You are on page 1of 93

Ричард Бах

ГАЛЕБОТ ЏОНАТАН ЛИВИНГСТОН


Наслов на оригиналот Richard
Bach
JONATHAN LIVINGSTON SEAGULL

Copyright © 1970 by Sabryna A. Bach


Copyright renewed © 1998 by Sabryna A. Bach
New material copyright © 2014 by Sabryna A. Bach
Originally published by Scribner, a Division of Simon & Schuster, Inc.
На висшинскиот Галеб Џонатан
ПРВ ДЕЛ
Беше утро и штотуку изгреаното сонце златесто
одблеснуваше од намрешканата површина на тивкото
море.
На една милја од брегот фрлаа мамки од рибарски
чамец - повик за Утринското јато. Кликањето молска-
вично се ширеше низ воздухот се додека илјадници
галеби не се насобраа и нафрлајќи се еден на друг, се
грабаа за трошките храна. Почнуваше новиот работен
ден.
А во далечината, сосем сам, далеку од чамецот и
морскиот брег, вежбаше галебот Џонатан Ливингс-
тон. На височина од триесет метри ги оптегаше своите
пливачки нозе, го подигаше клунот и до болка се нап-
регаше да ги држи крилјата во строго извиен лак. Вак-
вото извивање значеше дека ќе лета полека и тој го
подзабавуваше летот се додека ветрот не стана само
шепот во неговото лице, а океанот, под него, неподви-
жен. Подзамижа за да се сосредоточи, го подзапре
здивот и ги напрегна сите сили да изведе само уште
два-три сантиметри... од... извиениот лак... И тој час
пердувите му се развеаја, ја загуби брзината и падна.
Како што е познато, галебите никогаш не се неси-
гурни и никогаш не ја губат брзината. Губењето на си-
гурноста и на брзината во воздухот за нив е срамотно и
недостојно.

13
Но галебот Џонатан Ливингстон, не срамејќи се, ги
рашири крилјата во треперливо извивање - забавува-
јќи го уште повеќе летањето, и пак ја загуби брзината -
зашто не беше обична птица.
Повеќето од галебите не се грижат да научат нешто
повеќе од основите на летањето - туку само како да
стигнат од брегот до храната, и пак назад. Зашто пове-
ќето галеби не ги интересира летот, туку јадењето.
Гале- бот Џонатан Ливингстон најмногу од се сакаше
да лета.
Сфати дека таквиот начин на размислување не при-
донесува да биде популарен меѓу птиците. Дури и не-
говите родители очајуваа гледајќи го како ги поминува
деновите осамен, вежбајќи ниски летови, вршејќи
проби.
При летањето над водата на височина помала од
половина од распонот на неговите крилја, не можеше
да сфати зошто, на пример, можеше да се одржува во
воздухот подолго време и со помал напор. Неговите
спуштања не завршуваа со вообичаеното плеснување
на оптегнатите нозе по површината на водата, туку со
долга рамна трага што ја оставаше зад себе кога ќе ја
допреше водата, со нозете цврсто доближени до тело-
то. А кога почна да се спушта на брегот без да ги оп-
тегнува нозете, оставајќи долга трага од лизгањето по
песокот, родителите беа навистина вчудовидени.
„Зошто, Џон, зошто?" прашуваше мајка му. „Зошто
ти е толку тешко да бидеш како другите птици во јато-
то? Препушти им ги ниските летови на пеликаните и
на албатросите. Зошто не јадеш? Сине, па ти си само
коска и пердуви!"

14
„Не е важно што сум коска и пердуви, мамо. Само
сакам да знам што можам да направам во воздухот, а
што не, тоа е се. Само тоа сакам да го знам.“
„Слушај, Џонатан", нежно му рече татко му. „Зима-
та не е далеку. Чамци ќе има само малку, а рибите ќе се
нурнат подлабоко. Ако веќе сакаш да учиш, проучу- вај
ја храната и како да дојдеш до неа. Немам ништо
против твоите вешти летови, но знаеш и самиот дека
со тоа нема да се прехраниш. Не заборавај дека лета- ме
за да се прехраниме.“
Џонатан послушно кимна со главата. Неколку дни
потоа тој се обидуваше да се однесува како другите
галеби; навистина се трудеше, се бореше и испушташе
крикови со јатото околу насипот и рибарските чамци,
се нурнуваше по остатоците од риби и леб. Но никако
не успеваше.
„Бесмислено е сето тоа“, мислеше тој, намерно пре-
пуштајќи му ја тешко стекнатата сардела на гладниот
стар галеб што го следеше. „Можев да го употребам
сето ова време за да вежбам летање. Има уште толку
многу да се научи!“
Набргу потоа галебот Џонатан пак замина сам, да-
леку накај морската шир; учеше гладен и среќен.
Целта му беше брзината, а веќе по една недела
вежбање за брзината, знаеше повеќе од кој и да е жив
галеб.
Од триста метри височина, замавнувајќи со крилја-
та најсилно што може, секавично се спушти главечки
кон брановите. Тогаш сфати зошто галебите не прават
вакви секавични главечки спуштања. За шест секунди

15
постигаше брзина од сто и триесет километри на час,
брзина при која крилјата ја губат сигурноста во вивну-
вањето.
Непрестајно му се случуваше истото. И покрај сета
претпазливост, летајќи на границата од своите спо-
собности, при голема брзина ја губеше контролата.
Се искачи на височина од триста метри. Со пол- на
сила летна право, потоа се сврте замавнувајќи со
крилјата и се нурна вертикално надолу. И секојпат ле-
вото крило му откажуваше и тој силно се занесуваше
влево, ќе се извлечеше со десното крило и тогаш мол-
скавично се спушташе главечки надесно.
И овој пат не беше доволно претпазлив при вивну-
вањето. Десетпати се обиде и секогаш, откако ќе ја
достигнеше брзината од сто и триесет километри на
час, се претвораше во развиорена маса од пердуви и се
струполуваше во морето.
„Решението е во тоа“, размислуваше додека вода- та
се цедеше од него, „да се задржат крилјата сосем
неподвижно при големите брзини, да се замавнува со
нив до брзина од осумдесет километри, а потоа сосем
да се смират.“
Се обиде пак на шестотини метри височина, се нур-
на во својот главечки лет, го устреми клунот надолу, ги
рашири докрај крилјата и ги задржа така во моментот
кога леташе побрзо од осумдесет километри на час.
Тоа бараше неизмерен напор, но тој успеа. За десет се-
кунди достигна брзина од сто и шеесет километри на
час. Џонатан го постави светскиот рекорд во брзински
лет за галеби!

16
Но неговата радост беше краткотрајна. Во мигот
кога се обиде да се извлече од шеметното спуштање, го
промени аголот на своите крилја и ја направи иста- та
страшна грешка што не можеше да ја исправи. При
брзина од сто и шеесет километри почувствува удар
како од експлозија. Галебот Џонатан беше разнесен
сред воздухот и се струполи во морето што му се стори
тврдо како камен.
Кога се освести, одамна веќе беше мрак, а него го
носеше водата на океанот, осветлен од месечината.
Крилјата му тежеа како парчосани оловни прачки, но
бремето на неуспехот му тежеше уште повеќе. Посака
тоа бреме да биде доволно тешко за да го одвлечка по-
лека на дното и со тоа да се заврши се.
Но додека тонеше така во водата, во него се јави
чуден, непознат глас. „Нема друго. Галеб сум. Мојата
природа ми ги ограничува можностите. Да бев созда-
ден беспрекорно да летам, ќе имав навигациони кар-
ти место мозок. Да бев создаден да летам со големи
брзини, ќе имав кратки соколови крилја и ќе се хранев
со глувци, а не со риби. Татко ми имаше право. Мо- рам
да ја заборавам оваа лудост. Морам да одлетам кај
своето јато и да бидам задоволен со она што сум, бе-
ден и ограничен галеб.“
Гласот молкна, а Џонатан се согласи со него. Ноќе на
галебите не им е местото на брегот. Во тој момент се
зарече дека ќе биде обичен галеб. Со тоа сите ќе бидат
посреќни.
Уморно се оддели од темната вода и летна накај
копното, среќен што научил со помал напор да ги сов-
ладува ниските летови.

17
„Сепак не“, си помисли. „Веќе не сум она што бев,
морам да заборавам се што сум научил. Галеб сум како и
секој друг галеб и ќе летам како другите.“ Со напор се
искачи на височина од триесет метри, тешко мав- тајќи
со крилјата, иташе накај брегот.
Се чувствуваше подобро откако реши да биде како
сите други галеби од јатото. Веќе ништо нема да го тера
да учи како досега, веќе нема да постои ни предизвик
ни неуспех. Му беше пријатно да не мисли на ништо и да
лета во мракот накај светлината над брегот.

Мрак! Оној нејасен глас најави тревога. Галебите


никогаш не летаат ноќе!
Џонатан не обрна внимание на тоа. „Баш е убаво“, си
мислеше. „Месечииата и светлините треперат во водата
правејќи танки одблесоци низ ноќта, и се е тол- ку
спокојно и тивко...“
Спушти се! Галебите никогаш не летаат во темнина-
та! Да беше создаден да леташ по темнина, ќе имаше
очи како бувот. Во главата ќе имаше навигациони кар-
ти место мозок! Ќе имаше куси соколови крилја!
Тука, во ноќта, на височина од триесет метри во воз-
духот, галебот Џонатан Ливингстон затрепка со очите.
Неговата болка и неговата решеност вчасот исчезна.
Кратки крилја! Соколови куси крилја!
„Тоа е решението! Што будала сум бил! Потребни ми
се само мали крилја, се што треба да направам е да ги
превиткам и да летам само со врвовите на крилјата!
Куси крилја!
Се вивна на височина од шестотини метри над тем-
ната површина на морето, не помислувајќи ни за миг

22
на неуспех или на смрт, ги вовлече предните делови на
крилјата и ги доближи кон телото, така што на вет- рот
изложи само тесен појас од кратки бодежи на вр- вовите
од крилјата, па се фрли во вертикален спуст.
Ветрот заглушно му фучеше околу главата. Сто и
дваесет километри на час, сто и педесет, двесте, и уш- те
побрзо. При брзина од двесте и триесет километри не ја
чувствуваше тежината на крилјата ни одблизу онака
силно како некогаш при брзина од сто и двае- сет
километри. Сосем благо свртувајќи ги врвовите на
крилјата, се извлече од главечкиот лет и се вивна над
брановите како сиво топовско ѓуле во светлината на
месечината.
Ги подзатвори очите за да се одбрани од ветрот и го
обзеде радосно чувство. „Двесте и шеесет километри на
час! И се е во ред! Ако се спуштам главечки од ил- јада и
петстотини метри височина место од шестоти- ни
метри, којзнае каква брзина би постигнал..."
Ги заборави заклетвите дадени пред тоа, како да ги
однесе силината на ветрот. Дури не се чувствуваше ни
виновен поради тоа што ги прекрши своите ветувања.
Впрочем, таквите ветувања вредат само за оние гале- би
што ја прифаќаат секојдневната реалност. На оној што
достигнал совршенство во учењето не му требаат такви
ветувања.
На изгрејсонце галебот Џонатан Ливингстон пак
вежбаше. Од илјада и петстотини метри височина ри-
барските чамци личеа на точки во мирно сиво море, а
јатото на својот појадок се чинеше како облак од раз-
виорен прав.

