You are on page 1of 24

Врз основа на одредбите од Правилникот за оценувањето на напредувањето, полагањето на

испити, видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците во основните училишта

(Службен весник на РМ, бр. 44/95), Законот за основно образование ( Службен весникна РСМ
број 161/19) наставничкиот совет при ООУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“, Општина Ѓорче
петров, Скопје на седницата одржана на ден 23.01.2023, година донесе измени и дополнувања на
интерниот

Правилник

За видовите пофалби, награди и педагошки мерки за учениците од

ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски“,Скопје.

1. ПОФАЛБИ И НАГРАДИ

Член 1.

Со овој член се уредуваат видовите пофалби, награди и педагошки мерки за

учениците во училиштето и се уредува и начинот на нивното доделување или
изрекување.
Член 2

Со пофалбите и наградите се стимулира развојот на позитивните особини кај

учениците, се јакне вербата во сопствените можности и се дава признание за
постигнатите успеси во воспитно-образовната дејност.

Член 3

Пофалби и награди се доделуваат на ученик, група ученици, ученичка секција,

екипа и паралелка, во текот или на крајот на учебната година.

Член 4

Ученикот се пофалува и наградува ако ги исполнува следниве критериуми:

- континуирано залагање и напредување во наставата;
- залагање и постигнат успех во слободните ученички активности (натпревари,
литературни, ликовни и други наградни конкурси, изложби, лични трудови и
сл.);
- примерно поведение, редовност и позитивно однесување (развивање
другарство, почитување и давање помош на другите ученици и др.);
- залагање и придонес во разновидни активности во училиштето и локалната
средина (производствени, хуманитарни, културни, еко секција, меѓуетничка
интеграција и др.).

Член 5
Пофалби и награди се доделуваат и на паралелка која особено се истакнува со
успех, поведение и редовност во извршувањето на училишните обврски;
- група, секција или екипа која постигнала особени резултати (прво, второ или
трето место и сл.) на натпревари (општински, регионални , државни и
меѓународни);
- паралелка, група и секција која постигнува најдобри резултати во одредена
активност организирана во училиштето и надвор од него (производствена,
хуманитарна, културна еко секција, меѓуетничка интеграција и други).
Според следниве критериуми:
-Добиени награди на училишно, општинско, регионално, државно и
меѓународно ниво;
-Потврди за учество
-Признанија и благодарници
-Документ со кој ќе докаже дека учествувал во слободните ученички
активности
-Доказ за најмал број изостаноци (потврда)
-Активности на ниво на училишна организација, Детска организација,
организација на Црвениот крст и др. (список за учество на ученикот)

Член 6

Предлог за пофалби и награди дава одделенскиот наставник, предметниот

наставник и училишна комисија, а одлука донесува Одделенскиот односно
Наставничкиот совет и Одделенската заедница.

Член 7

Пофалби и награди за ученици од I до IX одделение се одредуваат според

следните критериуми:
1. одличен успех и примерно поведение – 5 бода
2. солидарен и добар другар кон другите ученици – 3 бода
3. учествува на училишни манифестации – 3 бода
4. допринел во организација и активен е во училишните манифестации – 3 бода
5. реализира одредени задачи во училиштето од разни области – 3 бода
6. активен е во вон училишна средина – 3 бода
7. учествува во манифестации за афирмација на училиштето – 3 бода
8. Други активности – 3 бода
Член 8

Пофалбите се доделуваат усно и писмено. Писмените пофалби се даваат во вид

на дипломи, пофалница и признанија. Наградите се даваат во вид на одредени
вредности што одговараат на нивната педагошка намена (книги, билети за
филмски, театарски и други културно-уметнички и спортски претстави, платен
престој во летувалишта, платено учество за екскурзии, претплата на весници и
списанија, ученички прибор и друго).

Член 9
Доделувањето на пофалбите и наградите се врши на одделенски час по
одржување на Наставнички совет (прво тромесечие, прво полугодие, трето
тромесечие).

Член 10
Секој одделенски раководител спроведува демократска постапка за избор на
најдобар ученик врз основа на критериуми дадени во правилникот.

