You are on page 1of 3

Основни типови неоргански соединенија

Оксиди- соединенија на елементите со кослород

Метални оксиди:
- се читаат кога помеѓу името на металот и наставката оксид се додава валентност
на металот
- Се пишува формуласо барање НЗС од валентност на металот и на кислородот (-2)

Пр. Na2O натриум оксид (не нагласуваме валентност затоа што натриумот секогаш
е +1)
Cu2O бакар(I) оксид
FeO железо(II) оксид
Fe2O3 железо(III) оксид

Неметални оксиди:
- се читаат кога помеѓу името на неметалот и наставката оксид се додава валентност
на неметалот , или се чита бројот на неметални атоми и бројот на атоми од
кислород(ди,три,тетра,пента,хекса...)
- Се пишува формула кога се бара НЗС од валентност на неметалот и на кислородот
(-2)

Пр. CO јаглерод(II) оксид ( јаглерод моноксид)


CO2 јаглерод(IV) одсид (јаглерод диоксид)
P2O5 фосфор(V) оксид (дифосфор пентаоксид)
N2O азот(I) оксид (диазот моноксид)

Потсетување
- поважни метали кои се секогаш едновалентни: Na, K, NH4,
- поважни метали кои се секогаш двовалентни: Ca, Mg, Ba, Zn,
- секогаш тривалентен е : Al
- метали со променлива валентност: Fe(II,III),Cu(I,II),
Cr(III,V,VI),Mn(II,IV,VII),Ag(I,II), Pb(II,IV)...

Неметали
- F, Cl, Br, I, O, N, P, C, S

Хидроксиди – соединенија составени од метали и една или повеќе хидроксидни групи


- се читаат кога на името на неметалот се додаде наставка хидроксид ако металот
има постојана валентност или се нагласи валентноста на металот ако тој има
променлива валентност.

Пр. NaOH натриум хидроксид


KOH калиум хидроксид
NH4OH амониум хидроксид
Ca(OH)2 калциум хидроксид
Al(OH)3 алуминиум хидроксид
Cr(OH)6 хром(VI) хидроксид
Mn(OH)7 манган(VII) хидроксид

Киселини – соединенија составени од водородни атоми и киселински остатоци.

киселинскиот остаток има валентност еднаква со според бројот на


водородните атоми со кои е
сврзан.

Бескислородни киселини

- имаат наставка “о” и “водородна” на името на неметалот


- нивните соли имаат наставка ид.

HF флуороводородна киселина(соли-флуорид F-)


HCl хлороводородна киселина(соли-хлорид Cl-)
HBr бромоводородна киселина(соли-бромид Br-)
HI јодоводородна киселина(соли-јодид I-)
HCN цијановодородна киселина(соли-цијанид CN-)
H2S сулфуроводородна киселина(соли-сулфид S2-)2-

Kислородни киселини)

H2CO3 - јаглеродна киселина(соли-карбонати CO32-)

H2SO4 - сулфурна киселина (соли-сулфати SO42- )


H2SO3 - сулфуреста киселина (соли - сулфити SO32-)

HNO3 - азотна киселина (соли – нитрати NO3-)


HNO2 - азотеста киселина (соли - нитрити NO2-)

H3PO4 - фосфорна киселина (соли - фосфати PO43-)


H3PO3 - фосфореста киселина ( соли - фосфити PO33-)

СОЛИ – соединенија составени од метални атоми и киселински остатоци

Формулат се пишува кога се напише симболот на металот и киселинскиот остаток, потоа


од нивните валентности се бара НЗС.
Името на солта зависи од киселинскиот остаток.:
- Ако киселинскиот остаток е од безкислородна киселина со наставка ВОДОРОДНА,
солта добива наставка ИД на името на неметалот
- Ако киселинскиот остаток е од кислородна киселина со наставка НА, солта добива
наставка АТ на името на неметалот
- Ако киселинскиот остаток е од кислородна киселина со наставка ЕСТА, солта
добива наставка ИТ на името на неметалот

Примери: Натриум сулфид Na2S


Калциум сулфат CaSO4
Алуминиум сулфит Al2(SO3)3…
Магнезиум цијанид Mg(CN)2
Амониум сулфид (NH4)2S
Железо(III) нитрит FeCl3
Бакар(II) хлорид CuCl2
Сребро нитрат AgNO3
Бариум сулфат BaSO4
Калциум фосфат Ca3(PO4)2
Натриум флуорид NaF
Хром(VI) јодид CrI6
Манган(IV) сулфат Mn(SO4)2…

Прашања за тест:

1. Напиши формули на оксидот на метали: натриум, калциум, алуминиум,


шествалентниот хром, четиривалентниот манган, едновалентното сребро.
2. Прочитај ги називите на следните неметални оксиди : CO, CO2, N2O5, Cl2O7, P4O6,
SO3.
3. Напиши ги формулите и називите на киселините на јаглерод, сулфур, азот и
фосфор.
4. Напиши ги формулите и називите на безкислородните киселини.
5. Напиши гормули на: амониум хидроксид, алуминиум хидроксид, хидроксидот на
двовалентниот калај,
6. Напиши ги формулите на солите: алуминиум флуорид, олово(IV) цијанид, амониум
сулфид, зинк нитрат, калиум сулфит, бакар(II) фосфат.

You might also like