23
Беше жив, одвај забележливо трепереше од восхит,
горд што го надвил стравот. А тогаш, без посебни под-
готовки, ги вовлече предните делови на крилјата, ги
исфрли кусите и коси врвови на крилјата и се нурна
право во морето. Во моментот кога ја поминуваше ви-
сочината од триста метри, ја постигна крајната грани-
ца во брзината, ветрот како цврст звучен ѕид му оне-
возможуваше понатамошно забрзување. Сега леташе
право надолу со брзина од триста триесет и осум кило-
метри на час. Подголтна при помислата дека при вак- ва
брзина, ако не ги вовлечеше крилјата, ќе се распр- снеше
на милион ситни парчиња. Но брзината е сила, брзината
е восхит, брзината е чиста убавина.
Започна со извивање од шеметниот лет на триста
метри височина. Врвовите на крилјата му се тресеа и
трепереа на стравотно силниот ветар, а бродот и јато- то
галеби, што му беа токму на патот во насоката, се лулаа
и растеа со метеорска брзина.
Не можеше да се запре. Не знаеше ни како да сврти
при ваква брзина.
Судирот би значел моментална смрт.
Затоа ги затвори очите.
Тоа утро набргу по изгревот на сонцето, галебот
Џонатан Ливингстон профучи сред Утринското јато
постигнувајќи брзина од триста триесет и три киломе-
три на час, со затворени очи, а ветрот жестоко фиука-
ше низ неговите пердуви. Среќата на галебот овој пат му
се насмевна и никој не загина.
Кога одново го подигна клунот нагоре кон небото, се
уште јуреше со брзина од двесте километри на час.

26
Кога ја намали брзината на триесет километри и ко-
нечно пак ги рашири крилјата, чамецот се наоѓаше на
илјада и двесте метри под него, како некоја трошка во
морето.
Триумфираше. Крајно можна брзина! Галеб што ле-
та со триста четириесет и три километри на час! Тоа
беше рекорд, единствен и голем миг во историјата на
јатото, миг што значеше почеток на нов период во
животот на Џонатан. Летајќи кон своето осамено веж-
балиште, ги свитка крилјата за главечки лет од две
илјади и четиристотини метри височина и реши исто-
времено да го совлада и свртувањето.
Сфати дека, ако помрдне само еден пердув од врвот
на крилото за два-три сантиметри, може да постигне
глатко и широко свртување при шеметна брзина. Но
пред тоа научи дека, ако при таа брзина помрдне по-
веќе од еден пердув, ќе почне да се врти како зрно од
пушка... и така Џонатан стана првиот галеб на светот
што изведува акробатски летови.
Тој ден не губеше време за разговори со другите га-
леби, леташе до зајдисонце. Ги откри виражот, бавни- от
валјак, грбниот вител и летањето на нож.

Кога галебот Џонатан му се придружи на јатото на


брегот, беше сосем темно. Беше изморен и му се врте-
ше во главата. Сепак, во својот восхит изведе вираж при
спуштањето, токму пред да ја допре земјата. „Кога ќе
дознаат за мојот рекорд", си помисли, „ќе полудат од
среќа. Колку повеќе имаме сега од животот! Тоа е

27
смислата на животот, а не она еднообразно влечкање до
рибарските чамци и назад, сега имаме зошто да
живееме! Можеме да се издигнеме од незнаењето, мо-
жеме да станеме совршени, умни и вешти. Можеме да
бидеме слободни! Можеме да научиме да летаме!"
Годините што беа пред него ветуваа задоволство и
среќа. Кога се спушти на брегот, галебите беа собрани
на Консултативен собир, очигледно веќе подолго вре-
ме. Всушност, чекаа.
„Галебу Џонатан Ливингстон! Напред во центарот!“
Зборовите на водачот звучеа мошне свечено. Да зас-
танеш во Центарот значеше или смрт или голема чест.
На тој начин им се искажуваше чест на најголемите
водачи на галебите.
„Се разбира“, си помисли, „Утринското јато го виде
утринава мојот рекорд! Но јас не сакам никакви почес-
ти. Не сакам да станам водач. Сакам само со нив да го
поделам своето откритие, да им ги покажам хоризон-
тите што се отвораат пред сите нас.“ И тој исчекори
напред.
„Галебу Џонатан Ливингстон", рече водачот, „зас-
тани во Центарот на срамот, така што сите браќа ќе
можат да те видат!"
Како да го тресна некој со птица по глава. Колената
му се тресеа, пердувите му се пробесија, а во ушите му
бучеше. „Зар јас да стојам во Центарот на срамот?! Не е
можно. А рекордот?! Тие не го разбираат тоа! Тоа е
забуна, тоа е грешка!“

28
.... Поради својата безобѕирна неодговорност", се
разнесе сериозен глас, „поради повреда на достоинст-
вото и традицијата на фамилијата галеби...“
Да бидеш повикан во Центарот поради некој сра-
мен чин значеше дека ќе бидеш истеран од заедница- та
на галебите, прогонет во осаменост на Далечните
Карпи.
„...Еден ден ќе сфатиш, Џонатан Ливингстон, дека
неодговорноста не се исплатува. Животот е неизвесен и
не можеме да го осознаеме, а ние сме создадени само за
да јадеме и да опстанеме колку што можеме подолго."
Галебите никогаш не му се противставуваат на
Консултативниот собир на јатото, а Џонатан сепак го
дигна гласот:
„Неодговорност? Браќа мои!“ викна. „Кој е поод-
говорен од галебот што ја нашол и ја следи смислата и
повисоката цел на животот? Илјадници години се ма-
чиме да дојдеме до рибини глави, а сега има зошто да
живееме - да учиме, да откриваме, да станеме слобод-
ни. Дајте ми можност, дозволете ми да ви покажам што
сум научил...“
Јатото стоеше неподвижно, како да беше од камен.
„Братството е прекинато“, свикаа едногласно гале-
бите, достоинствено се оглушија и му свртија грб.
Галебот Џонатан го помина остатокот од животот во
самотност, но одлета многу подалеку од Далечни- те
Карпи. Не го болеше толку самотноста колку соз-
нанието дека другите галеби одбија да веруваат во
возвишеноста на летањето; не сакаа да ги отворат
очите и да видат.

29
Секој ден учеше се повеќе. Научи со главечко нур-
нување при полна брзина да дограби многу ретка и
вкусна риба што се движи во јато на три метри под
површината на океанот - веќе не му требаа рибарските
чамци и бајатиот леб за да преживее. Научи да спие во
воздухот, да ја одржува насоката користејќи го ветрот
што доаѓаше од копното, поминувајќи така по сто и ше-
есет километри од заоѓањето до изгревот на сонцето. Со
иста самоконтрола леташе низ густи морски магли и се
издигаше над нив до ведрото блескаво небо... до- дека
во исто време другите галеби стоеја на земјата, знаејќи
единствено за магла и дожд. Научи да се служи со
ветровите од височините за да навлезе длабоко на
копното и таму да се гости со вкусни инсекти.
Се што посакуваше некогаш за јатото, сега го пра-
веше сам за себе; научи да лета и не му беше жал за
цената што ја плати. Галебот Џонатан откри дека здо-
девноста, стравот и гневот се главните причини по-
ради кои галебот живее кратко, а бидејќи се имаше
ослободено од сето тоа, живееше навистина долг и
среќен живот.

Пристигнаа вечерта и го здогледаа Џонатан како


спокојно плови сам по своето сакано небо. Двата гале-
ба што се појавија сосем близу до неговите крилја беа
чисти како ѕвезден сјај, зрачејќи со благост и прија-
телство во темните ноќни височини. Но најубава од се
беше нивната вештина во летањето - врвовите на
своите крилја ги држеа на определена и постојана раз-
далеченост од неговите.

36
Без зборови, Џонатан ги подложи на тест, испит што
ниеден галеб го немаше положено. Ги исправи крилјата
и го забави летањето до еден километар на час, колку
да се одржува во воздухот. Двете блескави птици
истовремено го забавија летот, без мака, не ме- нувајќи
ја положбата. Умееја бавно да летаат.
Тогаш ги сви крилјата, направи свртување и се
спушти главечки со брзина од триста километри на час.
И тие се спуштија со него јурејќи во беспрекорна
формација.
Најпосле, од истата брзина се изви и летна нагоре
изведувајќи долг вертикален валјак. Насмевнувајќи се,
тие се вртеа заедно со него.
Продолжи да лета во хоризонтален лет и некое вре-
ме молчеше пред да прозбори: „Добро“, рече тој, „кои
сте вие?“
„Ние сме од твоето јато, Џонатан. Твои браќа сме.“
Зборовите звучеа силно и спокојно. „Дојдовме да те
поведеме повисоко, да те одведеме дома...“
„Јас немам дом. Немам ни јато. Прогонет сум. Сега ме
носи големиот планински ветар. Веќе по неколку
десетици метри не ќе можам да го подигнам повисоко
своето остарено тело.“
„Ќе можеш, Џонатан. Си научил. Една школа завр-
ши, сега е време да започнеш друга.“
На Џонатан му се чинеше дека тој миг, полн со раз-
бирање и светлина, го носел во себе целиот свој жи- вот.
Имаа право. Тој знае да лета повисоко, дојде вре- ме да
си оди дома.

37
Уште еднаш го опфати со поглед небото, она прек-
расно сребреникаво пространство каде што научи
толку многу.
„Подготвен сум“, рече најпосле.
Потоа Џонатан Ливингстон и двата галеба блеска-
ви како ѕвезди се издигнаа и исчезнаа во сосем темно-
то небо.