Член 10 а
Одделенскиот раководител врши избор на пофален (најдобар) ученик на часот
на Одделенската заедница
Член 10 б

Одделенскиот раководител изборот треба да го заврши една недела пред

Одделенскиот совет во три квалификациони периоди (прво тромесечие, прво
полугодие, трето тромесечие)

Член 11
Ученик/ученици се избираат на Одделенски совети, а се потврдуваат на
Наставнички совет

Член 12

Врз основа на член 4, 5 и 7 од истиот правилник одделенскиот раководител на

паралелката, предметен наставник, стручна служба и директор дава предлог за
пофалба на ученик/ученици.
За пофалбите и наградите се води евиденција во училиштето.

Член 13

Најдобар ученик за IV, V, VI, VII , VIII и IX одделение за тековната година се

избира од редот на учениците од IV, V, VI, VII ,VIII и IX одделение, според
следните критериуми:
1. За примерно поведение во тековната година - 5 бода
2. за одличен успех во тековната учебна година – 20 бода
3. За освоени награди и дипломи во текот на учебната година на ученикот му
се доделуваат бодови:
На ниво на училиште

Прво место ...........................3 бода

Второ место..........................2 бода

Трето место..........................1 бода

На општинско ниво
Прво место ...........................6 бода

Второ место..........................5 бода

Трето место..........................4 бода

На регионално (градско) ниво

Прво место ...........................9 бода

Второ место..........................8 бода

Трето место..........................7 бода

На државно (републичко) ниво

Прво место ...........................12 бода

Второ место..........................11 бода

Трето место..........................10 бода

На меѓународно ниво

Прво место ...........................15 бода

Второ место..........................14 бода

Трето место..........................13 бода

Член 14

Комисијата за избор на најдобар ученик ја избира наставничкиот совет на

училиштето.
Член 15

Комисијата за избор на најдобар ученик ја разгледува целокупната

документација на пријавените кандидати, ги применува одредбите од овој
правилник, утврдува кандидатска листа за избор на најдобар ученик на
генерација со бодовна листа и истата ја доставува до Наставничкиот совет.

Член 16

Одлуката за најдобар ученик ја донесува Наставничкиот совет на крајот на

наставната година.

Член 16 а
На Ученикот прогласен за најдобар ученик му се доделува посебна диплома, а
во зависност од можностите на училиштето и друга вредна награда. Дипломата
му се врачува на денот на доделување на сведителствата за завршено соодветно
одделение и истата му ја доделува директорот на училиштето.

2.ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

Член 17

Од редовните ученици кои завршуваат основното образование (деветолетка)

училиштето избира ученик првенец на генерација.

Член 18

Постапката за избор на првенец на генерација започнува со објавување на

интерен конкурс/оглас кој се истакнува на огласна табла во училиштето.
Конкурсот се распишува во текот на месец мај и завршува на 10 јуни.

Член 19

Предлог за ученик првенец на генерација може да даде раководител на

паралелка, предметен наставник, стручен соработник и директор.

Член 20

За првенец на генерација може да се кандидира и ученик поединец.

Член 21

Секој предложен кандидиран ученик е должен до комисијата за избор на

првенец на генерација да донесе пријава и документација според критериумите
од овој правилник.
Член 22

Комисијата за избор на првенец на генерација ја избира наставничкиот совет на

училиштето.

Член 23

Комисијата за избор на првенец на генерација ја разгледува целокупната

документација на пријавените кандидати, ги применува одредбите од овој
правилник, утврдува кандидатска листа за избор на ученик првенец на
генерација со бодовна листа и истата ја доставува до Наставничкиот совет.

Член 24

Одлуката за првенец на генерација ја донесува Наставничкиот совет на крајот на

наставната година.
Член 25

Секој критериум што го исполнува кандидатот за првенец на генерација

Комисијата за избор на првенец на генерација го вреднува на следниов начин:

-Континуирано примерно поведение од I-IX одделение-5 бода;

-Континуиран одличен успех од I-IX одделение-20 бода

-За добиени награди и дипломи во текот на основното образование (од I-IX
одделение);

