со „сина“ крв тогаш имаш благородничко потекло и без никаков проблем ќе бидеш
високо котиран во општеството. Од друга страна ако имаш обично потекло (каков што бил
Вертер), можеш да бидеш само слуга на благородниците.

Во местото Вертер ќе се запознае и со друга девојка, која му станува навистина мила, но која
никогаш нема да може да го заземе местото на Лота.

You might also like