38
ВТОР ДЕЛ
„Ова е, значи, небото“, помисли и низ лицето му
помина насмевка. Не беше баш разумно да размислу-
ваш за небото во моментот кога се издигнуваш да вле-
зеш таму.
Напуштајќи ја земјата, летајќи над облаците во
единствена формација со двата блескави галеба, забе-
лежа дека и неговото тело станува сјајно како нивно- то.
Навистина, зад златестите очи се уште беше оној млад
галеб Џонатан каков што беше секогаш, само што му се
смени надворешниот изглед.
Телото го чувствуваше како галебово, но сега веќе
можеше да лета подобро од кога и да е порано. „Зош- то,
со половина помал труд“, мислеше, „можам да пос-
тигнам двојно поголема брзина, двојно поголем успех од
оној на Земјата во своите најдобри денови?!“
Пердувите му блескаа со брилијантна белина, а
крилјата му беа мазни како совршено светнати среб-
рени плочки. Одушевено почна да ги проучува и да ги
зајакнува своите нови крилја.
При брзина од четиристотини километри на час
почувствува дека се доближува до најголемата брзина
што ја постигнал кога и да е во хоризонтално летање.
При брзина од четиристотини триесет и седум кило-
метри сфати дека лета најбрзо што може, па сепак беше
малку разочаран. Тоа значеше дека и неговото

51
тело има ограничување. Иако го надмина својот пора-
нешен рекорд во хоризонтално летање, знаеше дека
треба огромен напор за да се собори границата. „На
небото", си помисли, „не би требало да има ограничу-
вање.“
Облаците се растурија, а неговите придружници му
довикнаа: „Среќно спуштање, Џонатан", и исчезнаа во
воздухот.
Леташе над морето накај разгранетиот морски брег.
Само неколку галеби повремено летнуваа од карпите.
Подалеку кон север, на самиот хоризонт, летаа уште
неколку галеби. Нови хоризонти, нови мисли, нови
прашања. Зошто толку малку галеби? Небото треба да е
зашрупано со галеби. Зошто сум одеднаш толку из-
морен? Галебите на небото не би смееле никогаш да
бидат изморени или пак да спијат.
Каде ли го имаше веќе слушнато тоа? Сеќавањата од
животот на Земјата полека се губеа. Таму, на Земја- та,
имаше научено многу нешта, се разбира, но под-
робностите некако се мешаа - матно се сеќаваше како се
бореа за храна и како го протераа.
Десетина галеби долетаа од брегот за да го поздра-
ват, но ниеден не проговори ни збор. Само почувству- ва
дека е добредојден и дека ова е неговиот нов дом. Тоа
беше голем ден за него, но ден за чиј изгрев на сонцето
веќе не се сеќаваше.
Сврте кон брегот, удирајќи со крилјата за да се зап-
ре на два-три сантиметри во воздухот, а потоа лесно се
спушти на песокот. И другите галеби се спуштаа, но
ниту еден не замавна ни со едно пердувче од своите

52
крилја. Се нишаа на ветрот со широко отворени блес-
кави крилја, а потоа некако го менуваа аголот на свои-
те пердуви, се додека не запреа и во истиот миг со но-
зете не ја допреа земјата. Тоа беше чудесна вештина, но
Џонатан беше премногу изморен за да се обиде и
самиот. Стоејќи така на песочниот брег, и натаму без
збор, заспа.
Во следните денови Џонатан сфати дека овде може
да се научи летањето исто толку колку и во животот
што го остави зад себе. Само на друг начин. Овде има-
ше галеби што мислеа како него. За секој од нив нај-
важно во животот беше како да се достигне и допре
совршенството во она што најмногу се сака - во лета-
њето. Сите тие величествени птици поминуваа часови и
часови секојдневно летајќи, усовршувајќи ја вешти-
ната на летањето.
Долго време Џонатан не мислеше на светот од
којшто дојде, светот во кој неговото јато живееше со
цврсто затворени очи пред радоста на летањето, упо-
требувајќи ги крилјата само како средство за потрага и
борба за храна. Но понекогаш, само за момент, се
сеќаваше на него.
Се сети на него и едно утро додека се одмораше со
својот учител на брегот по вежбање на брз валјак на
раздели од грбна положба.
„Каде се другите, Саливен?" го праша молкома, се- га
веќе со леснотија го имаше совладано телепатското
разбирање со кое се служеа овие галеби место со кри-
кови и гракања. „Зошто не нема повеќе овде? Таму од
каде што дојдов имаше...“

53
„...илјадници и илјадници галеби. Да, знам!“ Саливен
кимна со главата. „Само еден одговор можам да ти да-
дам, тоа дека ти, Џонатан, си ретка птица, една меѓу ми-
лион птици. Сите ние поминавме долг пат додека стиг-
навме дотука. Поминувавме од еден свет во друг, што не
се разликуваше многу од претходниот, заборавајќи
веднаш од каде сме стигнале, не размислувајќи каде не
води, живеевме само за мигот. Знаеш ли колку животи
сме поминале додека не сфативме дека животот е нешто
повеќе од јадењето, борбата или превласта во јатото?
Илјадници животи, Џон, десет илјади! И уште стотина
животи додека не почнавме да сфаќаме дека постои
нешто што се вика совршенство, а потоа уште стотина
животи додека не научивме дека целта на живеењето е
во тоа да го откриеме тоа совршенство и да им го оста-
виме на другите. Сега, се разбира, важи истото правило
за сите нас: го избираме својот иден свет според она што
го научивме во овој. Ако не научиш ништо, идниот жи-
вот ќе ти биде како сегашниот, со исти ограничувања и
тешкотии, што треба да ги совладаш."
Тој ги рашири крилјата и се сврте спроти ветрот. „Но
ти, Џон“, рече, „ти научи толку многу одеднаш што не
мораше да проживееш илјадници животи за да стапиш
во овој живот.“
Веќе следниот момент пак беа во воздухот и про-
должија да вежбаат. Изведбата на валјак на раздели во
формација беше мошне тешка, зашто додека лета- ше
свртен на грб, мораше се да прави обратно, да ја менува
кривината на своето крило, и тоа точно во сог- ласност
со својот учител.

54
„Ајде да се обидеме уште еднаш“, повторуваше Са-
ливен. „Обиди се уште еднаш.“ На крајот рече: „Доб- ро“.
А тогаш почнала да вежбаат надворешен вираж.
Една вечер галебите што не заминаа на ноќно лета-
ње стоеја заедно на песокот и размислуваа. Џонатан
собра храброст и му пристапи на старешината кој, ка- ко
што му рече некој, требаше да го напушти овој свет.
„Чјанг...“, му се обрати малку вознемирено.
Стариот галеб благо го погледна. „Што е, синко?"
Место да опаѓа со годините, водачот стануваше се по-
силен; леташе подобро од кој и да е галеб, од јатото,
бидејќи ги имаше совладано сите оние вештини што
другите галеби почнуваа да ги совладуваат.
„Чјанг, овој наш свет не е небото, нели?“
Старешината се насмевна при месечината. „Ти уште
учиш, Џонатан“, му рече.
„Што ќе биде по ова? Каде одиме? Дали небото во-
општо постои?“
„Не, Џонатан, нема такво место. Небото не е ни место
ни време. Небото е совршенство.“ За миг замол- кна, па
рече: „Ти леташ многу брзо, нели?“
„Па... уживам во брзината", одговори Џонатан, из-
ненаден, но горд што старешината го забележал тоа.
„Ќе го допреш небото, Џонатан, оној миг кога ќе ја
достигнеш совршената брзина. Тоа не значи да леташ
илјадници километри на час, ниту милиони километ-
ри, ниту да леташ со брзина на светлината. Зашто се-
кој број е ограничен, а совршенството нема граници.
Совршена брзина, дете мое, значи да бидеш таму.“

55
Без најава, Чјанг исчезна, а во следниот момент се
појави до самиот раб на водата, дваесетина чекори по-
натаму, се во делче од мигот. Потоа пак исчезна, но вчас
се најде пак до Џонатановите рамена. „Ова е еден вид
забава“, рече.
Џонатан се збуни. Заборави на своите прашања за
небото. „Како го постигнуваш тоа? Како се чувствуваш
во тој миг? Колку далеку можеш да одиш?“
„Можеш да одиш каде било и кога било, само ако
посакаш", објасни старешината. „Јас сум бил секаде и во
секое време што сум посакал." Погледна преку мо- рето.
„Чудно е тоа. Галебите што го запоставуваат совр-
шенството заради патувањето патуваат полека и нико-
гаш не стигнуваат на одредиштето. Оние што го зане-
маруваат патувањето заради совршенството можат да
стигнат секаде, за миг. Запамети, Џонатан! Небото не е
ни место ни време, зашто и местото и времето се без-
начајни. Небото е...“
„Можеш ли да ме научиш да летам така?“ Галебот
Џонатан затрепери при помислата дека ќе научи неш-
то ново.
„Секако, ако сакаш да учиш.“
„Сакам. Кога би можеле да почнеме?“
„Можеме веднаш, ако сакаш.“
„Сакам да научам да летам така“, повтори Џонатан, а
очите му блеснаа со чудна светлина. „Кажи ми што
треба да сторам.“
Чјанг зборуваше бавно и внимателно го набљудува-
ше младиот галеб. „За да одлеташ каде и да е со брзи-

66
на на мислите", рече, „мораш да почнеш од сознание- то
дека веќе си стигнал на саканото место...“
Според Чјанг, работата е во тоа да се ослободиш од
чувството дека си ограничен со телото - чиј распон на
крилјата е еден метар и пет сантиметри - и дека ти се
точно определени можностите. Работата е во тоа да
знаеш дека твојата вистинска природа, совршена ка- ко
непишан број, е истовремено секаде во времето и
просторот.

Џонатан ревносно вежбаше, со денови, почнувајќи


пред изгревот на сонцето, па се до полноќ. По сиот на-
пор, не научи ама баш ништо ново.
„Остави ја верата!" упорно му повторуваше Чјанг.
„Верата не ти требаше додека учеше да леташ, не ти
треба ни сега, кога сакаш да го разбереш летањето. Тоа
е исто нешто. Обиди се пак сега...“
А потоа, еден ден, додека Џонатан стоеше на бре- гот
со затворени очи, сосредоточувајќи се, одеднаш го
сфати она што му го велеше Чјанг. „Па тоа е вистина. Јас
су м совршен галеб, без ограничувања!" Ја почувст- вува
радоста со целата силина.
„Браво!“ рече Чјанг со призвук на победа во гласот.
Џонатан ги отвори очите. Стоеше сам со старешина-
та на сосем непознат морски брег - дрвјата се прости-
раа надолу, се до работ на водата, а две жолти сонца-
близнаци пловеа над нив.
„Најпосле сфати", рече Чјанг, „но мораш уште да
работиш врз контролирањето... “

67
„Каде сме?“ Џонатан многу се изненади.
Наполно рамнодушен спрема новата околина, ста-
решината одговори на тоа прашање. „Очигледно дека
сме на некоја планета со зелено небо и со две ѕвезди
место сонце.“
Џонатан извика од среќа и со тоа за првпат се огла-
си откако ја напушти Земјата.
„УСПЕАВ!“
„Секако дека успеа, Џон“, објасни Чјанг. „Секогаш
успеваш кога знаеш што правиш. Но сега да се врати- ме
на твојата вештина...“
Кога се вратија, беше мрак. Другите галеби го сле-
деа Џонатан со златестите очи полни со страхопочит,
зашто го видоа како исчезна од светот во кој беше
прикован толку долго.
Ги прими нивните честитки за помалку од една ми-
нута и рече: „Нов сум овде! Почетник! Од вас треба да
научам уште многу!"
„Не би се согласил со тоа, Џон“, рече Саливен, кој
стоеше покрај него. „Ти учиш со помалку страв од кој и
да е галеб што сум го видел во десет илјади години."
Јатото одеднаш стивна, а Џонатан почна нервозно да се
поместува од непријатност.
„Можеме да почнеме од времето, ако сакаш“, му ре-
че Чјанг, „и да вежбаме летање во минатото и во идни-
ната. Дури потоа ќе бидеш подготвен да го научиш она
најтешкото, најсилното, најзабавното. Тогаш ќе бидеш
во можност да летнеш и да го осознаеш значењето на
добрината и љубовта.“