На ниво на училиште

Прво место ...........................3 бода

Второ место..........................2 бода

Трето место..........................1 бода

На општинско ниво

Прво место ...........................6 бода

Второ место..........................5 бода

Трето место..........................4 бода

На регионално (градско) ниво

Прво место ...........................9 бода

Второ место..........................8 бода

Трето место..........................7 бода

На државно (републичко) ниво

Прво место ...........................12 бода

Второ место..........................11 бода

Трето место..........................10 бода

На меѓународно ниво

Прво место ...........................15 бода

Второ место..........................14 бода

Трето место..........................13 бода

Член 26

На Ученикот прогласен за првенец на генерација му се доделува посебна

диплома, а во зависност од можностите на училиштето и друга вредна награда.
Дипломата му се врачува на денот на доделување на свидетелствата за завршено
осново образование и истата му ја доделува директорот на училиштето.

3. ПЕДАГОШКИ МЕРКИ

Член 27

Педагошките мерки во основното училиште се применуваат кон учениците кои

ги прекршуваат правилата на училишниот живот,кодексот на однесување на
учениците во училиште, а со цел да се постигне чувство на одговорност и
спречување на негативни појави.
Член 28

Педагошките мерки се применуваат индивидуално и се темелат на објективност,

одмереност, праведност и педагошка одговорност.

Член 29

Забрането е телесно и психичко малтретирање на учениците.

Член 30

Педагошките мерки се применуваат во следните случаи:

- нередовно посетување на наставата: доцнење, бегање од часови, континуирано
непосетување на настава;
- нарушување на правилата во однесувањето спрема другите ученици,
наставници и други вработени во училиштето: вербални напади, физички
напади, уништување на прибор, одземање пари, заканување и малтретирање,
исмевање,штипење, гребење,пцуење, кубење,гризење, сопнување, шутирање,
озборување, навредување, ословување со погрдни имиња, носење слушалки на
час, вознемирувачки пораки на телефон, вознемирувачки пораки на социјалните
мрежи, етикетирање, затворање во тоалет или друга просторија во училиштето,
плукање, кинење на облека, соблекување на облека, закани, уценување и сл;
- неправилен однос кон училишниот имот: оштета на клупи,столчиња,
ѕидови,шкафови, прозори, штекери,паноа,СМАРТ табла, телевизори,
компјутери и компјутерска опрема, принтери, нагледни средства, прекинувачи
на електрична енергија, расветла,чешми во тоалети, сапуниерки и друг
училишен имот;
- попречување на воспитно-образовната работа во паралелката и училиштето,
движење по ходници за време на наставата доколку истото не е одобрено од
наставникот, користење мобилни телефони за време на наставата, сликање,
снимање со мобилен телефон во просториите на училиштето и училишниот
двор и друго.
Член 31

Пред изречување на педагошка мерка претходи разговор со ученикот и

родителот или старателот.
Разговорот може да го води одделенски наставник, предметен наставник,
раководител на паралелката, стручните работници, а по потреба и директорот.
Одделенскиот раководител/раководителот на паралелката води записник од
разговорот со родителот/старателот на ученикот.

Член 32

Педагошки мерки се:

1. усна опомена;
2. писмена опомена;
3. укор (неодобрување на постапката);
4. преместување на ученикот во друга паралелка;
5. намалување на поведението.

Член 33

Спрема учениците од I до IV одделение се применуваат педагошките мерки од

точките 1 и 2 на член 32 од овој правилник ( усна и писмена опомена).
Педагошките мерки од став 1 на овој член ги изрекува одделенскиот наставник.

Член 34

Педагошките мерки од член 32 за учениците од V до IX одделение ги изрекува:

1. Усна и писмена опомена - одделенскиот раководител/ раководител на
паралелката;
2. Укор - одделенскиот раководител/ раководител на паралелката,а ја потврдува
Одделенскиот совет, Наставничкиот совет и директорот;.
3. Преместување на ученикот во друга паралелка –на предлог на раководителот
на паралелката/ одделенскиот раководител,одлуката се разгледува
Одделенскиот совет на одделенските наставници доколку ученикот е во
одделенска настава Одделенски совет за предметна настава доколку ученикот е
во предметна настава, а ја потврдува Наставничкиот совет и директорот;
4. Намалување на поведението - на предлог на раководителот на паралелката/
одделенскиот раководител,одлуката се разгледува Одделенскиот совет на
одделенските наставници доколку ученикот е во одделенска настава
Одделенски совет за предметна настава доколку ученикот е во предметна
настава, а ја потврдува Наставничкиот совет и директорот.
Член 34а

Директорот на училиштето, истовремено со изрекување на педагошките мерки

од член 33 и 34, формира Тим за поддршка кој ќе работи со
родителот/старателот, ученикот, наставникот и паралелката со цел надминување
на проблемот. Тимот за поддршка е составен од двајца претставници од редот
на стручните соработници и еден наставник. Училиштето може да повика и
трети лица ( социјален работник) да учествува во тимот за поддршка.

