You are on page 1of 234

ВОДСТВО

СО ЉУБОВ
Александар Страух
Христијански водич за
ВОДСТВО СО ЉУБОВ
Оваа книга им дава на водачите и учителите во
црквата јасно разбирање за тоа што Библијата учи
за љубовта. Ова разбирање е клучно за тебе како водач
и за целата црква. Книгава ќе:
• ги подобри значајно твоите вештини за однесување
кон другите;
• ја подобри твојата ефикасност во службата;
• ги намали непотребните конфликти и поделби;
• изгради поздрава црква;
• го промовира Евангелието.
Ако водиш или поучуваш луѓе – дали како учител во неделното
училиште, водач на млади, водач на женска или машка служба,
водач на проучување на Библијата, администратор, водач на
славење, старешина, ѓакон, пастор, мисионер или евангелизатор
– оваа книга ќе ти помогне да станеш водач или учител со
поголема љубов.

ISBN: 978-9989-2817-7-8

MK
ВОДСТВО
СО ЉУБОВ
Александар Страух
eBooks for download
east.om.org/ebooks

Оригинално издадено на англиски како:


Originally published in English under the title
Leading with Love by Alexander Strauch.© 2006 by Alexander Strauch
English edition published by Lewis and Roth Publishers, P.O. Box 469,
Littleton, Colorado 80160, USA.

© 2014 by OM EAST for the Macedonian edition.Translated by permission.


All rights reserved. Преведено со дозвола. Сите права задржани.

Превод од англиски: Наташа Здравковска


Лектура: Бранкица Јовева
Уредник: Јован Јоновски

Дизајн и прелом: OM EAST

Печати: МАРИНГ
Тираж: 1000

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

27-423.7
27-58-472

СТРАУХ, Александар
Водство со љубов/Александар Страух; [превод од англиски Наташа
Здравковска]. - Скопје: Изгрев, 2015. - 238 стр.; 21 см

Превод на делото: Leading with Love/by Alexander Strauch. -


Фусноти кон текстот

ISBN 978-9989-2817-7-8
I. Strauch, Alexander види Страух, Александар
а) Љубов - Христијанство б) Духовно водство - Христијанство
COBISS.MK-ID 97822218
За авторот:

Александар Страух, повеќе од триесетина години служел како


пастор и како старешина во Лителтон Бајбл Чапел во Лителтон,
Колорадо, САД. Тој и неговата сопруга Мерилин имаат четири
деца и шест внуци.
Ова е првата негова книга, преведена на македонски; други
негови книги се:

Biblical Eldership:
An Urgent Call to Restore Biblical Church Leadership

The Study Guide to Biblical Eldership:


Twelve Lessons for Mentoring Men for Eldership

The New Testament Deacon: Minister of Mercy

The Hospitality Commands

Agape Leadership:

Lessons in Spiritual Leadership from the Life of R. C.


Chapman
заесно со Robert L. Peterson

Men and Women: Equal Yet Different

Meetings That Work


Спојување на љубовта
и водството

Стремете се кон љубовта!...


1 Кор. 14:1

Не е претерување ако се каже дека Библијата е книга на љубовта.


Сторијата на евангелието, „Зашто Бог толку го возљуби светот,
што Го даде Својот Единороден Син“ (Јн. 3:16), е најголемата
љубовна приказна што некогаш е раскажана. Поради големата
божја љубов кон нас, треба да Го сакаме Господ со сето срце, душа,
ум и сила, и да ги сакаме нашите ближни како самите себеси (Мк.
12:30-31). Иако ова барање да се љуби Бог и ближниот е дадено
за секој вистински верник, ќе се фокусирам на љубовта којашто
се однесува на христијанските водачи и учители. Еве зошто:
Прво, иако во христијанството, поучувањето за божјата љубов
и барањата за љубовта од христијанските верници не може да
се спореди со другите религии во светот, христијанските водачи
обично не се фокусираат на љубовтa туку на водството. Многу
материјал е напишан за карактеристиките на водството: храброст,
снаодливост, харизма, убедување, истрајност, визионерско
размислување, самодисциплина и одлучност. Сепак, има малку
книги за црковно водство, коишто вклучуваат нешто за љубовта.
Ова е трагичен превид, бидејќи Новиот завет јасно кажува дека
љубовта е клучна во даровите на водење и поучување. Навистина,
Новиот завет бара духовните дарови да се извршуваат во љубов.
Како што вели Павле, секој обид за водење и поучување без
Спојување на љубовта и водството  5

љубов е „бронза што ѕвони или кимвал што ѕвечи“ (1 Кор. 13:1).
Да се имаат сите горенаведени квалитети на водството, но не
и љубов, е целосен неуспех за црковниот водач (1 Кор. 13:1-3).
Второ, водачите и учителите го воспоставуваат духовниот
тон на црквата. Ја имаат моќта да создадат атмосфера на љубов
во локалната црква. Ако тие Го сакаат Бог и ги сакаат луѓето,
нивните следбеници, многу веројатно ќе бидат љубители на Бог
и на луѓето. Ако пак, водачите се егоцентрични, критизери,
горди, лути и оддалечени, тогаш и луѓето ќе ги прифатат овие
грди карактеристики.
Со текот на годините, зборував со многу луѓе кои не се
задоволни од својата локална црква, без да знаат точно зошто.
Во многу од тие случаи, верувам, нештото што недостасува
е видот на љубовта каква што е прикажана во Новиот завет.
Неуспехот да се љуби е премногу чест и создава широк спектар
проблеми, како што се гледа во црквата во Коринт, полна со
раздори. Затоа Писмото инсистира водачите и учителите да
бидат примери за љубовта: „Туку, биди им пример на верните во
словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата!“
(1 Тим 4:12). Љубовта е од витално значење за локалната
црква, бидејќи е „здивот на црквата“1, од суштинско значење
за нејзиното сведоштво и духовен растеж (Еф. 4:16).
Трето, во семејството на црквата, луѓето мора да работат
поблизу еден до друг како браќа и сестри во Христос, во
одлучувањето и постигнувањето на целите. Понекогаш, ова е
тешко. Многу од работата во локалната црква (и меѓу локалните
цркви) се прават во групи: старешински и ѓаконски состаноци,
состаноци на разни одбори и собранија.

„Љубовта е најпривлечниот квалитет во светот. И таа


е во срцето на христијанството“
– Мајкл Грин

1 William Kelly, Notes on the First Epistle to the Corinthians (London:


Morrish, 1878), 220.
6 Водство со љубов

Колку подолго работиме заедно толку повеќе ги запознаваме


пропустите и карактерните особини кај другите, коишто
нервираат, што го прави заедничкиот живот полн со фрустрации.
Разбирањето на принципот на љубов од Новиот завет,
значајно ќе го зајакне здравото групно водство, групните
средби и животот на целата заедница.
Четврто, има многу погрешни идеи за љубовта, коишто мора
да се поправат. Во името на љубовта, има христијани кои ги
напуштиле домовите, го направиле секој можен сексуален грев,
одбиваат да практикуваат црковна дисциплина и го редефинираат
Бог и спасението според моменталните движења на љубовта
и толеранцијата. Наместо љубовта да биде „исполнување на
законот“, таа е направена непријател на законот (Рим. 13:8-
10). Наместо љубовта да се згрозува од она што е грешно, се
употребува да го оправда злото (Рим. 12:9). Во своето дело
„Завет на Љубовта“, Леон Морис вели: „Нема крај на списокот
на ужасите коишто се направени во името на љубовта“.2
И покрај овие недостатоци, цврсто верувам дека вистинското
разбирање на она што Библијата го кажува за љубовта, значајно
ќе ги подобри односите на нашите црковни водачи и учители и
силно ќе ја подобри и ефикасноста на нивната служба.
Затоа, оваа книга е напишана за водачите и учителите на
секое ниво на водство во локалната црква. Ако водиш или
поучуваш луѓе – како учител во неделното училиште, младински
водач, водач на женската служба, водач на проучувањето
на Библијата, администратор, водач на славењето, ѓакон,
старешина, пастор, евангелист или мисионер, љубовта е
неопходна за тебе и твојата служба. Како што Мајкл Грин
убаво нè потсетува: „Љубовта е најпривлечниот квалитет во
светот. И таа е во срцето на христијанството“.3 За таа цел,
Бог бара од тебе и oд мене да водиме и поучуваме во љубов и
постојано да растеме во нашата љубов за Него и неговите луѓе.

2 Leon Morris, Testaments of Love (Grand Rapids, Mich.: Eerdmans, 1981), 3.


3 Michael Green, Evangelism through the Local Church (Nashville: Thomas
Nelson, 1992), 97.
Прв дел

Љубовта е неопходна за
христијанското водство
Глава 1

Пет минус еден е еднакво


на нула

А јас ќе ви покажам уште повозвишен пат.


1 Кор. 12:31

Двајт Л. Муди, Били Грејм на 19-тиот век, ни зборува за


животната пресвртница при средбата со доктрината на
љубовта. Започна кога Хенри Мурхаус, дваесет и седумгодишен
британски евангелизатор, проповедаше една седмица во црквата
на Муди. На сечие изненадување, Мурхаус проповедаше седум
богослужби по ред за Јован 3:16. За да докаже „Зашто Бог
толку го возљуби светот?“, тој проповедаше за Божјата љубов
од Битие до Откровение. Синот на Муди го запишал описот на
татко му за влијанието на проповедта на Мурхаус:

Шест вечери проповедаше за овој текст. Дојде и седмата


вечер и тој отиде на говорницата. Сите погледи беа
вперени кон него. Рече: „Драги пријатели, цел ден
се обидував да пронајдам нов текст, но не можев да
пронајдам ништо толку добро како стариот; така што
повторно ќе се вратиме на третата глава од Јован и на
шеснаесеттиот стих“, и ја проповедаше седмата служба
за тие прекрасни зборови, „Зашто Бог толку го возљуби
светот?“. Се сеќавам на крајот на проповедта: „Мои
пријатели“, рече, „цела седмица се обидувам да ви кажам
колку многу Бог ве љуби, но не можам да го направам
Пет минус еден е еднакво на нула  9

тоа со овој сиромашен јазик што пелтечи. Да можам да ја


позајмам скалата на Јаков и да се искачам на небото и да
го прашам Габриел, кој стои во присуство на Семоќниот,
да ми каже колку многу љубов има Таткото за светот, сè
што би можел да каже е: ’Зашто Бог толку го возљуби
светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој
верува во Него, да не загине туку да има вечен живот‘.“1

Без можност да ги задржи солзите додека Мурхаус


проповедаше за Божјата љубов, на испраќање на Неговиот
Единороден Син да умре за грешниците, Муди призна:

До тогаш воопшто не знаев дека Бог толку нè засака. Ова


мое срце започна да се растопува; не можев да ги задржам
солзите. Беше како вест од далечна земја – само ја впивав.
Исто се случи и со црквата. Ви кажувам, постои една работа
која нè возвишува над сè друго во светот, а тоа е љубовта.2

Како резултат на влијанието на Мурхаус, Муди започна да


ја проучува доктрината на љубовта. Тоа го промени неговиот
живот и проповедање. Подоцна тој рече:

Го зедов тој збор „љубов“, и не знам колку седмици


поминав во проучување на стиховите каде што се појавува,
додека на крајот не можев а да не ги сакам луѓето! Толку
долго се хранев од љубовта, така што бев нестрплив, на
секој со кого стапував во контакт да му правам добро.
Се заситив. Тоа течеше од моите прсти. Го земаш
предметот на љубовта во Библијата! Ќе се заситиш толку
многу, така што со самото отворање на устата, поплавата
на Божјата љубов ќе се излева врз богослужбите. Нема
никаква корист доколку ја извршуваш црковната работа
1 William R. Moody, The Life of Dwight L. Moody (Chicago: Revell, 1900),
140. Види и Dwight Lyman Moody, New Sermons, Addresses and Prayers
(Chicago: Goodspeed, 1877), 178.
2 Moody, The Life of Dwight L. Moody, 139.
10 Водство со љубов

без љубов. Докторот, адвокатот, може да завршат добра


работа без љубов, но Божјата работа не може да се
заврши без љубов.3

Д. Л. Муди не можеше да биде библиски повеќе точен кога


рече: „Божјата работа не може да биде извршена без љубов“.
Тоа е пораката на најпознатото љубовно поглавје од Библијата,
1 Коринќани 13.

Повозвишениот пат
Постои една општа согласност дека Павле е најголемиот
пионер на мисијата, научник, учител, евангелизатор и херој
на верата. Сепак, знаел дека сета брилијантност, надареност
во многу правци и пожртвувана посветеност не значат ништо
доколку не се потполно потопени во љубов. Ниту еден друг
новозаветен писател не пишувал толку за љубовта или не
покажал повеќе практични примери на водство во љубов
од Павле. Преку доживотната служба и посланијата на
Павле, Бог на Својата црква и на сите водачи и учители им
дал модел на водство во љубов. Во ниту еден дел од Словото
не е појасно и посилно изјавено дека љубовта е неопходна за
водство и за поучување отколку во 1 Коринќани 13.
Павле ја напишал оваа глава како одговор на расцепите што
се јавиле во црквата во Коринт, во однос на духовните дарови.
За да ги исправи погрешните толкувања за духовните дарови
во црквата и севкупниот самоуништувачки пат на однесување,
Павле ветил дека ќе им го покаже „повозвишениот пат“ (1
Кор. 12:31) на Коринќаните. Посакувал да дознаат дека има
нешто многу поважно од натприродните дарови, нешто што
ги надминува и најодличните дарови и изведби, нешто што
доколку не постоело, ќе ги направело сите дарови безвредни.
Тоа нешто е љубовта.
3 Richard Ellsworth Day, Bush Aglow: The Life Story of Dwight Lyman
Moody, Commoner of Northfield (Philadelphia: The Judson Press, 1936),
146; види исто така, L. Moody, Pleasure and Profit in Bible Study (Chicago:
The Bible Institute Colportage Association, 1895), 87.
Пет минус еден е еднакво на нула  11

„Нема никаква корист доколку ја извршуваш црковната


работа без љубов. Докторот, адвокатот, може да завршат
добра работа без љубов, но Божјата работа не може да
се заврши без љубов.“
Д. Л. Муди

Љубовта за којашто Павле зборува е основната љубов за


ближните верници. Оваа љубов беше дефинирана од Исус
Христос, кога ја даде новата заповед до сите ученици да се
љубат еден со друг „како што“ Тој ги возљуби нив (Јвн. 13:34-
35). Оваа љубов се дава во целосна пожртвуваност за доброто
на другите. Исус го објаснил овој нов метод на љубовта со
понизното миење на нозете на учениците (Јвн. 13:4-17) и со
несебичното жртвување на својот живот на крстот за другите.
Јован вели вака: „По тоа ја познавме љубовта, што Тој го
положи својот живот за нас; и ние сме должни да ги положиме
своите животи за браќата (и сестрите).“ (1 Јвн. 3:16)
За да се угаснат сите сомнежи дека љубовта е „повозвишениот
пат“ и да се разнишаат погрешните размислувања на
Коринќаните за духовните дарови, Павле ги употребува сите
свои реторични вештини на комуникација со елоквентност и
сила дека љубовта е „повозвишениот пат“. Тој пишува:

А јас ќе ви покажам уште повозвишен пат. Ако ги


зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам
– тогаш сум бронза што ѕвони или кимвал што ѕвечи.
И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни
и сите знаења, и ако ја имам сета вера, така што да
преместува и планини, а љубов немам – ништо не сум.
И ако го раздадам целиот свој имот за да ги нахранам
бедните и ако го предадам своето тело да биде изгорено,
а љубов немам, ништо не ми ползува. (1 Кор. 12:31-13:3)

Да го погледнеме подетално овој стих за да добиеме појасна


слика што зборува.
12 Водство со љубов

Без љубов дури и ангелските


јазици ѕвечат

Целта на духовните дарови е да го изградат и да го обединат


телото. Сепак, ентузијазмот на Коринќаните за натприродниот
дар на зборување јазици предизвикал гордост и безредие во
црковното тело. Независно ориентираните Коринќани ги
употребувале своите дарови за лично задоволување на егото,
што предизвикало поделба во телото.
За да ја исправи оваа дисторзија, Павле го привлекува
нивното внимание со хипотетичка слика за себеси како
„светски најнадарениот говорник на јазици“4, кој може
елоквентно да зборува „на сите човечки и ангелски јазици“.
Ваков дар најмногу би ги импресионирал Коринќаните. Но
Павле изјавува дека, дури и да има такво возвишено искуство
поради надареноста од небото, ќе биде „бронза што ѕвони или
кимвал што ѕвечи“ – а тоа е раштиман, гласен, празен звук –
доколку не делува во љубов, како што е опишано во стиховите
од 4 до 7. Убавината на овој чудесен говор ќе биде раштимана
без благодатта на љубовта.
Павле не вели буквално дека неговиот говор ќе биде гласна
бука, туку дека лично тој ќе биде празен, раштиман звук. Нема
да биде она што треба да биде; ќе биде сериозно несовршен во
христијанскиот живот и нема да живее според „повозвишениот
пат“. Причината зошто Павле би бил празен звук е дека би
бил говорник на јазици без љубов. Би го употребувал дарот на
јазици само за да се прослави и да си служи себеси, наместо
да им служи или да ја гради црквата, што е и целта на љубовта
(1 Кор. 8:1).
Кога поучувам за овој текст, обично употребувам визуелна
илустрација. Зад говорницата вадам едно метално тенџере и
чекан и започнувам да тропам по тенџерето додека зборувам
за духовните дарови и за потребата за љубов. На почетокот
луѓето се смеат.
4 Gregory J. Lockwood, 1 Corinthians, Concordia Commentary (St. Louis:
Concordia, 2000), 458.
Пет минус еден е еднакво на нула  13

Знаењето без љубов го надувува егото


и го измамува умот

Мислат дека е одлична илустрација. Но продолжувам.


Кога удирав на тенџерето, продолжував да зборувам за
духовните дарови. Набрзо луѓето не се смееја повеќе. Им
беше доволно; се изнервираа и се вознемирија за миг, но јас
продолжив да удирам. Кога се чинеше дека повеќе не можат
да издржат, запрев и прашав: „Дали сте сега изнервирани?
Дали уживате во ова? Дали ова ве исполнува? Дали ви е
поучно? Дали сакате да продолжам да удирам по тенџере-
то како потсетник на поентата на темата?“ Никој не сака-
ше да продолжам да удирам. Тука ги потсетив дека вака им
звучи на другите и на Бог кога ги употребуваат нивните да-
рови без љубов. Не се ништо освен „бронза што ѕвони или
кимвал што ѕвечи“.

И да ги имаш сите знаења, без љубов не си ништо

Павле понатаму зборува хипотетски за себеси како го


поседува дарот на пророштво во таква мера на познавање на
„сите“ тајни и „сите“ знаења. Затоа ги поседува теолошките
одговори на сите Божји тајни, по коишто луѓето копнеат да ги
разберат. Тој ќе биде жива енциклопедија на знаењето.
Некои луѓе сакаат да го покажуваат својот интелект и
теолошка супериорност. Горди се на своето знаење и говорни
способности. Ваквата гордост станала сериозен проблем во
Коринт. Некои луѓе биле арогантни поради нивното знаење и
надуени со надменост. Барале признавање на нивните пророчки
способности и супериорна мудрост, и другите кои имале помало
познавање и надареност, ги гледале надмено. Како резултат
на арогантната злоупотреба на знаењето, му наштетиле на
црковното тело (1 Кор. 8).
14 Водство со љубов

Знаењето без љубов го надувува егото и го измамува умот.


Може да доведе до интелектуален снобизам; став на исмевање
на погледите на другите; дух на потценување на оние со поси-
ромашно знаење и понижувачко однесување кон луѓето кои не
се сложуваат. Познавам еден пастор кој имаше феноменално
познавање на Библијата, но повреди многу луѓе со своето док-
тринално критичко однесување, и ја подели црквата многупати
сè додека не остана сам. Имаше голема глава, но мало срце.
Неговата теологија беше чиста како мраз и двапати поладна.
Таков е патот на оние кои имаат знаење без љубов.
Затоа Павле изјавува дека, дури и да го има сето знаење,
без љубов ќе биде „ништо“ – духовна нула. Потврдува дека
пророкот без љубов, научникот без љубов или учителот без
љубов се безвредни во поучувањето на Божјиот народ. Исто-
ријата потврдува, според тврдењата на Џон Шорт:

Верата без љубов и пророштвото без љубов се вбројуваат


во едни од потрагичните страници на христијанската
историја низ вековите. Ги гореле таканаречените
еретици; ги обезвреднувале искрените трагачи по
вистината; честопати пркоселе и огорчувале; и честопати
завршувале во негирање на христијанското братство на
ближните верници.5

На сличен начин, Џорџ Свитинг, поранешен претседател на


Мудиевиот библиски институт, го донесува овој заклучок: „Бев
длабоко разочаран кога открив дека луѓето се позагрижени
за скриените тајни отколку за луѓето во потреба... Пречесто,
христијаните се загрижени за скриената вистина отколку за
индиферентноста во сакањето на проблематичните луѓе.“6
Знаењето, за да може да ја заштитува и изградува црквата,
мора да биде употребувано само преку љубовта, според
„повозвишениот пат“. (Еф. 4:11-16).
5 John Short, „The First Epistle to the Corinthians“, in The Interpreter’s Bible,
ed. Arthur C. Buttrick (New York: Abingdon-Cokesbury, 1953), 10:170.
6 George Sweeting, Love Is the Greatest (Chicago: Moody Press, 1974), 40.
Пет минус еден е еднакво на нула  15

Без љубов, преземањето на ризикот на


верата е безвреден

„Пречесто, христијаните се загрижени за скриената


вистина отколку за индиферентноста во сакањето на
проблематичните луѓе.“
Џорџ Свитинг

Третиот духовен дар што го претставува Павле е верата


(1 Кор. 12:9). Си замислува како го поседува најодличниот
дар на вера што воопшто постои, „така што да преместува
планини“. Како Аврам, ќе му верува на Бог за невозможното
и активно ќе има доверба во Него за да прави чудесни работи.
Ќе биде електрана на молитва, духовен преземач на ризици,
виртуелен Џорџ Милер7, високо почитуван и баран од сите.
Ќе биде храбриот Давид кој влегува во битка за да го
убие филистејскиот џин Голијат (1 Сам. 17:32). Но дури и
со така моќниот духовен дар, ако љубовта не е присутна,
дарот станува средство за слава на себеси отколку на
служење на другите.
Некои „чудотворци“ на телевизија можеби ќе изјават
дека го прават невозможното преку вера, но тие повеќе
зборуваат за пари, успех и за себеси, место за луѓето на кои
треба да им помогнат. Како и самофалбаџискиот фарисеј,
сакаат да бидат „видени од другите“. (Мт. 6:5) Ја сакаат
славата од луѓето и сакаат да ги почитуваат како духовни
џинови кои прават одлични работи за Бог. Ги употребуваат
своите прекрасни дарови за да се промовираат себеси, а не
телото Христово.

7 Џорџ Милер (George Muller) бил основач и директор на Ашли Доун


сиропиталиштето во Бристол, Англија; 122,683 сирачиња минале низ тоа
сиропиталиште. Многу биографи пишувале за животот во вера и љубов
на Милер.
16 Водство со љубов

Се сеќавам на еден радиопроповедник кој зборуваше често


за чудесните работи што ги направил Бог преку неговата
емисија и како Бог чудесно обезбедил средства без да моли за
пари (што може да биде суптилен начин да моли за пари). Но
оние кои лично го познавале човекот и работеле со него, ги
виделе работите поинаку. Го виделе човекот што е опседнат
со пари и со јавниот имиџ. Го видоа неговиот дар на вера што
го употребува за гаранција на личната финансиска сигурност.
Го виделе човекот кој не се грижи многу за другите луѓе, туку
се грижи многу за себеси.
Не е ни чудо што Павле толку јасно нагласува дека ваквиот
моќен дар без љубов не вреди „ништо“. Павле го мислел она што
го велел. Знаел дека без љубов ќе биде духовно неплодоносен,
наместо да биде духовна електрана.
Без љубов, христијанскиот водич е на погрешен пат во
христијанскиот живот. Но кога верата се комбинира со љубов,
телото Христово се изградува и напредува по кралскиот пат,
„повозвишениот пат“ на љубовта.

Без љубов, раздавањето на сите пари на


сиромашните е бескорисно
Павле понатаму размислува за раздавање на целиот свој имот –
својот дом, имот, мебел, заштеда и на сите работи што ги цени
– за да ги нахрани сиромашните. Раздава сè и се ограничува
на бедна сиромаштија. Со сигурност ова е финално дело на
алтруизам. Зар таквото давање не би било по дефиниција љубов?
Не во секој случај. Павле нагласува дека и најизвонредното
дело на самопожртвуваност може да се направи без љубов.
Самопожртвувањето може да се направи за личен интерес,
како што е прикажано во случајот со Ананија и Сапфира во
Дела. Овој пар го продале својот имот и им ги дале парите
на апостолите за да им ги поделат на сиромашните (Дела 5:1-
11). Меѓутоа, го направиле тоа без љубов. Дури и не биле
загрижени за потребите на сиромашните туку за себеси. Не
Го љубеа ниту Бог ниту ближниот свој. Како и фарисејот што
Пет минус еден е еднакво на нула  17

разгласувал, кој бил осуден од Исус во Проповедта на гората


(Мт. 6:1-5), Ананија и Сапфира давале со цел да се стекнат со
добар глас пред црквата. Давале за да примат слава од луѓето.
Нивната љубов била лицемерна (Рим. 12:9). Им давале на
сиромашните, но без вистинска, внатрешномотивирачка моќ
на љубовта, така што давањето за нив било бескорисно. Иако
ги дале парите на сиромашните, биле духовно банкротирани и
Бог го одбил нивниот дар.
Павле вели, затоа, дури и да го раздаде целиот имот без
љубов, ќе биде непродуктивен, бескорисен, безвреден и без
вечна вредност. Дури и по ваквата жртва, тој ќе остане духовно
банкротиран човек. Нема понизно да им служи на другите, туку
ќе си служи себеси.
За разлика од тоа, кога некој е придвижен од љубовта да се
сретне со потребите на сиромашните, давањето сè што поседува
ќе донесе бенефиција за секого. Таква е љубовта што Го
мотивирала Господ Исус Христос да се откаже од богатствата
на небото и да стане сиромашен за нас. Поради таа причина,
„Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име што е над секое
име“ (Флп. 2:9). Исус даваше според „повозвишениот пат“.