68
Помина еден месец, а Џонатан напредуваше мош- не
брзо. Уште додека учеше од сопственото искуство беше
добар и брз ученик, а сега, кога го подучуваше
старешината лично, ги прифаќаше новите сознанија
како некој аеродинамичен пердувест пресметувач.
Но потоа дојде ден кога Чјанг исчезна. Со сите тив-
ко поразговара, советувајќи ги никогаш да не ги на-
пуштаат учењето, вежбањето и настојувањето да доз-
наат повеќе за совршениот и невидлив принцип на
животот. Додека зборуваше, пердувите му стануваа се
посјајни, а на крајот станаа толку блескави што ние- ден
галеб не можеше веќе да гледа во него.
„Џонатан", рече, и тоа беа неговите последни збо-
рови, „проучувај ја и понатаму љубовта."
Кога повторно можеа да гледаат, Чјанг веќе беше
исчезнал.
Како што поминуваа деновите, Џонатан се повеќе се
наоѓаше себеси како мисли за Земјата од каде што дојде.
Ако таму знаеше само еден десетти, само еден стоти дел
од она што го научи овде, колку повеќе ќе му значеше
животот! Стоеше на песокот размислува- јќи дали
можеби таму, долу, постои некој галеб што се обидува
да ги надмине своите ограничувања, да ја открие
смислата на летањето надвор од вообичаеното
собирање на трошки од чамците. Можеби таму уште
некој е прогонет, зашто на јатото му ја има речено вис-
тината в лице. И колку повеќе вежбаше да биде добар и
колку повеќе ја проучуваше вистинската природа на
љубовта, толку повеќе Џонатан копнееше да се врати на
Земјата. Иако неговото минато беше исполнето со

69
самотија, галебот Џонатан беше создаден да биде учи-
тел, па својата љубов ја искажуваше така што сакаше да
пренесе делче од вистината што ја имаше осозна- ено на
оној галеб што и самиот би покажал макар и желба да ја
осознае таа вистина.
Саливен, кој сега умееше да лета како во мислите,
помагајќи им и на другите да го научат тоа, го изрази
своето сомневање:
„Џон, си бил прогонет". Зар мислиш дека птиците од
твоето старо време ќе те слушаат сега? Ја знаеш ли
поговорката: Оној шпхо лета највисоко, гледа најдалеку.
Оние галеби таму, од каде што дојде ти, стојат наземи,
испуштаат крикови и се борат меѓу себе. Оддалечени се
илјадници километри од небото - а ти би сакал да им го
покажеш небото од онаму каде што стојат! Џон, па тие
не можат да си ги видат ни врвовите на крилја- та!
Остани овде! Помогни им на новодојдените галеби, на
оние што се доволно високо за да го видат она што
сакаш да им го покажеш.“ За момент замолча, а потоа
рече: „Што би било ако Чјанг се врати во своите пора-
нешни светови? Што ќе беше денес со тебе?“
Последното прашање го убеди дека Саливен има
право. Галебот што лета највисоко, Гледа најдалекд.
Џонатан остана и работеше со новодојдените пти-
ци, кои беа мошне бистри и брзо учеа. Но старото чув-
ство пак го обземаше, не можеше да не мисли дека таму,
на Земјата, сепак има еден или два галеба што би
можеле да го научат сето тоа. Колку многу ќе има- ше
научено ако Чјанг дојдеше оној ден кога беше ис- фрлен
од јатото!

70
„Сали, морам да се вратам“, рече најпосле. „Твоите
ученици многу добро напредуваат. Тие ќе ти помогнат
да ги водиш новодојденците."
Саливен воздивна, но не му се противстави. „Ќе ми
недостигаш, Џонатан", беше се што рече.
„Сали, срамота!" рече прекорно Џонатан, „не биди
будалест! Што вежбавме секој ден? Кога нашето при-
јателство би зависело од времето и просторот, тогаш
совладувајќи го времето и просторот, би го упропасти-
ле и братството! Ако го совладаме просторот, ни оста-
нува само ОВДЕ. Кога ќе го совладаме времето, ни ос-
танува само СЕГА. Зар не мислиш дека на тој пат меѓу
Сега и Овде понекогаш сепак ќе се среќаваме?"
Галебот Саливен не сакајќи се насмеа. „Ах ти, луда
птицо“, рече благо. „Ако некој може да им покаже та- му,
на Земјата, како може да се гледа на илјадници ки-
лометри, тогаш тоа ќе биде галебот Џонатан Ливинг-
стон.“ Се загледа во песокот. „Збогум, Џон, пријателе
мој!“
„Збогум, Сали. Ќе се сретнеме пак.“ Со тоа Џонатан се
прости, а потоа во мислите се пренесе меѓу големо- то
јато на брегот од едно друго време и сфати мошне лесно
дека не е само коска и пердуви, туку со ништо
неограничен, совршен симбол на слободата и лета-
њето.

Галебот Флечер Линд се уште беше многу млад, но


веќе знаеше дека јатото никогаш не казнило никого
толку остро и толку неправедно како него.

71
„Не ми е грижа што зборуваат“, мислеше бесно, а
погледот се повеќе му се заматуваше додека се добли-
жуваше кон Далечните Карпи. „Како да е летањето са-
мо мавтање на крилјата од едно место на друго! Тоа...
тоа... може да го стори и секој комарец! Да направиш
еден мал валјак - буре околу старешината, онака од
шега, и тие ќе те прогонат од јатото! Зар се слепи? Не
можат ли да видат ништо? Зар никако не можат да
сфатат какво славење ќе биде тоа кога навистина ќе
научиме да летаме?...
Не ми е грижа што мислат. Ќе им покажам јас ним
што значи да леташ. Ќе бидам вистински прогоненик,
ако го сакаат токму тоа. И ќе им биде многу жал...“
Во главата му се огласи некаков многу благ глас, но
толку го исплаши што се затетерави и се занесе во
воздухот.
„Не биди толку строг спрема нив, галебу Флечер. Со
тоа што те протераа, само себеси си наштетија, а еден
ден и самите ќе го спознаат тоа, еден ден и сами- те ќе
го видат она што го гледаш ти сега. Прости им и
помогни им да ги отворат очите.“
На два-три сантиметри од неговото десно крило
леташе најсјајниот бел галеб на светот, лизгајќи се без
напор, без да помрдне ниедно пердувче, со брзина што
Флечер не можеше да ја следи.
Настапи момент на збунетост кај младата птица.
„Што се случува? Дали сум луд? Или мртов? Што е
ова?“

72
Длабок и мирен глас пак се испреплете во неговите
мисли, барајќи одговор. „Флечер Линд, сакаш ли да
леташ?“
„ДА, САКАМ ДА ЛЕТАМ!"
„Флечер Линд, дали е твојата желба за летање тол-
ку силна што ќе му простиш на јатото и еден ден, кога
ќе научиш, пак ќе му се вратиш, за да им помогнеш да
научат?"
Галебот Флечер не можеше да го лаже тоа величес-
твено, вешто суштество, колку и да беше горд и повре-
ден како птица.
„Сакам“, рече тивко.
„Тогаш, Флечер“, продолжи сјајното суштество со
мошне благ глас, „да почнеме со хоризонтално лета-
ње...“

73
ТРЕТ ДЕЛ
Џонатан кружеше бавно над Далечните Карпи и
набљудуваше. Младиот и незауздан галеб Флечер бе-
ше речиси совршен ученик во летање. Беше силен,
лесен и брз во воздухот и, што е најважно, имаше не-
задржлива желба да научи да лета.
Токму во тој момент одвај видлива сива фигура
пролета покрај својот наставник со брзина од двесте и
четириесет километри на час. Сосем ненадејно напра-
ви уште еден обид за вертикален бавен валјак со шес-
наесет раздели, гласно одбројувајќи ги свртувањата:
„...Осум... девет... Гледаш, Џонатан... ја губам брзи- ната...
Единаесет... Сакам... да... се... запрам... нагло... како...
тебе... Тринаесет... Последните... три... свртува- ња...
без... Четиринае... у-уф!“
Флечер не успеа да изведе свеќа со паѓање во ѕво-
но поради бесот и незадоволството од својот неуспех.
Падна назад, се сврте неколкупати и диво се фрли во
обратен вител, а се поврати во хоризонтален лет дури
на крајот, сиот зазбиван, на триесет метри пониско од
својот наставник.
„Го губиш времето со мене, Џонатан! Премногу сум
глупав! Се обидувам и се обидувам, но не успевам!"
Џонатан го погледна и кимна со главата. „Секако
дека нема да успееш кога толку тешко го изведуваш
искачувањето. Флечер, си загубил шеесет и пет кило-

83
метри само во стартот! Искачувањето мора да ти биде
лесно! Цврсто, но лесно. Сфаќаш ли?“
Се спушти до малиот галеб. „Да се обидеме заедно, и
внимавај на искачувањето. Влегуваме мазно и лес- но.“
По три месеци Џонатан имаше шест ученици, и си-
те беа прогоненици што дошле со желба да летаат за-
ради радоста на летањето.
Сепак, им беше полесно да ја научат вештината на
летањето отколку да ја сфатат неговата смисла.
„Секој од нас, всушност, е симбол на Големиот Га-
леб, неограничен симбол на слободата", зборуваше
Џонатан во квечерините на брегот. Со правилното ле-
тање сме чекор поблизу за да ја изразиме својата вис-
тинска природа. Затоа вежбаме брзинско и бавно ле-
тање, акробации во воздухот..."
... А учениците ќе му заспиеја исцрпени од напорно-
то летање. Сакаа да вежбаат зашто тоа беше брзо и
возбудливо и го стивнуваше нивниот глад за знаење
што растеше по секој нов час по летање. Но ниту еден
од нив, дури ни Флечер Линд, не можеше да верува
дека летот на идеи може да биде исто толку реален
колку и летот на ветар или пердуви.
„Целото ваше тело, од врвот на едното крило до вр-
вот на другото", им зборуваше во една друга ситуаци-
ја, „не е ништо друго туку ваша мисла во форма во која
може да се види. Ослободи ги своите мисли од стеги-
те, ќе го ослободиш и своето тело, ќе можеш да го вла-
дееш и своето тело.“ Но колку и да се обидуваше да им