Член 35

Усна опомена се изрекува во случај на недисциплина и непочитување на

наставникот.

Член 36

(1)-Во случај на организирано бегање од часови, вербални навреди,

малтретирање и заплашување се изрекува педагошката мерка-Писмена опомена
од раководител на паралелка.
Доколку истите ученици веќе имале предходно добиено педагошки мерки кај
нив ќе биде запишана следната педагошка мерка.

(2)-Во случај на физички напад на друг ученик со видливи повреди на телото,

наставник или друг вработен во училиштето, организирана тепачка на ученици
од иста или различна паралелка со видливи повреди на телото, непочитување и
навреда на наставник, стручен соработник или директор, напад со нож, пиштол,
ножици, шестар и други предмети, оштетување на комјутер, ЛЦД, СМАРТ
табла, телевизори, принтери и други вредни предмети од училиштето, снимање
со мобилен телефон за време на часот и пуштање на снимката на социјалните
мрежи се изрекува педагошката мерка Намалување на поведението.
Доколку истите ученици веќе имале предходно добиено педагошки мерки кај
нив ќе биде запишана следната педагошка мерка.
(3)- Во случај на наведените однесувања во став (2) директорот на училиштето
ги известува Секторот за внатрешни работи и Центарот за социјални работи и
грижи.

Член 37

За изречена педагошка мерка на ученикот се известува родителот односно

старателот.
За изречените педагошки мерки од член 32 точка 1 до 4 од овој правилник
родителот/ старателот може да поднесе приговор во рок од 7 дена од денот на
известувањето до Училишниот одбор при ООУ„Димитар Поп Георгиев -
Беровски“.

Член 38

Изречените педагошки мерки се евидентираат во соодветна педагошка

документација, архивирани кај секретарот на училиштето.(Прилози кон
правилникот)
Член 39
Педагошките мерки од член 32 точка 1 до 4 од овој правилник важат до крајот
на учебната година во која се изречени.
Кога ќе настанат позитивни промени кај ученикот,изречената педагошка мерка
намалување на поведението се повлекува. За повлекувањето на педагошката
мерка одлука донесува Наставничкиот совет.

Член 40

Секое изостанување или задоцнување на ученикот на наставен час се

регистрира како оправдан или неоправдан изостанок во електронскиот дневник
на паралелката.

Член 41

Родителот/ старателот и ученикот се должни точно да ги кажат причините за

изостанувањето од наставата. Родителот/старателот на ученикот е должен во
рок од три дена да донесе лекарска белешка од матичен лекар да го оправда
изостанувањето. Родителот/старателот може без лекарска белешка да го оправда
ученикот најмногу до 5 пати во учебната година.

Член 42

Родителот/старателот е должен за секое изостанување да го извести

одделенскиот раководител , раководителот на паралелката на ученикот.
Известувањето треба да го стори благовремено, истиот ден кога ученикот е
отсутен од наставата.

Член 43

Изостаноците на ученикот ги регулира (оправдува или неоправдува)

одделенскиот раководител односно раководителот на паралелката.

Член 44

За оправдано изостанување на ученик од наставата до 30 дена, родителот

поднесува барање до директорот на училиштето, со соодветно образложение за
отсуството.

