You are on page 1of 2

Страдањата на младиот Вертер

Есеј

Тема: Патолошкиот копнеж на Вертер кон Лота


Мотив: Личните чувства на Гете ; Аналогија со неговото искуство во
љубовниот живот
Идеја: Да не идеализираме личности

Епистолошкиот роман ,,Страданијата на младиот Вертер” е позната


класика на Јохан Гете напишана во 1774 год, а се работи за болната
опсесија на младиот Вертер со младата девојка Лота, чиј крај ќе биде
трагичен. Може да се опише како жарта која го пламнала новото движење
во тогашна Германија ,,Sturm und dreng” или во превод бура и натисок,
карактеризиран со интензивни емоции на копнеж и љубов, понекогаш и
убиство во име на љубовта.
Несомнено е исто така и романтистичка класика, во делото се среќаваат
сите романтистички елементи: љубовта према природата, меланхолија,
осаменост, инспирација од античките писатели, оттуѓеност од реалноста и
идеализација на жените.
Вертер сите овие елементи ги прикажува преку неговиот лик и
целокупната неговата душевна состојба.
Гледајќи генерално, низ целиот роман, Вертер само на почетокот е
делумно реалистичен или ,,трезен”, а како романот прогресира остриот
поглед на Вертер полека се губи и се приметува магла во неговиот мозок и
целиот негов поглед е низ призмата на една илузија или фантазија. Губејќи
се себе си, не приметува дека реалноста околу него е далеку поинаква од
онаа која тој ја гледа, што ќе го доведе да се пронајде себе си и да се
поистовестува со ликот на слугинот од селото кој од љубов према
домаќинката го убил нејзиниот сакан, бранејќи го убиецот во името на
љубовта.
Се среќава и еден строг идеализам према античката литература, што ќе
биде и повод тој да се запознае и да се спријатели со Лота. Во неговото
видување, колку и да му се восхитувал на простиот живот на селаните, тој
сепак ги сметал повеќето за просечни луѓе со кои не може да ги истражува
поапстрактините концепти, или да говори за литературата на Хомер.
Ваквата негова идеологија всушност и ќе го разболи, верувајќи дека Лота е
посебна личност која е незаменлива и кон која треба да се наклони по било
која цена поради тоа што таа ги исполнувала тие негови очекувања.
Во текот на делото како тој се повеќе и повеќе тоне во љубовта према
Лота, бурните чувства на нервоза, тага и хистерична инцидентна радост,
како продукт на доминантната депресија, се преплетуваат. Начинот со кој
ги ублажува овие внатрешни конфликтни емоции е преку мечтаење во
природата, гледајќи ја низината од ридот кај Валхајм, шетајќи се низ
шумите или уредувајќи си ја сопствената градина, во обид да биде оставен
самиот со своите емоции. Дури вели: ,,Човекот кој си ја нема украсено и
средено сопствената градина до перфекција, не е исполнет човек”.
Неговиот идеализам кон Лота го доведува до тој степен да со денови и
денови не го соблече палтото во кое играл валц со неа, да има закачено
нејзин портрет во собата и да си ја прегази честа со тоа што покрај
присуството на нејзиниот вереник Алберт, тој повторно ги посетувал без
престан до моментот кога веќе им претставувал проблем. Споменати се и
моменти каде тој и клекнува на колена, и ја бакнува раката и јавно и
укажува кон неговиот копнеж, што на некој начин ја симболизира
неговата покореност.
Главната душевна состојба на Вертер е меланхолична. Покрај маската на
претпоставената љубов, се крие доста мрачна позадина и еден вид тумор
кој расте и расте, а заедно со елементот на фантазија и оттуѓеност, тој
тумор кулминира и Вертер извршува самоубиство, објаснувајќи дека не е
ниту растревожен, ниту исплашен, туку напротив смирен и спокоен
бидејќи пиштолот со кој се пукал, го има допрено Лота.
Ваквиот трагичен крај тој го оправдува велејќи во последното писмо кон
Лота после единаесет часот попладне: ,,За да заврши оваа мака мора еден
од нас тројца да умре. Или Алберт, или ти(Лота), или јас. Јас се одбрав
себе си.” Но со овој потег тој нанесува колатерална болка и штета на тие
кои биле во неговиот круг на блиски пријатели, а и на фамилијата исто.
Последниот елемент на оттуѓеност се среќава во моментот кога тој
замолува да биде погребан и каде ќе биде погребан во ќошето на
гробиштата, сакајќи да биде оддалечен од сите останати.

You might also like