84
го објасни, сето тоа звучеше како пријатна измислица,
а ним повеќе им требаше спиењето.
Само еден месец подоцна Џонатан им рече дека е
дојдено времето да се вратат во своето јато.
„Не сме уште подготвени!“ рече галебот Хенри Кал-
вин. „Нема да бидеме добредојдени! Ние сме протера-
ни! Не можеме да се присилиме себеси да одиме она-
му каде што не не сакаат, нели?“
„Слободни сме да одиме каде што сакаме и да биде-
ме она што сме“, му одговори Џонатан, се извиши од
песокот и тргна на исток, накај Земјата на своето јато.
Меѓу неговите ученици завладеа кратка вознеми-
реност, зашто според законот на јатото, прогонетиот
не смее никогаш да се врати, а во десет илјади години
тој закон никој не го прекршил. Законот толкува „ос-
тани“; Џонатан вели „оди“ - а сега веќе беше цел кило-
метар оддалечен од брегот. Ако почекаат подолго, Џо-
натан ќе се најде сам во непријателски расположено-
то јато.
„Ние не мораме да се придружуваме кон законот,
зашто не му припаѓаме на јатото, нели?“ рече мошне
самоуверено Флечер. „Освен тоа, ако дојде до борба, ќе
бидеме повеќе потребни таму отколку овде.“
И така тие осуммина се упатија тоа утро на запад во
формација на двоен ромб, речиси покривајќи си ги
еден на друг врвовите на крилјата. Долетаа до песоч-
ниот брег каде што се собираше јатото, со брзина од
двесте километри на час; Џонатан беше на чело, Фле-
чер лесно леташе десно, а Хенри Калвин смело се

85
трудеше да ја одржи брзината одлево. Потоа, во иста
формација, сите како еден го изведоа бавниот валјак
надесно... потоа рамно... па на грб... па рамно, додека
ветрот фучеше околу нив.
Криковите и крескањата од секојдневниот живот на
јатото запреа како да беа пресечени со џинов- ски нож
и осум илјади галебови очи, без да трепнат, втренчено
гледаа што се случува. Осумте галеби, еден по друг,
почнаа нагло да се извишуваат и секој посеб- но изведе
полн вираж, па во широк круг сосем полека се спуштија
на песочниот брег. А потоа, небаре секој ден се
случуваат вакви настани, галебот Џонатан им ги изнесе
своите забелешки за летањето.
„Како прво“, започна насмевнувајќи се кисело, „си-
те доцневте малку во приклучувањето..."
Како молња помина една мисла низ јатото. „Овие
птици се прогонетите птици! И тие се вратија! А тоа...,
тоа не смее да се случи!“ Флечеровите предвидувања за
борба се разводнија во општиот метеж во јатото.
„Па добро, тие се прогоненици, точно е“, се јави еден
од помладите галеби, „но каде ли научиле вака да
летаат?“
Дури по еден час се слушна говорот на старешина-
та: „Не обрнувајте им внимание. Галебот што разгова-
ра со прогонетите и самиот е прогонет. Галебот што им
се восхитува на прогонетите, го крши законот на
јатото.“
Во тој момент птиците му ги свртија на Џонатан
своите грбови со сиви пердуви, но тој се правеше како

86
да не го забележува тоа. Ја продолжи обуката токму на
собиралиштето на јатото и за првпат почна да ги тера
своите ученици до границите на нивните можности.
„Галебу Мартин!“ викаше оддалеку. „Велиш дека си
го научил ниското летање. Ќе ти поверувам тогаш кога
ќе го докажеш тоа! ЛЕТАЈ!“
И тивкиот мал галеб Мартин Вилијам, изненаден од
неочекуваната жестокост на својот учител, за чудо, се
покажа вистински волшебник во ниско летање. По
тивкото ветре успеа да се извиши од песокот се до об-
лаците и да се врати без да замавне со крилјата, само со
поставување на пердувите под определен агол.
Слично беше и со галебот Чарлс-Роланд, кој леташе
носен од големиот планински ветар на височина од
седум илјади и петстотини метри, а потоа се спушти
сиот модар од студениот и редок воздух. Збунет и сре-
ќен, цврсто реши утре да се вивне уште повисоко.
Галебот Флечер, кој повеќе од сите ги сакаше акро-
бациите, го совлада вертикалниот бавен валјак на
шеснаесет раздели, веќе утредента изведе уште една
акробација, а неговите пердуви праќаа одблесоци од
сончев отсјај долу, кон брегот, од каде што го следеа
многуте скриени погледи.
Со часови и часови Џонатан ги следеше своите уче-
ници, летајќи покрај нив, покажувајќи им, објаснува-
јќи им, ги бодреше и ги водеше. Леташе со нив низ
ноќта и облаците, низ луњи и заради забава, додека
јатото бедно се тискаше на копното.

87
Кога ќе завршеа часовите по летање, учениците се
одмораа на песокот и се повнимателно го слушаа Џо-
натан. Некои негови идеи беа луди и тие не можеа ни-
како да ги разберат, други, пак, беа подобри и разбир-
ливи.
Постепено, ноќе, се создаваше нов круг слушатели
околу Џонатановите ученици - круг од љубопитни га-
леби што го слушаа со часови и часови во темнината,
преправајќи се дека еден со друг не се гледаат, а се
растураа пред разденување.
Помина цел месец од враќањето, кога првиот галеб
од јатото ја помина забранетата граница и ги замоли
да го научат да лета. Поради тоа дело галебот Теренс
Ловел беше прогласен за предавник - и така стана ос-
миот Џонатанов ученик.
Следната ноќ им пристапи галебот Кирк Мејнард. Се
движеше несигурно по песокот, влечејќи го левото
крило, на крајот падна пред нозете на Џонатан. „По-
веќе од се на светот сакам да научам да летам...“
„Добро, тогаш дојди“, му рече Џонатан. „Одвој се од
земјата, па ќе почнеме."
„Но ти не разбираш. Моево крило... Не можам да го
помрднам крилото."
„Галебе Мејнард, слободен си да бидеш свој, навис-
тина свој, овде и сега, и ништо не може да те спречи во
тоа. Тоа е законот на Големиот Галеб, единствен
вистински закон“.
„Мислиш ли дека можам да летам?“
„Ти велам само дека си слободен."

90
Едноставно и без мака, Кирк Мејнард ги рашири
лесно крилјата и се извиши во темниот ноќен воздух.
Силно крикна, колку што го држеше гласот, и го разбу-
ди јатото од сон: „Можам да летам! Чујте ме: МОЖАМ
ДА ЛЕТАМ!“
До изгревот на сонцето илјадници птици беа се
собрале во круг околу учениците и љубопитно го наб-
људуваа Мејнарда. Не грижејќи се дали некој ги гледа
или не, го слушаа и се обидуваа да го разберат галебот
Џонатан.
Тој им зборуваше за многу прости работи - дека
право на секој галеб е да лета, дека слободата е нивна
вистинска природа и сето она што ќе им се испречи на
патот кон таа слобода мора да се отфрли, било да е
пропис, суеверие или ограничување од каков и да е
вид.
„Да се отфрли“, се јави глас од мнозинството, „зар и
законот на јатото?“
„Единствениот вистински закон е оној што не води
кон слободата", рече Џонатан, „нема друг закон.“
„Како очекуваш и ние да можеме да летаме како те-
бе?“ допре и друг глас. „Ти си исклучителна, надарена и
божествена птица, ти си над другите птици."
„Погледни го Флечер! Ловел! Чарлс Роланд! Џуди
Ли! Зар се и тие исклучителни, надарени и божестве-
ни птици? Ништо повеќе од она што сте вие, ништо
повеќе од она што јас сум. Разликата, единствената
разлика, е во тоа дека сфатиле што се всушност и поч-
нале да го применуваат тоа.“

91
Неговите ученици, сите освен Флечер, се стиснуваа
од непријатното чувство. Тие не беа свесни дека е тоа
она што го прават.
Собирот растеше од ден на ден, едни доаѓаа за да
прашаат, други за да го изразат својот восхит, трети за
да ги исмеваат.
„Во јатото се зборува дека ти, ако не си му син на
Големиот Галеб лично“, му рече Флечер на Џонатан по
вежбата во брзинско летање, „тогаш си илјада години
пред своето време.“
Џонатан воздивна. Тоа е цената на недоразбира-
њето, си помисли. Или ќе те прогласат за бог или за
ѓавол. „Што мислиш ти, Флечер? Дали сме ние пред
своето време?"
Настапи долго молчење.
„Па, вакво летање постоело отсекогаш и можел да го
научи секој што сакал да го открие; тоа нема никак- ва
врска со времето. Ние можеби сме нешто понапред од
она што е вообичаено. Понапред од востановениот
начин на летање."
„Да, тоа е веќе нешто“, рече Џонатан свртувајќи се
на грб за да лета така некое време. „Тоа не е ни наполу
толку лошо колку она да бидеш пред своето време.“
Ова се случи веќе идната недела. Флечер ги толку-
ваше елементите на брзинските летови пред новата
група ученици. Тукушто се изви од шеметното спуш-
тање од две илјади метри височина, прилегајќи на
долга сива лента развиорена на неколку сантиметри
од песочниот брег, пред него веќе се испречи една
млада птица во својот прв лет, токму на неговата пате-
ка, довикувајќи ја мајка си. Во десеттиот дел од секун-

92
дата, за да го избегне судирот со младенчето, галебот
Флечер Линд остро скршна налево, со брзина поголе- ма
од триста и дваесет километри на час, и удри во една
гранитна карпа.
Му се стори како карпата да беше гигантска врата
што води во другиот свет. Почувствува силен страв и
шок и се му се зацрни кога удри во неа, а потоа беше
носен низ чудно, чудно пространство, наизменично
заборавајќи каде е, исплашен и тажен, и му беше жал,
чувствуваше силно жалење.
И тогаш до него допре глас сличен на оној што го чу
кога првпат го сретна галебот Џонатан Ливингстон:
„Вештината е во тоа, Флечер, да се обидеш да ги
совладаш своите ограничувања постепено и стрпливо.
Летот низ карпата е во програмата, но дури малку по-
доцна.“
„Џонатан!"
„Познат и како син на Големиот Галеб“, се надовр- за
суво неговиот учител.
„Што правиш тука? Карпата! Зар не сум... не сум ли
мртов?"
„Ајде Флечер, прибери се! Ако сега разговараш со
мене, не можеш да бидеш мртов, разбирливо, нели?
Успеа само нагло и неочекувано да го смениш нивото на
својата свест. Сега можеш да избираш. Можеш да
останеш овде и понатаму да учиш на ова ниво - кое,
патем речено, е мошне повисоко од она што го напуш-
ти - или да се вратиш и да продолжиш да работиш со
јатото. Старешините посакуваа некаква несреќа, но ова
што им го приреди ги надмина сите нивни очекувања.“

94
„Сакам, се разбира, да му се вратам на јатото. Па
штотуку почнав да работам со новата група.“
„Добро, Флечер. Се сеќаваш ли што зборувавме за
телото - дека не е ништо друго туку мисла?..“
Флечер кимна со главата, ги рашири крилјата и ги
отвори очите кај подножјето од карпите и го здогле- да
целото јато околу себеси. Кога се свести, слушна
заглушни крикови и тропање на ситни камења што се
одронуваа.
„Жив е! Жив е оној што умре!“
„Го допре со врвот од своите крилја! Му го поврати
животот! Синот на Големиот Галеб!“
„Не, тој не признава! Тој е ЃАВОЛОТ. Дојден е да го
уништи јатото!"
Четири илјади галеби, вчудовидени од она што се
случи, извикуваа: ЃАВОЛ! Врескањето се ширеше како
морска луња. Со стаклести погледи и остри клунови му
се доближуваа за да го сотрат.
„Сакаш ли да си одиме, Флечер?" го праша Џона- тан.
„Не би имал ништо против...“
За миг се најдоа заедно, километар далеку, а клу-
новите на птиците што се нафрлија се устремија во
празно.
Џонатан рече: „Зошто е најтешко да ја увериш пти-
цата дека е слободна и дека тоа може самата да си го
докаже, само ако вежба? Зошто е тоа толку тешко?"
Флечер се уште трепкаше од промената на глет-
ката.
„Што стори? Како стигнавме ваму?“

