You are on page 1of 1

Прва писмена работа по Македонски јазик

Мојот омилен гледан филм

Мојот омилен филм е „Повикот на дивината“ кој е напишан по истоимената книга од


Џек Лондон. Филмот е авантуристички и се работи за храброто куче Бак, кое среќно живеело
на имотот на судијата Милер во Санта Клара-Калифорнија. Бак бил киднапиран и продаден во
Алјаска на трговец на кучиња и од тогаш животот на Бак сосема се променува. Тој повеќе нема
да живее удобен живот како во Клифорнија, туку неговиот живот како најновото куче на
санката за испорака на пошта ќе биде полн со тешкотии и преживување.

Сопствениците на Бак ќе се сменат неколку пати и некои од нив ќе бидат лоши, а некои
добри. Тој ќе запознае многу кучиња од кои повеќето ќе бидат непријателски настроени кон
него. Бак ќе преживее неколку напади од такви кучиња и ќе биде приморан да го убие кучето
Шпиц за да преживее. Тој ќе застане на чело на кучињата, ќе воведува мир меѓу нив и ќе ги
казнува ако не ги извршат своите обврски и ќе биде најцврст од сите. Колку и да му тешко на
Бак, кај него во секој момент преовладува  нагонот да се биде водич, да се биде силен, упорен
и да се победи гладдта и смртта.

Животот на Бак повторно ке се смени кога ќе го запознае Торнтон, кој ќе го спаси кога
неговите сопственици го измачувале. Љубовта на Бак спрема Торнторн ќе стане многу голема
и неколку пати ќе му го спаси животот. Но, со време Бак ќе почне да го чувствува повикот на
дивината и во него ќе се разбудат инстиктите на своите предци. Тој ќе замине во шумата каде
што се ќе се сретне со младиот волк и ќе научи да живее како нив. Кога тој последен пат ќе се
врати во логорот ќе го најде Торнторн убиен од страна на индијанците. Бак ќе им се одмазди и
ќе замине во шумата да живее како водач на волците каде конечно ќе се чувствува како дома.

Изработил: Розета Србакова

You might also like