Член 45

Директорот го разгледува барањето на родителот и донесува одлука по

барањето.
Член 46
За неоправдано изостанување на ученикот од наставата се изрекуваат следниве
педагошки мерки:
-Со 7 неоправдани изостаноци-усна опомена од раководител на паралелката;
-Од 8-14 неоправдани изостаноци: писмена опомена од раководител на
паралелката;
-Од 15-19 неоправдани изостаноци-укор од одделенски совет, наставнички
совет; Во тимот за поддршка на ученикот, родителот/старателот, наставникот да
се вклучи и социјален работник од Центарот за социјални работи и грижи.
-Од 20-24-неоправдани изостаноци-намалено поведение од примерно во добро-
писмена опомена наставничкиот совет, директорот на училиштето;
-25-29 неоправдани изостаноци-повторно се намалува поведението од добро во
незадоволително -опомена од наставнички совет, директорот на училиштето

Член 47
За учениците кои неоправдано не го посетуваат основното училиште повеќе од
еден месец во рок од три работни дена училиштето го известува Државниот
просветен инспектор или општинскиот просветен инспектор.
-Училиштето во овој случај ги превзема следниве активности: домашна посета
на комисија која ја формира директорот на училиштето, советување на
родителот (за неоправдано отсуство,нередовна посета на наставата) и
известување до Центарот за социјални работи и грижи.
Член 48
Овој правилник влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се објави на
огласна табла во училиштето.

в.д Директор
------------------------------
ПРИЛОЗИ кон Правилникот –за педагошки мерки

1. Прилог 1- Усна опомена

Врз основа на член 72од Законот за основно образование (Св.161 /19) и член
27-38 од Правилникот за видовите пофалби, награди и педагошки мерки за
учениците во ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски-Скопје му се
изрекува;

УСНА ОПОМЕНА
(од одделенски раководител)

На ученикот:______________________________________од ____________одд

за___________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

ПРИМИЛ РОДИТЕЛ ОДДЕЛЕНСКИ РАКОВОДИТЕЛ

____________________ ___________________

ДАТУМ_________________

*Правна поука:Доколку не се согласувате со оваа одлука, жалба може да поднесете до

Училишниот одбор на училиштeто во рок од 7 дена
Записник
од известување на родител за изрекување педагошка мерка
Усна опомена

На ден ------------------- родителот/ старателот-------------------------------- беше

известен од раководителот на паралелката за причините поради кои и е изречена
педагошка мерка усна опомена на ученикот
----------------------------------------------------од --------------одделение.
Причини за изрекување на педагошката
мерка:-----------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------.
Предлог мерки за надминување на состојбата , промена на однесувањето на
ученикот:

-------------------------------------------------------------------------------------------------------.
дата:
Родител:
----------------------------
Име и презиме , потпис

Раководител на паралелка
Име и презиме
-------------------------------------
Потпис
--------------------------------------
2.Прилог 2 -Писмена опомена

Врз основа на член 72од Законот за основно образование (Св.161 /19) и член
27-38 од Правилникот за видовите пофалби, награди и педагошки мерки за
учениците во ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски-Скопје му се
изрекува;

ПИСМЕНА ОПОМЕНА
(од одделенски раководител)

На ученикот:______________________________________од ____________одд

за___________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

ПРИМИЛ РОДИТЕЛ ОДДЕЛЕНСКИ РАКОВОДИТЕЛ

____________________ ___________________

ДАТУМ_________________

*Правна поука:Доколку не се согласувате со оваа одлука, жалба може да поднесете до

Училишниот одбор на училиштeто во рок од 7 дена
Записник
од известување на родител за изрекување педагошка мерка
Писмена опомена

На ден ------------------- родителот/старателот -------------------------------- беше

известен од раководителот на паралелката за причините поради кои и е изречена
педагошка мерка писмена опомена на ----------------------------------------------------
одд --------------одделение.
Причини за изрекување на педагошката
мерка:-----------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------.
Предлог мерки за надминување на состојбата , промена на однесувањето на
ученикот:
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------.
Родител/старател:
-------------------------------------

Раководител на паралелка:
Име и презиме и потпис
--------------------------------
3.Прилог 3 –Укор

Врз основа на член 27-38 од Правилникот за видовите пофалби, награди и

педагошки мерки за учениците во ОУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски-Скопје
му се изрекува;

УКОР
(неодобрување на постапката, од одделенски совет)