98
„Рече дека сакаш да избегаш од толпата, така ли
е?“
„Да, ама како...“
„Како и се друго, Флечер. Со вежбање.“
До изутрината јатото веќе го заборави своето безу-
мие, но Флечер не го заборави. „Џонатан, се сеќаваш ли
што рече еднаш одамна за тоа дека мораме да го
сакаме јатото, за да му се вратиме и да му помогнеме
да учи?“
„Секако."
„Не разбирам како можеш да ја сакаш толпата што
сакаше пред малку да те убие.“
„Е, Флечер, тоа не се сака. Не ја сакаш омразата и
злото, се разбира. Треба да учиш да го спознаеш вис-
тинскиот галеб, она што е добро во секој галеб, и да им
помогнеш и самите да го видат тоа кај себеси. Тоа е
љубовта за која ти зборував. Убаво е кога ќе навлезеш
во суштината на тоа.“
„Се сеќавам, на пример, на младиот и незауздан га-
леб Флечер Линд; така се викаше. Тукушто беше про-
теран, готов да се бори со јатото до последниот здив,
решен да создаде свој горчлив пекол на Далечните
Карпи. А денес, наместо тоа, гради свој рај, предводе-
јќи го целото јато на тој пат.“
Флечер се сврте кон својот учител, а во очите во
еден миг му се виде страв.
„Зар јас да ги водам? Како мислиш јас да ги водам?
Па ти си тука учител. Не можеш да не напуштиш!"
„Не можам ли? Зар не мислиш дека можеби пос-
тојат и други јата, некои други Флечеровци, на кои

99
учителот им е попотребен отколку вам, зашто сте веќе
блиску до светлината?"
„Зар јас? Џон, јас сум само обичен галеб, а ти...“
„...единец на Големиот Галеб, нели?“ Џонатан воз-
дивна и погледна кон морската шир. „Тебе повеќе не
сум ти потребен. Треба непрестајно да се пронаоѓаш
себеси, секој ден по малку, оној вистинскиот, неогра-
ничениот галеб Флечер. Тој ќе биде твојот учител. Тре-
ба да го разбереш и да овладееш со него.“
Во следниот миг телото на Џонатан пловеше низ
воздухот проблеснувајќи, а набргу стана сосем невид-
ливо.
„Не дозволувај да шират глупави гласови за мене,
ниту пак да ме прогласуваат за бог. Јасно, Флечер? Јас
сум галеб. Сакам да летам, можеби..."
„ЏОНАТАН“
„Кутар Флечер! Не верувај му на она што го гледаат
твоите очи. Нивните можности се ограничени. Гледај
со разбирање; истражувај го она што веќе го знаеш и
тогаш ќе сфатиш како се лета.“
Одблесоците престанаа. Галебот Џонатан исчезна во
воздухот.
По некое време галебот Флечер се вивна во небото и
најде нова група ученици што нетрпеливо ја чекаа
својата прва лекција.
„За почеток", им се обрати натажено, „морате да
знаете дека галебот е неограничен симбол на слобода-
та, олицетворение на Големиот Галеб, а вашето тело, се
до врвовите на крилјата, не е ништо друго туку са-
мата ваша мисла.“

100
Младите галеби подбивно го погледнаа. „Ех“, мис-
леа, „ова баш не звучи како упатство за вираж."
Флечер воздивна и почна од почеток. „Хм, да... зна-
чи, вака“, рече и ги погледна прекорно. „Да почнеме од
хоризонтално летање.“ Откако го изговори тоа,
одеднаш сфати дека неговиот пријател не е нависти-
на понатприроден од самиот Флечер.
„Нема граници, Џонатан?" си помисли. „Е, па, то- гаш
наскоро ќе дојде време кога одненадеж ќе се поја- вам
на твојот брег и ќе ти покажам како се лета!“
Иако се трудеше да биде строг со своите ученици,
во еден миг Флечер ги виде сите нив онакви какви што
се навистина - а тоа што го виде вистински го сакаше.
„Нема граници, Џонатан?" си помисли и се насмевна. И
така започна неговата потрага по знаења.

101
ЧЕТВРТИ ДЕЛ
За неколку години откако галебот Џонатан исчезна
од плажите на Јатото, се создаде најчудната група пти-
ци што некогаш живеела на Земјата. Всушност, многу-
мина од нив почнаа да ја разбираат пораката што тој ја
остави, па стана вообичаено да се види млад галеб како
лета вежбајќи вираж, но исто така можеше да се види и
постар галеб кој не сака да ги отвори очите за
возвишената убавина на летањето, кој се упатуваше
директно кон рибарските чамци надевајќи се на на-
киснат леб за вечера.
Галебот Флечер Линд и другите ученици на Џона-
тан го ширеа знаењето на својот учител за слободата и
летањето во долгите мисионерски патувања, до секое
јато на Крајбрежјето.
Во тие денови се случуваа извонредни настани.
Учениците на Флечер и учениците на неговите учени-
ци летаа со прецизност и таква радост какви што ни-
когаш пред тоа не беа видени. Овде-онде имаше од-
делни птици кои, додека вежбаа, изведуваа аероба-
тика дури и подобро од Флечер, а понекогаш подобро и
од самиот Џонатан. Учебната линија на силно мо-
тивираниот галеб одеше стрмно нагоре преку секој
графикон; одвреме-навреме имаше ученици кои толку
совршено ги надминуваа границите што исчезнуваа,

107
исто како Џонатан, кој исчезна од лицето на Земјата,
премногу ограничена за да може да ги задржи.
Тоа беше златна доба, но траеше краток период.
Толпи од галеби се туркаа околу Флечер за да го доп-
рат оној кој го допрел галебот Џонатан, птицата која
сега ја сметаа за божество. Залудно Флечер настојува-
ше да им објасни дека Џонатан бил галеб како и сите
тие и дека го научил она што сите можат да го научат.
Постојано бараа да ги чујат точните зборови на Џона-
тан, неговите прецизни гестови, да пронајдат ситни
детали за него. Колку повеќе се интересираа за триви-
јалности, толку повеќе галебот Флечер стануваше по-
неспокоен. Ако некогаш вистински беа заинтереси-
рани за практикување на пораката... за вежбањето на
брзо, слободно и возвишено летање кон небото... сега
тие почнаа да ја избегнуваат тешката работа и пополе-
ка станува фанатично окупирани со легендите за Џо-
натан, небаре е идол на некој клуб на обожаватели.
„Галебу Флечер", прашуваа тие, „дали Величестве-
ниот Џонатан кажал ’Ние сме навистина идеи на Голе-
миот Галеб' или поточно ’Ние всушност сме идеи на
Големиот Галеб‘?“
„Ве молам. Викајте ме Флечер. Само галебот Фле-
чер“, им одговараше тој, вознемирен дека и за него ќе
користат изрази на почит. „И каква разлика прави тоа
кој збор си го употребил? Двата се точни, ние сме идеи
на Големиот Галеб...“ Но знаеше дека не се задоволни
од тој одговор, мислеа дека го избегнал нивното пра-
шање.

109
„Галебу Флечер", го прашуваа, „кога Божествениот
Галеб, Величествениот Џонатан, ќе се издигнеше да
лета, дали се придвижуваше со еден замав кон ветрот ...
или со два?“ Пред да може коректно да одговори на
едното прашање, веќе долетуваше друго: „Галебу
Флечер, дали светиот галеб Џонатан имаше сиви или
златни очи?“ Птицата со сиви очи, која го постави
прашањето, беше болно подготвена само за еден од-
говор.
„Не знам! Заборави ги очите! Тој имаше... виолето-
ви очи! Како може тоа да биде важно? Тоа што сакал да
ни го каже е дека ние можеме да летаме, само до-
колку се разбудиме и престанеме да стоиме на плажа-
та на брегот раскажувајќи за бојата на нечии очи. Сега
внимавајте и јас ќе ви покажам свртување наречено
вртелешка.
Но повеќе галеби сметаа дека е заморно да се веж-
ба нешто толку тешко како што е вртелешка, па од-
летаа кон својот дом длабоко замислени: „Великиот
имал виолетови очи - не како моите очи, не како очите
на кој било галеб што некогаш живеел".
Со текот на годините се менуваа часовите, од вдах-
новени оди на летот до тивки разговори за Џонатан
пред и по вежбањето; и долги рецитирања за Божест-
вениот, без никакво летање.
Флечер и другите ученици на Џонатан повремено
беа зачудени но коректни, па цврсти и бесни поради
промената, но сепак беа беспомошни да ја спречат. Беа
славни, уште полошо - почитувани, но никој веќе

110
не ги слушаше, па така се помалку и помалку птици
практикуваа летање.
Еден по еден, првите ученици починаа, оставајќи
зад себе студени трупови. Собрано околу телата, Јато-
то држеше големи церемонии со многу солзи за нив, ги
закопуваа под огромни купови од камчиња; секое
камче беше положувано на местото по долга и тажна
проповед од смртно свечената птица. Могилите ста-
наа светилишта, беше потребен ритуал за да фрли
камче и да одржи тажен говор над могилата секој га-
леб кој сакаше „Еднаквост". Никој не знаеше што е
Еднаквост, тоа беше толку сериозна и длабока рабо- та
што ниту еден галеб никогаш не се осмелуваше да
праша, за да не го сметаат за глупак. Зашто сите знаат
што е Еднаквост, а колку е поубаво камчето што ќе го
спуштите врз гробот на галебот Мартин, подобри се
вашите шанси да стигнете таму.
Флечер почина последен. Тоа се случи за време на
една долга самотна сесија, при најчистото и најпрек-
расно летање кое некогаш го имаше направено. Него-
вото тело исчезна среде еден долг, вертикален бавен
валјак, нешто што тој го практикуваше откако првпат
се сретна со галебот Џонатан, а кога тој исчезна, ниту
положи камчиња ниту медитираше над слоганот Ед-
наквост. Се изгуби во совршенството на сопствениот
лет.
Кога Флечер не се појави на плажата следната не-
дела, откако исчезна без да остави белешка, Јатото бе-
ше стаписано.