Без љубов и најголемата


пожртвуваност е бесмислена
На крајот, Павле се претставува себеси како најголем
херој на верата. Како чин на возвишена пожртвуваност, го
предава своето тело на болните огнови на мачеништво за
Христос. Ваквата жртва ќе биде во секој случај инспирација
за другите верници кон верност, поголема посветеност и
храброст. Ќе обезбеди моќно сведоштво за евангелието
на неверниците. Но Павле предупредува дека дури и
страдањето и мачеништвото за Христос можат да се извршат
поради погрешни причини.
Некои луѓе се многу горди на страдањето заради нивната
вера. За други, тоа вреди за да се биде запаметен како херој
на верата. Во раните години на христијанството, да се биде
18 Водство со љубов

маченик станало средство за постигнување голема слава. Еден


историчар коментирал: „Им стана јасно на сите христијани
дека извонредната слава и чест се поврзани со мачеништво-
то“.8 Некои маченици како Игнациј, беа преплавени со воздиг-
нување пред да станат маченици. Не дека Игнациј гледал на
мачеништвото како на лична слава, но тоа покажува дека за
некои може да биде искушение самата желба да влезат бесмртни
во аналите на црковната историја, како маченици за Христос.
За Поликарп, кој бил жив запален, беше кажано дека негови-
те коски станале „подрагоцени од скапоцени камења и почи-
сти од облагородено злато“, а неговиот гроб станал собирно
светилиште.9 Препознавајќи го потенцијалот на ваквото возди-
гање, Павле смета дека е неопходно да каже дека предавањето
нечиј живот без љубов е безвредна жртва, празна религиозна
претстава, проѕирна изведба.
Кога е мотивирано за доброто на нас, другите, и за слава
на Христос меѓутоа, мачеништвото станува врвна жртва на
љубовта. Јонатан Едвардс во својата книга Милосрдието
и неговите плодови, ја резимира Божјата перспектива за
љубовта и самопожртвуваноста на овој начин:

Бог пребива во малите работи кога извираат од искрена


љубов кон Него. Чаша студена вода, подадена на
ученикот во искрена љубов, за Бог е повредна од сите
добра дадени да се нахранат сиромашните; да, наместо
раздаденото царско богатство или тело, предадено да
изгори без љубов.10

Само кога мачеништвото е резултат на љубовта кон Бог и


кон другите, станува збор за „повозвишениот пат“.

8 Rodney Stark, The Rise of Christianity (San Francisco: HarperCollins, 1996),


182.
9 Martyrdom of S. Polycarp, 18.
10 Jonathan Edwards, Charity and Its Fruits (1852; reprint ed., Edinburgh:
Banner of Truth, 1978), 61-62.
Пет минус еден е еднакво на нула  19

Божествена математика

Замисли си за миг што помислувале Коринќаните кога за


првпат јавно, за време на црковната служба, ги слушнале
зборовите на Павле. Веројатно не можеле да поверуваат.
Пораката на Павле била целосно спротивна на начинот на
којшто размислувале или се однесувале. Им недостасувала
љубов и тоа не можеле ниту да го согледаат. Гордоста на
знаењето и чудесните дарови ги измамиле.
Д. А. Карсон, библиски коментатор и професор на Новиот
завет во Тринити евангелското теолошко училиште, го опишува
размислувањето на Павле во стиховите како „божествена
математика“. Според божествената математика, „пет минус
еден е еднакво на нула“.11 Или, според забелешката на Џорџ
Свитинг, „дарови минус љубов е еднакво на нула“.12
Авторот Џери Бриџис дава јасна илустрација на
божествената математика, барајќи од своите читатели да го
направат следново:

Напиши или во мислите или на лист хартија, една редица


од нули. Додавај нули сè додека не ја исполниш целата
линија од страницата. Што доби? Ништо! Дури и да
напишеш илјадници, сè уште ќе бидат ништо. Но стави
позитивен број пред нив и веднаш добиваш вредност. Така
е и со нашите дарови и со вера и со ревност. Тоа се нули
на страницата. Без љубов, еднакво е на ништо. Но стави ја
напред љубовта, и веднаш добиваат вредност. И како што
бројот два дава поголема вредност на редицата од нули
од бројот еден, така и поголемата љубов може да додаде
експоненцијално поголема вредност на нашите дарови.13

11 D. A. Carson, Showing the Spirit: A Theological Exposition of 1


Corinthians 12–14 (Grand Rapids, Mich.: Baker, 1987), 60.
12 Sweeting, Love Is the Greatest, 117.
13 Jerry Bridges, Growing Your Faith (Colorado Springs: NavPress, 2004),
164-65.
20 Водство со љубов

Без љубов, нашите најизвонредни дарови и најголеми


достигнувања се крајно бесплодни за црквата и за Бог. Според
Павловиот начин на размислување, ништо нема вечна духовна
важност доколку не извира од љубовта.

Модерна парафраза
Замислувајќи се себеси како најизвонредниот учител или водач
кој дотогаш живеел, Павле ќе каже:

Ако бев најталентираниот комуникатор што


некогаш проповедал, така што милиони луѓе да
беа допрени од мојот говор, но љубов да немав,
ќе бев раштимана ветрушка пред Бог и луѓето.

Ако го имав најхаризматичниот карактер за


да го привлечам секого како моќен магнет, но
ја немав христоликата љубов, ќе бев лажен
измамник.

Ако бев најголемиот водач-визионер кој некогаш


го имала црквата, но љубов немав, ќе бев
заблуден и изгубен.
Ако бев најпродаваниот автор за теологија
и црковен растеж, но љубов немав, ќе бев
празноглав неуспех.

Ако пожртвувано ги дадам сите работни часови


во поучување на идните водачи, а го правам тоа
без љубов, ќе бидам лажен водач и пример.
Глава 2

Љуби или умри

Но имам нешто против тебе, зашто ја остави


својата прва љубов.
Откр. 2:4

Моето лично искуство на промена во животот започна кога


еден пријател ми ја даде книгата Навистина брат, биографија
на Роберт Ц. Чепмен од Барнстепл, Англија.1 Покрај Библијата,
никој не влијаел на моето размислување за љубовта и водството
повеќе од Роберт Чепмен.
Во негово време, некои го нарекуваа „апостол на љубовта“,
а Чарлс Хадсон Спарџен му се обраќаше како „најсветиот човек
што го познавам“.
Роберт Чепмен ја напушти својата професија како адвокат
во Лондон, за да стане пастор на една мала баптистичка
црква во Барнстепл. Спорната мала заедница веќе имала
три различни пастори во период од осумнаесет месеци, пред
доаѓањето на Чепмен. Приказната за тоа како Чепмен целосно

1 Frank Holmes, Brother Indeed: The Life of Robert Cleaver Chapman


(London: Victory Press, 1956). Биографијата на Холмс е излезена од печат.
За новата биографија види Robert L. Peterson, Robert Chapman (Littleton,
Colo.: Lewis & Roth, 1995). За кратката содржина на животот на Чепмен
и некои нови значајни начини на справување со луѓето види Robert L.
Peterson and Alexander Strauch, Agape Leadership: Lessons in Spiritual
Leadership from the Life of R. C. Chapman (Littleton, Colo.: Lewis & Roth,
1991).
22 Водство со љубов

ја изменил оваа проблематична црква со својата љубов,


трпение и служба на поучување на Библијата, е инспиративен
пример на љубезно водство. Црквата на крајот стана голема
хармонизирана црква. Била позната ширум Англија по
љубовта, мисионерските евангелизации и милосрдните служби
за сиромашните.
Пред крајот на својот живот, на возраст од деведесет и
девет години, Чепмен станал толку познат по својата љубезна
наклоност и мудрост, така што писмата што пристигнувале од
странство, упатени до „Р. Ц. Чепмен, Универзитет на љубовта,
Англија“, биле точно доставувани во неговиот дом.
Пред да пристигне Чепмен, црквата во Барнстепл била
горделива по своите доктринални карактеристики и црковната
учтивост, но умирала од немање љубов. Кога Роберт Чепмен
пристигнал, вдахнал животен дух на љубов во црквата. Наскоро
зрачела во љубовта за Христос, љубовта еден за друг, љубовта
за вистината на евангелието и љубовта за изгубените. Станала
универзитет на љубовта.
Во Откровение 2, читаме за друга црква што била горда
на својата праведност и верност, но била на умирање заради
немање љубов. Нашиот Господ лично ѝ зборува на црквата
и на водачите да се покајат, и да дозволат животниот дух на
љубовта да потече назад во телото. Внимателно прочитај ги
достоинствените зборови и предупредувања на Исус Христос
до црквата во Ефес:

„Ги знам твоите дела и твојот труд и твоето трпение; и


дека не можеш да ги поднесуваш лошите, и ги испита
оние кои тврдеа дека се апостоли а не се, и најде дека
се лажци... Но имам нешто против тебе, зашто ја остави
својата прва љубов. И така, спомни си од каде падна, и
покај сѐ, и врши ги своите први дела; а ако не, скоро ќе
дојдам при тебе и ќе го отстранам твојот светилник од
неговото место, ако не се покаеш.“ (Отк. 2:1-2; 4-5)
Љуби или умри  23

Пофалба и осуда

Во светло на пофалните квалитети на оваа црква,


критиката на Христос изгледа тривијална. Но, во Неговите
очи, вистинскиот внатрешен пулс на црквата бил изгубен.

Нашиот Господ започнува со пофалба на црквата во Ефес,


за добрите дела, макотрпната работа, постојаноста во верата,
нетолеранцијата кон ерес, ревноста за доктринална чистота и
трпеливата истрајност во време на прогонство. Толку многу
има да се каже за оваа црква, и треба да ги цениме наведените
квалитети. Се чинело дека е сè во ред. Ефешаните можеле да
напишат книга на успех во црковната служба. Меѓутоа, не
било сè како што треба. Некои работи биле фундаментално
погрешни. Со божествена пенетрација во вистинската духовна
состојба на оваа очигледно успешна црква, Исус Христос се
префрлил од пофалба кон осудување. Тој вели: „Но имам нешто
против тебе, зашто ја остави својата прва љубов“.
Во светло на пофалните квалитети на оваа црква, критиката
на Христос изгледа тривијална. Но во Неговите очи, вистинскиот
внатрешен срцев ритам на црквата бил изгубен.

Губење на првата љубов

Искрената љубов ни дава желба да се откажеме од


нашите животи заради некој друг.

Едно време, црквата напредувала со искрена љубов. Но


тоа се сменило. Сè уште имало малку љубов, затоа што тие
се бореле за вистината на евангелието и правеле добри дела
(Отк. 2:2-3, 6). Но нивната љубов не била како некогаш. Туку,
24 Водство со љубов

наместо да расте посилна и подлабока како што требало да биде,


љубовта се намалила. Имале дела, но радоста, креативноста,
чувствителноста и енергијата што произлегуваат од љубовта
исчезнале. Квалитетот на љубовта се сменил и тоа станало
очигледно и во работата. Исус ги прекорува и ги повикува да
ги „вршат своите први дела“. Ги предупредува да запаметат од
каде „паднале“ (Отк. 2:5).
Целта на оваа љубов не е наведена во текстот. Не се вели
дали станува збор за љубов кон Христос или љубов кон ближните
верници. Затоа, најдобро е да се разбере Исусовото значење за
љубовта воопшто (љубов за Христос, еден за друг и за изгубените).
Ваквиот тип на љубов што Бог ја бара од својот народ е
комплетна, неделива љубов (Вт. 6:4-6). Треба да Го љубиме
Бог со сето наше срце и душа и ум (Мт. 22:37). Понатаму,
според книгата Откровение, односот помеѓу Исус и црквата е
брачен однос; Христос е младоженецот, а црквата е невестата.2
Одговорноста на невестата, црквата, е да биде радосна, неделиво
посветена на Христос, младоженецот. Во Ефес, невестата ги
изгубила битните квалитети на љубовта - радоста да обожава;
гладта да Го познава подобро преку Неговото слово; копнежот
да ја разбере потполно Неговата љубов; жедта да расте духовно
и љубовта за пеењето, славењето и молитвата биле изгубени.
Типот на љубов што се бара меѓу верниците е љубов еден
за друг, како што Христос нè возљуби. Тоа е искрена љубов
(1 Пет. 1:22) што нè прави да ги даваме животите еден за
друг (1 Јвн. 3:16). Во Ефес, Господ барал од Својот народ
да ги носи пожртвувано потребите на другите, да ги отвора
домовите за другите, да премине преку расните граници и да
ужива во заедничкиот живот во црквата и дома. Но нивната
љубов се угаснала.
Еми Кармајкл, која спасувала злоупотребени деца и им
обезбедувала дом преку нејзината заедница во Донхавур во
Индија, ја препознала смртоносната потенцијална загуба на
љубов кај нејзините соработници. Таа поставила правилник
за Сестрите на заедничкиот живот, жени кои работеле со
неа во сиропиталиштето:
2 Отк. 19:7, 9; 21:9; 22:17.
Љуби или умри  25

„Немањето љубов е смртоносно. Тоа е рак. Можеби те


убива пополека, но секогаш исходот е смрт. Да се плашиме
од тоа, да се плашиме да му дадеме простор, исто како
да се плашиме да негуваме кобра. Тоа е посмртоносно
од секоја кобра. И како што една капка отров на речиси
невидливата кобра се шири брзо низ телото каде што
е инјектирана, така и една капка злоба на нељубов во
моето или твоето срце, меѓутоа невидена, има страшна
моќ да се рашири по целото семејство, бидејќи ние сме
едно тело – делови еден од друг“.
Ова им го должиме на младите, за да ги поучиме
на вистината дека обединетата молитва е невозможна
доколку не постои вистинска љубов. Ако каде било се
открие немањето љубов, престани со сè и доколку е
можно, поправи го тоа веднаш.3

Видот на љубовта што Христос ја бара е љубов за сите


луѓе (1 Сол. 3:12). Оваа љубов копнее да ги задоволи
физичките и духовните потреби на луѓето. Тоа е љубовта
покажана од страна на добриот Самарјанин кон непознатиот
човек на умирање (Лк. 10:30-37). Тоа е љубовта покажана
во евангелизацијата и досегнувањето до изгубените. Тоа е
љубовта на Павле кон Израел: „Дека ми е многу жал и дека
срцето ме боли непрекинато. Имено, би сакал да бидам самиот
– како проколнат – одвоен од Христа, за моите браќа, за моите
роднини по тело“ (Рим. 9:2-3). Оваа љубов за изгубените и
бедните овенала во Ефес.
За жал, црквата во Ефес се променила. Ја напуштила првата
љубов и нешто морало да се направи или Господ ќе ѝ судел
на црквата. „Не е чудно“, пишува пуританскиот проповедник
Натаниел Винсент, „што сатаната, кој работи да ја уништи
црквата, се обидува да ја убие љубовта“.4

3 Houghton, Amy Carmichael of Dohnavur: The Story of a Lover and Her


Beloved (1979; реиздание ed., Fort Washington, Pa., Christian Literature
Crusade, 1992), 219.
4 Nathaniel Vincent, A Discourse Concerning Love (1684; reprint ed., Morgan,
Pa: Soli Deo Gloria, 1998), 94.
26 Водство со љубов

Христовиот лек за ослабената љубов

Христос ја повикува црквата веднаш да направи три работи,


или вели: „ќе дојдам при тебе и ќе го отстранам твојот
светилник“. Иако се дебатира за вистинското значење на оваа
осуда, сериозноста на ситуацијата е алармантно јасна. Доколку
не се случи промена, Христос ќе дојде и ќе делува со осуда
против оваа локална црква.
Губењето на љубовта е грев. Во Откровение 2:4-5, Исус ја
прекорува и нуди лек:

1. И така, спомни си од каде падна.


2. Покај се!
3. Врши ги своите први дела!

Ситуацијата од минатото не можеше да се смени, но црквата


требаше да преземе итна акција за да го разгори првичниот оган на
љубовта. Неуспехот да се делува ќе значи катастрофа за црквата.
Господ строго предупредува: „А ако не, скоро ќе дојдам при тебе
и ќе го отстранам твојот светилник од неговото место, ако не се
покаеш“. Ова предупредување покажува колку сериозно Исус го
зема губењето на љубовта. Се заканува дека ако не се покајат, ќе
дојде и ќе го отстрани светилникот од неговото место. Тоа значи
дека ќе го прекине постоењето на локалната црква.

Повик за будење на сите цркви и водачи


Писмата до седумте цркви го разгласуваат Христовиот повик
за будење на сите цркви и христијански водачи (Отк. 2-3).
Исус ја предупредува локалната црква во Ефес и нејзините
водачи дека можат да работат напорно, да се борат против
ерес, да имаат духовни дарови, да поучуваат солидна доктрина,
а сепак да немаат љубов и да се на границата на божествената
дисциплина. Бидејќи љубовта е апсолутно неопходна за опстанок
на локалната црква, водачите мора да ја чуваат својата искрена
љубов за Христос и постојано да ја набљудуваат и охрабруваат
љубовта во црквата.
Љуби или умри  27

Чување на љубовта на поединецот за Христос

Не е чудно што сатаната, кој работи да ја уништи


црквата, се обидува да ја убие љубовта.
Натаниел Винсент

Кога водачите ќе ја изгубат љубовта, набрзо потоа тоа ќе им


се случи и на луѓето. Затоа, водачите првенствено мора да го
чуваат својот љубовен однос со Господ Исус Христос, со цел да
ја заштитат црквата од губењето на љубовта. Не постои замена
за безграничната растечка љубов за Господ Исус Христос. Тоа
е нашата прва и најосновна должност. Ефешаните верувале
дека нивната ортодоксна теологија е доволна. Но не e така.
Ако активно не ја заштитуваме и негуваме љубовта за Бог и
Христос, сета друга љубов ќе избледи: љубовта за ближните
христијани, љубовта за бедните, љубовта за изгубените и
љубовта за вистината.
Христијанскиот апологет Френцис Шефер, кој со својата
жена Едит давале пример за христијанска љубов на извонреден
начин, преку отворање на нивниот дом во Швајцарија,
разбирајќи ја важноста на љубовта:

„Мора да се запрашаме, дали доволно се борам за


доктринална верност? Ова е како жена која никогаш
не спие со никого друг, но никогаш не ја ни покажува
љубовта кон својот маж. Дали е тоа задоволителен однос
во бракот? Не, десет илјади пати не. Сепак, ако сум
христијанин кој зборува и делува за доктринална верност,
но не ја покажувам својата љубов кон мојот божествен
младоженец, сум на исто место како жената. Бог од нас
не ја бара само доктриналната верност туку и нашата
љубов од ден во ден. Не во теорија туку во практика.“5

5 Francis Schaeffer, The Church before the Watching World (Downers Grove,
Ill.: InterVarsity, 1971), 60.
28 Водство со љубов

Ц. Х. Мекинтош, чии книги за Петтокнижието се сметаат за


стандардни во библиските коментари, донесуваат добар совет
во врска со љубовта за Христос како суштинска потреба:

„Ако ѝ дозволам на мојата работа да се испречи помеѓу


моето срце и Господарот, ќе биде без голема вредност.
Можеме единствено ефикасно да Му служиме на Христос
доколку уживаме во Него. Тоа е кога срцето почива врз
Неговата моќна привлечност, така што рацете ја извршуваат
најдостојната служба во Негово име...Навистина, можеш
да проповедаш служба, да држиш предавање, да изговараш
молитви, да пишуваш книга и да поминуваш низ сета
рутина на дадена служба, а сепак да не Му служиш на
Христос. Човекот кој ќе Го претстави Христос на другите
мора да биде окупиран со Христос за себе.“6

Љубовта за Бог и Христос е темел за соодветна љубов


за сè друго. Љубовта за Бог е „најголемата и прва заповед“.
(Мт. 22:38)

Чување од екстернализам и ритуализам

Треба да ја заштитиме црквата од тенденцијата да се верува во


надворешни форми, религиозни ритуали, традиции и правила,
додека ги занемаруваме виталните елементи на вистинска
љубов за Христос и еден за друг.
Верниците во Ефес со сигурност се појавувале во црква, ја
познавале доктрината, ги отфрлале лажните учители, правеле
добри дела, живееле исправни животи, се молеле и пееле, но
внатрешниот копнеж и посветеност кон љубовта се намалувале
кон ништо. Надворешната изведба ја заменила вистинската,
внатрешна, суштинска вера и љубов. Љубовта за Христос и за
ближниот, што некогаш постоела, сега ја нема. Затоа, нивната
религија станала повеќе надворешна отколку внатрешна.
Станала повеќе механичка отколку искрена:
6 C. H. Mackintosh, Genesis to Deuteronomy: Notes on the Pentateuch
(Neptune, NJ: Loizeaux, 1972), 155.
Љуби или умри  29

Сè уште ја прокламирале верата, но немале страсна љубов


за Оној Кој е вистината. Тие сè уште правеле добри дела,
но немало љубов, братство и сочувство. Ја сочувувале
вистината и храбро сведочеле, но заборавале дека љубовта
е најголемиот сведок на вистината. Не дека во голема
мера, автентичните доблести ја истиснале љубовта, туку
ниту едно добро дело, мудрост и проникливост во однос
на црковната дисциплина, истрајно трпение во тешкотија,
мразење на гревот или дисциплинирана доктрина, не
можат никогаш да го надокнадат недостатокот на љубов.7

Водење на црквата во покајание и обнова

Во светот преполн со грев, покајанието и духовната


ревитализација се постојани задачи. Затоа, водачите и
учителите од црквата нека се подготват да ја водат заедницата
во покајание, заради немањето љубов и лицемерна љубов
(Рим. 12:9). Љубовта може да заживее и да порасне одново
(Отк. 2:5). Огнот може да се разгори. Животите можат да
бидат повторно посветени на Христос и еден на друг. Свежиот
живот на љубовта може да се вдахне во молитвата, библиското
поучување, евангелизмот, работилниците и заедништвото еден
со друг. За таа цел, да се молиме постојано и да работиме. Како
што се молел пуританскиот проповедник Натаниел Винсент:

„О љубов! Колку има копнеж за тебе во црквата Христова!


И колку многу црквата чувствува за тој копнеж! Завива,
копнее, секојдневно умира поради твоето отсуство. Врати
се, о љубов, врати се! Поправи го скршеното, обнови ги
патиштата за да пребиваш, поучи ги старите патишта и
места и подигни го темелот на голем број генерации.“8

7 D. A. Carson, „A Church that Does All the Right Things, but …“ Christianity
Today (June 29, 1979): 30.
8 Vincent, A Discourse Concerning Love, 88.
Глава 3

Мотивирачката моќ на
љубовта

Зашто Христовата љубов нè опфаќа


2 Кор. 5:14

Што те мотивира да сакаш да ги водиш и поучуваш луѓето?


Копнежот да им помагаш на луѓето, чувството на должност,
уживање во лидерството, парите, задоволството од поучување
на луѓето или чисто задоволство? За христијанските водачи,
главниот одговор треба да биде љубовта. Љубовта е најголемата
мотивирачка сила во универзумот. Тоа е срцето на евангелието.
Божјата љубов Го придвижила Него да Го даде Својот Син за
наше спасение. Љубовта е незаменлива мотивирачка сила за
сета христијанска служба. Водството треба да биде мотивирано
од трикратната љубов: Христовата љубов за нас, нашата љубов
за Христос и љубовта за другите.

Мотивиран од љубовта на Христос


Во длабоко инспиративниот дел од Словото, Павле ја открива
единствената, движечка, мотивирачка сила во својот живот:

Зашто, Христовата љубов нè опфаќа, кога дојдовме до


заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле.
А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами
за себеси, туку за Оној Кој умре и воскресна за нив. (2
Кор. 5:14-15)
Мотивирачката моќ на љубовта  31

Те молам забележи дека Павле не зборува овде за неговата


љубов за Христос, туку за Христовата љубов за него. Павле
не престанал да биде воодушевен од Христовата љубов за
грешниците, како што е прикажано преку Неговата смрт на
крстот. Христовата љубов целосно го контролирала неговиот
живот. Тоа е причината поради којашто Павле правел сè.
Еден мисионер кој го разбирал Павловото зграпчување на
Христовата љубов запишал: „Ако Исус Христос е Бог и умре
за мене, ниту една жртва за Него што би ја направил не може
да биде преголема“.1

„Љубовта е толку чудесна, толку божествена, што ја


бара мојата душа, мојот живот, моето сè!“
Исак Ватс

Писателот на песни Исак Ватс, го доловил Павловото


разбирање за љубовта во песната Кога го истражувам чу-
десниот крст. Песната завршува со незаборавните стихови:
„Љубовта е толку чудесна, толку божествена, што ја бара
мојата душа, мојот живот, моето сè!“
Разбирањето на Христовата љубов е толку суштинско за
христијанскиот живот, така што Павле, во една од најзначајните
молитви во Библијата, се моли Бог да ги зајакне сите верници
да ја зграпчат бескрајната, несфатлива природа на љубовта
на Христос:

„Та преку вера... за да можете да сфатите со сите свети,


што е ширина и должина, и височина и длабочина, и
да ја познаете Христовата љубов, којашто го надминува
знаењето“ (Еф. 3:17-19).