На ученикот:______________________________________од ____________одд

за___________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

ИЗВЕСТЕН РОДИТЕЛ РАКОВОДИТЕЛ НА ПАРАЛЕЛКА

____________________ ___________________

Датум:
*Правна поука:Доколку не се согласувате со оваа одлука, жалба може да поднесете до
Училишниот одбор на училиштeто во рок од 7 дена.
Записник
од известување на родител за изрекување педагошка мерка
Укор

На ден ------------------- родителот/старателот -------------------------------- беше

известен од раководителот на паралелката за причините поради кои и е изречена
педагошка мерка укор на ----------------------------------------------------одд
--------------одделение.
Причини за изрекување на педагошката
мерка:-----------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------.
Предлог мерки за надминување на состојбата , промена на однесувањето на
ученикот:
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------.
Родител/старател:
-------------------------------------

Раководител на паралелка:
Име и презиме и потпис
--------------------------------
4. Прилог 4 –Преместување во друга паралелка

Врз основа на член 27-38 од Правилникот за видовите пофалби, награди и

педагошки мерки за учениците во ОУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски-Скопје
му се изрекува;

Преместување во друга паралелка

На ученикот:______________________________________од ____________одд

за___________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

ИЗВЕСТЕН РОДИТЕЛ ДИРЕКТОР

____________________ ___________________
Записник
од известување на родител за изрекување педагошка мерка
Преместување во друга паралелка

На ден ------------------- родителот/старателот -------------------------------- беше

известен од раководителот на паралелката за причините поради кои и е изречена
педагошка мерка преместување во друга паралелка на
----------------------------------------------------одд --------------одделение.
Причини за изрекување на педагошката
мерка:-----------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------.
Предлог мерки за надминување на состојбата , промена на однесувањето на
ученикот:
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------.
Родител/старател:
-------------------------------------
Раководител на паралелка:
Име и презиме и потпис
--------------------------------
5.Прилог 5-Намалување на поведението
Врз основа на член 27-38 од Правилникот за видовите пофалби, награди и
педагошки мерки за учениците во ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски-
Скопје му се изрекува;

Намалување на поведението

На ученикот:______________________________________од _____одд

му се намалува поведението од примерно во добро

поради______________________________________________________________

_____________________________________________________________________
_____________________________________________________________________

ИЗВЕСТЕН РОДИТЕЛ ДИРЕКТОР

____________________ ___________________
*Правна поука:Против оваа одлука, жалба може да поднесете до Училишниот одбор на училишттово рок од 7 дена
Записник
од известување на родител за изрекување педагошка мерка
Намалување на поведението од примерно во добро

На ден ------------------- родителот/старателот -------------------------------- беше

известен од раководителот на паралелката за причините поради кои и е изречена
педагошка мерка намалување на поведението од примерно во добро на
----------------------------------------------------одд --------------одделение.
Причини за изрекување на педагошката
мерка:-----------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------.
Предлог мерки за надминување на состојбата , промена на однесувањето на
ученикот:
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------.
Родител/старател:
-------------------------------------
Раководител на паралелка:
Име и презиме и потпис
--------------------------------

6. Прилог 6-Намалување на поведението

Врз основа на член 27-38 од Правилникот за видовите пофалби, награди и

педагошки мерки за учениците во ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски-
Скопје му се изрекува;

Намалување на поведението

На ученикот:______________________________________од _____одд

му се намалува поведението од добро во незадоволително

поради______________________________________________________________

_____________________________________________________________________
_____________________________________________________________________

ИЗВЕСТЕН РОДИТЕЛ ДИРЕКТОР

____________________ ___________________
*Правна поука:Против оваа одлука, жалба може да поднесете до Училишниот одбор на училишттово рок од 7 дена
Записник
од известување на родител за изрекување педагошка мерка
Намалување на поведението од добро во незадоволително

На ден ------------------- родителот/старателот -------------------------------- беше

известен од раководителот на паралелката за причините поради кои и е изречена
педагошка мерка намалување на поведението од добро во незадоволително на
----------------------------------------------------одд --------------одделение.
Причини за изрекување на педагошката
мерка:-----------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------.
Предлог мерки за надминување на состојбата , промена на однесувањето на
ученикот:
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
-------------------------------------------------------------------------------------------------------.
Родител/старател:
-------------------------------------

Раководител на паралелка:
Име и презиме и потпис
--------------------------------

You might also like