111
Но потоа се собраа, размислија и заклучија што без-
друго му се случило. Беше објавено дека галебот Фле-
чер бил забележан, опкружен со другите седум први
ученици, како стои на она што отсега ќе биде познато
како Камен на Единството, а потоа облаците се разде-
лиле и лично самиот Голем Галеб, Џонатан Ливингс-
тон, облечен во кралски перја и златни крлушки, со
круна од скапоцени камчиња врз челото, симболично
посочувајќи кон небото и морето, ветрот и земјата, го
повикал него на Плажата на Единството, а Флечер ма-
гично се воздигнал, опкружен со свети зраци, потоа
облаците пак се затвориле врз сцената, до големиот
хор од галеби кои пеат.
И така, могилата на Каменот на Единството, за све-
то сеќавање на галебот Флечер, беше најголемиот куп
камчиња на кое било крајбрежје, каде и да е на Земја-
та. Други купови камења беа изградени насекаде како
реплика, и секој вторник попладне Јатото доаѓаше за
да застане околу камчињата и да слуша за чудата на
галебот Џонатан Ливингстон и за неговите надарени
Божествени Ученици. Никој не леташе повеќе одошто
беше апсолутно неопходно, но и кога беше неопходно,
воведоа некои чудни обичаи. Како некој вид на стату-
сен симбол, побогатите птици почнаа да носат гранки
од дрвја во своите клунови. Колку е поголема и потеш-
ка гранката што ја носи галебот, повеќе внимание до-
бива од Јатото. Колку е поголема гранката толку за по-
напреден летач го сметаат.

114
Само малкумина во заедницата на галебите забеле-
жуваа дека со носење тежина и со влечење на гранки- те
околу нив, најверните галеби стануваа несигурни
летачи.
Симболот за учењето на Џонатан стана мазното
камче. Подоцна симбол ќе стане и секоја стара кар- па.
Тоа беше најлошиот можен симбол за птицата која
дошла да ја научи радоста на летањето, но се чинеше
дека тоа никој не го ни забележува. Барем никој кој
беше важен во Јатото.
Во вторниците престануваа сите полетувања и без-
обличната толпа се собираше за да застане и да ја чуе
речта на Службениот Ученик на Јатото. За само некол-
ку години ваквите обраќања се зацврстија во гранит- на
догма. „Хо - Џонатак - Гулак - Голем Гулак Единак,
смилувај ни се нам, кои сме подолу од песочни бубач-
ки.“ И така, со часови, секој вторник. Тоа беше знак на
супериорност на Службениот да ги спои гласовите
заедно во канонада, така што воопшто и не можеа да се
препознаат како зборови. Неколку безобѕирни пти- ци
шепнаа дека гласот воопшто не значи ништо, иако на
крајот можело да се разбере дека, всушност, имало збор-
два скриени во него.
Слики на Џонатан, направени од песочник, со го-
леми виолетови, тажни очи, се појавија насекаде по
крајбрежјето, на секоја могила и на секоја реплика на
могилата, како центри на богослужење потешки и од
карпите што би можеле да ги симболизираат.
За помалку од двесте години речиси секој елемент
од учењето на Џонатан беше повлечен од секојдневна-

116
та практика со едноставно објаснување дека е свето и
надвор од аспирациите на обичните галеби, кои се по-
долни „од песочни бубачки". Со текот на времето ри-
туалните обреди и церемониите што беа воспоставе- ни
околу името на галебот Џонатан, станаа опсесивни.
Секој галеб кој размислува го промени курсот во воз-
духот, за да не лета во видокруг на могилите, изграде-
ни во согласност со ритуалите и суеверието на оние кои
претпочитаа изговори за неуспех наместо напор- на
работа и величественост. Галебите кои размислу- ваа,
парадоксално, ги затворија умовите на звукот на
одредени зборови: „лет“, „могила", „Голем Галеб“,
„Џонатан". За сите други нешта тие беа најлуцидни,
најискрени птици од времето на самиот Џонатан, но при
споменување на неговото име, или на некои други
термини толку лошо изобличени од Службените ло-
кални ученици, нивните умови се затвораа како при
звук од вратичка на стапица.
Бидејќи беа љубопитни, почнаа да експерименти-
раат со летањето, иако никогаш не го користеа тој збор.
„Тоа не е летање“, се убедуваа себеси одново и одново,
„тоа е само начин да се пронајде вистината." Така, со
отфрлањето на „Учениците", тие самите станаа уче-
ници. Отфрлајќи го името на галебот Џонатан, тие ја
практикуваа пораката што тој му ја остави на Јатото.
Ова не беше бучна револуција; немаше викање, не-
маше мавтање со транспаренти. Но некои поединци,
како галебот Ентони, на пример, со нецелосно израс-
нати пердуви на зрелоста, почнаа да поставуваат пра-
шања.

117
„Гледај сега“, му рече тој на својот Службен лока-
лен ученик, „птиците кои доаѓаат да те слушаат секој
вторник доаѓаат од три причини, нели? Затоа што мис-
лат дека учат нешто; затоа што мислат дека, доколку
положат уште едно камче на могилата, тоа ќе ги нап-
рави свети; или затоа што сите други очекуваат да би-
дат таму. Така е, нели?“
„И ти нема што да научиш, пилиштарецу мој?“
„Не. Има нешто што може да се научи, но не знам
што е тоа. Еден милион камчиња не можат да ме нап-
рават свет ако не го заслужам тоа, и не ми е грижа што
другите галеби мислат за мене.“
„И кој е твојот одговор, пилиштарецу?" се уште по
малку потресен од ваквата ерес, го праша Службениот
локален ученик. „Како го нарекуваш чудото на живо-
тот? Големиот Галеб Џонатан, нека биде свето името
негово, има кажано дека летањето..."
„Животот не е чудо, Службен ученику, тој е давеж.
Твојот голем галеб Џонатан е мит што некој го создал,
бајка во која слабите веруваат затоа што не можат да се
соочат со светот каков што е. Замислете! Галеб кој може
да лета триста и четириесет километри на час! Јас го
пробав тоа, и најбрзо што можам е осумдесет ки-
лометри на час, во нурнување, па дури и тогаш најчесто
си надвор од контрола. Постојат закони за летање кои
не можат да се прекршат, и ако вие не мислите така,
излезете и проверете го тоа! Дали искрено верувате -
навистина, сега - дека вашиот голем галеб Џонатан ле-
тал со триста и четириесет километри на час?“

120
„И побрзо", изјави Службениот во совршено слепа
вера. „И ги учел другите така да прават.“
„Така оди твојата бајка. Но кога би можел да ми по-
кажеш дека можеш да леташ толку брзо, Службенику,
тогаш ќе почнам да слушам што имаш да кажеш.“
Клучот постоеше и галебот Ентони го знаеше тоа во
мигот кога ги изговори зборовите. Немаше одго- вор, но
знаеше дека со благодарност и задоволство би го
положил својот живот за да ја следи секоја птица која
може да го покаже тоа за што зборува, да му пока- же
само неколку одговори за животот кои носат воз-
вишеност и радост во секојдневното живеење. Додека
не најде таква птица, животот ќе остане сив и мрачен,
нелогичен, без цел; секој галеб ќе остане само случаен
збир од крв и пердуви предодреден за заборав.
Галебот Ентони одеше на свој начин, како и се по-
веќе други млади птици, отфрлајќи го ритуалот и це-
ремонијата кои го обвиткуваа името на галебот Џона-
тан, тажни поради бесмислата на животот, но барем
чесни кон себеси, доволно смели да се соочат со фак- тот
дека е бесмислен.
Потоа, едно попладне, додека Ентони павташе со
крилјата над морето, размислуваше дека животот е
бесмислен, а бидејќи е бесмислен, по дефиниција, е и
бесцелен, што значи дека единствениот исправен со-
одветен чин е да се нурне надолу во океанот и да се
удави. Подобро е да не постоиш воопшто отколку да
постоиш како алгите, без значење или радост.

121
Сето тоа имаше смисла. Тоа беше чиста логика, а
галебот Ентони целиот свој живот се обидуваше да се
придржува кон чесноста и логиката. Секако мора да
умре порано или подоцна, и не гледаше причина за да ја
продолжи болната здодевност на животот.
И така, тој се втурна од шестотини метри, надолу во
нуркање, директно кон водата, слегувајќи со речиси
осумдест километри на час. Беше необично возбудли-
во тоа што најпосле се реши. Го најде единствениот
одговор што имаше некаква смисла.
На половина пат од своето смртно нурнување, до-
дека морето се доближуваше и растеше огромно под
него, се случи едно заглушно фучење директно до не-
говото десно крило и друг галеб го измина во лет... го
измина како да стои на плажата. Птицата беше прет-
ворена во бела лента што болскоти надолу, замаглен
метеор од вселената. Ентони, изненаден, ги свитка
своите крилја во нуркачки сопирачки и беспомошно се
чудеше на глетката.
Замаглениот метеор тивко се спушти кон морето,
лулајќи се на врвовите од бранот, а потоа се наведна и
пак се вивна вртејќи се, со клунот насочен право угоре
кон небото. Долг, вертикален, бавен валјак, извишу-
вајќи се во невозможно полн круг во воздухот.
Ентони запре, гледаше и гледаше; заборави каде е,
повторно запре. „Се колнам“, рече гласно, „се кол- нам
дека тоа беше галеб!“ Заврте веднаш накај птица- та,
која очигледно го немаше забележано. „Еј!“ викна
гласно колку што можеше. „Еј! ПОЧЕКАЈ!"

126
Галебот веднаш се крена на едно крило, се движе-
ше со огромна брзина, благо се врати кон него. Во ра-
мен лет, Ентони се извлече напорно од вертикалниот
пад и застана одеднаш во воздухот, како скијачот во
брзо скијање кога запира на крајот од спустот.
„Еј!“ Ентони остана без здив. „Што... што правиш?“
Тоа беше глупаво прашање, но тој не знаеше што дру-
го да каже.
„Жал ми е ако те изненадив", му се обрати стране-
цот, со глас јасен и пријателски како ветрот. „Цело
време те имав во видикот. Само си играв... Не би те
удрил.“
„Не! Па... не е баш така.“ Ентони беше разбуден и
жив и за прв пат во својот живот - инспириран. „Што
беше тоа?“
„Ох, едно забавно летање, претпоставувам. Нурну-
вање и нагло извишување во бавен валјак со вртежен
вираж од врвот. Едноставно, се забавувам. Само си
поигрувам. Ако навистина сакате да го направите тоа,
добро, за тоа ви е потребно и малку практика, но во тоа
е убавината, нели?“
„Тоа е, тоа е... прекрасно, што и да е тоа! Но вие во-
општо не сте биле во Јатото. Кој сте вие?“
„Можете да ме викате Џон.“

131
Последното поглавје не е некоја неверојатна при-
казна, иако се чувствува како таква.
Како одеднаш се појавуваат авантурите во нечиј ум?
Писателите кои ја сакаат својата работа велат де- ка
мистеријата е дел од магијата. Нема објаснување.
Имагинацијата е стара душа. Некој ти шепоти во
духот, зборува тивко за светлиот свет и суштествата во
него, со сите нивни радости и таги, очај и победи, при-
казната е завршена и убава, со исклучок на зборовите.
Писателите создаваат слики за да одговараат на акци-
јата што ја гледаат, го паметат дијалогот од почеток до
крај. Едноставно внесуваат букви, точки и запирки и -
приказната е подготвена за скијање по патеките на
книжарниците.
Приказните не се прават со комитети и граматика,
тие извираат од мистеријата што ја допира нашата
сопствената тивка фантазија. Прашањата кои не др- жат
збунети со години, одеднаш доаѓаат како бура од
одговори од некое непознато место, како стрели од ла-
кот кој никогаш не сме го виделе.
Така се случи и кај мене. Кога престанав да го пи-
шувам четвртиот дел, приказната за галебот Џонатан
беше завршена.
Во тоа време многупати го препрочитував четвр-
тиот дел. Никогаш нема да биде вистинито! Дали га-

