You are on page 1of 2

Анализа на расказот Ајфеловата кула

Тема: Неверојатната вистина за изградбата на светски најпознатата Ајфелова


кула.
Идеја: Претераната амбициозност може да убие човек.
Локализација: Франција, Париз
Фабула :
1 настан: Поканата од инженерот Ајфел до механичарот Андре Лежен да
работи на изградбата на Ајфеловата кула под услови кој ги одредил тој за
сите работници т.е чување во тајност се што се случува на градилиштето.
2 настан: После изградените 100 метри во височина бил приреден банкет за
сите работници во една крчма покрај реката Сена.
3 настан: Едно утро во месец октомври сите работници се нашле во облак од
магла. Клод Галиме, најмалиот и највештиот работник обајснил дека 4те
цевки кои се наоѓале на секој агол од кулата пуштале гас, кој создавал густа
пареа која потоа се претворила во густ облак кој не се движел ниту горе ниту
доле и сето тоа било само поради ТАЈНАТА?
4.настан:.Организиран уште еден банкет за достигнатите 200 метри височина
5 настан: се помалку луѓе се собирале околку кулата од проста причина што
од облакот не можеле да гледаат што се случува горе и до каде е изградбата
на кулата. Од друга страна облакот бил добра отпичка илузија за
работниците за да им се спречи вртоглавицата од гледање од височина.
6.настан: Изградени договорените 300 метри. Инженерот Ајфел ги собрал
сите работници за да им се заблагодари за успешната двегодишна
соработка, но и да ги покани доколку сакаат да продолжат да работат за
него, за добра заработувачка. Останале многумина ветувајќи дека ќе ја
чуваат тајната за продолжувањето на изградбата.
7 настан: Работниците продолжиле со градбата криејќи се зад густиот облак.
Се насетувало дека никогаш нема да престане изградбата, тоа било и
желбата на Ајфел.Им било потребно половина од работното време само да
се качат до градилиштето, па затоа решиле да постават бараки и да
престојуваат таму горе над облакот, далеку од очите на сите.
8 настан: Звукот на истрелот означило и крај на градбата на Ајфеловата кула.
Синот на инженерот Ајфел ја издал тајната на својот татко и го предал на
властите. Сета нивна работа била срушена до договорените 300 метри
височина.
Ликови: Густав Ајфел, Андре Лежен, Клод Галиме и градежните работници.
Коментар: Сигурен сум дека на ниту еден посетител на Париз кој се
воодушевувал гледајќи ја Ајфеловата кула, не му паднало напамет дека
има скриена приказна за нејзината изградбата.

You might also like