You are on page 1of 5

Романтизмот во руската литература

Романтизмот во Русија доаѓа од Европа и целосно ќе ја истисне


класицистичката поетика каде има строга поделба на литературните видови ,
инсистирање на строго дефинираната форма на пишување и возвишувањето
на разумот.

Романтизмот ќе биде се она што не е класицизмот

Тој инсистира на слободно мешање на формите, фокусираност на


внатрешните доживувања на поетите и на нивните книжевни јунаци и
посочување (помалку или повеќе) на тесната зависност на личната среќа од
општеството.Најголемиот популаризатор на романтизмот во руската
литература бил Николај Алексович Плевој, млад новинар,критичар и писател.
Тој е заслужен за популаризацијата на делото на В.Иго и француските
романтичари, а ни германскиот, ниту англискиот романтизам не биле туѓи на
младата литературна романтичарска плејада која ја сочинувале: Жуковски,
Козловски,Пушкин и др.

Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837)

1.Живот

Роден е во богато аристократско семејство Се школувал во познатиот лицеј


во Царско село (елитно училиште на аристократските деца ) Ќе биде
подржувач на Декабристите ( учесници во востанието од 14 декември 1825 г.
против царското владеење. Тие сакале да се воведе парламентарен систем
со рамноправност на сите сталежи. Царските власти крваво го задушиле
востанието и ги обесиле водачите на бунтот), поради што ќе биде казнет и
пратен во прогонство како политички затвореник.Ќе се ожени со Наталија
Гончарова, позната убавица во тоа време и ќе имаат среќен брак По
нејзиното запознавање со гардистот Жорж Дантес се претпоставува дека
била со него во љубовна врска Се претпоставува дека тоа ќе биде причина за
двобојот на Пушкин со Дантес Двобојот се одигрува 1837 г, Пушкин ќе биде
тешко ранет и по неколку денови умира Неговата смрт е национална
трагедија и поради избегнување на немири, погребот ќе се одвива во тајност.
2.Творештво

Пушкин го сметаат за зачетник на новата руска литература и создавач на


рускиот литературен јазик.

Тој е родоначелник на рускиот романтизам и на реализмот. Пишува речиси


во сите жанрови и е создавач на новиот – роман во стихови.Негови
најпознати дела се:

поемите: „Кон Чаадаев“, „Село“, „На Керн“, „Зимска вечер“;

романите: „Капетановата ќерка“, „Евгениј Онегин“;

трагедијата: „Борис Годунов“.

Роман во стихови,,Евгениј Онегин,,

Романот го пишувал дури 8 години композиција.Романот „ Евгениј Онегин “ е


роман во стихови и го сочинуваат осум пеења. Пушкин ја создал онегинската
строфа составена од 14 стиха.Иако поетот е претставник на романтизмот,
романот е замислен врз реалистична основа каде се запознаваме со
секојдневните настани од животот на руското дворјанство.

Темата во романот е љубовта; младешката, идеализирана и неостварена


љубов на Татјана кон Онегин и нејзиното созревање.Времето на случување
се дваесеттите години од деветнаесеттиот век, во Петроград, на село и во
Москва Романот дава приказ на општествениот живот во почетокот на 19
век,но и длабока психолошка слика на ликовите, па може да се забележат 2
семантички слоја и тоа општествен и психолошки.

Анализа на романот ,,Евгениј Онегин,,


Општествен семантички слој

Онегин – (лик создаден по пример на Бајроновиот Чајлд Харолд) е


претставник на младата градска аристократија и нејзиниот бесцелен живот.
Оттука и произлегува чувството на тешка здодевност

Престојот на село за кратко ќе му го направи животот интересен со проекти


кои ќе ги смисли, но никогаш нема да ги реализира.

Се запознава со селската аристократија која ја претставуваат Сестрите


Ларини и Ленски Животот им е исполнет со балови, излети и сл Психолошки
семантички слој.

Анализа на ликовите:

Онегин

Татјана Ларина

Олга Ларина

Владимир Ленски

Ликови
Евгениј Онегин е претставник на градската благородничка средина. Тој е
многу самоуверен човек кој умее да го прикрие своето незнаење и површно
образование. Неговите стремежи и чувства се нестабилни. Тој се обидува од
здодевноста да избега со пишување поезија и читање книги, но не успева.
Ништо не го интересира – забавите му стануваат здодевни, и животот на село
му е здодевен, и дружбата со Ленски му е здодевна, а љубовта на Татјана му
претставува товар. Навикнат да се однесува кон жените ладнокрвно, тој и кон
неа е таков. Нејзиното писмо не го допира премногу, а кога ја одбива
(воопшто не помислува да не ја одбие) за да не ја навреди, се обвинува
себеси и своето сфаќање за слободен живот. Сепак, настапува џентлменски
бидејќи веројатно чувствува некаква симпатија и сожалување кон неа штом
не ја искористува нејзината љубов, како што го правел тоа многупати
претходно. Најнегативно е неговото однесување на именденот, кога за да го
направи Ленски љубоморен, тој цела вечер танцува со Олга. И зошто? Само
затоа што нему му била здодевна љубовта на Татјана. Уште пострашно е што
избрзува и не размислува за последиците. Од истите причини го прифаќа
двобојот во кој го убива својот пријател. Тврдоглавоста и глупоста го прават
убиец. Тој не е рамнодушен што го убива пријателот, го гризе совест и
сосема се повлекува одејќи во непознат правец. Кога повторно ја сретнува
Татјана, тој не може да се помири што таа е туѓа и недостижна. Не може да се
помири со нејзиното студенило и одбивање и затоа лудачки се вљубува во
неа – до разболување. Но, Онегин не би бил свој кога на крајот не би се
помирил и вратил на претходните идеали, на распуштениот и безделнички
живот, тешејќи се дека времето лечи сè.
Татјана е сосема поинаква, постојана во својата љубов и реална. Достоевски
ќе рече дека би било подобро ова дело да го носело нејзиното име, зашто таа
е главниот лик, позитивниот лик, претставничка на здравата, убава, паметна
и цврста руска жена. Уште во детството таа била сериозна, израсната на село,
без детски игри и кукли, со желба да слуша народни приказни – таа е
претставничка на романтичарското сфаќање за животот и природата.
Осамена и отуѓена од градските манири, таа го чека својот принц да дојде кај
неа, но го дочекува Онегин. Млада и наивна, безрезервно се вљубува во него,
иако не го ни познава. Затоа се решава на чекор кој е несфатлив за тоа време
– да му напише љубовно писмо. Премногу искрена и отворена, таа верува во
човечноста и искреноста на другите. По неостварувањето на нејзината желба
да биде со Евгениј, се задоволува со близината на неговите предмети. Но,
набрзо преку нив сфаќа каков е тој и се разочарува од својот херој.
Напуштањето на селото за неа е многу болно зашто не го сака бучниот град и
тамошната малограѓанска средина. Тука, таа ќе ја жртвува својата љубов и ќе
се омажи за стариот кнез, роднина на Онегин. При повторната средба, таа ќе
се однесува ладнокрвно, но е јасно дека сè уште го сака. Ќе го одбие, не
заради освета, туку заради нејзиниот цврст карактер и морал кои нема да ѝ
дозволат да го изневери мажот.
Владимир Ленски е типичен романтичарски лик. Тој е мечтател, поет, кој
детски се вљубува во Олга. Поседува висок морал и жестоко ги брани своите
ставови. Неговата нестабилност, пребрзаност и занес се гледаат кога во
жарот на љубомората го предизвикува Онегин на двобој што всушност го
убива.

You might also like