Иако го „надминува знаењето“, Христовата љубов е


нешто што треба да се зграпчи не само интелектуално туку и
1 Norman Grubb, C. T. Studd: Cricketer and Pioneer (Fort Washington, Pa.:
Christian Literature Crusade, 1933), 132.
32 Водство со љубов

искуствено, лично и интимно. Библискиот коментатор Харолд


Хохнер го нагласува овој парадокс:

„Самиот факт дека Христовата љубов се изразува преку


Неговата желба да умре за грешниците, е само по себе
над секое разбирање. Реалноста на Христовата љубов
е енормна за сите верници... Без разлика колку имаме
знаење за Христос и за Неговата работа, Неговата
љубов го надминува тоа знаење. Колку повеќе знаеме
за Неговата љубов толку повеќе сме зачудени од неа.“2

Историјата дава многу примери на водачи и учители кои


зборувале за мотивирачката сила на Христовата љубов.
Еден методистички проповедник и пастор, Вилијам Алфред
Квејл, на пример, го забележал разговорот што го водел
со еден проповедник кој патувал на коњ и ги посетувал
американските доселеници во 1800-тите. Пионерскиот мисионер
му рекол на Квејл:

„Ги чувствувам маките на незнабошците. Ја познавам


горчливата монотонија на нивните животи, но тоа не
е доволно да ме спречи да бидам меѓу нив. Некој се
навикнува на паганството и станува груб кон својата
очајна трагедија. Ниту љубовта на човекот не е доволна
да ме држи подалеку од мојата жена и деца, сиве овие
години. Само Христовата љубов го може тоа.“3

Иан Мареј ни зборува дека реализацијата на Христовата


љубов влијаела врз прочуениот проповедник Д. Мартин Лојд-
Џонс да ја напушти престижната медицинска кариера, за да го
проповеда Божјото слово:

2 Harold W. Hoehner, Ephesians: An Exegetical Commentary (Grand Rapids:


Baker, 2002), 489-90.
3 William A. Quayle, The Pastor­Preacher, ed. Warren W. Wiersbe (Grand
Rapids, Mich.: Baker, 1979), 39.
Мотивирачката моќ на љубовта  33

„Ја виде Божјата љубов, искажана во смртта на


Христос, којашто го трогна. Сè што му се случуваше во
новиот духовен живот, се случи поради тоа што Му се
случи на Христос.“4

Хоуп Мекдоналд, мисионерка во Бразил, ја опишува


реализацијата на Божјата љубов:

За првпат ја видов античката вистина: „Ние Го љубиме,


зашто прво Тој нè возљуби нас“ (1 Јн. 4:19). Како можев да
го игнорирам ова? Го запамтив овој стих пред да започнам
да одам на училиште! Како што реалноста на Неговата
љубов за мене ме опфати за првпат, посакав да станам
од кревет и да скокнам од радост. Сакав да се искачам
на врвот на кровот и да му викнам на светот: „Разбуди
се! Бог ме љуби!“ Тоа беше момент што никогаш нема
да го заборавам. Оттогаш, никогаш не се посомневав во
Неговата љубов за мене.5

И Хадсон Тејлор, основач на Кинеската мисија во


внатрешноста (сега се нарекува Прекуокеанско мисионерско
заедништво), верувал дека ако парите можат да ги мотивираат
трговците од Англија да преминат и да им пркосат на
опасните океани и да влезат во внатрешноста на Кина, по
цена да го изгубат животот, зар Христовата љубов не може
да ги мотивира мисионерите да го сторат истото за потребите
на Евангелието?6
Големата вистина до којашто мора да доаѓаме повторно и
повторно во текот на животот е следнава: Не дека ние Го
возљубивме Бог туку Тој нè возљуби нас и „Го испрати Својот

4 Iain H. Murray, David Martyn Lloyd­Jones: The First Forty Years 1899­1939
(Edinburgh: Banner of Truth, 1982), 85.
5 Hope MacDonald, Discovering the Joy of Obedience (Grand Rapids, Mich.:
Zondervan, 1971), 45.
6 A. J. Broomhall, Hudson Taylor and China’s Open Century, vol. 3: If I Had
a Thousand Lives (London: Hodder and Stoughton, 1982), 442.
34 Водство со љубов

Син како жртва помирница за нашите гревови“ (1 Јн. 4:9-10).


Ова треба да ги возбуди нашите срца и да нè мотивира да им
служиме на другите.

Мотивирани преку љубовта за Христос


Познавајќи Го Христос, и прифаќањето на Неговата голема љубов
нè принудува да му служиме, но дури и повеќе, предизвикува да
Го љубиме. Го љубиме Него бидејќи Тој прв нè возљуби нас (1
Јн. 3:19) и ни даде способност да ги љубиме другите. Љубовта
треба да биде нашата главна мотивација да им служиме на
луѓето. Треба да биде поддржувачка сила што ни овозможува
да издржиме во големиот број тешкотии при водството.
Нашиот Господ вели дека „најголемата и прва заповед“ е да
Го љубиш Бог со сето свое битие – со сето свое срце и душа
и со сиот ум (Мт. 22:35-40).

Тешко дека можеме да направиме нешто подобро


за оние кои ги водиме, освен да Го љубиме возвишено
Господ Исус Христос и да го одржуваме љубовниот однос
со Него свеж и во секојдневен развој!

Тој треба да биде сакан, ценет и да уживаме во Него повеќе


од сè на овој свет. Треба да биде љубен повеќе од сите други
луѓе, дури и од најблиските членови: „Кој го љуби таткото
или мајката повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој
го љуби синот или ќерката повеќе од Мене, не е достоен
за Мене.“ (Мт. 10:37)
Кога водството е мотивирано од љубовта за Бог и Христос,
тогаш најмногу сме Му угодени на Бог и најефективни сме со
луѓето. Можеби си високостручен јавен говорник и динамичен
водич, но ако прво и основно не Го љубиш Бог, нема да му бидеш
угоден. Твоето водство нема да биде побожно или духовно
ополномоштено водство. Службата заради самата служба не
Мотивирачката моќ на љубовта  35

Го задоволува Бог, туку службата родена од љубов за Него е


угодена и прифатлива (1 Кор. 13:1-3). „Сите заповеди“, пишува
Давид Џонс, „треба да се извршат од љубов за Него, дури и
служењето на ближниот, како и служењето на славење“.7
Постојано треба да се стремиме да ги подобруваме нашите
вештини во: лидерство, лична дисциплина, планирање на
времето, меѓучовечки односи и поучување. Но, над сите работи,
треба да бараме да го зголемиме нашето знаење и уживање
во Христос и да ја продлабочиме нашата љубов за Него (Флп.
3:8-14). На крајот, колку подлабока е нашата љубов за Него,
сè повеќе ќе стануваме како Него во љубов и ќе бидеме повеќе
способни да ги поучуваме другите да љубат.
Затоа, тешко дека можеме да направиме нешто подобро за
оние што ги водиме, освен да Го љубиме возвишено Господ
Исус Христос и да го одржуваме љубовниот однос со Него свеж
и во секојдневен развој. Од овој благословен и свет љубовен
однос ќе произлезе поголема манифестација на Божјата љубов
во нас, што ќе сјае кон другите и ќе ги привлече кон Христос.

Еми Кармајкл живеела таков живот на љубовта.Божјата


љубов во неа била толку моќна, како магнет што цел живот
неодоливо ги привлекувал другите кон неа. Беше малку
чудно што хиндусите започнале да ја нарекуваат „Миси
Амал, фаќач на деца“, и тие навистина верувале дека
употребува некоја мистериозна сила што ги привлекува
нивните деца да сакаат да бидат покрај неа.8

Грижата за Господовиот народ не е секогаш пријатно


искуство. Мнозинството луѓе во кои ги вложуваме животите
за да им служиме, се несовршени и грешни. Тие можат да се
завртат против нас и злобно да нè нападнат. Можат да бидат
неразумни, напорни и неблагодарни.

7 David Jones, „Love: The Impelling Motive of the Christian Life, Presbyterion
12 (Fall 1986): 65.
8 Frank L. Houghton, Amy Carmichael of Dohnavur (1979; reprint ed., Fort
Washington, Pa.: Christian Literature Crusade, 1992), 105.
36 Водство со љубов

Двајца од најпобожните водачи кои се појавиле некогаш на


овој свет биле Мојсеј и Давид, а сепак, во нивно време, луѓето
имале огорчени поплаки на нив и дури биле подготвени да ги
убијат. Денешните водачи на Божјиот народ не се разликуваат
многу од нив. Еден старешина во црквата ми кажа како
доживеал бројни злоупотреби, многу години додека служел во
својата локална црква. Бил физички давен, удиран, му била
скршена вилицата, плукан, проколнуван, лажно обвинуван и
му се заканувале со тужба.

Ако парите можеа да ги мотивираат трговците од


Англија да преминат и да им пркосат на опасните океани
и да влезат во внатрешноста на Кина, по цена да го
изгубат животот, зар Христовата љубов не може да ги
мотивира мисионерите да го сторат истото за потребите
на Евангелието?

Ваквиот третман на злоупотреба од страна на луѓето, ни


помага да сфатиме зошто толку многу пастори и црковни
работници станале огорчени и измамени од луѓето и ја напуштиле
работата за Господ. Но кога нашата служба е мотивирана од
љубовта за Христос, ќе бидеме подобро оспособени да издржиме
и да пронајдеме поголема исполнетост во нашиот труд. Освалд
Чемберс, авторот на класичната песна за славење Најдоброто
од мене за Неговото Височество, добро вели:

„Хранење и негување на овците е тешка, макотрпна


работа, и самата љубов за овците нема да го сработи
тоа; треба да имаш сеопфатна љубов за Големиот пастир,
Господ Исус Христос. Потоа, Тој ќе потече низ тебе во
страсна љубов и ќе привлече мнозина кај Него.“9

9 Oswald Chambers, The Complete Works of Oswald Chambers (Grand


Rapids, Mich.: Discovery, 2000), 1361.
Мотивирачката моќ на љубовта  37

Тука се наоѓа клучот за издржливост во духовното водство:


Мора да им служиме на луѓето од љубов за Христос. Кога го
правиме тоа, ќе имаме радост во работата и најважно, нашата
служба ќе биде прифатлива и угодна на Бог. Затоа, да се биде
мотивиран од љубовта на Христос и љубовта за Христос е
суштинско за христијанското водство. Тоа е појдовна точка за
сета христијанска служба.

Мотивирани преку љубовта за луѓето


Неколку часа пред Својата смрт, откако им ги изми нозете,
Исус им ја даде „новата заповед“ на своите ученици:

Ви давам нова заповед – да се љубите еден со друг; како


што Јас ве љубев вас така и вие да се љубите еден со
друг. По тоа сите ќе познаат дека сте мои ученици – ако
имате љубов помеѓу себе! (Јн. 13:34-35)

Христијанското живеење, евангелизацијата или црковното


водство не може да се разбере без прифаќање на новата заповед.
Забележи дека Исус не велел само „љубете се еден со друг“.
Тој рекол нешто многу подлабоко: „Љубете се еден со друг како
што ’Јас ве возљубив вас‘“. Исус го поставува Својот пример
на љубовта. Неговата љубов е љубов и за оние кои не сакаат и
за оние кои сакаат. Тоа е грижлива љубов што служи. Се дава
несебично за доброто на другите. Затоа и ни го даде примерот
на миење на нозете на учениците и за жртвувањето на својот
живот на крстот. Тој го воспоставил новиот метод на љубовта.
Јован ја објаснува полната импликација на имитирање на
Исусовата љубов, кога пишува: „По тоа ја познавме љубовта,
што Тој го положи својот живот за нас; и ние сме должни да
ги положиме своите животи за браќата“ (1 Јн. 3:16). Бенџамин
Б. Варфилд вели: „Самопожртвуваната љубов, на овој начин ја
прави суштината на христијанскиот живот“.10
10 Benjamin Breckenridge Warfield, „The Emotional Life of Our Lord,“ in The
Person and Work of Christ (Philadelphia: Presbyterian and Reformed, 1950),
64.
38 Водство со љубов

Новата заповед се однесува на секој христијанин, а особено на


водачите и учителите. Сета наша работа: водството, поучувањето,
коригирањето, заштитувањето, зборувањето, служењето,
мотивирањето, организирањето, планирањето, посетувањето,
молитвата, советувањето или евангелизирањето, треба да биде
обликувано според новата заповед. Треба да ги љубиме другите
како што Исус нè возљуби нас. Треба да љубиме како добриот
пастир Кој го даде својот живот за овците (Јн. 10:11).
Повеќе од кој било водач во Новиот завет, Павле ја објаснува
Исусовата самопожртвувана љубов за оние кои ги поучувал
и водел. Справувањето на Павле со турбулентната црква во
Коринт го илустрира неговото водство, мотивирано од љубовта.
Црквата во Коринт му предизвикала на Павле големи маки.
Мнозина од нас би се откажале и би заминале во гнев, а сепак,
и покрај предизвиканата болка, Павле постојано ја потврдувал
љубовта за нив.
Коментаторот Пол Барнет забележува: „Низ историјата,
неколку мисионери пострадале од рацете на нивната заедница,
како Павле од однесувањето на Коринќаните. Сепак, тој
продолжил да ги носи во своето срце“.11
Во 2 Коринќани, Павле вели: „зашто, реков пред малку, дека
сте во нашите срца, за да умреме и за да живееме заедно“ (2
Кор. 7:3). Подоцна, во истото послание пишува: „зашто не го
барам вашето... А јас со најголемо задоволство ќе потрошам
сè и самиот ќе се потрошам за вашите души“ (2 Кор. 12:14-
15). Џејмс Дени го толкува ова како „еден од најтрогателните
нежни стихови во целата Библија“.12 Дени продолжува со
изјавата: „Не твоето туку ти, е мотото на секој мисионер кој
научил од Христос“.13
Од ова опширно проучување на 2 Коринќани, што го открива
Павловото срце и живот, Филип Хјус пишува: „Ниту еден
11 Paul Barnett, The Second Epistle to the Corinthians, NICNT (Grand Rapids,
Mich.: Eerdmans, 1997), 361.
12 James Denny, The Second Epistle to the Corinthians, The Expositor’s Bible
(New York: Funk & Wagnalls, 1900), 363.
13 Исто., 365.
Мотивирачката моќ на љубовта  39

човек на земјата немал потопло и попосветено срце од апостол


Павле. Љубовта е импулсот на сиот негов живот и служба како
Христов апостол“.14
Павле имал извонредна надареност, но љубовта му
овозможила да „истрпи во сè“ (1 Кор. 13:7) и да се справи
успешно со проблематичните луѓе. Не е поинаку за
христијанските водачи и учители и денес. Размисли, на пример,
за Ентони Норис Гровс, мисионер во Ирак и Индија. Тој бил
нарекуван „Татко на Мисијата на верата“. Како Павле, и тој
страдал многу за Христос.

„Самопожртвуваната љубов е она што ја прави


суштината на христијанскиот живот.“
– Б. Б. Варфилд

Сепак, еден од најсјајните квалитети во неговиот живот била


несебичната љубов за луѓето. Оваа љубов била вкоренета во
неговата љубов за Христос.
Биографот Роберт Ден забележал дека љубовта на Гровс
кон луѓето го направила да стане најголемиот мисионер, без
разлика на неговите слабости:

Тој не бил надарен евангелизатор ниту пак природен


оратор. Не бил нешто особено дружељубив и често за него
врските биле болни. Не бил никогаш голем организатор
или администратор, не бил физички или ментално
силен... Некој ќе помисли дека не бил изделкан воопшто
за да може да биде мисионер. Но имал еден квалитет
што вредел повеќе од неговите недостатоци – знаел
како да љуби. Љубовта била клуч за сè: „Чувствувам
дека има нешто толку просветлено во љубовта; ја убива
таа омразена себичност којашто го врзува човештвото“.
14 Philip Edgcumbe Hughes, Paul’s Second Epistle to the Corinthians, NICNT
(Grand Rapids, Mich.: Eerdmans, 1962), 390.
40 Водство со љубов

Тоа е љубовта што ги привлекува луѓето кон Христос


– не церемониите или правилата или обичаите, ниту
доктрините, туку љубовта. И тоа била љубовта што ги
привлекла луѓето кон Норис Гровс.15

Џон Кристијан Арулапан, индиски евангелизатор и основач


на цркви, кој видел илјадници преобратени и многу воспоставени
цркви во Индија, исто така го потврдува влијанието на љубовта
на Гровс. Тој пишува: „Ме љубеше искрено како свое дете во
Исус Христос. Никогаш не познавав некого кој ме љубеше така
заради Господ Исус“.16
Водството мотивирано од љубовта ќе има влијание, бидејќи
луѓето се гладни за љубов. Овој заклучок ми беше предочен
од страна на двајца пријатели кои основаа црква. Веднаш по
основањето на црквата, тие организираа сесија на прашања
и одговори за новата заедница. За време на состанокот, една
млада жена, која неодамна станала христијанка, ги запраша
следново: „Дали би имале желба да умрете за мене?“
Нејзиното прашање ги изненади. Не сакајќи да бидат
префинети, ѝ дале мудар одговор. Ѝ кажале дека првенствено
треба да го испитаат своето срце искрено пред Бог, за да видат
дали навистина ја сакаат толку многу. Откако ќе го направат
тоа, ќе ѝ одговорат. Ова прашање на младата христијанка беше
јасно библиско прашање. Како би ѝ одговорил ти?

15 Robert Bernard Dann, Father of Faith Missions: The Life and Times of
Anthony Norris Groves (Waynesboro, Ga.: Authentic Media, 2004), 372.
16 Исто, 372.
Втор дел

Карактерот и однесувањето
на љубезниот водач
Глава 4

Трпеливост и милостивост

Љубовта долго трпи, љубовта е милостива.


1 Кор. 13:4

Замисли повеќе од триста христијани од четириесет


различни земји и различно деноминациско потекло да живеат
заеднички, дваесет и четири часа на ден. Замисли ги како
работат заедно во екстремно тесни простории, повеќемина од
нив две години, а некои од нив и подолго. Замисли ги да го
прават сето ова како неплатени волонтери! Таков е животот
на бродот Дулос.
Во минатите дваесет и седум години, Дулос пловеше околу
светот, застанувајќи во пристаништата во повеќе од сто земји и
служејќи како христијанска изложба на книги и конференциски
центар, посетен од осумнаесет милиони луѓе. Дулос и два
други слични бродови се резултат на визијата на Џорџ Вервер,
основач на Операција мобилизација (позната како ОМ).1 ОМ
беше една од првите организации за краткорочни мисии,
којашто обучи повеќе од 150.000 луѓе во мисија.
1 Другите бродови се Логос (1970-88), којшто потона крај брегот на Чиле
и Логос II (што плови од 1990). Новиот брод е Логос Хоуп, којшто ќе
го замени Логос 2. За да прочиташ за возбудливите приказни за овие
два брода, побарај ја книгата: Elaine Rhoton, The Doulos Story (Carlisle,
England: OM Pub., 1998) и Elaine Rhoton, The Logos Story (Waynesboro,
Ga.: OM Lit., 1988).
Трпеливост и милостивост  43

Волонтерите кои служат на бродот се обични луѓе. Тие


имаат исти слабости и карактерни мани како и другите луѓе.
Тие на бродот Дулос ги доживуваат истите тешкотии како
и луѓето на копното. Единствена разлика е во тоа што на
бродот не може да се избега од конфликтот. Како тие можат
да живеат и да работат заедно во така екстремни услови без
да се уништат едни со други? Одговорот е – љубов.
Од самиот почеток на ОМ, Џорџ Вервер проповедаше дека
без „револуцијата на љубовта“,2 визијата за бродовите и за
илјадниците тимови за трактати би била невозможен сон.
Таквата љубов, неопходна за заедничка работа на овие бродови
не е сентиментална, разводнета љубов.
Таа е голготска, несебична, самопожртвувана љубов. Тоа е
љубов, опишана во 1 Коринќани 13:4-7: Љубовта долго трпи,
љубовта е милостива, љубовта не завидува, не се фали, не се
вообразува; не се однесува непристојно, не го бара своето, не
се раздразнува. Тоа е Христоликата љубов.

Инструкции, а не поезија
Прва Коринќани 13 не е теоретска расправа за љубовта или
цветна химна што ги слави чувствата на љубовта. Павле не бил
романтичен поет. Тој бил апостол на Исус Христос – светски
мисионер, основач на цркви, пастор и учител. Овие зборови се
критички дел од неговите инструкции и корекции на црквата во
Коринт, којашто била растргната од нељубезното однесување.
Со цел да им помогне на Коринќаните да ги разберат своите
недостатоци и „повозвишениот пат“, Павле ги набројува
петнаесетте позитивни и негативни описи на љубовта. Во
грчкиот текст, сите овие описи се глаголи коишто опишуваат
што љубовта прави и што не прави. Во англискиот јазик, овие
описи често се преведуваат како придавки.

2 George Verwer, The Revolution of Love (Waynesboro, Ga.: OM Lit., 1993).


44 Водство со љубов

Љубовта е
1. Долго трпелива
2. Милостива

Љубовта не
3. Завидува
4. Се фали
5. Се вообразува
6. Се однесува непристојно
7. Го бара своето
8. Се раздразнува
9. Држи сметка за зло
10. Ѝ се радува на неправдата

Љубовта
11. Ѝ се радува на вистината
12. Сè премолчува
13. Во сè верува
14. На сè се надева
15. Сè трпи

Овие петнаесет квалитети прекрасно го опишуваат карактерот


и однесувањето на Господ Исус Христос. Треба да ја моделираме
нашата љубов и водство според Него (1 Јн. 2:6). Со Христос Кој
живее и работи во нас, преку Светиот Дух, треба да го имаме
истото однесување – без разлика дали сме старешини, пастори,
ѓакони, млади работници, учители во неделно училиште,
водители на славење, мисионери, евангелизатори, водачи на
библиски поуки или администратори на црквата.
Во нашата служба со луѓето, овие квалитети треба да бидат
на прво место во нашиот ум. Една од најважните глави во
Библијата, за животот на локалната црква и за христијанското
водство е 1 Коринќани 13. Таа дефинира како треба да се
однесуваме во брак, во пријателството, црквата и општеството.
Таа опишува каков треба да биде нашиот карактер – а во
христијанската служба, карактерот е сè!
Трпеливост и милостивост  45

Павле не пишувал само убави зборови за љубовта, тој и ги


живеел, и Коринќаните ја виделе вистината на овие зборови
во неговиот живот.

Љубовта долго трпи


Ако Го прашавме нашиот Господ: „Каков треба да биде
љубезниот христијански водач?“, тој најпрво ќе одговореше:
„трпелив и милостив“. Така Павле го започнува и го завршува
својот каталог на љубовта со долготрпеливата природа на љу-
бовта (1 Кор. 13:4-7). Во несовршениот свет, водачот треба да
се карактеризира со долгa трпеливост.
Грчкиот глагол за долготрпеливост значи „долго трпение“
или „воздржување“, особено што се однесува на личните рани
или преживеани проблеми. Христијанскиот дух на љубовта не
бара одмазда. Не се раздразнува.
Лично Бог е најголем пример за долго трпение.3 Кога сме ис-
кушувани да бидеме нетрпеливи кон другите, треба да застанеме
и да помислиме на милостивоста и долгaта трпеливост на Бог кон
нас и кон нашите многубројни гревови против Него. Во светлина-
та на неговото трпение кон нас, кои сме ние да размислуваме дека
не можеме трпеливо да се носиме со слабостите и со неуспесите
на другите или со гревовите што ни ги направиле?

Лично Бог е најголем пример за долготрпеливост.

Немањето трпение е серизен недостаток на христијанскиот


водач. Нашата работа со луѓето е примарно духовна работа,
и мора да биде извршувана на Божјиот начин – со голема
трпеливост и грижа. Нетрпеливиот водач е деструктивен
за луѓето како нетрпелив татко кон своите деца или како
нетрпеливиот пастир кон своите овци.
3 Изл. 34:6; Иса. 7:13; Ер. 15:15; Рим. 2:4; 9:22; Гал. 5:22; 1 Тим. 1:16; 2
Птр. 3:9, 15.
46 Водство со љубов

Трпението е потребно бидејќи животот е полн со фрустрации,


повреди и неправди. Всушност, невозможно е да водиш луѓе
без да бидеш нападнат. Луѓето ќе го напаѓаат карактерот на
нивните водачи, ќе ги критикуваат нивните одлуки, ќе зборуваат
лошо за нив зад грб и ќе ја злоупотребат нивната љубов.
Како одговор на таквите напади, љубовта трпи сè. Така,
Павле ги советува Господовите слуги да бидат трпеливи кога
ќе им згрешат:
„А Господовиот слуга не смее да се расправа туку треба
да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи; да
ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли
им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, за
да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја
исполнуваат неговата волја.“ (2 Тим. 2:24-26)
Исто така, трпението е потребно кога се справуваме со
мноштво слабости и порази на луѓето. Мора да имаме
трпение за да ги носиме оние кои бавно учат; кои се отпорни
на промена, слаби во верата, брзи во поплаките; кои ги
забораваат своите одговорности; се емоционално нестабилни,
плашливи или самоволни. Павле поучува: „Ве молиме уште,
браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодуш-
ните, помагајте им на слабите, бидете трпеливи со сите“.
(1 Сол. 5:14)

Немањето трпение кај христијанскиот водач е


сериозен недостаток. Нетрпеливиот водач е деструктивен
за луѓето како нетрпелив татко кон своите деца или како
нетрпеливиот пастир кон своите овци.