135
лебите кои ги следеа одговорите на Џонатан би го
уништиле духот на летањето со ритуалот?!
Тоа поглавје вели дека тоа би можело да се случи. Но
јас не верував. Трите делови раскажаа се, си помис- лив,
нема потреба од четвртиот: пустото небо, праш- ливите
зборови речиси ја задушуваат радоста. Не е не- опходно
да се печати.
Па, зошто не го запалив?
Не знам. Го отфрлив последниот дел од книгата, кој
веруваше во самиот себе, иако јас не верував. Зна- еше
зошто го одбив: силите на владетелите и ритуалот
лека-полека ќе ја убијат нашата слобода да живееме
онака како што избираме.
Сето тоа време помина; половина век, заборавено.
Сабрина ја пронајде приказната не толку одамна,
парталава и избледена, притисната под бескорисни
деловни документи.
„Се сеќавате ли на ова?“
„На што?“ прашав. „Не се сеќавам."
Прочитав неколку параграфи. „Ох! Се сеќавам, нешто
како... Тоа беше....“
„Прочитај го.“ Се насмевна заради древниот рако-
пис што го пронашла, а кој ја трогнал.
Отчукани на машина за пишување, буквите беа из-
бледени. Јазикот беше моето ехо, макар според тоа
време, едно чувство за она што сум бил. Тоа не беше мој
запис; тоа беше негов запис, на тогашното дете.
Ракописот заврши, исполнет со негово предупреду-
вање и со негова надеж.

136
„Знаев што правам!“ рече тоа дете. „Вашиот двае-
сет и први век, обележан со авторитети и ритуали, сега
има потреба да ја задуши слободата. Зар не гледаш?
Планира да го направи твојот свет безбеден, а не сло-
боден.“ Ја живееше својата приказна, последната шан-
са. „Моето време е изминато. Твоето не е.“
Повторно размислував за неговиот глас, за послед-
ното поглавје. Дали ние, галебите, го гледаме крајот на
слободата во нашиот свет?
Четвртиот дел, конечно отпечатен каде што припа-
ѓа, вели дека можеби не е така. Напишан е кога никој не
ја знаеше иднината. Сега ја знаеме.

Ричард Бах Во
пролетта 2013 г.

137
ПОГОВОР
ДА СЕ БИДЕ „ГАЛЕБ“ МЕЃУ ГАЛЕБИТЕ

Ричард Бах (1936) го напишал Галебот Џонатан Ли-


вингстон во 1970 година. По милионските тиражи и
свет- ската слава, 43 години подоцна, решил да го
објави чет- вртиот дел кој наводно постоел отсекогаш,
од реалното време на пишувањето на култната книга,
но не бил обја- вен во ниедно издание на ниеден јазик.
Во пролетта 2013 година сентиментално и мудро
допишал кусо текстче во кое го објаснува сето ова кое,
всушност, оди на крајот, веднаш по четвртиот
(допишаниот, мистифицираниот, загубениот и случајно
најдениот дел). Како и да е, веќе од 2014 година не смее
да се преобјавува триделниот Га- лебот Џонатан
Ливитстон со кој сме пораснале; чет- вртиот дел и
белешката на Бах се задолжителни. Услов за секое
преобјавување на Галебот Џонатан Ливитстон каде
било, кога било и на кој било јазик.
Ова е првата објава на новиот, „комплетниот" Џона-
тан Ливитстон на македонски јазик. Меѓу многуте пра-
шања што го преплавуваат светскиот, бездруго и маке-
донскиот читател, како најгласно се издвојува
прашање- то дали авторот смее да му го прави ова на
своето дело? На своето најпознато дело кое го
прославило во светот? Дали со каква било видоизмена
на тоа тело не се изне-
143
веруваат детствата на милионите читатели? Колку
време откако книгата ќе биде напишана, таа останува
да биде на писателот? Кога вистински и трајно станува
сопстве- ност на читателите? Премногу прашања што
може да имаат речиси толку одговори колку што има
читатели Га- лебот Џонатан Ливингстон. Четвртиот
дел, природно и органски, им припаѓа на претходните
три. Тој не распо- рува нешто, не разурнува ништо, само
нуди уште еден ра- курс на гледање, го проширува
аспектот. Тоа е несомне- но и книжевно неоспорно. Но
Галебот Џонатан Ливингс- тон со трите дела е едно, со
четирите - друго дело.
Му оставаме на македонскиот читател самиот да
одлу- чи колку ќе прочита. Можеби родителите во чест
на соп- ствените детства ќе го скокнат четвртиот дел,
но нивни те деца најверојатно ќе го читаат и ќе го
сакаат својот нов Галебот Џонатан Ливингстон. Затоа
што јас сум роди- тел на две пораснати деца, иако го
прочитав четвртиот дел, сепак ќе ги коментирам само
трите коишто сум ги знаела и сакала како дете.

Прославеното дело на Ричард Дејвид Бах, директен


потомок на Јохан Себастијан Бах и страстен приврзаник
на авијацијата, претставува своевидна химна на искон-
скиот стремеж на единката да го осознае вкусот на
Совр- шенството и да ги ослободи личниот мир и
задоволството од прангите на вообичаеното и
просечното, да се вивне во височините не како
тврдоглав авантурист, туку како достоен син на Небото.
Тоа е четиво за животот како рас- пламтено
настојување да се дофатат врвовите на една колку
позната, толку и загатлива планина - Планината на
Вербата, Знаењето и на Апсолутната желба за Особе-

144
ност; четиво за нестварноста и за мечтата заталкана
сред бескрајот. Странствувањето низ просторот и
времето на галебот Џонатан Ливингстон е идентично со
странству- вањето на оној „вистински галеб кој живее во
сите нас“, вели Бах на самиот почеток од книгава.
Галебот Џонатан Ливингстон е чиста метафора из-
разена преку магичноста на бројот три, магичноста на
„троделноста/троетапноста" позната од бајките и од
другите народни приказни, која, всушност, претставува
второ име (прекар) за Совршенството или Градацијата
од доменот на Вишата Сила. Тројството овде се долову-
ва преку трите моменти - три релации спрема Идеалот.
Тоа може да се именува како Чјанг-Џонатан-Флечер, при
што секој од овие галеби е истовремено и надарен уче-
ник и совршен учител кој по осознавањето на
суштината на летањето и по пронаоѓањето на
наследникот „станува се посјаен и посјаен, па (...) толку
блескав што никој веќе не може да гледа во него“, и на
крајот, исчезнува во Совр- шенството, што во овој
контекст може да се определи и како Вечност, Слава.
Галебот Џонатан Ливингстон е симбол на незапир-
ливиот тек на генерациите и дарбите. Чјанг како најстар
учител ги учи младите галеби (прогонети од Царство-
то на Законот и Редот) на летање во минатото и летање
во иднината. Тој постојано му зборува на Џонатан дека
„совршената брзина значи да се биде Таму“ и во мигот
кога Џонатан тоа го сфаќа, Чјанг е веќе Таму. Истото се
случува и со Џонатан-Флечер. (Во мигот кога Флечер ја
сфаќа суштината на пораката за совршената брзина, Џо-
натан е веќе Таму.) Ваквата проверена и вечно ефектна
постапка на тројство која истовремено не потсетува на

145
илјада животни вистини и на уште толку животни
прела- ги, е максимално искористена, така што преку
нејзината „магичност“ Бах успеал да ни „потпикне"
многу пораки, ставови, дури и решени дилеми од
сферата на човекова- та ништожна живејачка.
Алегоричниот слој кој нема ниту намера да биде којзнае
колку длабок, туку единствено да биде читлив и лесно
сознајлив, мошне директно не пренесува во
вистинската авторова мисла дека галебот Џонатан сме
јас, ти, сите ние... Дека галебот Џонатан е наша потсвест,
наша забранета амбиција, наша закопана страст...
Галебот Џонатан Ливингстон токму поради тоа е
нај- оптимистичното четиво за генерациите воопшто.
Ткаено на безброј разбои (и интелектуални и
филозофски, и ис- куствени и визионерски и
илузионистички/прелажни), тоа е соодветно за сите
возрасти и за секакви традиции. Од него секој може да
го издели она што го сака, затоа што Ричард Бах прави
единство од вкусовите на потенци- јалните читатели.
Всушност, тој самиот вели дека „и нај- закоравениот
циник-читател може да пропадне во кни- гава и
несвесно да и ги прости сите книжевни гревови".
Галебот Џонатан Ливингстон претставува проза
слич- на на река. Кога е надојдена - по неа пловат
огромни бро- дови, кога е сушна - пливаат деца. Добрата
река никогаш не останува без вода, а со тоа не останува
и без „друштво“... Ричард Бах, „грамадното човечиште со
спуштени рамена и со густи мустаќи, со несмасна
насмевка и со лесно збунет израз“, си обезбедил
читатели за сите времиња.

Оливера Ќорвезироска

146
Ричард Бах е американски
роман-
сиер и авијатичар. Роден е на 23
јуни
1936 година, во Оук Парк, Илиноис.
По мајчина линија е директен пото-
мок на познатиот германски компо-
зитор Јохан Себастијан Бах. Во 1959
година дипломирал на Калифорнискиот Универзитет
во
Лонг Бич. Летањето му е хоби уште од
седумнаесетгодиш-
на возраст. Во Армијата на САД е дел од авијацијата, а по
излегувањето од неа работи како пилот-каскадер и инс-
труктор. Огромната љубов кон летањето ја пренесува и
во
своите книжевни дела. Во нив ја изнесува филозофијата
дека физичките ограничувања и смртноста на човечки-
те суштества се обична илузија. Во 1970 година го
издава
краткиот роман Галебот Џонатан Ливингстон, кој
набр-
Расел Мансон, чии фотографии ја илустрираат кни-
зо е преведен
гата на многу јазици
Галебот Џонатан и станува
Ливингстон, меѓународен
почнал да фотогра-
бестселер. Следуваат романите Лет над облаците,
фира авиони како младо момче во Денвер, Колорадо. Илу-
зии, Нема толку далечно
Фотографијата место, Мост
и летањето преку вечноста,
се оттогаш неговите
Единствената,
страсти. ПокрајБегство од сигурноста,
комерцијалната Живот под
фотографска хип-
кариера
нозаЊујорк,
во и други.Мансон предава визуелна перцепција на
Академијата „Филипс Андовер", на Универзитетот Јејл и
Меѓународ-

153
ниот центар за фотографија. Тој е автор и фотограф на
книгите: Кон небото, Зошто летаат летачите, а го на-
пиша и го продуцираше своето ДВД Летачка рута 66.
Уметничките фотографии од воздухот на Мансон се на-
оѓаат во приватни и музејски колекции.

154

You might also like