Исто така, Павле го советува Тимотеј:


„Проповедај го словото, настојувај во време и во невреме,
изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со
поука“. (2 Тим. 4:2; дополнето со курзив)
Трпеливост и милостивост  47

Трпеливи водачи на дело


Да се биде трпелив не значи пасивност или одбивање да се
соочиш со гревовите или проблемите на луѓето. Без неговото
трпеливо пасторално водство, Павле и Коринќаните би тргнале
по спротивни патишта. Наместо тоа, неговото цврсто, а сепак
трпеливо справување со проблемите, го одржало тој однос. Кога
Коринќаните неправедно го критикувале, Павле не се откажал
од нив, не прекинал со нив, не се осветувал, не враќал зло за
зло, не искажувал гнев на грешен начин. Туку, одговорил на
нивните критики, се соочил со нивните гревови и ја задржал
дисциплината. Она што е значајно е дека го правел тоа со
вистинско трпение и срце полно со љубов.
Затоа, Павле можел да им каже на Коринќаните дека
неговото водство било обележано со трпение, добрина и љубов:

„Не даваме никакви соблазни, ни во што, за да не и се


приговори на нашата служба; туку во сè се покажуваме
како Божји слуги: во големо трпение, во неволји, во беди,
во тешкотии... во чистота, во знаење, во трпеливост,
во добрина, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов.“
(2 Кор. 6:3-4, 6)

Трпението е исто толку важно во водството на црквата денес,


како што било и во времето на Павле. Многупати трпението
на водачите е ставено на тест. Роберт Чепман, на пример, бил
многу познат по неговата љубов. И како сите љубезни водачи,
тој покажал значајно трпение со тешки луѓе и проблеми.
Можеби неговото трпение и љубов биле најочигледни при
појавата на еден судир во познатата црква во Плимут, Англија,
помеѓу две моќни личности – Џон Нелсон Дарби, творецот на
диспензационална теологија, и Бенџамин В. Њутон, главниот
учител во црквата. Кога Дарби и Њутон не биле во можност да
ги надминат нивните несогласувања, Дарби ги најавил плановите
да започне нова ривалска црква во Плимут. Предлогот на Дарби
дигнал на нозе многу луѓе во црквата, како и оние кои оделе во
црквите поврзани со оваа. Поради љубовта на Роберт Чепмен за
48 Водство со љубов

обајцата, тој бил присилен да бара помирување. Тој го замолил


Дарби да не продолжува со своите намери, но Дарби одбил да
го послуша советот на Чепман.
Делото на Дарби создало две слични конгрегации во
Плимут, со еднаков број членови. Овие цркви продолжиле да
се противат една на друга, што предизвикало и други цркви со
слично уверение да заземаат страни. Потоа, по една година,
Џон Дарби покренал посериозно обвинение против доктрината
на Б. В. Њутон. Со тек на време, Њутон јавно ја признал
својата доктринална грешка. Но Дарби и неговите колеги
инсистирале дека признанието на Њутон не е искрено. Со
текот на времето тие биле во состојба да влијаат на многу
цркви да го исклучат Њутон и неговата црква од својот округ.
Њутон го признал поразот и засекогаш ја напуштил црквата во
Плимут, но битката сè уште не била завршена. Таа ескалирала
над секоја разумна граница, како што е случај со кавгите во
црквата, предизвикувајќи неопислива болка во срцата. Луѓето
од двете страни биле со скршени срца заради горката поделба,
и правеле постојани напори за помирување, но бесполезно. Се
закажал состанок на дванаесетте влијателни водачи како обид
за решавање на растечките поделби. За време на состанокот,
Роберт Чепман ја дал една од своите најзначајни изјави. Тој
го предизвикал Џон Дарби: „Требаше да почекаш подолго пред
да се одделиш“, повикувајќи се на неможноста на Дарби да го
реши конфликтот со Б. В. Њутон.
„Јас чекав шест месеци“, одговорил Дарби.
Одговорот на Чепман бил некарактеристично раздразлив:
„Но дури и да беше кај Барнстапл, ние требаше да почекаме
шест години“.
Историјата покажала дека Дарби бил нетрпелив и груб, не
само со Б. В. Њутон туку и со многу други.4 Иако некои почнале
да зборуваат за Дарби со помалку љубезни зборови и одбивале
заедништво со него, Роберт Чепман правел спротивно. Неговата
4 Jonathan D. Burnham, A Story of Conflict: The Controversial Relationship
between Benjamin Wills Newton and John Nelson Darby (Waynesboro,
Ga.: Paternoster Press/Authentic Media, 2004).
Трпеливост и милостивост  49

љубов за Џон Дарби останала непроменлива. Наместо да ги


омаловажува христијанските браќа и сестри кои го следеле
Дарби, тој им се обраќал како „драги возљубени браќа по кои
копнеев“. Тагата на Чепман била искрена, бидејќи живеел
според „повозвишениот пат“.

Љубовта е милостива
Првите два описа на љубовта на Павле се поврзани во
перфектна рамнотежа еден со друг: Љубовта долго трпи
(пасивен квалитет) и љубовта е милостива (активен квалитет).
Трпението и милостивоста се двете страни на истата
паричка на љубовта. „Не можеш да имаш повеќе љубов без
милостивост, како што не можеш да имаш пролет без цвеќиња“,
пишува В. Грем Скроги.5
Милосливоста е подготвеност да се прави добро, да се
помага, да се ослободуваат бремиња, да се биде корисен, да се
служи, да се биде нежен и сочувствителен со другите. Се вели
дека „милосливоста е љубов во работна униформа“.
Бог е милостив кон сите,6 и работата на нашиот Господ Исус
Христос на земјата ја демонстрира изобилната и сочувствителна
милост. Евангелијата се исполнети со приказни на Неговата
милостивост кон мажите и жените во потреба: Исус допрел
маж кого Лука, докторот, го опишал како „целиот лепрозен“
(Лк. 5:12-13). Вилијам Лен точно го опишува ова како „нечуен
чин на сочувство“.7 Кога Исус наиде на згрчена жена што не
можеше да се исправи заради болеста и демонскиот дух, „ги
стави рацете врз неа“ (Лк. 13:13). Тој ги допираше очите на
слепиот и ја хранеше толпата. Наоѓаше време да застане и
да ги благослови малите деца. Исус јадеше и разговараше со

5 W. Graham Scroggie, The Love Life: A Study of 1 Corinthians 13 (London:


Pickering & Inglis, n.d.), 39
6 Рута 2:20; 2 Сам. 9:3; Пс. 106:7; 145:17; Лука 6:35; Рим. 2:4; 11:22; Еф.
2:7; Тит 3:4; 1 Петар 2:3.
7 William L. Lane, The Gospel According to Mark, NICNT (Grand Rapids,
Mich.: Eerdmans, 1974), 87.
50 Водство со љубов

најомразените луѓе од Неговото време, собирачите на данок.


Позната неморална жена најде милост и благодат крај Неговите
нозе (Лк. 7:37-39). Дела 10:38 ја сумира работата на Исус на
овој начин: „Тој помина правејќи добрини“.

Моќта на милостивоста

Словото инсистира дека сите оние кои го водат и поучуваат


Господовиот народ, се слуги кои мора да бидат кротки кон секого
(2 Тим. 2:24). „Туку во сè“, пишува Павле, „се покажуваме како
Божји слуги“ во трпение, во добрина (2 Кор. 6:4, 6).
Августин, во својата книга Исповеди, објаснува дека и за
време на неговите непокајнички денови, прочуениот проповедник
и бискуп Амброз, го допрел повеќе преку милостивоста
(љубезноста) отколку преку одличното проповедање:

„Тој „Божји човек“ ме прими како татко и изрази добредојде


со добрина најсоодветна за еден бискуп. Започна да ми се
допаѓа, на почетокот не како учител на вистината, затоа
што немав никаква доверба во твојата црква, туку како
човечко суштество кое беше љубезно со мене.“8

Саканите водачи се милостиви дури и кон луѓето кои ги


критикуваат, антагонизираат или им се спротивставуваат. За
Томас Кранмер, архиепископот на црквата на Англија, се вели:
„Да му наштетиш нему, значи да произведеш добрина во него“.9
Водство без милостивост е катастрофа. Стариот завет зборува
за царот Ровоам, синот на Соломон, за пример што покажува
како нељубезноста го уништила царот. Пред крунисувањето на
Ровоам, израелскиот народ дошол кај него и побарал да знаат
со каков дух ќе ги води, бидејќи владеењето на неговиот татко
се завршило со тешко бреме. Пред да им одговори на луѓето,
тој првин се консултирал со старешините – искусни луѓе кои
8 Augustine, Confessions, trans. Henry Chadwick (Oxford: Oxford University
Press, 1992), 88.
9 Alfred Tennyson, Queen Mary (Boston: James R. Osgood, 1875), 194
Трпеливост и милостивост  51

му служеле на неговиот татко и ги познавале добрите и лошите


принципи на владеење. Тие го советувале Ровоам да ги води со
благонаклонетост. Тие рекле: „Ако ги исполниш барањата на
тие луѓе, ако им бидеш благонаклонет и ако им одговориш со
убави зборови, тие ќе ти бидат слуги секогаш“. (2 Лет. 10:7)
Отфрлајќи ја мудроста и искуството на овие старци, Ровоам
го одбил нивниот предлог. Тој неразумно го избрал советот
на помладите неискусни пријатели, да се однесува кон луѓето
со суровост, со тешка рака (2 Лет. 10:10-11). Како резултат
на тоа, народот се поделил во граѓанска војна. Луѓето бараат
добар цар, а не суров. А луѓето денес не се поинакви. Мило-
стивоста е клуч за ефективно водство на луѓето.
Ако сакаме да ги досегнеме и да им влијаеме на луѓето со
Исус Христос, ние мора да негуваме љубезен однос. Делото
на добрина влијае многу на луѓето и го привлекува нивното
внимание – испратена картичка кај некој кој е болен, грижлив
телефонски повик, покана за вечера, подготвеност да се помо-
гне во ослободување од бремето, грижлив глас, нежен допир,
внимателен гест, обично изразување интерес за туѓите грижи,
посета. Патот на милостивоста е „повозвишениот пат“.
Ако сакаме да ги досегнеме и да им влијаеме на луѓето со
Исус Христос, мора да негуваме љубезен однос.
Глава 5

Не завидува, не се фали

Љубовта не завидува, не се фали


1 Кор. 13:4

За време на второто Павлово мисионерско патување, тој


отпатувал во градот Коринт, каде што останал осумнаесет
месеци (Дела 18:11). Во тоа време, Коринт бил просперитетна
римска колонија, а Павле гледал на тоа како на стратешки град
за ширење на Евангелието. Тоа бил минијатурен Рим, напреден,
богат комерцијален центар. Коринт на своите граѓани и патници
можел да им ги понуди сите задоволства на слободоумен,
космополитски град. Луѓето во таа култура го ценеле успехот
преку богатство, барање индивидуален статус, натпреварувачки
индивидуализам, мудрост и знаење. Овој систем на вредности
не само што ја развивал културата туку исто така влијаел
негативно на црквата. Според еден коментатор, „проблемот не
бил во тоа што црквата се наоѓала во Коринт, туку во тоа што
премногу од Коринт се наоѓало во црквата“.1
Кога Павле ги пишувал 1 Коринќани, три и пол години по
заминувањето од тој град, тој морал да ги именува сериозните
проблеми во самата заедница. Во коренот на овие проблеми
биле светските ставови и верувања, коишто биле во својата
природа непријатели на Евангелието, на крстот на Христос и
Неговата мудрост.
1 David E. Garland, 1 Corinthians, BECNT (Grand Rapids, Mich.: Baker,
2003), 8.
Не завидува, не се фали  53

Како резултат на бројни гревови во црквата, Павле е


присилен да ги опише по обратен редослед осумте карактерни
квалитети што не се соодветни со љубовта. Овие осум квалитети
– сите отсликуваат грешен недостаток на љубов – ја поделија
коринтската црква како што ги делат црквите и денес.
Павле јасно изјавува дека љубовта не:

1. Завидува
2. Се фали
3. Се вообразува
4. Се однесува непристојно
5. Го бара своето
6. Се раздразнува
7. Држи сметка за зло
8. Ѝ се радува на неправдата

Овие осум пороци се целосно некомпатибилни со љубовта.


Накратко, тие изразуваат ’себецентричен‘ живот, којшто ги
раскинува односите и го расипува единството што треба да ја
карактеризира секоја локална црква. Листата на Павле служи
како објективен стандард за исправка на себичните однесувања
и водич кон „повозвишениот пат“.

Љубовта не завидува
На врвот на листата на Павле е порокот што уништил многу
односи и поделил многу цркви – зависта или љубомората.
Љубомората ја поделила црквата во Коринт, и била противречна
на празните пофалби на Коринќаните дека се духовни луѓе: „Не
сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу
вас има завист, спорови и поделба?“ (1 Кор. 3:3)

Зависта е целосно некомпатибилна со љубовта. Таа


ја уништува љубовта, а со тоа и карактерот на водачот.
54 Водство со љубов

Зависта прави огорченост кон среќата на другиот. Ги посакува


даровите на другите, имотoт или позициите на влијание. Таа
е сомнителна и критичка кон нечија популарност. Натаниел
Винсент вака го изразува измачувањето, себичниот дух на завист:
„Колку многу пекол се наоѓа во карактерот на завидливиот
човек! Туѓата среќа е негова мизерија, доброто на другиот е
негова несреќа. Тој гледа на доблеста на другиот со зол поглед
и со тага на славата на другиот, како да му била одземена таа
слава нему. Зависта го прави свој мачител и прави да го мрази
својот ближен.“2
Зависта е целосно некомпатибилна со љубовта. Таа ја
уништува љубовта, а со тоа и карактерот на водачот.

Зависта е деструктивна

Примерот на царот Саул и Давид е јасна илустрација за


деструктивната сила на зависта во животот на водачот. На
почетокот, Саул го сакал Давид, но веднаш по зачудувачката
победа на младиот пастир над џиновскиот Голијат, царот почнал
да му завидува.
Имало и зошто да му завидува на Давид. Бил млад, згоден,
силен, брилијантен, талентиран и популарен. Успешен воин;
тој бил изобилно благословен од Бог во сè што правел, „и така
неговото име стана многу славно“ (1 Сам. 18:30). Тој бил толку
популарен и многу посакуван, така што жените пееле: „Саул
погуби илјади, Давид десетици илјади“. (1 Сам. 18:7)
Оваа споредба на победите на Саул со поголемите до-
стигнувања на Давид го разгневилa царот и разбудилa же�-
стока омраза и љубомора. Тој започнал да го мрази Давид и
постојано да му се спротивставува. Тој зборувал лошо против
него во секоја ситуација и размислувал само за падот на Давид.
Наместо да се покае за својата завист и да бара Божја помош
во признавање на Давид за Божји подарок за народот, Саул
го истурал бесот во својот грев. Неговата завист довела до
незадоволство, параноично размислување, лична мизерија и
2 Nathaniel Vincent, A Discourse Concerning Love (1684; reprint ed., Morgan,
Pa.: Soli Deo Gloria, 1998), 82.
Не завидува, не се фали  55

планирање убиство. На крајот, Саул се уништил себеси и го


изгубил царството. Неговиот живот докажал дека кога постои
завист и љубомора, нема место за љубовта.
Никој од нас не е имун од ништожната, егоцентрична завист.
Дури и најпосветените мисионери и слуги на Господ се измачувале
со овој грев. Џорџ Милер бил основач на сиропиталиштето Ешли
Даун во Бристол, Англија. Додека соработувал како пастор со
Хенри Креик во црквата во Бристол, Англија, Џорџ Милер видел
дека луѓето уживаат во поучувањето на другиот повеќе отколку
во неговото. Хенри Креик не само што бил одличен библиски
учител туку исто така бил првокласен класичен и хебрејски
научник. Меѓутоа, за разлика од царот Саул, Милер бил човек
од извонредна вера и молитва. Тој ги исповедал своите чувства
за завист кон неговиот колега и се соочил со гревот:

„Кога во 1832-та видов како на некои им се допаѓа повеќе


службата на мојот пријател отколку мојата, јас одлучив
во силата на Господ да се радувам на ова, наместо да му
завидувам. Како Јован Крстител реков: „Не може човек
ништо да земе ако не му е дадено од небото“ (Јн. 3:27).
Ова спротивставување на ѓаволот го спречи отуѓувањето
на срцето.“3

Пријателството на Џорџ Милер и Хенри Креик траело


триесет и шест години, сè до смртта на Креик.4 Иако двајцата биле

3 W. Elfe Tayler, Passages from the Diary and Letters of Henry Craik of
Bristol (London: Paternoster, n.d.), xiii)
4 Белешки на неговиот биограф: Ниту една карактеристика од карактерот
на г-н Креик не била толку маркантна колку онаа за љубовта. Се ширела
преку неговото лице, се отсликувала себеси во неговиот глас и неговиот
живот бил практичен коментар на тој збор: „прави добро секому“. Оттука
произлегува неговиот начин на сигурност во проповедањето; оттука е
неговиот точен сензибилитет во разгледувањето на перспективите
на човечноста; оттука е неговото интензивно сочувство со тагата на
другите и неговата екстремна љубов кон неговите пријатели, а особено
кон членовите на неговото семејство. Со сигурност, ретко вака љубезен,
сочувствителен дух го напуштил овој свет. Tayler, Passages from the
Diary and Letters of Henry Craik of Bristol, 307.
56 Водство со љубов

силни, мултиталентирани луѓе со комплетно различни карактери,


нивното долго заедништво било јавно сведоштво за силата на
христијанската љубов. Милер бил мошне познат по неговите
доживотни пријателства со луѓе како: Хадсон Тејлор, Чарлс
Сперџен, Д. Л. Муди, Роберт Чепмен и други. Завидните луѓе,
за жал, имаат малку вистински пријатели и многу конфликти.
Треба да сме свесни дека зависта е доминантен грев помеѓу
Божјите луѓе и христијанските водачи. Пасторите можат да
одат во бизарни екстреми, да ги отстранат од црквата луѓето
со дарови, кои им претставуваат закана. Црквите можат да
им завидат на другите цркви коишто се поголеми или се во
брз подем. Мисионерите можат да им завидат на другите
мисионери кои се поплодоносни или имаат подобра поддршка.
Водачите на библиски поуки може да им завидат на повеќе
популарните водачи на библиски поуки; пејачите може да
им завидат на другите пејачи кои почесто пеат или добиваат
поголем аплауз; старешините може да им завидат на колегите
старешини кои повеќе светат во лидерските способности или
знаење; и ѓаконите може да им позавидат на колегите ѓакони
кои поефективно служат или се почесто барани да помагаат.

Љубовта се радува во другите

Љубовта „не гори од завист“.5 Љубовта има големо срце,


постојано насочено и полно со добра волја кон другите. „Кога
љубовта гледа некого кој е популарен, успешен, убав или
талентиран, се радува за нив и никогаш не љубомори или
завидува.“6 Братската љубов се „натпреварува во почитување
еден кон друг!“ (Рим. 12:10)
Љубезниот Варнава, соработникот на Павле, на пример, се
радувал за поголемата надареност на Павле и го поканил на
една значајна мисиска можност како соработник во црквата
во Антиохија (Дела 11:19-26). Љубезниот Јонатан, синот на
5 Anthony C. Thiselton, The First Epistle to the Corinthians, NIGTC (Grand
Rapids, Mich.: Eerdmans, 2000), 1048.
6 John MacArthur, 1 Corinthians (Chicago: Moody Press, 1984), 340.
Не завидува, не се фали  57

цар Саул, се разликувал во многу работи од својот татко. Им


се восхитувал и ги ценел лидерските способности на Давид.
Тој бил подготвен да ја загрози сопствената иднина како цар
(1 Сам. 23:16-17), со цел да го заштити и да се застапува за
случајот на Давид.
Како христијански водачи, нашата посветеност да љубиме
треба да нè поттикне да се радуваме свесно за успесите и
талентите на другите. Треба да бараме унапредување на
можностите за служење на другите и да се однесуваме кон
нивните предности и дарови како да се наши (1 Кор. 12:25-
26). Кога ќе се појави чувство на завист кон другите, ние
мора да ги исповедаме овие чувства такви какви што се –
грев и егоцентричност. Како Џорџ Милер, мора да бидеме
одлучни во силата на Господ – да се радуваме кога другата
личност напредува. Ќе бидеме посреќни и позадоволни, и
Бог ќе биде задоволен кога размислуваме и делуваме според
„повозвишениот пат“.

Љубовта не се фали
Како гревот на завист, горделивоста или фалењето се грешна
преоптовареност со себеси. Фалбаџиите копнеат за внимание.
Тие сакаат другите да ги слават нивните способности, знаење,
успеси и дури страдањата за Бог. Поради нивната желба за
признание, тие зборуваат многу повозвишено и премногу за
себеси, иако можеби и немаат нешто посебно да кажат.
Фалењето долго време е сериозен проблем меѓу религиозните
луѓе. Лицемерните трубечки повици на фарисеите, бесрамно
копнееле по внимание од луѓето. Тоа биле религиозни
претстави. Исус покажал како тие ги сакаат првите седишта
од синагогите, поздравувањата со почит на улица и славата
за нивните јавни дела на побожност. Исто така, верниците во
црквата во Коринт се фалеле со својата супериорна мудрост,
со говорните вештини на своите омилени учители и нивните
извонредни духовни искуства. Тие биле полни со себеси, а не
исполнети со љубов.
58 Водство со љубов

Таквото фалење е сè уште проблем и денес. Јасно се сеќавам


на еден мисионер – евангелизатор кој дојде кај мене дома на
вечера, заедно со други луѓе. Три часа не престана да зборува
за себеси, за неговата служба и неговите успеси. Тој ни кажа
колку напорно работел, колку далеку и широко патувал и колку
бил благословен од Бог. Ниту еднаш меѓутоа, за време на
вечерниот оброк, не се распраша за другите на масата. Тој
беше фалбаџија.
Другпат, бев на црковна конференција каде што имаше
изложба на стотици книги и служби. Нашата изложбена маса
беше близу до штандот на еден познат интернационален пастор
и автор. Цело време тој беше на својот штанд и зборуваше за
себеси. Не можевме а да не слушаме како се фали себеси цели
два дена. На секоја личност со која зборуваше ѝ кажа колку
е голема неговата црква и колку луѓе има во неговата служба
и колку е голем црковниот буџет. Не беше суптилен ни во
спомнувањето на имињата на познатите луѓе кои ги познава и
местата каде што проповедал. Тој беше фалбаџија.
Фалењето меѓутоа, не му помага никому. Ние зборуваме
за „празни фалби“, но всушност, како што вели Скроги: „Не
постои друг начин на фалење. Природата и суштината на
фалењето е празнотијата. Фалењето е секогаш реклама на
сиромаштијата“.7 Фалењето не ја изградува или не ѝ служи
на црковната заедница. Фалењето не Го прославува Христос,
туку тоа ги плаши и ги дели луѓето. Тоа провоцира завист кај
другите. Фалењето предизвикува загадување кај водачот. Тоа го
расипува карактерот на водачот. Не сакаме луѓето од црквата
да следат таков пример. Фалбаџиите бесрамно ја игнорираат
Божјата забрана за самопофалба: „Нека те фали друг, а не
твојата уста; туѓинец, а не твоите усни“. (Изр. 27:2)
Фалбаџиите се изградуваат само себеси; љубоморните луѓе ги
повредуваат другите; но љубезните луѓе ги изградуваат другите.

7 W. Graham Scroggie, The Love Life: A Study of 1 Corinthians 13 (London:


Pickering & Inglis, n.d.), 40).
Не завидува, не се фали  59

Љубовта промовира и ги слави другите


Љубовта промовира и ги слави другите. Таа е самоблескачка
и сјае од самото зборување за себеси. Така, оние кои ја
поседуваат Христовата љубов уживаат во фокусираното
внимание кон другите, туркајќи ги другите да бидат во центарот
и споделувајќи го центарот на вниманието.
Во контекст на размислувањето за духовното давање, Павле
пишува: „Му велам секому еден меѓу вас – да не мисли за
себе повеќе отколку што треба да мисли, туку мислите нека ви
бидат насочени кон разумно размислување“ (Рим. 12:3). Ова не
значи дека не треба воопшто да зборуваме за себеси или да им
дозволиме на другите да нè прашуваат за нашите интереси или
за службите. Постои јасна линија помеѓу зборувањето за себеси
на нефалбаџиски начин и фалење на грешен, егоцентричен
начин. Како Павле и Варнава, мисионерите треба да даваат
извештај за Божјата работа преку нивното залагање на оние
кои ги поддржуваат (Дела 14:27; 15:3).

Фалбаџиите се изградуваат само себеси, љубоморните


луѓе ги повредуваат другите, но љубезните луѓе ги
изградуваат другите.

Вештите учители често употребуваат илустрации, земени


од своите лични искуства, за да комуницираат успешно без
фалење (Гал. 2:1-14). Разликата е во тоа што фалбаџиите
ги користат луѓето за исполнување на нивната потреба за
внимание и слава.
Еден пријател мисионер, при враќањето од Африка се сретнал
на бродот со младиот Били Грејм и сведочел за љубовта што не
се фали. Грејм бил на пат за Лондон на евангелизација. Додека
двајцата разговарале заедно за време на нивното патување, нешто
во врска со Грејм го допрело мојот пријател. Грејм поставил
прашања за животот и службата на мојот пријател во Африка
– тој главно се интересирал за оваа работа. Мојот пријател
60 Водство со љубов

вешто забележал дека Грејм ретко зборувал за себеси и за


неговото феноменално искуство како евангелизатор. На крајот
на патувањето, мисионерот го прашал младиот евангелизатор
како може да се моли за него, а одговорот бил: „Моли се да
бидам понизен човек“. Таа молитва пред многу години беше
одраз на срце на мудрост и љубов. Неколку децении подоцна,
станало јасно дека гордоста на дарот или успехот не станала
критика упатена на сметка на Били Грејм.

„Фалењето е секогаш реклама на сиромаштијата“


– В. Грем Скроги

Од овој пример може да се научи нешто. Понизните луѓе


не се самобендисани фалбаџии. Туку, тие ги промовираат и
ги слават другите според „повозвишениот пат“ на љубовта.
Глава 6

Не се вообразува, не се
однесува непристојно

Љубовта... не се вообразува,
не се однесува непристојно.
1 Кор. 13:4-5

Тешко да се најде нешто повеќе противречно од примерот на


Христос, пораката за крстот и христијанската љубов, наместо
арогантната самобендисаност. Христијаните се грешници
спасени по Божјата благодат, и сите духовни дарови и служби
ни се дадени според Божјата благодат. Затоа Словото вели,
„Зашто, кој те прави да се разликуваш од другиот? И што имаш
што не си примил? И така, ако си примил, зошто се фалиш
како да не си примил?“ (1 Кор. 4:7)
Не постои место за егоизам во служењето за Господ, особено
за оние кои ја водат и поучуваат заедницата на крстот. Сепак,
ароганцијата е широко препознатлив проблем меѓу водачите денес.
За време на една церемонија на дипломирање, каде што
бев присутен, претседателот на библиското училиште ја даде
предизвикувачката порака со наслов „Синдром на големата
ѕверка“. Ми причини задоволство да го слушам како ги
предупреди дипломираните студенти да не размислуваат
превисоко за себе и да се однесуваат како големи ѕверки, на-
место како понизни слуги на Исус Христос. За да си го земат
заклучокот дома, тој исече една крпа на мали квадратчиња и ги
стави во корпа. На крајот на пораката, тој ги покани диплом-
ците да дојдат напред и да земат по едно парче крпа. Потоа,
62 Водство со љубов

тој предложи да го стават тоа парче крпа во своите паричници


за да се потсетуваат постојано дека Исус Христос зеде крпа и
понизно ги изми нозете на учениците. Каков одличен потсет-
ник за овие млади слуги на Евангелието. Запамтувањето на
Христовиот пример на понизност е добро за секого кој служи
во водството на локалната црква.

Љубовта не се вообразува
Арогантниот дух ја исполнил црквата во Коринт, а тоа
предизвикало многу од нивните проблеми.1 Ароганцијата
е спротивна на љубовта, затоа што се фокусира на себеси
повеќе отколку на другите. Арогантните луѓе, особено оние
религиозните, мислат дека се подобри од другите луѓе.

„Ништо освен понизноста не може толку многу да го


одвои христијанинот од раката на ѓаволот.“
– Јонатан Едвардс

Тие мислат дека знаат многу повеќе отколку што знаат, се


сметаат за посвети од другите и се замислуваат дека имаат
повеќе дарови отколку што навистина имаат. Заслепени се од
своите видливи гревови, лични слабости и доктринални грешки.
Како што еднаш рекла Еми Кармајкл: „Оние кои премногу
размислуваат за себеси не мислат доволно“.2
Грчкиот збор за арогантен може буквално да се преведе
како „надуен“ или „напумпан“. Џ. Б. Филипс најдобро ја
доловува оваа мисла во неговиот превод: „Љубовта не „негува
напумпани идеи за лично користољубие“.3 Со други зборови,
1 Глаголот за „арогантен“ – φυσιόω, се јавува седумпати во Новиот завет,
од коишто шестпати во 1 Кор. (4:6, 18-19; 5:2; 8:1; 13:4).
2 Цитирано од Wayne A. Mack, Humility: The Forgotten Virtue (Phillipsburg,
N.J.: P&R Publishing, 2005), 61.
3 J. B. Phillips, The New Testament in Modern English, rev. ed.,, (New York:
Macmillan, 1972), 361.
Не се вообразува, не се однесува непристојно  63

љубовта нема комплекс на супериорност. Ова бил важен


концепт за Исусовите ученици да можат да разберат, бидејќи
многу религиозни водачи од нивното време биле надуени со
религиозна гордост. Еден самобендисан фарисеј бил набљудуван
како се моли во себеси: „Боже! Ти благодарам што не сум како
другите луѓе“. (Лк. 18:11)
Спротивно на ова, Исус строго им забранил на Неговите
ученици какво било идолопоклоничко самовознесување‘: „А
поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга. Кој се воздига себеси –
ќе биде понизен; а кој се понизува себеси – ќе биде возвишен“.
(Мт. 23:11-12). Понизноста на умот, а не ароганција, треба да
биде симбол на Христовите следбеници. Ароганцијата е одлика
на ѓаволот (Иса. 14:13-14), а не на Христос. И како што мудро
изјавил Јонатан Едвардс: „Ништо, освен понизноста, не може
толку многу да го одвои христијанинот од раката на ѓаволот“.4
Новозаветен пример на ароганција, на голема ѕверка од цр-
ковен водач е Диотреф. Библијата вели дека тој сакал да биде
„прв“. Јован пишува:

„Пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде


прв меѓу нив, не нè прими. Затоа, ако дојдам таму, ќе
потсетам за неговите дела, што ги врши напаѓајќи нè со
лоши зборови, и не се задоволува со тоа, туку сам не ги
прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им
забранува и ги гони од црквата.“ (3 Јн. 9-10)

Диотреф бил толку полн со себеси, така што критикувал


и одбивал да го слуша возљубениот апостол Јован. Тој ги
навредувал луѓето кои не се сложувале со него, создавал
атмосфера на страв во локалната црква и си терал по свое. Не
ги изградувал луѓето туку ги ограничувал. Не бил за единство
туку за поделби. Не бил служител со понизен ум. Тој немало
да ја сподели службата со старешините и колегите како Павле.
Одбивал побожна корекција и совет. Неговото срце не било
4 Jonathan Edwards, „Undetected Spiritual Pride,“ http://www.bible
teacher.org/jedw_19.htm (19.9.2005).
64 Водство со љубов

покајничко пред Бог, и неговиот арогантен дух правел поделби


кај луѓето и во црквата. Со зборовите на Павле, Диотреф бил
„бронза што ѕвони или кимвал што ѕвечи“. (1 Кор. 13:1)

Љубовта е понизна и скромна

Природата на љубовта е спротивна од ароганцијата. Љубовта


размислува понизно и скромно за себеси и другите (Рим. 12:3).
Духот на љубовта вели: „Бидете едномислени едни кон други!
Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните!
Не сметајте се сами себеси за мудри! (Рим. 12:16) Петар ги
поттикнувал старешините во црквите да се „препашете се со
смиреност“ (1 Пет. 5:5). Павле ги потсетува ефешанските
старешини дека тој му служи на „Господ со сета понизност“
(Дела 20:19).
Понизноста е размислување на слугата. Тоа го прави
водачот повоочлив; почувствителен на конструктивна критика;
поспособен да работи со другите; подобро квалификуван да се
справува со неуспесите и гревовите на другите луѓе; со поголема
желба да им се потчини на другите; помалку склон кон борба
и побрз во надминување на разликите. Без понизност, никој
не може да биде христијански водач (Мт. 11:29; Фил. 1:7-8).
Понизноста прави училителите на Словото да се поврзат подобро
со луѓето на сите нивоа на животот, дури и до најсиромашните
и најмалку образованите, како што правеше нашиот Господ Исус
Христос. Учителите на Божјото слово мора да бидат понизни
слуги или ќе бидат во спротивност со пораката од Библијата.
Павле и Аполос биле мошне надарени водачи и учители.
Тие можеле лесно да бидат искушувани да се надуваат со
чувствата на супериорност поради нивните брилијантни умови
и мноштвото успеси на Евангелието. Сепак, Павле мудро ги
потсетува Коринќаните, кои ги вреднувале големите ѕверки
од учители, дека тој и Аполос се понизни слуги на Господ и
ништо повеќе. Тој пишува: „Па што е Павле? Што е Аполос?
Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому
Господ му дал“. (1 Кор. 3:5)
Не се вообразува, не се однесува непристојно  65

Љубезните водачи и учители, потоа се понизни и скромни.


Тие не се однесуваат арогантно кон луѓето, туку со почит. Тие
понизно служат и ги издигнуваат другите, а не себеси.
К. С. Луис, еден од најпознатите светски христијански автори,
бил понизен човек, кој како учител го живеел „повозвишениот
пат“ на љубовта. Луис поучувал на универзитетите во Оксфорд
и Кембриџ во Англија и станал меѓународно познат кога се
преобратил од атеизам во христијанство. Тој напишал многу
христијански книги што се продавале во милионски копии и
биле преведувани на многу јазици. Неговите книги допреле
безброј животи за Исус Христос.
И покрај големиот светски успех, Луис бил понизен човек
и учител, и на научниците и на децата, на располагање на
сите луѓе кои побарале од него совет. Тој лично одговорил на
илјадници писма од обични луѓе кои никогаш не ги сретнал,
но тие барале помош од него. Луис верувал дека Бог сака тој
да го одговори секое писмо, како што и правел, и „со секој
коресподент се однесувал како со некој многу уважен, како
кралот или кралицата на Англија“.5 Ова е значајно достигнување,
имајќи го предвид неговиот зафатен распоред. Тој одговарал на
прашања во врска со депресија, конфликти во брак и тешки
теолошки проблеми. Тој исто така се посветил секојдневно
да се моли за многу луѓе во светот, кои се во неволја и кои
барале молитви – луѓе кои никогаш не ги сретнал, а некои од
нив биле многу ексцентрични.
Луис (англиканец) се појавил во локалната англиканска
црква крај неговиот дом, кога комуницирал со разновидна
група луѓе; некои од нив немале поим за неговиот светски
литературен успех и популарност. Бидејќи небото ќе биде
исполнето со секакви типови луѓе кои Го обожаваат Бог, Луис
сметал дека е „незамисливо“ да бара само членови на црквата
од академско или научно ниво. Славењето во неговата локална
црква било за него подготовка за небесното славење.6
5 Lyle W. Dorsett, Seeking the Secret Place: The Spiritual Formation of C.
S. Lewis (Grand Rapids, Mich.: Brazos Press, 2004), 118.
6 Исто, 41
66 Водство со љубов

Неговиот понизен став кон другите открива една прекрасна


приказна, раскажана од неговиот таксист Клифорд Морис
(Луис немал автомобил). Луис се однесувал кон него како и
кон секого, со грижа и внимателна почит. Еден од биографите
на К. С. Луис, Лајл В. Дорсет, пишува:

(Морис) го опишува г-н Луис како топол и пријатен,


секогаш однесувајќи се кон него еднакво, без разлика на
широката разлика на нивните социјални класи и ниво на
образование. Овој третман го изненадил и го благословил
Морис бидејќи другите – вклучувајќи ги и христијаните
– не биле толку дарежливи. Повремено професорот Луис
ќе седнел во автомобилот на патот за Кембриџ и ќе речел:
„Морис, извини ама не можам да разговарам петнаесет
минути. Треба да се молам“.7

К. С. Луис јасно ја разбирал потребата од понизност во


христијанското живеење и мноштвото опасности од грешната
гордост. За гордоста тој напишал: „Преку гордоста, ѓаволот
станал ѓавол. Гордоста води кон секој друг порок – тоа е
комплетна состојба на умот против Бог“.8
Оние кои живеат според „повозвишениот пат“, не страдаат
од „состојба на умот против Бог“, туку, како и нивниот
Спасител, тие се „кротки и понизни по срце“ (Мт. 11:29).

Љубовта не се однесува непристојно

Христоликата љубов треба да влијае на сечие однесување и


Словото ни вели дека љубовта не се однесува непристојно; не
се „однесува со болна недоличност“.9 Глаголот „непристојно“
ја пренесува идејата за засрамувачко однесување, спротивно
на воспоставените стандарди на соодветно однесување и

7 Исто, 42
8 C. S. Lewis, Mere Christianity (San Francisco: HarperCollins, 2001), 122.
9 Anthony C. Thiselton, The First Epistle to the Corinthians, NIGTC (Grand
Rapids, Mich.: Eerdmans, 2000), 1049.
Не се вообразува, не се однесува непристојно  67

пристојност. Затоа, непристојното облекување, непристојното


разговарање, без разлика на временската или моралата совест на
луѓето, искористување на луѓето, немањето мерка, игнорирањето
на придобивките и идеите на другите, безобѕирното однесување
кон плановите и интересите на другите, несоодветното
однесување со припадниците на спротивниот пол, основната
некултура или непристојност и општото непочитување на
соодветното социјално однесување се вкупни докази за немање
љубов, што не доликува на една локална црква.
Немањето љубов било очигледно во непристојното
однесување на црквата во Коринт.
Побогатите членови не ги чекале сиромашните да пристигнат
за Господовата вечера. Туку, тие себично ја јаделе својата
скапа храна и оставале малку храна за сиромашните (1 Кор.
11:21-22, 33).
Другите членови непромислено го искористувале своето
таканаречено супериорно знаење и слободи за да газат врз
совеста на нивните послаби браќа и сестри. Тие јаделе храна,
наменета како жртва на идоли (1 Кор. 8), што создавало
збунетост и предизвикало некои верници да одат против својата
совест. За време на службите на заедницата, одредени надарени
говорници држеле монопол врз времето и не дозволувале
другите да ги изразат своите духовни дарови. Потоа, имало
такви кои упаѓале во збор тогаш кога некои други зборувале.
Некои зборувале на јазици без толкување, така што луѓето не
знаеле што било речено. Со цел да стави крај на нивното болно
и недолично однесување, Павле советувал: „и нека сите работи
се вршат пристојно и уредно!“ (1 Кор. 14:40)
Непристојноста не изумрела во црквата во Коринт, туку таа
е карактеристика и денес. За време на службите на славење
во црквата што јас ја посетував, двајца млади луѓе зад мене,
непристојно ја нарушуваа прославата на Господовата вечера. Тие
грицкаа лешници и бонбони. Пиеја вода од пластични шишиња
и секогаш кога ќе се напиеја, пластиката од шишето крцкаше.
Шепотеа еден со друг и велеа „амин“ заедно со заедницата, но
само како исмејување. Им сметаа на сите околу нив.
68 Водство со љубов

По службата, разговарав со еден од црковните водачи за


нивното однесување. Тој воздивна со фрустрација. Ме увери
дека тие се обидоа да го посочат проблемот и порано, но дека
родителите одбиле да ги поправат. Тие мислеле дека нивните
деца имаат право да јадат и да пијат за време на службата.
Секако, овој вид однесување не е дозволен ниту на кино, но
родителите мислеле дека е прифатливо во црквата. Тие беа
непристојни, нељубезни луѓе кои не се грижеа за другите.
Непристојноста не се ограничува на возраста или на
социјалниот статус. Интелектуалците и високообразованите
луѓе можат да бидат непристојни и непромислени како и секој
друг. На некој христијански универзитет, еден конзервативен
професор предавал за непопуларна, политички некоректна тема.
Додека зборувал, публиката од научници и водачи свиркале,
шиштеле и го исмевале говорникот. Овој засрамувачки пример
на непристојност без водење сметка за чувствата на предавачот
или неговите уверувања, беше далеку од љубов. Љубовта не
се однесува непристојно.

Љубовта промовира соодветна пристојност

Љубезните луѓе се внимателни за тоа како нивното однесување


влијае врз другите, дури и во најмалите работи. Оние кои ја
поседуваат Божјата љубов се чувствителни кон соодветните
социјални односи, кон јавното однесување, социјалните конвенции,
учтивоста, обѕирноста и соодветното облекување, говор и дела.

Мора да се спротивставиме на прифаќањето


непристојно однесување.

Тие се чувствителни на фактот дека луѓето од одредени цркви


ќе бидат вознемирени доколку проповедникот или водачот на
славење не носи вратоврска и сако, туку е во фармерки и
по кошула. Тие ќе знаат дека е непристојно учителката во
Не се вообразува, не се однесува непристојно  69

неделното училиште да се појави на час во облека како за на


плажа (1 Тим. 2:9-10). Тие ќе знаат дека е непристојно да се
разговара на мобилен за време на службата.
Љубовта препознава дека лошите манири, непристојното
однесување ги нарушува старешинските и ѓаконските состаноци
(и сите други состаноци на одбори). Љубовта негува ефективни
состаноци каде што сите работи се извршуваат пристојно и уредно
(1 Кор. 14:40). Озборувањето, неслушањето, игнорирањето
на идеите на другите, изразување остри коментари и закани,
силеџиство и непочитување на оние кои не се сложуваат, не
ја илустрираат љубовта. Ваквото однесување нема место во
црковното водство.
Бидејќи западните општества станаа мошне груби и
бесчувствителни за основните стандарди на пристојност и
социјално однесување, мора да се спротивставиме на прифаќањето
на непристојното однесување. Инаку, тоа ќе има штетен и
деградирачки ефект врз нашите животи и на нашите цркви.
Ова е особено важна тема за христијаните кои патуваат
во други земји за Исус Христос. Хадсон Тејлор бил еден од
најголемите христијански водачи на сите времиња, и тој бил
признаен за водач полн со љубов. Извонредната приказна за
неговиот живот и за основањето на Мисијата во внатрешноста
на Кина е опширно документирана.10

„Како мисија, најголем проблем имаме со недостатокот


на тактичност и љубезност“.
-Хадсон Тејлор

Еден од мноштвото лидерски квалитети на Тејлор била


неговата способност да се поврзе добро со Кинезите, поради
неговото префинето чувство на пристојност и културна
чувствителност. Еднаш тој, во едно писмо се пожалил за
10 Види A. J. Broomhall, Hudson Taylor & China’s Open Century 7 vols
(London:Hodder and Stoughton).
70 Водство со љубов

недостатокот на обѕирност, и всушност немање почит – некои


мисионери покажале непочитување кон кинеските обичаи и
протокол, што се важни елементи на кинеската култура. Не-
говите зборови ни се потребни и денеска:

„Некои луѓе се наклонети кон правење добри работи


на најлош можен начин или во најнепријатно време.
Навистина само глупава или непристојна личност би
останала така често без топла вода во Кина, и покрај
чесноста и мудроста и побожноста коишто нема да значат
многу. Она што најмногу не ни успева како мисија, тоа
е недостатокот од обѕирност и учтивост“.11

Христовата најголема заповед (Мт. 28:18-20) им даде на сите


христијани глобална мисија. Павле го препознал ова. Човекот
со три различни култури – еврејска, римска и грчка – Павле,
евангелизаторот, патувал интензивно заради евангелието и
знаел како да се прилагоди соодветно кон различни социјални
обичаи (1 Кор. 9:19-23; 10:32-33). Ние исто така, кога патуваме
за Христос, треба да бидеме чувствителни за да не ги навредиме
социјалните конвенции на земјата домаќин, туку да бидеме
добри амбасадори на Божјата љубов кон сите луѓе.
Да се следи повозвишениот пат на љубовта значи да се
биде мошне свесен, што се смета за обѕирност и пристојност
во другите култури, и да се има почит за различните социјални
обичаи на луѓето.

11 Broomhall, Hudson Taylor & China’s Open Century, vol. 5: Refiner’s Fire
(London: Hodder and Stoughton, 1985), 231.
Глава 7

Не го бара своето или


не се раздразнува

Љубовта... не го бара своето, не се раздразнува


1 Кор. 13:5

Библијата не го крие фактот дека дури и меѓу апостолите


постоеле ставови на себичност и борби. Јаков и Јован, на
пример, мислејќи првенствено за себе, побарале од Исус
да им даде места на највисока почит во царството: „Дај ни
да седнеме еден оддесно, а еден одлево, до Тебе во Твојата
слава!“ (Мк. 10:37). Јаков и Јован биле „зачленети во клубот
на себепромотори“.1 Нивната желба веднаш предизвикала
конфликт меѓу останатите апостоли, како што секогаш прави
себичната амбиција. Марко запишал дека „кога го чуја тоа
десеттемина, почнаа да негодуваат против Јаков и Јован“.
Станаа огорчени бидејќи тие, исто така биле себепромотори и
копнееле по позиции на моќ и слава за себеси.
Овој инцидент покажува колку малку имале разбирање за
патот на Господ и колку многу требало да научат за љубовта
и служењето еден на друг како браќа. „Јаков и Јован сакале
да седнат на престолите на моќ и слава“, пишува Џон Стот;
„Исус знаеше дека мора да виси на крстот во слабост и срам.
Целосна противречност.“2
1 Lewis B. Smedes, Love Within Limits: Realizing Selfless Love in a Selfish
World (Grand Rapids, Mich.: Eerdmans, 1978), 42.
2 John Stott, The Cross of Christ (Downers Grove, Ill.: InterVarsity, 1986),
286.
72 Водство со љубов

Љубовта не го бара своето

Петте негативни изјави значат себичност, корен на многу наши


проблеми, порок целосно некомпатибилен со христијанската
љубов и водството. Љубовта, 1 Коринќани 13:5, „не го бара
своето“. Ова значи дека љубовта не го бара својот интерес или
својата предност. Љубовта „не е преоптоварена со интересот
за себе“.3 Особено е важно да се разбере ова, бидејќи живееме
во време на радикален индивидуализам. Луѓето во модерните
западни општества се преоптоварени со нивниот сопствен
интерес. Се ставаат себеси во центарот на универзумот, каде
што вистински припаѓа Бог. Ова фокусирање на сè кон себеси
е целосно спротивно на христијанската љубов.
Ако Исус гледал на предноста што ја имал, немало ни да
постои крстот. Но, Словото вели: „Христос не Си угодуваше
Сам на Себеси“ (Рим. 15:3). Нашиот Господ дојде не за да Му
служат, туку за да служи: „А Јас Сум меѓу вас како служител“
(Лк. 22:27).
Павле, исто така, не го бараше својот пат. Ако беше така,
тој никогаш немаше да ја поднесе тагата што е присутна во
ширењето на Евангелието и грижењето за црквите. Но, поради
љубовта за Христос, изразена преку љубовта за другите, тој
можеше да каже: „како што и јас им угодувам на сите во сè
и не ја барам својата сопствена полза, но на многуте, за да
се спасат“. (1 Кор. 10:33). „Навистина, иако сум слободен од
сите, се претворив во роб на сите, за да ги придобијам што
повеќе.“ (1 Кор. 9:19). „Зашто не го барам вашето туку вас...
А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сè и самиот ќе се
потрошам за вашите души.“ (2 Кор. 12:14-15)
Ова не бил лесен пример којшто христијанските верници
можат да го следат. Сосем спротивно, инсистирале на своите
права и слободи да јадат храна, понудена како идолска жртва,
дури и земајќи си слобода да ја повредат совеста на своите
слаби браќа и сестри (1 Кор. 8-10).
3 Anthony C. Thiselton, The First Epistle to the Corinthians, NIGTC (Grand
Rapids, Mich.: Eerdmans, 2000), 1050.
Не го бара своето или не се раздразнува  73

Христос не Си угодуваше Самиот Себеси


(Рим. 15:3)

Не го разбирале духот на љубовта, кој велел: „Затоа, ако


јадењето го соблазнува мојот брат, нема воопшто да јадам месо
довека, за да не го соблазнувам својот брат“ (1 Кор. 8:13).
Не им било важно дали „ако се жалости твојот брат заради
јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта“ (Рим. 14:15).
Ги употребувале своите чудесни слободи и дарови за себични
цели, наместо за добро на целата заедница.
Како самобаратели, не ја разбирале христијанската служба
или улогата на слуга на христијанскиот водач или учител. Некои
во Коринт, Павловото страдање и несебичен живот дури и го сме-
тале за пример на слабост и неуспех. Претставата што ја имале
за христијанското водство била моќ и владеење, а не слабост и
служење; затоа, се сомневале во неговото апостолство. Истите
погрешни претстави за христијанското водство постојат и денес.

Љубовта е насочена кон другите

Најголемиот непријател на секој пастир е себичното срце.


Прекрасниот новозаветен модел на љубезен водач и учител е
Варнава. Не бил насочен кон себеси во потрага по престолот.
Лука бележи дека тој бил „добар човек, полн со Светиот Дух и
со вера; и големо множество се присоедини кон Господа“ (Дела
11:24). Полн со Светиот Дух, го карактеризирала љубовта (Гал.
5:22) и квалитетите на љубовта, опишани во 1 Коринќани 13:4-7.
Првпат кога се среќаваме со Варнава во Новиот завет е
продавањето на земјата и давањето на парите на сиромашните
светии во Ерусалим (Дела 4:36-37). Дарежливоста кон другите
природно произлегува од љубовта. Како што вели Роберт Ло,
„Љубовта е импулсот на давање“.4
4 Robert Law, The Tests of Life: A Study of the First Epistle of St. John
(Edinburgh: T&T Clark, 1914), 72.
74 Водство со љубов

Варнава подлабоко размислувал што е најдобро за


новата црква, наместо за својата значајност и сигурност.

Но, она што е највпечатливо кај Варнава е неговото


споделување на лидерската позиција и служба со Павле.
Варнава бил испратен од страна на водачите во Ерусалим
да помогне во новооснованата црква во Антиохија. Тоа било
возбудливо место. Бог правел нови нешта меѓу тие што не биле
Евреи и Варнава бил во центарот на тие случувања. Сепак,
тој подлабоко размислувал што е најдобро за новата црква,
наместо за својата значајност и сигурност.
Верувајќи дека црквата има потреба од чудесните дарови на
Павле, Варнава, по цена на голема лична жртва, отпатувал во
градот Тарс за да го најде Павле и да го покани да поучува во
Антиохија. Ова значи дека Варнава ќе ја сподели улогата на
учител и водач со Павле, кој имал повеќе дарови. Варнава го
поттурнал Павле пред себе и подоцна Павле станал попознат
од нив двајцата. Како што вешто забележал еден проповедник,
„Варнава не ја монополизирал службата“. Не морал да ја врши
целата служба за да ја добие сета слава. Варнава не бил во
потрага по престол; туку миел нозе (Јн. 13:14). Ги подигал
луѓето, а не ги ограничувал (Дела 11:19-24). Тој давал, а не
земал. Неговата љубов била „давање на мноштвото“, а не
„земање од мноштвото“.5
Варнава бил вистински љубезен христијански водач и
учител. Не бил љубоморен на Павле, ниту пак се фалел со
својот статус на апостол или со својата духовност. Не бил
арогантен, непристоен, себичен, туку се давал себеси за
доброто на другите. Не е чудно што луѓето го нарекувале
„син на утехата“ (Дела 4:36; 11:23). Го илустрирал мотото:
„Прекрасни работи се случуваат кога не ти е важно кој ќе
биде заслужен.“
5 I. Howard Marshall, The Epistles of John, NICNT (Grand Rapids, Mich.:
Eerdmans, 1978), 126.
Не го бара своето или не се раздразнува  75

Прекрасни работи се случуваа во црквата во Антиохија


преку Варнава и Павле – и продолжиле да се случуваат во
црквата денес – поради несебичните учители и водачи.
Модерен Варнава е Џон Стот, поранешен ректор на Црквата
Ол Соулс во Лондон, хонорарен капелан на Кралицата на
Англија и автор на многу одлични библиски коментари. Еден
професор по мисија, раскажува дека додека одел на аеродром,
видел еден постар маж како седи во аеродромската капела со
голем куп писма крај него и пишува. Тоа бил Џон Стот. Како
љубезен пастир, Стот им пишувал и охрабрувал многу луѓе,
особено младите. И како Варнава, Џон Стот е многу познат
како милостив слуга на Бог, кој го споделува своето учење и
служба со другите.6 Понизното срце на Стот е прикажано од
страна на еден запис, даден од неговите латинскоамерикански
колеги, кои му преведувале од шпански јазик за време на
неговиот говор во Куба:

„...Откако ги завршив петте дена на преведување (за


Џон Стот), тој ме покани да одиме и да набљудуваме
птици, но јас се разболев. Каква привилегија беше да те
нахрани, згрижи, да се моли за тебе, да ти угоди и да ти
служи со предаденост. Имав чувство дека собарките од
хотелот помислија дека се работи за некоја многу важна
личност, бидејќи за мене се грижеше еден исклучителен
белец, англосаксонски џентлмен – нешто што никогаш
порано не виделе.“7

Љубезните водачи и учители, без разлика дали станува


збор за учители од неделното училиште или мисионери
евангелизатори, несебично даваат од своето време, енергија и
имот за помагање на луѓето. Се ставаат во служба на другите, ги
досегнуваат луѓето во потреба, не мислат на себеси и комплетно
се одрекуваат од себеси. Не си припаѓаат на себе и не се грижат

6 Timothy Dudley-Smith, John Stott: A Global Ministry (Leicester, England:


InterVarsity, 2001), 21.
7 Исто, 454.
76 Водство со љубов

дали некој се однесувал лошо кон нив; не се грижат дали ќе им


се врати даденото или дали ќе им се заблагодарат соодветно.
Тоа се Божји луѓе, кои не гледаат на своите лични интереси
туку на интересите на другите (Флп. 2:4).

Љубовта не се раздразнува
Значајниот квалитет на љубовта е тоа што не се раздразнува
лесно во емоционална состојба на гнев. „Не се иритира.“ Ова
е значајна практична доблест за водачот. Водачите треба да се
справат со многу тешки ситуации. Секогаш ќе има доволно оган
за провокација на гнев кај водачот, иритираност, напаѓање,
горчина и лутина. Затоа, една од библиските карактеристики
на старешина е да не биде „гневлив“ (Тит 1:7). Пастирите не
може да ги удираат или убиваат овците ако се лути.
Ова не значи дека некои никогаш нема да се разгневат
или иритираат од луѓето. Библијата не вели дека љубовта не
се гневи; вели дека љубовта не се раздразнува лесно во гнев
или иритација. Постои праведен, контролиран гнев, мотивиран
од љубов и спротивен на злото и лажната слика, којашто
бесчувствително ги уништува луѓето.8 Но, љубовта не се
раздразнува на деструктивен начин заради погрешни мотиви.

Срцето на човекот е премногу наклонето кон


непотребен и грешен гнев, природно полно со гордост
и себичност.
– Јонатан Едвардс

„Срцето на човекот“, вели Јонатан Едвардс, „е премногу


наклонето кон непотребен и грешен гнев, природно полно со
гордост и себичност“.9 Овој гнев е неспоив со љубовта.

8 Бро. 16:15; Пс. 7:11; Нау 1:2, 6; Јвн 2:13-17; Еф. 4:26.
9 Jonathan Edwards, Charity and Its Fruits (1852; reprint ed., Edinburgh: Banner
of Truth, 1978), 201.
Не го бара своето или не се раздразнува  77

Универзитетски професор раскажува приказна за еден


пастор во ресторан, кога случајно келнерката истурила вода
врз костумот на пасторот. Пасторот гневно се истурил врз
келнерката, за целото свое незадоволство. Откако се средил,
професорот се наведнал и му шепнал на пасторот: „Можеби
треба да ѝ сведочиме за љубовта на Христос“. Пасторот ја
разбра пораката.
Љубезното срце (како Христос), веднаш би осетило
сочувство за келнерката и би помислило повеќе за нејзините
чувства отколку за земскиот костум. Би побарал начин да ја
смири тензијата и да ја минимизира ситуацијата, како и да ја
увери келнерката. Инцидентот може лесно да се претвори во
позитивно сведоштво за Христос. Наместо тоа, пасторот мислел
само на себеси и на својот костум. Тој лесно се испровоцирал.
Вон црквата, таквите водачи даваат погрешна слика за
Христос и погрешна слика за Неговиот народ во светот. А
во црквата, лесно се гледа на кој начин оние што лесно се
провоцираат на гнев, без внимание ги плашат, повредуваат и
делат луѓето. Го покануваат и ставаат акцент на конфликтот.
Гневните луѓе не се фокусираат на другите туку на своите
лични емоционални потреби. Кога водачите се гневни,
проблемите се зголемуваат, недоволната комуникација и
недоразбирањето изобилуваат, а објективноста и разумот
исчезнуваат. Кога владее гнев, малите проблеми стануваат
големи експлозии што можат да ја разнесат црквата на
парчиња. Уверен сум дека повеќе штета во нашите цркви
прави неконтролираниот гнев отколку подготвеноста да
го признаеме истиот. Тоа е голем проблем.
Ѓаволот е мајстор за употреба на гневот за рушење на црквите
и семејствата, и тој често може да ги провоцира побожните
водачи да прават деструктивни работи на другите. Никој од
нас не е имун да ги повредува луѓето со гнев. Хенри Друмонд
проникливо забележал дека гневот е „порок на доблесните“.
Размисли колку брзо го минимизираме и оправдуваме нашиот
излив на гнев кон другите.
78 Водство со љубов

Се стремиме да гледаме на лошиот темперамент како на


безопасна слабост... И сепак тука, право во срцето на оваа
анализа на љубовта, тој го наоѓа местото, а Библијата повторно
и повторно се враќа да го осуди како еден од најдеструктивните
елементи во човековата природа.
Посебноста на болниот темперамент е дека се работи
за порок на доблесните. Тоа е често една дамка на
инаку благородниот карактер. Знаеш за луѓе кои се сè,
освен совршени, и жени кои би биле целосно совршени, но
лесно се вознемируваат, брзи се на гнев или со „осетлива“
душевна состојба. Компатибилноста на болниот карактер со
високо моралниот карактер е една од најчудните и најтажните
проблеми на етиката10 (курзивот е додаден).

Како христијани, кога се соочуваме со конфликт и болка


во врската, треба да сме контролирани од Духот и да
имаме самоконтрола (Гал. 5:22-23). Гневот вон контрола е
работа на телото и на ѓаволот (Гал. 5:19-20; Еф. 4:30-32).
Има една стара поговорка дека, кога ќе ја истуриш вазната,
она што е внатре ќе излезе надвор. Кога се справуваш со
некого кој е непријатен или бесчувствителен или кој ги
гледа работите поинаку од тебе, што е она што излегува
од тебе? Сфати си го ова сериозно пред Господ и чувај
се себеси од секакво самооправдување.11 Словото вели:
„секој човек да биде... бавен на гнев, зашто човечкиот
гнев не создава правда пред Бога“ (Јаков 1:19-20).

10 Henry Drummond, The Greatest Thing in the World (1874, reprint ed.,
Burlington, Ont.: Inspirational Promotions, n.d.), 21-22.
11 Јонатан Едвардс забележува: „Луѓето често (по навика) изразуваат
предаденост за религијата, за должноста, за слава на Бог, додека
како причина за индигнација се јавува загрозувањето и доведувањето
во прашање на нивниот личен интерес. Значајно е како луѓето се
претставуваат, како да се ревносни за Бог и за праведноста, во случаи
кога тоа оди во корист на нивната чест, волја или интерес, а глумењето
се сведува на повредување на другите или приговарање“(Edwards, Charity
and Its Fruits, 198).
Не го бара своето или не се раздразнува  79

Љубовта е милостива и не се раздразнува


Љубезните водачи не се иритираат секогаш од страна на малите
несогласувања или фрустрации. Причината за ова е, како што
веќе видовме, дека љубовта долго трпи. Љубовта долго трпи со
грешките предизвикани од другите. Оние кои го контролираат
својот гнев, ги контролираат потенцијално експлозивните
ситуации и донесуваат исцелување на оштетените емоции:
„Стрпливиот ја стивнува расправата“ (Изр. 15:18).
Мартин Лојд Џонс ни зборува како Хадсон Тејлор бил бавен
на гнев и не се раздразнувал лесно. Во Кина, стоејќи на брегот
на големата река, Хадсон Тејлор повикал чамец за да премине
на другата страна. Додека чамецот пристигнувал на брегот, еден
богат Kинез дошол зад Тејлор со трчање, за да влезе во чамецот.
Човекот го турнал Хадсон Тејлор со таква сила, така што овој
паднал во калта. Застрашен од таквата глетка, чамџијата одбил
да му дозволи на богатиот да се качи во чамецот, бидејќи Тејлор
бил прв кој ја повикал оваа служба и бил странец кој според
кинеските обичаи, заслужил да биде третиран со почит. Бога-
тиот не сфатил дека Хадсон Тејлор бил странец, бидејќи но-
сел кинеска облека. Кога сфатил што направил, тој веднаш се
извинил. Хадсон Тејлор не реагирал со иритација или со гнев;
туку тој љубезно го поканил човекот со него во чамецот и му
сведочел за Христовата љубов.12 Тој одговорил на провокатив-
ната ситуација според „повозвишениот пат“.

12 D. Martyn Lloyd-Jones, Studies in the Sermon on the Mount, 2 vols. (Grand


Rapids, Mich.: Eerdmans, 1971), 1:281-82.
Глава 8

Не држи сметка за зло или не


ѝ се радува на неправдата

Не држи сметка за зло; не ѝ се радува на


неправдата, а ѝ се радува на вистината
1 Кор. 13:5-6

И покрај љубезниот карактер на Р. Ц. Чепмен, постоеле луѓе


кои го презирале. Еден маалски бакал во градот Барнстепл,
на пример, многу се вознемирил од јавното проповедање на
Чепмен, така што еднаш го плукнал! Многу години потоа,
бакалот продолжи да го критикува и јавно да прави пречки
за време на Чепменовите проповеди на отворено. Чепмен
продолжи со својата служба и кога ќе се укажела можност,
посегнувал да го благослови бакалот.
Можноста се појавила кога еден од богатите роднини на г-н
Чепмен дошол да го посети. Посетата била многу повеќе од
повик за дружење. Роднината сакал да ја види Чепменовата
служба на гостољубивост и евангелизирање на сиромашните.
По информативната посета, роднината прашал дали може да
купат намирници за службата. Г-н Чепмен со радост се сложил,
но тој инсистирал намирниците да се купат во одредена
бакалница – онаа што толку енергично го клеветеше.
Несвесен за претходната интеракција помеѓу бакалот
и Чепмен, роднината отишол каде што бил упатен. Избрал
и платил за големо количество храна, а потоа му кажал на
бакалот да му ја достави на Роберт Чепмен. Зачудениот бакал
му кажал на посетителот дека веројатно дошол во погрешен
Не држи сметка за зло или не ѝ се радува на неправдата  81

дуќан, но посетителот му објаснил дека Чепмен го испратил


специјално во тој дуќан. Наскоро бакалот пристигнал дома кај
г-н Чепмен, каде што се скршил во солзи и побарал прошка.
Истиот ден, бакалот го предаде својот живот на Христос!
„Да простиш без прекор, со поведение или поглед“, напишал
Роберт Чепмен, „е возвишено вежбање на благодатта – тоа е
имитација на Христос“.1

Љубовта не држи сметка за зло или не


бара освета
Друг благороден, откупувачки карактер на љубовта е дека
не држи сметка за зло. Буквалниот превод е дека љубовта
„не го брои злото“. Коментаторот Давид Гарланд го објаснува
замисленото значење на овие зборови: „Љубовта не ги чува
книгите на злото... Сликата е да го памтиш лошото со цел да
ја наплатиш повредата“.2 Љубовта не држи сметка за зло или
не бара освета. Не постои „приватна фиока на личните навреди
што ќе се советуваат и негуваат секогаш кога има можност за
ново омаловажување.3
Џеј Адамс, христијански советник и автор на бројни книги
за советување, ја поврзува приказната за еден вознемирен
пар, што посетиле некој христијански советник за да побараат
помош. Лекарот на жената ѝ советувал да посети советник,
бидејќи добила чир без некоја физичка причина.

Ако уживаме во негување на старите рани, ќе бидеме


обземени од горчината.

1 Robert L. Peterson and Alexander Strauch, Agape Leadership: Lessons in


Spiritual Leadership from the Life of R. C. Chapman (Littleton, Colo.: Lewis
& Roth, 1991), 39.
2 David E. Garland, 1 Corinthians, BECNT (Grand Rapids, Mich.: Baker, 2003),
618-19.
3 D. A. Carson, Showing the Spirit: A Theological Exposition of 1 Corinthians
12–14 (Grand Rapids, Mich.: Baker, 1987), 62.
82 Водство со љубов

За време на сесијата, жената тресна еден ракопис на масата на


советникот, „2,5 см дебел, двострано исчукан... тринаесетгодишен
запис на грешките што сопругот ѝ ги направил“.4
Советникот можел веднаш да види дека лутината на жената
од мноштвото грешки на сопругот и нејзината прецизна
документација за истите, предизвикале горчина во неа.
Чувањето запис од грешките на сопругот само го зголемиле
проблемот до точка на физичка болест на жената. Така,
советникот мудро ја потсетил на 1 Коринќани 13, нагласувајќи
го следното: Љубовта не чува записи на сите грешки што
предизвикале страдање на еден од рацете на другиот.
Слободата да не се чуваат записи на погрешните страдања
е витално за љубовта. Сите сме биле повредени од зло,
предизвикано од другите. Сме морале да се бориме со
простувањето. Сите сме требале да се ослободиме од лоши
сеќавања и да се откажеме од секаква желба за освета, со
цел да се помириме со оние кои нè повредиле. Не постои друг
начин да живееме среќно, заеднички во брак или со другите
верници од локалната црква без овој квалитет на љубовта.
Ако одбиеме да се ослободиме од емоционалните повреди,
ако уживаме да ги негуваме старите рани, ако чувствуваме
должност да се осветиме на нашите непријатели, ќе бидеме
обземени од горчината, гневот и непростувањето. Ќе бидеме
мизерен пример и неефективни водачи за Христос.

Љубовта простува

Сите истакнати божји луѓе низ вековите, страдале од ужасна


неправда и критицизам, а сепак ја искористиле можноста да
станат луѓе што простуваат, наместо огорчени луѓе. Не постои
изговор за враќање зло со зло или за уништување на животот на
некого друг (Рим. 12:21). Повредата значи можност да се вежба
„новата заповед“ за чекорење по кралскиот пат на љубовта,
да го храниш и се грижиш за својот непријател, да „натрупаш
4 Jay E. Adams, Christian Living in the Home (Grand Rapids, Mich.: Baker,
1972), 33.
Не држи сметка за зло или не ѝ се радува на неправдата  83

жар на неговата глава“, да го „победиш злото со добро“ (Рим.


12:14; 19-21). Тоа е можност да се страда заради Господ и да
се имитира Божјата љубов на простување: „Проштавајќи си
еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа... И така,
угледајте се на Бога, како возљубени деца, и одете во љубов,
како што и Христос ве љубеше вас“ (Еф. 4:32-5:2).
Каква моќна сила е љубовта што го победува злото, ги
покрива болните сеќавања, простува, заборава на одмазда и ја
заробува огорченоста. Љубовта, пишува Луис Смидс:

„Не мора да ги расчисти сите недоразбирања. Во нејзината


сила, деталите од минатото стануваат неважни... Сметките
може да не се расчистат; разликите да останат нерешени;
извештаите да останат неизбалансирани. Конфликтите
во умовите на луѓето, за тоа како настанале нештата, не
се расчистени; минатото останува заплетено... Љубовта
повеќе сака да ги завитка сите отпуштени краеви на
минатите добра и лошотии во прегратката на простувањето,
и да ги турне во нов почеток... (Движењето) кон животот
во помирување е една од најтешките работи коишто треба
да ги направи секое човечко битие. Љубовта е силата да
го направи тоа.“5

Да се избере патот на љубовта не значи да се нема


болка за емоционалната неправда или борбата со гневот и
лошите сеќавања. Ние чувствуваме болка. Меѓутоа, изборот
на „повозвишениот пат“ значи дека бараме, преку силата и
со помош на Светиот Дух во нас, да се справиме чесно со
нашите емоционални рани. Им простуваме на другите како
што ни било простено и нам многупати од Христос. Бараме
да ја разбереме личноста која нè повредила и да признаеме и
дека ние сме правеле исто на другите. Ги исповедаме нашите
лоши ставови, самосожалувањето и непростувачкото срце.
Ги гледаме работите од Божја перспектива и одбиваме да
5 Lewis Smedes, Love within Limits: Realizing Selfless Love in a Selfish
World (Grand Rapids, Mich.: Eerdmans, 1978), 78-79.
84 Водство со љубов

продолжиме со караницата. Се молиме и одиме кај личноста


да бараме вистинска обнова и исцелување.
Словото дава многу примери за силата на љубов, која
простува. Кога Давид слушнал дека царот Саул, кој многупати
се обидел да го убие, умрел во битка, „И тажеа, плачеа и
постеа до вечерта за Саула и за неговиот син Јонатан“ (2 Сам.
1:12). Давид не воскликнувал врз смртта на Саул, иако многу
луѓе на негова позиција би играле од радост. На крстот Исус
се молел: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!“ (Лк.
23:34) И Стефан, првиот христијански маченик, исто така се
молел за прошка за неговите џелати: „Господи, не земај им го
ова за грев!“ (Дела 7:60)
Други верници продолжуваат да даваат добри примери за
силата на љубовта којашто простува. Откако Џим Елиот и
неговите четири придружници (Пит Флеминг, Роџер Јудериан,
Ед Меккали и Нет Сент) биле убиени од страна на Индијанците
Аука во амазонската џунгла на источен Еквадор, неговата жена
Елизабет и четирите други жени не помислија на освета туку
на љубов и простување. Репортерот кој сведочел за нивната
реакција, ја дал следнава изјава на вестите:

„Вдовиците веруваа дека смртта на нивните мажи не била


безначајна трагедија што се јавува многу често. Ниту една
мисла на освета не помина во нивните мисли; Напротив,
тие почувствуваа дека постои итна потреба да се донесе
пораката на љубовта и откупувањето кај Ауките.“6

Подоцна Елизабет Елиот напиша:

„Имам сè повеќе лична желба да ги допрам. Фактот дека


Исус Христос умрел за целото човештво, ми дава интерес
за спасение на сите, но фактот дека Џим ги љубеше и умре
за Ауките, само ја интензивира мојата љубов за нив.“7
6 Elisabeth Elliot, The Savage My Kinsman (Ann Arbor, Mich.: Servant Books,
1981), 6.
7 Исто, 9.
Не држи сметка за зло или не ѝ се радува на неправдата  85

Скоро три години по смртта на петте млади мисионери,


Елизабет Елиот и Рахела Сент се преселиле во едно село кај
Ауките – тоа се првите странци што некогаш живееле меѓу
овие луѓе. Жените станале пријатели и гласници на евангелието
со секого од мажите кои ги убиле нивните мажи. Денес, како
резултат на овие први средби и работата на подоцнежните
мисионери, Новиот завет е преведен и црквата е воспоставена. Тоа
е извонредна приказна на христијанската љубов и простување.
Клара Бартон, основачот на Американскиот црвен крст,
позната како „ангелот од бојното поле“, била извонредна жена
со лавовско срце, храброст и првокласен карактер. Како и секоја
истакната личност, таа била критикувана. Кога пријателката ја
потсетила Клара за нечија критика во врска со нејзината работа,
Клара не можела да се сети на тоа. Изненадена, пријателката
рекла: „Ти не се сеќаваш?“ Клара одговорила обично: „Не,
јасно се сеќавам дека го простив тоа“. Љубовта ја прави поен-
тата на заборавање на претрпените грешки.
Еден афроамерикански евангелизатор и социјален
реформатор Џон Перкинс, известува како тој и други
пријатели биле претепани скоро до смрт и мачени во затворот
во Мисисипи, заради обидот да им помогнат на Црнците да
стекнат социјална еднаквост и економска независност. Со
часови, на крајот, тој бил брутално клоцан и газен, удиран со
кожен пендрек и палка, сè додека не паднал крвав во несвест.
Опиените полицајци држеле празен пиштол на неговата глава,
и со подбив притискале на орозот. Еден полицаец му втерал
вилушка под грлото. Тие целосно ја испразниле омразата
врз него. По две години, Џон се опоравувал од операција на
стомакот. Тој сè уште чекал на одлуката на судот, но како што
лежел во креветот, се потсетил на страдањето што го доживеал
и што Бог од него барал. Напишал:

„Започнав вчудовидено да гледам како омразата може да


ме уништи – да ме уништи поразорно и побргу од кое било
уништување што можам да им го донесам на оние кои ми
згрешија. Можам да се обидам и да возвратам, како што
86 Водство со љубов

би направиле многумина од моите браќа. Но ако го сторам


тоа, како ќе се разликувам од оние белци што ме мразат?
И каде ќе ме однесе омразата? Секој може да мрази.
Целата работа на мразење и враќање со омраза... тоа го
одржува злобниот круг на расизам да се врти.
Божјиот Дух работи врз мене додека лежам во кревет.
Се создаде слика во моите мисли. Сликата за крстот –
Христос на крстот. Исфрли сè друго од моите мисли.
Исус знаеше што претрпев. Тој разбра. И Тој се
погрижи. Бидејќи Го доживеа тоа врз Себеси!
... И Го молеше Бог да им прости. „Татко, прости им
на овие луѓе, бидејќи не знаат што прават.“
Неговите непријатели го мразеа. Но Исус простуваше.
Не можам да избегам од тоа.
Божјиот Дух продолжи да работи врз мене и во мене
сè додека не кажам со Исус, „Им простувам, исто така“.
Му ветив дека ќе „враќам на злото со добро“, а не со
зло. И ми ја даде љубовта што знаев дека ми е потребна
за да ја исполнам Неговата заповед за мене: „љуби го
својот непријател!“
Поради Христос, Бог лично се сретна со мене и го
исцели моето срце и ум со Својата љубов.
...Божјиот Дух ми помогна навистина да верувам во
она што често го предавав, дека само во љубовта на
Христос постои некаква надеж за мене или за оние за
кои некогаш работев напорно.8

Проживеаниот живот според „повозвишениот пат“ не


чува запис за неправдите и емоционалните повреди. Не
прави планови за освета. Туку, „љубовта е дарежлива во
простувањето“.9 Љубовта простува и ги благословува оние кои ја
предизвикале навредата.
8 John Perkins, Let Justice Roll Down (Glendale, Calif.: Regal Books, 1976),
204-06.
9 W. Graham Scroggie, The Love Life: A Study of 1 Corinthians 13 (London:
Pickering & Inglis, n.d.), 44.
Не држи сметка за зло или не ѝ се радува на неправдата  87

Љубовта не ѝ се радува на неправдата

Осмата и последна негативна изјава дава одличен заклучок:


Љубовта „не ѝ се радува на неправдата“ (1 Кор. 13:6).
Љубовта, пишува Леон Морис, „не ужива во каков било вид
на зло“.10 Љубовта не може да открие искривено задоволство
во неправдата или неморалот, затоа што таквото однесување ги
повредува луѓето и Го срамоти Бог. Љубовта нема да сочувствува
со нешто што е неправедно. Луѓето кои го практикуваат
„повозвишениот пат“ на љубовта се „отстрануваат од злото,
прилепувајќи се кон доброто!“ (Рим. 12:9)
Во секуларниот свет, кој често вели: „злото го нарекуваат
добро, а доброто зло“ (Иса. 5:20), за жал, има голема радост
и одобрување за неправедноста (Рим. 1:32). Но, зачудува
колку длабоко „религиозните“ луѓе можат многу да уживаат
во грешењето. Оние кои ги планираа нападите на Светскиот
трговски центар во Њујорк, на 11 септември 2001, кои убија и
преплашија илјадници невини луѓе, уживаа во својата мисија на
смртта. Низ светот многумина танцуваа со нескриена радост,
додека други се радуваа потајно. Во името на Бог и религијата,
луѓето можат да лажат, убиваат и да водат војна.
Некои библиски христијани исто така се радуваат на
неправдата. Еден евангелски пастор, на пример, радосно
од говорницата објавил дека еден брат во Христос, кој се
спротивставувал на неговата служба, одеднаш умрел. Тој
изјавил дека смртта на човекот е Божја казна. Една ѓаконица
им зборувала восхитено на своите пријатели за нејзиниот успех
во изгонувањето на четири различни пастори со телефонски
повици и писмени кампањи. Еден старешина се фалел како
уживал во добрата кавга и понижување на својот пастор и
во рушење на неговите планови за црквата. Еден пастор се
радувал кога слушнал за несреќите на луѓето кои ја напуштиле
црквата. Овие „малигни радости“, во голема мера Го жалостат

10 Leon Morris, The First Epistle of Paul to the Corinthians, TNTC (Grand
Rapids, Mich.: Eerdmans, 1958), 185.
88 Водство со љубов

Светиот Дух на Бог (Еф. 4:30). Тоа сигурно не се однесувања


на оние кои чекорат според „повозвишениот пат“ на љубовта.

„Добар показател за нечиј карактер е тоа во што


тој ужива.“
-В. Грејм Скорги

Скроги е многу перцептивен кога вели: „Кога човек се радува,


тоа е правилен тест на неговиот карактер. Да се радуваш кога
преовладува злото или да се радуваш во несреќите на другите
е индикатор на големата морална деградација.“11
Љубезните луѓе не уживаат во чувствата на супериорност
врз другите. Не се радуваат во сочните озборувања ниту
пак наоѓаат задоволство во слушање за валканите гревови и
падот на христијанските водачи кои не им се допаѓаат. Не се
радуваат на скандалите во деноминациите каде што припаѓале,
ниту пак наоѓаат задоволство во фактот дека луѓето кои ја
напуштиле црквата ги следи несреќа. Не може да им биде
добро кога земјотрес ќе го погоди народот што го презираат и
ќе предизвика смрт на илјадници. Не уживаат во публицитетот
на откажување или критикување на неуспесите и грешките на
другите христијани. И ако се принудени да ги изложат и да
се соочат со своите грешки, ќе го направат тоа со сочувство и
автентична тага во срцето.
Љубезните водачи чекорат по примерот на Јов и Давид. Јов
бил љубезен старешина на заедница, кој чесно можел да им
каже на неговите клеветници: „Зар се зарадував на неволјите
на непријателите и ликував кога ги снајде зло“ (Јов 31:29).
Давид не се радувал во поразот на својот одмаздник. Одбил да
се радува над можностите да го убие Саул, неговиот смртен
непријател (1 Сам. 24:1-7). Имал повеќе можности кога можел
лесно да го убие царот, а му го поштедил животот. Дури и Саул

11 Scroggie, The Love Life, 45.


Не држи сметка за зло или не ѝ се радува на неправдата  89

бил принуден да му признае на Давид: „Поправеден си од мене,


зашто ти ми направи мене добро, а јас ти направив тебе зло“
(1 Сам. 24:17). Саул никогаш не ја разбрал извонредната љубов
на Давид за него и неговото семејство. Штета, љубоморните
водачи не им даваат на луѓето надомест за сомнежот и немаат
навика да размислуваат најдобро за другите.

Љубовта ѝ се радува на вистината

Кон последната негативна изјава, љубовта „не ѝ се радува на


неправдата“, Павле додава позитивен дел: Љубовта „ѝ се радува
на вистината“. Љубезното срце е тажно кога се греши, бидејќи
тоа ги уништува луѓето и не Му угодува на Бог. Но вистината
има само еден спротивен ефект – предизвикува љубовна песна
за радост како утринска птица во летен ден. Љубовта брзо го
препознава однесувањето и ставовите според вистината, и ѝ
причинува големо задоволство кога вистината преовладува.
Во овој контекст, зборот вистина се употребува како чувство
на праведно однесување или принципи на делување, соодветни
на вистината на пораката на Евангелието. Павле зборува не за
апстрактна „вистина“ туку за вистина во практичните резултати
на праведното живеење. Вистината и праведноста се заедно
сплотени во христијанската вера. Љубовта ѝ аплаудира на сета
доблест и милосливост, без разлика дали личноста е верник или
неверник. Се радува на светиот карактер, праведното однесување,
интегритетот и растежот во Христос. „Личноста полна со
христијанска љубов се придружува во радоста од страна на
однесувањето и го отсликува Евангелието – за секоја извојувана
победа, секое простување што се нуди и секој чин на љубезност.“12
Водачите и учителите кои ги љубат луѓето ќе ви кажат
дека најголем восхит е да ги видат оние кои ги водат како
растат во верата и во животите на послушност кон Христос. Се
сеќавам еднаш додека седев со една група колеги, христијански
професори и учители во едно кафуле и ги слушав како
12 Gordon D. Fee, The First Epistle to the Corinthians, NICNT (Grand Rapids,
Mich.: Eerdmans, 1987), 639.
90 Водство со љубов

зборуваат, се радуваа на напредокот во животите на своите


студенти како да зборуваа за нивниот тим што победил на
светското фудбалско првенство. Да ги гледаш студентите како
живеат според вистината, за нив претставуваше радост.
Таткото на изгубениот син се веселел со голема радост за
искреното појакание и враќање дома на неговиот син (Лк.
15:11-32). Лука запишал:

„И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде...


па се растрча и му се фрли на вратот и го целиваше.
Но таткото им рече на своите слуги: ’Бргу, донесете ја
најубавата облека, и облечете го, и ставете му прстен на
раката, и обувки на нозете. Дотерајте го згоеното теле и
заколете го, да јадеме и да се веселиме‘“ (Лк. 15:20-23).

Меѓутоа, постариот брат на изгубениот син не се радувал за


покајанието на брата си и за неговото доаѓање дома, бидејќи ја
немал Божјата љубов во неговото срце. Полн со самоправедност,
„се налути и не сакаше да влезе“ на прославата за враќањето
на брат му. Тој ќе се израдувал доколку слушнел нешто лошо
за брат му или можеби за неговата смрт.
Нежното срце на Павле се радувало за сите правилни и
добри работи што ги правеле Коринќаните, без разлика на
нивните многубројни пропусти (1 Кор. 1:4-8; 11:2). Не ликувал
во себе за Божјата дисциплина за некои од Коринќаните, кои не
ги слушале неговите совети (1 Кор. 11:30). Нивните страдања
не го исполнувале или самооправдувале. Можел да се радува
само за покајанието, помирувањето, исцелувањето, побожноста
и победата врз ѓаволот. Да ги гледа своите преобратеници како
растат во љубов и чекорат во свето однесување, го исполнувало
неговото срце.
Јован се радувал за брат му по име Гај, кој живеел
христијански живот според вистината:

„Имено, многу се зарадував кога дојдоа браќата и


посведочија за твојата вистина, како ти одиш во вистина.
Не држи сметка за зло или не ѝ се радува на неправдата  91

За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите


деца одат во вистина. Возљубен мој, постапуваш верно во
сè што правиш за браќата, и тоа за туѓинците, кои пред
црквата ја посведочија твојата љубов.“ (3 Јн. 3-6; 2 Јн. 4)

Доказот дека Гај чекорел во вистината била љубезната


гостољубивост што ја покажувал кон христијаните кои
патувале, мнозина од нив биле патувачки евангелизатори и
учители (3 Јн. 5-8). Јован имал голема радост да слуша дека
Гај бил љубезен, дарежлив и несебичен.
Радувањето во вистината, а не во грешките, е живот според
„повозвишениот пат“ на љубовта.
Глава 9

Сè премолчува, сè верува,
на сè се надева, сè трпи

Љубовта сè премолчува, сè верува,


на сè се надева, сè трпи
1 Кор. 13:7

Љубовта е истрајна. Читав една приказна за еден млад


криминалец кој постојано влегувал во неволја со полицијата
за дрога и крадење. Бил уапсен и затворан неколку пати и на
крајот бил испратен во затвор на доживотна казна. По кратко
време во затворот, бил заборавен од неговите пријатели, па
дури и од татко му. Вон ѕидините на затворската ќелија, освен
за една личност, тој бил заборавено човечко суштество. Секоја
недела мајка му ќе фатела автобус и патувала седум часа за
да го посети во затворот. По неколку часа по посетата, ќе се
качела на автобус за да се врати дома. Скоро секојдневно му
пишувала писма и често испраќала книги и лични предмети што
биле дозволени од затворските службеници. Ниту далечината,
затворските ѕидини, парите или времето не можеле да ја
спречат да го љуби и посетува својот син.
Некои луѓе мислат дека љубезните луѓе се слаби или се
безрбетници. Но тоа е далеку од вистината. Нељубезните луѓе
се слаби бидејќи се контролирани од нивната ништожност,
себецентрични желби. Исус бил најљубезната личност која
некогаш постоела и не бил слабак. Го дал Својот живот за да
ги спаси другите. Павловата постојана грижа за Коринќаните,
покрај сета душевна болка, не предизвикала кај него
демонстрација на слабост, туку на голема сила и издржливост.
Сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи  93

Истрајната моќ на љубовта

Павле ги заклучува и сумира описите на љубовта со четири


кратки позитивни реченици што ни појаснуваат што е љубовта.1
Љубовта сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.

Сè премолчува

Љубовта сè премолчува2 под тешкиот товар на животните


проблеми и страдања. Стои непоколебливо и останува силна
без разлика на отпорот, одрекувањето и тешката работа.

Љубезните водачи истрајуваат и не се предаваат така


лесно или не се распаѓаат под притисок.

Љубовта е храбра. Може да понесе огромна тежина, па


затоа љубезните водачи имаат чудесна можност да истрајат
во сите видови страдања и фрустрации за доброто на другите
и Евангелието (1 Кор. 9:12). Тоа е карактерот на сите добри
пастири (Бит. 31:38-40). Тие издржуваат и не се предаваат
лесно или не се распаѓаат под притисок.

Сè верува

Понатаму, Павле ја спомнува верата и надежта поради нивната


поврзаност со премолчувањето и трпењето на сè и сешто. Верата
и надежта се компоненти на љубовта, коишто ѝ овозможуваат да
издржува во тешкотија и да премолчува под тешките бремиња

1 Секој од четирите глаголи, како што кажува грчкиот збор πάντα, го


содржи предметот „сè“. Меѓутоа, акузативниот пример овде „стои речиси
во облик на прилог“: „секогаш“ или „во сè“ (BDAG, s.v. pas, 783).
2 Грчкиот глагол στέγω може да значи: (1) „покрива“, како покривање на
грешките еден на друг или (2) „премолчува сè под тешкотија“. Можни
се и двете значења; меѓутоа, последното се однесува на пишувањето на
Павле (1 Кор. 9:12; 1 Сол. 3:1, 5) и најмногу одговара.
94 Водство со љубов

на животот. Во справување со саканите, љубовта не се сомнева


или не е цинична, туку е отворена и благопријатно наклонета
кон нив. Бара да ја разбере секоја личност во најдобро светло,
со разбирање на сложеноста на животот. Верува дека луѓето
можат да се сменат и подобрат. Ја бара нивната вредност,
потенцијал и идни можности. „Ги проучува мотивите и ги прави
сите можни дозволувања“3, вели Скроги. Не се плаши да погре-
ши или да се засрами пред другите.
Тоа не значи дека љубовта е лековерна или слепа, бидејќи би
станало збор за лажна вера. Се подразбира, иако не го вели тоа
директно, дека љубовта не верува во лаги. Исусовото справување
со дванаесеттемина, со нивните слабости и неуспеси, ја
демонстрира Христоликата љубов што верува и на сè се надева.
Љубовта, исто така, има доверба во Бог и во Неговото Слово,
и тоа ја прави сета разлика во нејзиниот поглед и одговор кон
луѓето и тешките проблеми. Верата ги гледа луѓето и животот
преку објективот на Божјите суверени цели за Неговиот народ.
Верата почива сигурна дека „сите работи содејствуваат за
добро“ на оние кои Го љубат Бога (Рим. 8:28). Верува дека
ништо не може да нè „оддели од Божјата љубов, којашто е во
Христа Исуса, нашиот Господ“ (Рим. 8:39); „Оној Кој го почна
доброто дело во вас, ќе го доврши до Денот на Христа Исуса“
(Флп. 1:6) и ништо не е невозможно за Бог.

На сè се надева

Другата главна состојка на љубовта е надежта. Ситуацијата во


црквата во Коринт била за никаде, но Павле не се откажал. Не
очајувал. Не се повлекувал од нив во фрустрација. Пишувал
писма, ги посетувал, испраќал претставници и се молел. Без
разлика на неговите строги зборови, имал доверба дека на
крајот ќе одговорат соодветно.
Павле ја изразува својата доверба кон нив: „Имам голема
доверба во вас, и многу се фалам со вас; исполнет сум со утеха;
3 W. Graham Scroggie, The Love Life: A Study of 1 Corinthians 13 (London:
Pickering & Inglis, n.d.), 46.
Сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи  95

мошне изобилувам со радост, во сите наши неволји“ (2 Кор.


7:4). „Се радувам што можам во сè да се надевам на вас“ (2
Кор. 7:16; види исто така 1:7; 2:3; 7:4; 14-16; 10:15).
Оваа доверба не е сентиментална желба; тоа е вера во
Божјиот конечен триумф и Божјиот план за Неговиот народ.
Тоа дава реалистичен оптимизам и доверба во иднината и
покрај соочувањето со повторените тешкотии и разочарувања.

Верата во Божјиот конечен триумф и во Божјите добри


намери за Неговиот народ дава реален оптимизам и покрај
соочувањето со повторените тешкотии и разочарувања.

Надежта во Господ и довербата во Неговите сигурни


ветувања му овозможило на Павле да ги стави проблемите
и неуспесите во ветувањето (Гал. 5:10; 2 Сол. 3:4; Фил. 21).

Сè трпи

Овој последен квалитет – издржливоста, сличен е на првиот


„сè премолчува“. Љубовта е силна и истрајна: „Никаква
тешкотија или одбивање не прави љубовта да престане да
биде љубов“.4 Љубовта трае; се држи; издржува соочена со
спротивставување, нељубезност и тешкотија; никогаш не се
предава. Служењето на Христос и на Неговиот народ може
да биде направено без труд и самопожртвуваност. Љубовта ѝ
дава на личноста сила да издржи во сè.
Животот на Мојсеј, најголемиот водач на Израел, покажува
дека љубовта сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.
Четириесет години го водел народот на Израел низ пустината
Синај. Луѓето постојано се жалеле на неговото водство. Лажно
го обвинувале за злоупотреба, неспособност, зли мотиви,
гордост и дури дека се обидел да ги убие нив и нивните деца.
4 C. K. Barrett, A Commentary on the First Epistle to the Corinthians, HNTC
(New York: Harper & Row, 1968), 305.
96 Водство со љубов

Еднаш се подготвиле да го каменуваат до смрт. Еве неколку


примери за нивните обвинувања и поплаки:

•• „Зар немаше гробови во Египет – му рекоа на Мојсеја


– па нè извади да изумреме во пустината? Каква
услуга ни направи што нè изведе од Египет!... ’Пушти
нè! Ќе им служиме на Египќаните!‘“ (Изл. 14:11-12)

•• Целата израелска заедница почна да мрмори во


пустината против Мојсеја и Арона... Нè изведовте во
оваа пустина за да го поморите со глад целово ова
мнозинство!“ (Изл. 16:2-3)

•• Затоа народот почна да се препира со Мојсеја... „Што


да правам со овој народ! – извика Мојсеј кон Господа.
Уште малку па ќе ме каменуваат.“ (Изл. 17:2-4)

•• Нашите жени и деца да станат робови! Зар не ќе ни


биде подобро да се вратиме во Египет?!“ И си велеа
еден на друг: „Да си поставиме водач и да се вратиме
во Египет!“ (Бро. 14:3-4)

•• Зошто нè изведовте од Египет, за да нè доведете во


незгодново место?“ (Бро. 20:5)

Во една пригода, неговиот брат и сестра зборувале лошо


против него (Бро. 12). Рекле: „Зар Господ му зборува само на
Мојсеја? – рекоа. „Зар не ни зборуваше и нам?“ (Бро. 12:2)
Мора да му било особено тешко на Мојсеј кога неговото се-
мејство и најблиските луѓе од доверба го нападнале. Сепак им
простил и се молел за нивна обнова откако Бог им пресуди за
грешните обвиненија.
Еден од најлошите моменти во животот на Мојсеј бил
кога 250 угледни водачи на народот го обвиниле за грешно,
доминантно водство (Бро. 16). Му рекле на Мојсеј и на Арон:
Сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи  97

„Вие ја преминувате мерата!... Зошто тогаш се возвишувате


над Господовото општество!... Зар е малку што нè изведе
од земјата... за да нè погубиш во пустинава; па сакаш
насилно да загосподариш над нас? Не нè воведе во земја
во којашто тече мед и млеко.“ (Бро. 16:3. 13-14)

Луѓето целосно го отфрлиле авторитетот на Мојсеј и


назначиле нов водач да ги води назад во Египет (Не. 9:17).
Во овој случај, Мојсеј се молел на Бог да ги казни за нивниот
неморал и Бог го сторил тоа. Нивната казна била праведна и
одамна потребна.
Меѓутоа другпат, Мојсеј се молел Бог да не го уништи
народот. Во четврта прилика, Бог сакал да го уништи сиот
народ поради нивното постојано бунтовништво, но Мојсеј се
молел и застапувал пред Бог да ги поштеди.5 Мојсеј веројатно
можел да помисли на стотици причини за да не се моли за нив,
но како Божји човек, бил способен да се издигне над своите
лични чувства и да се моли за нивна прошка и ослободување.
Само љубовта кон Бог и љубовта кон народот може да
ја објасни воздржаноста кон децата на Израел. Љубовта е
долготрпелива, сè трпи; љубовта на сè верува и љубовта на сè
се надева. Одвреме-навреме, кога изгледало дека е сè изгубено
за народот, Мојсеј верувал, се надевал и трпел. Себичните
водачи од друга страна, се топат како снегулки на топло.
Не истрајуваат.
Најзначајната служба со луѓе е обично долготрајна, но
долготрајната служба е успешна само преку натприродната
сила одозгора, да се издржат сите тешкотии и душевни болки
во животот. Некои мисионери со декади служат во опасни
области каде што проблемите и неуспесите не завршуваат. Како
тие издржуваат? Одговорот е – љубовта за Бог и љубовта за
луѓето. Љубовта ја генерира верата, надежта и издржливоста
да се истрае низ проблемите во животот.

5 Изл. 32:10-14; Бро. 14:12-20; 16:20-22, 41-50.


98 Водство со љубов

Најдобрите работи во светот

Силата на љубовта да издржува (1 Кор. 13:7), води до крајниот


дел од глава 13 (стр. 9-13), каде што Павле дава две од неговите
најпроникливи изјави за христијанската љубов: „Љубовта
никогаш не престанува“ и „А сега остануваат овие три: верата,
надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив“.

Љубовта е вечна
1 Кор. 13:8-12

Во стих 8, Павле пишува: „Љубовта никогаш не престанува“.


Технички, ова не е дел од петнаесетте описи на љубовта во
стиховите 4 до 7. Стихот 8 почнува со еден нов дел што е
спротивен на привремената природа на духовните дарови со
постојаната природа на љубовта. Ова директно го води Павле
кон загриженост за злоупотребата на духовните дарови, без
разлика колку импресивнo важни да изгледаат, еден ден ќе
престанат: „Ако се пророштва – ќе се отстранат; јазици – ќе
замолкнат; ако е знаење – ќе исчезне“ (1 Кор. 13:8). Ќе дојде
ден кога духовните дарови нема повеќе да бидат потребни и ќе
исчезнат. На небото нема да имаме потреба од духовни дарови.

Небото ќе биде дом, исполнет со вечна љубов, бидејќи


Бог е таму, а „Бог е љубов“.

Тие се наменети само за сегашноста. Љубовта, спротивно


на тоа, никогаш нема да престане. Таа е за сега и вечно.
Во завршната глава на Добродетелноста и нејзините
плодови, Јонатан Едвардс го опишува небото како „свет
на света љубов“6 и „рај на љубовта“.7 Небото ќе биде дом,
6 Jonathan Edwards, Charity and Its Fruits (1852; reprint ed., Edinburgh:
Banner of Truth, 1978), 325.
7 Исто, 351.
Сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи  99

засекогаш исполнет со љубов, бидејќи Бог е таму и „Бог е


љубов“ (1 Јн. 4:8).
Кога христијаните се љубат еден со друг, како што правел
Исус, семејството на локалната црква ја навестува славата
на љубезното, небесно постоење. За жал, црквата во Коринт
не ја доживувала небесната љубов. Се карактеризирала
со: ривалство, судски парници, неморал, злоупотреба на
христијанската слобода, неуредно водство, гордост и себична
независност – севкупно неприфатлива евтина презентација на
небесната реалност на љубовта и плодот на Духот.

Љубовта е најголемата доблест


1 Кор. 13:13

Поглавјето завршува со познатите зборови: „А сега


остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта
е најголема од нив“ (1 Кор. 13:13). Секој христијанин не е
надарен со пророштво, зборување јазици или знаење, но секој
христијанин мора да се одликува со вера, надеж и љубов. Ова
тројство на доблести е суштинско за живеење христијански
живот и за созревање на локалната црква (1 Сол. 1:2-3).
Сепак, и меѓу трите суштински доблести на верата, надежта
и љубовта, Павле вели: „најголема од нив е љубовта“. Дали
станува збор за духовни дарови или суштински доблести,
љубовта е најголема! Затоа, секој христијански водач и учител
мора активно и тенденциозно да се „стреми кон љубовта“
(1 Кор. 14:1).

Преглед на карактерот и однесувањето


на љубезниот водач
Применувајќи ги петнаесетте описи на љубовта на Павле,
ние кои го водиме и поучуваме Божјиот народ, треба да се
одликуваме прво со трпение и милосливост, дури и кога ќе ни
згрешат оние на кои им служиме. Комплетната служба треба
да биде карактеризирана со трпеливост и милост.
100 Водство со љубов

Не треба да сме себецентрични водачи кои се завидни на


оние кои се повеќе талентирани или популарни од нас. Ниту
пак треба другите да ги туркаме или да се фалиме со нашите
достигнувања. Најважно, не треба никогаш да бидеме арогантни
и да мислиме на себеси како супериорни во однос на другите.
Треба да бидеме понизни и скромни. Не треба да бидеме
непристојни или со болни манири, туку секогаш тактични и
совесни на соодветната општествена пристојност. Не треба да
бидеме во никој случај саможивци, кои напрвин и главно мислат
на своите интереси и придобивки. Треба да бидеме слуги кои ги
изградуваат другите. Не треба лесно да се провоцираме кон гнев
или иритираме, што може да се одрази негативно на емоциите
на оние кои ги водиме. Треба да сме смирени, бавни на гнев и
никогаш одмаздољубиви. Не треба да задржуваме омраза, туку
да простуваме и да бидеме дарежливи. На крај, не треба да се
радуваме за туѓите грешки, туку да се радуваме на вистината.
Секогаш треба да запаметиме дека љубовта сè премолчува,
сè верува, на сè се надева и сè трпи.

Молба за самоиспитување
Го затворам овој дел со важна лична молба: Немој да ја
употребуваш оваа книга за да им кажеш да луѓето дека немаат
љубов! Некои од најљубезните луѓе кои сум ги сретнал некогаш,
биле погрешно обвинети за немање љубов.
Во Стариот завет, децата на Израел го обвиниле Мојсеј за
доминација врз народот без љубов, иако тој ги спасил нивните
животи од многу настани и целосно се предал да ги води
четириесет години. Вистината е дека децата на Израел биле
тие со недоволно љубов.
Најчесто, луѓето кои велат дека другите немаат љубов,
се всушност тие на кои им недостасува љубов. Мислат дека
новата заповед вели: „Љуби ме или ќе те уништам и тебе и
црквата“. Седат наоколу чекајќи другите луѓе да ги љубат.
Колку е лесно да се види раската од немањето љубов во
другото око, додека не ја гледаме гредата на себецентричност,
Сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи  101

лицемерие и гнев во нашето око (Мт. 7:3-5). Затоа, користи ја


оваа книга да зборуваш за себе. Потруди се да бидеш пример
на љубов за другите, според „повозвишениот пат“. И кога ќе се
појави одредена ситуација што бара да се соочиш со нељубезно
однесување, ќе имаш кредибилитет, како и вештина за соочување,
за да ја „зборуваш вистината во љубов“ (Еф. 4:15).
Ако сме чесни, мора да признаеме дека сите паднавме да
љубиме како што треба. Така, треба да си судиме првин себеси.
Само кога ќе признаеме и ќе се покаеме за сопствените гревови
за немање љубов, може да почнеме да им помагаме на другите
да љубат. Добар начин е да се молиш за нив, бидејќи само Бог
може да ги промени срцата.
Секако, дури и љубезните луѓе прават нељубезни работи
одвреме-навреме. Влегуваат во тешки конфликти и не се она што
треба да бидат. Мартин Лутер, реформаторот од шеснаесеттиот
век, бил несебичен, љубезен човек, но понекогаш можел да биде
остар и непријатен. Единствената совршена љубезна личност за
благодат на оваа земја бил Господ Исус Христос. Останатите
се соочуваме со тешкотија да љубиме како што Тој нè љубел и
да откриеме точно како да љубиме во тешки ситуации.
Трет дел

Делата на милосливиот водач


Глава 10

Изразување љубов
и наклонетост

Ве имам во срцето сите вас... копнеам по сите


вас во чувствителното милосрдие
на Христа Исуса
(Флп. 1:7-8).

Една семејна пријателка посетувала библиска црква, но се


иселила на неколку години. Кога се вратила назад, забележала
прекрасна возбудлива промена. Црквата била сè уште библиска
црква, но со текот на годините пораснала во љубовта. Луѓето
биле попријателски настроени и гостопримливи. Тие се
прегрнувале едни со други, биле повеќе меѓусебно грижливи и
се грижеле за посиромашните членови. Атмосферата на љубов
и наклонетост била очигледна во заедницата воопшто.

Искажување на љубовта
Љубовта во оваа црква била видена во зборови, дела и одрази
на наклонетост. Факт е, љубовта мора да се изрази, таа не
може да се премолчи. Кога Неговиот Син беше на земјата,
Отецот извика од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, во
Кого Ми е милината!“ (Мт. 3:17) Исус вербално ја изразувал
неговата љубов кон Својот Татко и учениците: „Јас Го љубам
Таткото“ (Јн. 14:31); „така и Јас ве возљубив вас“ (Јн. 15:09).
Исус го запраша Симона Петар: „Љубиш ли Ме?“ Трипати
Симон Петар одговори: „Те сакам“ (Јн. 21:15-17).
Изрази на искрена срдечна љубов, како овие наведените, го
поставуваат тонот низ целиот Нов завет.
Изразување љубов и наклонетост  105

Изразување благодарност

Љубезните луѓе се полни со благодарност и ја изразуваат


отворено. Од сите писатели на Новиот завет, Павле најчесто
зборува за неговата љубов кон неговите соработници, и
оние кои се преобратиле. Низ неговите писма, Павле често
изразува наклонетост кон неговите пријатели – соработници
и ја признава нивната служба кон него и кон Бог, за доброто
на Евангелието. Тој не се воздржува од укажување признание
и пофалба. Тој е длабоко благодарен за сите нив и за сè што
тие имале направено.
Во Римјаните 16, има опширен пример на раскошна јавна
пофалба на Павле за личните пријателства и делата на другите:

•• Фива, која е на служба во црквата (Рим. 16:1)

•• Прискила и Акила, кои ги подметнаа своите вратови


за мојот живот (Рим. 16:3-4)

•• Марија, која се трудеше многу за вас (Рим. 16:6)

•• Андроника и Јунија... угледни меѓу апостолите (Рим.


16:7)

•• Амплија, возљубен во Господа (Рим. 16:8)

•• Апелиј, испитаниот во Христа (Рим. 16:10)

•• Трифеана и Трифоса, кои се трудат во Господа (Рим.


16:12)

•• Возљубената Персида, која се трудеше многу во


Господа (Рим. 16:12)

•• Руф, избраниот во Господа (Рим. 16:13)

•• Гај, домаќинот мој, и на целата црква (Рим. 16:23)


106 Водство со љубов

Други писма на Павле обезбедуваат дополнителни примери:

•• Стефановиот дом... (каде што) тие се посветени да им


служат на светите (1 Кор. 16:15)

•• Тихик... верен слуга во Господа (Еф. 6:21)

•• Тимотеј... Вие ја знаете неговата докажана верност


(Флп. 2:19,22)

•• Епафродит, својот брат и соработник и соборец


(Флп. 2:25)

•• Епафрас, наш возљубен сотрудник во службата...


верен Христов служител за вас (Кол. 1:7)

•• Тихик... верен слуга и соработник во Господа (Кол. 4:7)

•• Онасим, верниот и возљубен брат (Кол. 4:9)

•• Епафрас... слуга на Христа Исуса... секогаш се бори


за вас во молитви (Кол. 4:12)

•• Лука, возљубениот лекар (Кол. 4:14)

•• Тит, вистинското чедо на заедничката вера (Тит 1:3)

•• Филимон, нашиот возљубен соработник... ги освежи


срцата на светиите (Фил. 1:1,7)

Бог е вербален и Тој нè создал нас да бидеме вербални


суштества. Па во нашата служба, ние мора да научиме да бидеме
великодушни со нашите зборови за пофалба и благодарност.
Треба со луѓето да се сподели сознанието дека сме Му благодарни
на Бог за нив. Не треба да бидат оставени сами да погодуваат
што ние мислиме. Треба да го слушнат тоа од нас.
Изразување љубов и наклонетост  107

Водачите кои зборуваат само кога имаат да кажат нешто


негативно или кога нешто не одобруваат, не се ефективни. Луѓето
имаат потреба да слушнат позитивни зборови на благодарност и
љубов – таквите зборови градат здрава христијанска заедница.
Исто како што на луѓето им е потребен кислород за да дишат,
тие имаат потреба од потврда и признание како храна за
нивните души. Како водачи, треба да се стремиме да бидеме
како Варнава, кој постојано ги охрабрувал другите луѓе со
Светото Писмо и со милостиви зборови на потврдување.
Јас знам за еден брачен пар кој помина триесет и пет години
доброволно служејќи како водачи на Неделното училиште во
локалната црква. Многумина од раководството признаа дека овој
брачен пар бил незаменлив, но кога тие двајца се пензионираа,
никој не им искажа благодарност. Немаше јавно признание,
немаше телефонски повици или писма на благодарност. Тие
беа скршени од тивката неблагодарност, и тоа е разбирливо.
Членовите на телото Христово треба да се поврзани едни со други
во активна заедница, а не во пасивна изолација. Црквата треба да
биде место каде што луѓето ќе изразуваат љубов и благодарност,
едни со други ќе се заблагодаруваат и ќе се охрабруваат.

Водачите кои зборуваат само кога имаат да кажат


нешто негативно или кога нешто не одобруваат, не се
ефективни. Луѓето имаат потреба да слушнат позитивни
зборови на благодарност и љубов.

Изразување срдечна љубов


Кон оние кои се преобратиле, Павле често искажувал длабока
наклонетост преку силни емоционални зборови. Тој пишува
со глас на нежен пастир, а не на дистанциран професионален
верски службеник или прекален фанатик, заинтересиран само за
каузата. Дури и кога опоменува и подучува, Павле е татковски
и заштитнички наклонет, нежен и жалослив, полн со симпатии
108 Водство со љубов

и грижливост. Забележи колку многу стихови постојат, коишто


го изразуваат неговиот стил на водење, исполнет со љубов од
срце и наклонетост:

•• Се радувам со вас (Рим. 16:19)

•• Ве имам во срцето сите вас (Флп. 1:7)

•• Копнеам по сите вас во чувствителното милосрдие на


Христа (1:8)

•• Браќа мои возљубени и сакани, радост моја и венец


(Флп. 4:1)

•• Полни со љубов кон вас, сакавме да ви го предадеме


не само Божјото Евангелие, туку и своите души,
зашто ни станавте мили (1 Сол. 2:8)

•• Деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека


Христос се вообличи во вас. Би сакал да сум сега при
вас (Гал. 4:19-20)

•• Мојата љубов со сите вас во Христа Исуса (1 Кор.


16:24)

•• Ви пишував во голема тага и при тешкотија на срцето,


и со многу солзи... за да ја запознаете големата љубов
што ја имам кон вас (2 Кор. 2:4)

•• Нашата уста се отвори кон вас, Коринќани, нашето


срце стана широко (2 Кор. 6:11)

•• Дека сте во нашите срца, за да умреме и да живееме


заедно (1 Кор. 7:3)

•• Затоа ли што не ве љубам? Бог знае! (2 Кор. 11:11)


Изразување љубов и наклонетост  109

•• Не го барам вашето туку вас (2 Кор. 12:14)

•• А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сè и


самиот ќе се потрошам за вашите души. Кога јас ве
љубам толку многу, ќе бидам ли јас помалку љубен?
(2 Кор. 12:15)

•• А Господ да направи вие да растете и да изобилувате


во љубов еден кон друг... како што и ние ја имаме
кон вас (1 Сол. 3:12)

•• Ти го испраќам назад него, а ти прими го како моето


срце (Филимон 1:11-12)

Павле ја изразил својата длабоко вкоренета наклонетост кон


неговите луѓе, кои се преобратиле, со великодушна употреба
на нежни изрази. Не помалку од дваесет и четирипати,
Павле се обраќа кон своите читатели со „возљубени“.1 Тоа
не е празна фраза или само учтивост. Изразот „возљубени“
е одраз на блискост, наклонетост и љубов. Луѓето на Павле,
пријателите и преобратените, биле негови возљубени браќа и
сестри. Тие биле неговото семејство. Тие заедно биле интимно
обврзани со истиот Дух. Возљубени од Бога,2 тие биле исто
така возљубени и од Павле.
Водачите и учителите во црквата не треба да се двоумат
во користењето говор, исполнет со семејна љубов, за да ја
искажат реалноста на нивниот однос едни кон други. Тоа била
нормална употреба кај раните христијани. Изразите браќа,
брат или сестра се појавуваат приближно 250 пати во
текстот на Новиот завет. Во еден стар христијански дијалог,
латинско дело под наслов Октавиј, многубожецот Цецилије ги
критикувал христијаните, бидејќи „тие само што се запознаваат
веќе се сакаат едни со други... без исклучок, тие меѓусебно се
1 Терминот возљубен е користен деветпати од Јован, седумпати од Петар,
трипати од Јаков и трипати од Јуда.
2 Римјаните 1:7; 1 Солуњаните 1:4; 2 Солуњаните 2:13.
110 Водство со љубов

нарекуваат браќа и сестри“.3 Каков благослов би бил за нас да


нѐ обвинат за вакво нешто! Луѓето денес, повеќе од кога и да е,
имаат потреба да слушнат зборови, исполнети со семејна љубов
и поврзаност. Таквиот интимен, семеен јазик е библиски, и тој
е одраз на љубовта во новозаветната црква.

Прикажување физички знаци


на наклонетост
Еден физички израз на христијанска љубов е „бакнежот на
љубов“, и тој е „еден од убавите обичаи на раните христијани“.4
Петар ги повикал своите читатели со зборовите: „Поздравете се
еден со друг со целивка на љубов“ (1 Птр. 5:14), што практично
е една од подобрите работи од неговите рани инструкции,
страсно да се сакаме едни со други како браќа и сестри:

•• Љубете се истрајно еден со друг од чисто срце (Прво


Петрово послание 1:22)

•• Љубете го братството (Прво Петрово послание 2:17)

•• Пред сè имајте постојана љубов меѓу себе (1 Птр. 4:8)

Овој „бакнеж на љубовта“, којшто Павле исто така го


наведува како „свет бакнеж“5 е надворешен, физички знак
на „заемност... единство на статусот и идентитетот што сите
христијани го споделуваат наспроти поделеноста на раси, класи
и пол“.6 Но тоа е „свет“ бакнеж, не е сензуален бакнеж. Тој
треба да се изрази со почит и во сета чистота.
3 The Octavius of Marcus Minucius Felix, in Ancient Christian Writers, eds.
Johannes Quasten et al., trans. G. W. Clarke (New York: Newman, 1974),
64.
4 Paul A. Cedar, James; 1, 2 Peter; and Jude, The Communicator’s Commentary
(Waco, Tex.: Word, 1984), 11:200.
5 Рим. 16:16; 1 Кор. 16:20; 2 Кор. 13:12; 1 Сол. 5:26.
6 Anthony C. Thiselton, The First Epistle to the Corinthians, NIGTC (Grand
Rapids, Mich.: Eerdmans, 2000), 1346.
Изразување љубов и наклонетост  111

Без оглед дали „бакнежот на љубовта“ го применуваме како


вистински бакнеж, прегратка или срдечно ракување, наложено
ни е да ги поздравиме браќата и сестрите со чувство. Нашето
поздравување еден со друг треба да биде видлив израз на реалноста
за нашето семејно единство и љубов. Па нека не бидеме безлични,
недружељубиви или ладни во однесувањето. Да не се земаме
здраво за готово едни со други. Луѓето имаат потреба од физички
израз на љубов, исто како што имаат потреба од зборови на
љубов. Овој физички израз на љубов е еден конкретен, практичен
начин да живееме во согласност со заповедта на Новиот завет да
имаме „постојана љубов меѓу себе“ (1 Птр. 4:8).
Џон Стот, природно воздржан и пристоен Англичанец,
научил од неговите опсежни светски патувања, особено во
Јужна Америка и Африка, да ужива во физичките прегратки
на приврзаност со неговите соработници верници. На крајот
на едно писмо до негов пријател, тој се пошегувал: Јас „ти
испраќам поздрав и прегратка (сега сум доживотен член на
Институтот за терапија со прегратки)“.7
Павле исто така бил член на „Институтот за терапија со
прегратки“. На крајот на прошталната порака на Павле до
ефешките старешини, Лука запишал: „Тогаш сите заплакаа
гласно и паднаа во прегратка на Павла и го целиваа“
(Дела 20:37).
Децата во нашите цркви треба да почувствуваат изразување
на љубовта исто така. Нашиот Господ Исус ги поздрави децата.
Тие беа радост за него. Тој не беше толку зафатен за да им
обрне внимание. Ги допре, се помоли за нив и ги благослови
(Мт.19:13-15). Мајките и децата го чувствуваа пријатно кога
доаѓаа кај Исус, бидејќи неговата природа беше израз на
гостољубивост и наклонетост. Да бидеме и ние заштитници на
децата и полни со љубов кон нив. Локалната црква е „Божјиот
Дом“ (1 Тим. 3:15), и треба да биде исполнет со зборови на
љубов и приказ на семејна наклонетост. За жал, атмосферата
во некои цркви повеќе е како во погребен дом отколку како
7 Timothy Dudley-Smith, John Stott: A Global Ministry (Leicester, England:
InterVarsity, 2001), 441.
112 Водство со љубов

во семеен дом, исполнет со љубов. Таму има малку љубов и


топлина. Се гушат емоционалните чувства чиешто присуство
е оправдано. Луѓето едвај се познаваат едни со други. Тие се
држат на растојание, и единствен приказ на наклонетост е
брзо ракување пред излегување низ црквените врати. Ваквото
однесување не е вистинско христијанско братство и сестринство.
Тоа не ги претставува луѓето кои се верни на „новата заповед“.

Не земај никого здраво за готово. Бог не го прави тоа!

Како да се започне

За да се создаде атмосфера со повеќе љубов во твојата локална


црква или група што ја водиш, започни со редовна молитва за
раст во љубовта. Користи ги овие записи од Светото Писмо,
како упатство за твоите молитви:

•• И затоа се молам вашата љубов да изобилува сè


повеќе и повеќе (Флп. 1:9)

•• А Господ да направи вие да растете и да изобилувате


во љубов еден кон друг и кон сите (1 Сол. 3:12)

•• [ве молам] да ви даде... да можете да сфатите со


сите свети, што е ширина и должина, и височина и
длабочина, и да ја познаете Христовата љубов, која
го надминува знаењето (Еф. 3:18-19)

Дури и ако твојата црква или група е тело на љубовта,


секогаш можеш да го надминеш со уште „повеќе и повеќе“ во
љубовта (1 Сол. 4:10). Подучувај како што Библијата кажува за
љубовта. Колку често луѓето го слушаат внимателното излагање
од 1 Коринќаните 13, од Ефесјаните 3:14-19 и 4:1-16, или од
Изразување љубов и наклонетост  113

1 Јован 4:7-21? Поголемиот број луѓе кои одат во црква не ги


познаваат библиските барања во врска со љубовта, и ним им
е потребно подлабоко подучување на оваа тема. Предизвикајте
ги луѓето кои ги водите да растат во љубовта.
Атмосферата на љубов не доаѓа само со подучување.
Црковните водачи треба да ја обликуваат љубовта. Постојат
учители, музичари и други во црквата, кои доброволно служат
со години. Тие треба да знаат дека нивната верност кон Бог
и заедницата се ценети. Изрази ја својата благодарност кон
нив и охрабри ги другите да го сторат истото. Постојат луѓе
кои чистат, поправаат и го одржуваат црковниот објект; не
дозволувај тие да си заминат незабележани. Треба да им се
заблагодари вербално или со подарок или картичка. Не земај
никого здраво за готово. Бог не го прави тоа!
Не дозволувај твојата црква да биде место каде што членовите
на телото на Христос имаат само површна интеракција или уште
полошо, каде што тие доаѓаат и си заминуваат дури и без да
проговорат едни со други. Повторно, твоја одговорност е да
водиш со давање пример. Црквата не е бизнис корпорација, воена
институција или владина агенција. Таа е „дом Божји“, па однесувај
се соодветно. Допри до другите со љубов. Поздрави ги со „бакнеж
на љубовта“, нежна прегратка или „свето ракување“. Направи од
тие мигови точка за да ги запомниш имињата на луѓето.
Црквата постои за да биде тесно поврзано семејство од
браќа и сестри, кои ја изразуваат Христовата љубов едни кон
други. Таа постои за да биде заедница што ги менува животите,
каде што луѓето растат и стануваат сè повеќе како нивниот
возљубен Господ. Твојата црква може да стане заедница со
повеќе љубов и со искуство на поголемо единство, како што
ќе подучуваш и водиш со љубов.

Црквата постои за да биде заедница што ги менува


животите, каде што луѓето растат и стануваат сè повеќе
како нивниот возљубен Господ.
Глава 11

Практикување гостопримство

Братољубието нека остане! Не го


заборавајте гостољубието...
(Евр. 13:1-2)

Речиси ништо не е повеќе карактеристично за христијанската


љубов од гостопримството. Гостопримството е од суштинско
значење за ширење на пламените на љубовта и за зајакнувањето
на христијанската заедница. Христијанскиот водач, кој им нуди
гостопримство на другите, ја дава суштината на љубовта на
единствен личен начин.
Преку службата на гостопримство, ние ги споделуваме
работите коишто за нас имаат најголема вредност: семејството,
домот, финансиските извори, храната, приватноста и времето.
Со други зборови, ние ги споделуваме нашите животи.
Со оглед дека Светото Писмо постојано ја повторува
заповедта, христијаните да се сакаат едни со други, не би
требало да дојде како изненадување дека Светото Писмо, исто
така ни заповеда да практикуваме гостопримство:

•• Љубовта нека ви биде нелицемерна!... Љубете се еден


со друг срдечно, со братска љубов!... Ревнувајте во
гостољубие! (Рим. 12:9-10, 13)

•• Пред сè имајте постојана љубов меѓу себе...


Бидете гостољубиви еден кон друг без негодување.
(1 Птр. 4:8-9)
Практикување гостопримство  115

•• Братољубието нека остане! Не го заборавајте


гостољубието, зашто некои преку него, без да знаат,
примија ангели на гости! (Евр. 13:1-2)

•• Возљубен мој, постапуваш верно во сè што правиш


за браќата, и тоа за туѓинците, кои пред црквата ја
посведочија твојата љубов. (3 Јн. 1:5-6)

Гостопримството создава заедница


полна со љубов
Ладната црква, којашто не нуди добредојде, е во спротивност со
пораката на Евангелието. Сепак, немањето пријателски однос
се издвојува и повторува како честа критика на локалните
цркви.1 На луѓето не им е потребно многу време за да сфатат
дека тое е т.н. „црковна“ љубов меѓу христијаните, којашто
завршува на задната врата од црквата или на паркиралиштето.
Тоа е површна љубов што се споделува само во недела
наутро, без желба истата да се прошири надвор од ѕидовите
на црковниот објект.
Но Светото Писмо ни кажува: „Љубете се еден со друг
срдечно со братска љубов!“ (Рим. 12:10) Братската љубов
повлекува меѓусебно познавање и споделување на живо-
тот заеднички. Доколку ние не ги отвориме вратите на на-
шите домови едни за други, реалноста за локалната црква,
како тесно поврзано семејство на сакани браќа и сестри, ќе
биде само уште една празна верска теорија. Не е возмож-
но да се познаваме и да израснеме како блиски со наши-
те браќа и сестри, ако се среќаваме само на еден час, во
голема група во црковната зграда. Тоа е возможно преку
службата на гостопримство, преку којашто можеме да обезбе-
диме пријателство и грижа, коишто пак негуваат вистинска
братска и сестринска љубов.
1 Одличен напис за да се прочита и да се стави на располагање во твојата
црква е „Пријателска црква е тешко да се најде“; “A Friendly Church Is
Hard to Find,” Gene and Nancy Preston in Christian Century (Jan. 30, 1991),
102-03. www.lewisandroth.org)
116 Водство со љубов

Во мноштво случаи, ние тешко дека и се познаваме едни со


други, сè додека не поминеме некое време заедно во домашна
атмосфера и не поразговараме седнати на маса. Натписот на
плочата во еден ресторан убаво ја прикажува оваа поента:
„Седнати околу маса, пријателите најдобро ја чувствуваат
топлината од своето заедништво“. Затоа, кога зборуваме за
сакањето едни со други со братска наклонетост, ние мораме
исто така да зборуваме и за практикување на гостопримството
(Рим. 12:10, 13).
Како пример за ефектот што гостопримството го има во
комуницирањето на љубовта и семејната природа на локалната
црква, земи ја предвид приказната за новинарот од редакцијата
за вести, кој ги посетувал христијанските цркви за да види
колку тие биле пријателски наклонети и полни со љубов. Тој
ги оценувал своите искуства од посетите во согласност со
следниот систем на бодови: Луѓе на вратите за да поздравуваат
и дочекуваат – два бода; Претходно подготвено формално
писмо од проповедникот – три бода; Кафе дружење – пет
бода; Луѓе кои се претставуваат на срдечен, незаканувачки
начин – десет бода; Но, личните покани за вечера добивале
шеесет бода!2 Системот, којшто репортерот го користел за
рангирање, покажува на колку моќен начин, гостопримството
ја комуницира љубовта.
Природата на љубовта бара да им се изрази добредојде на
саканите, бара да се биде блиску до нив и да се сподели со
нив она најдоброто. Љубовта не се изолира самата себе, туку
таа самата се шири. Како водачи, тука сме да практикуваме
гостопримство. Нашите домови се една од најмоќните алатки
што ги имаме, за да градиме христијанска заедница полна со
љубов. Со редовно отворање на нашите домови за другите,
можеме да ѝ помогнеме на локалната црква (или група) да
стане повеќе пријателска, грижлива заедница.

2 Цитирано во Thomas S. Gosin II, The Church without Walls (Pasadena,


Calif.:Hope, 1984), 68.
Практикување гостопримство  117

Преку службата на гостопримство можеме да


обезбедиме пријателство и грижа, коишто негуваат
вистинска братска и сестринска љубов.

Гостопримството го потпомага
учењето и подучувањето
Грижливото внимавање на луѓето не може да се направи од
дистанца, со насмевка или ракување во недела наутро. Тоа бара
блиска интеракција. Домот може да обезбеди моќно ефективен
амбиент во којшто се учи, подучува и води грижа за луѓето.
Предавањето на Светото Писмо во пријатна домашна средина
е многу корисно за учењето на Божјото слово (Апостолски дела
5:42; 20:20). Мартин Лутер докажал дека масата е одлична
говорница од којашто може да се предава Божјата вистина
и да се подучуваат Божјите луѓе. Лутер и неговата сопруга
Кејти биле нашироко познати по нивниот отворен дом и
слободното гостопримство. Еден историчар пишува: „Како за
голема куќа, секогаш беше полна од ѕид до ѕид“.3 Лутеровиот
познат Разговор на маса, напишан од мнозина нивни ученици
и гости, е прекрасно сведоштво за моќта на домот во учењето
и подучувањето на луѓето.
Иако службата на гостопримство можеби изгледа како мала
работа, таа има големо влијание врз луѓето. Отворен дом е знак
на отворено, грижливо срце и дарежлива, несебична душа.
Покажувањето љубов кон луѓето кои страдаат, поканувајќи ги
во твојот дом за оброк или за совет, е длабоко трогателно дело.
Грижата за Божјиот народ подразбира, покрај другите работи,
споделување на твојот дом со нив за оброци, за охрабрувачки
пријателски посети или дури и за обезбедување привремено
сместување за живеење.
3 Conversations with Luther: Table Talk, trans. and ed. Preserved Smith
and Herbert Percival Gallinger (New Canaan, Conn.: Keats Publishing Inc.,
1979), xii.
118 Водство со љубов

Ние не смееме да ја потценуваме моќта на гостопримството


во подучувањето и грижата за луѓето. На свој мистериозен
начин, Бог го користи тој заемен однос помеѓу домаќинот и
гостинот, за да даде инструкции и да го охрабри својот народ.
Ова е една причина што Новиот завет бара од поглаварот во
црквата да биде „гостопримлив“ (1 Тим. 3:1-2; Тит 1:7).
Еден од големите евангелисти и луѓе, основачи на цркви
ширум светот во дваесеттиот век, бил братот Бакт Синг од
Индија. За кратко време по неговото преобраќање од атеизам
и хиндуизам, Господ го искористил дарежливото гостопримство
на Џон и Едита Хејвардс за ученикот Бакт Синг. Тој живеел
речиси три години со Хејвардсови во Винипег, Канада. Тие
малку знаеле за влијанието што нивниот пријател Индиец би
можел да го има врз една нација. Биографот на Бакт Синг,
Т. Е. Коши, ја припишува заслугата на „значајната улога на
христијанските домови во подучувањето и подготвувањето нови
христијани како ефективни сведоци на Господа“.4
Тој пишува:

„Господ ги користел Хејвардсови во голема мера за да го


созрее него духовно. Додека пак во нивниот дом, Господ
го научил на разни важни лекции, вклучувајќи ја неговата
целосна посветеност на Господ; неговото прифаќање на
Библијата како инспиративно Божјо слово; важноста
на гостопримството и молитвата, како и наоѓањето на
Божјата волја за сè. Згора на тоа, Господ ги задоволил
неговите привремени потреби преку овој христијански
брачен пар, полн со љубов и грижливост. Хејвардсови го
отвориле нивниот дом за мисионерите кои паузираат од
теренска работа. Тоа на Бакт Синг му дало можност да
се запознае и дружи со многу побожни луѓе со различни
деноминации и со различно потекло.“5

4 T. E. Koshy, Brother Bakht Singh of India (Secunderabad, India: OM Books,


2003), 102.
5 Исто, 91.
Практикување гостопримство  119

На свој мистериозен начин, Бог го користи заемниот


однос помеѓу домаќинот и гостинот, да се покаже и да
го охрабри својот народ.

Гостопримството го промовира
Евангелието
Гостопримството допира не само до верниците туку и до
неверниците. Природата на љубовта е да допре, да спаси и да ја
сподели пораката за спасението. Водачите полни со љубов го имаат
товарот за изгубените (Рим. 9:1-3; 10:1), и љубовта за изгубените
нè присилува да практикуваме гостопримство. Гостопримството
е ефикасно средство за да се допре до изгубените.
За раните христијани, домот бил најприродниот амбиент
за проповедање на Христос на семејствата, соседите и
пријателите. Мајкл Грин, авторот на Проповедање на
Евангелието во раната црква, го опишува домот како „еден
од најважните методи во ширењето на Евангелието во старо
време“.6 Осврнувајќи се на домот на Акила и Прискила, тој
пишува: „домовите како овој, мора да биле премногу ефикасни
во евангелискиот домет на црквата“.7
Истото тоа е вистина и денес. Ако си во потрага по начини
на проповедање на Евангелието, отворањето на твојот дом
е еден од најдобрите методи да допрете до неверниците.
Многумина од нас, дури и не си ги знаат соседите, а сепак преку
гостопримството, ние можеме најмногу да направиме при секоја
можност што Господ ни ја дава, да бидеме негови амбасадори
во светот. Ако ние имаме волја, нашите домови можат да бидат
светилници во инаку духовно мрачните соседства.

6 Michael Green, Evangelism in the Early Church (Grand Rapids, Mich.:


Eerd–mans, 1970), 207.
7 Исто, 223.
120 Водство со љубов

Основачот на Навигаторите, Досон Тротман, на пример,


го користел својот дом за да ги придобие воените лица кон
Христос. По неколку години великодушно гостопримство кон
морнарите, тој можел да каже дека морнари од секоја држава
во Соединетите Американски Држави станале христијани во
неговата дневна соба.
Џим Петерсон, во неговата книга Проповедање на
Евангелието како животен стил, кажува за бразилецот
Марио, со кого тој ја проучувал Библијата, четири години
пред младото момче да се приклони кон Христос. Марио бил
марксист, интелектуалец и политички активист – навидум
невозможен кандидат за христијанството. Неколку години по
нивниот заеднички разговор, Марио го запрашал Џим дали
знае што точно влијаело на неговата одлука да пристапи
кон Христос. Џим мислел дека тоа можеби биле нивните
многучасовни интелектуални дискусии за Светото Писмо, но
еве што одговорил Марио:

„Се сеќаваш ли кога првпат наминав во твојата куќа?


Бевме некаде заедно по нашите патишта и јас дојдов кај
вас, на по една чинија супа со тебе и твоето семејство.
Како што седев таму, набљудувајќи те тебе, твојата
сопруга, твоите деца и начинот како бевте поврзани едни
со други, се запрашав: ’Кога јас ќе имам ваква врска со
мојата свршеница?’ Кога сфатив дека одговорот беше
’никогаш’, заклучив дека морам да станам христијанин
за доброто на мојот сопствен опстанок.“8

Покажувањето на љубовта на неверниците, поканувајќи ги


во твојот дом е моќен магнет за носење на луѓето кон Христос.
Не треба да си проповедник или да имаш години поминати во
тренинг за да го користиш својот дом, за да ги сакаш и да им
служиш на луѓето. Ако само едноставно ги отвориш вратите
од твојот дом, луѓето ќе дојдат.
8 Jim Petersen, Evangelism as a Lifestyle (Colorado Springs: NavPress,
1980), 96-97.
Практикување гостопримство  121

Како да се започне

Нашиот забрзан свет на урбанизација ни остава малку време


за гостопримство. Па еве неколку идеи, коишто ќе ти помогнат
да ги почитуваш заповедите од Светото Писмо за практикување
гостопримство (Рим. 12:13).
Прво, одреди временски термин, секоја недела или секој
месец, за да поканиш луѓе во твојот дом. Сè додека на овој
начин не го испланираш тоа во твојот распоред, никогаш нема
да можеш да ги придвижиш добрите намери од минатото во
преземање акција сега. Ќе си мислиш, Ова е важно. Библијата
ни кажува да го сториме ова и тоа ќе ѝ помогне на нашата
црква. Но, сè додека не го испланираш однапред и дадеш
приоритет на гостопримството, ќе бидеш зафатен следната
недела, и следната недела, и следната недела потоа.
Второ, направи список на луѓе кои би биле охрабрени со
твоето понудено гостопримство. На пример, би можело да
биде од клучно значење да им се помогне на новите членови
во црквата да се почувствуваат добредојдени, како дел од
телото. Оние кои минуваат низ тешки периоди, можеби ќе
бидат охрабрени едноставно со добивање покана. Многумина
од луѓето се осамени и имаат потреба од љубов. Всушност,
можеш да бидеш ангел на служба на оние кои се повредени.
Трето, запомни да ги поканиш луѓето во твојот дом за време
на празниците. Тоа се посебно добри прилики да се поканат
осамени луѓе и пријатели кои не се христијани. Настојувај
да вклучиш некого кој ретко добива покана поради својата
состојба на немоќ. Биди свесен за учењето на Исус: „Туку
кога даваш гозба, повикај ги бедните, сакатите и слепите!
И ќе бидеш блажен, зашто немаат со што да ти вратат!“
(Лука 14:13-14)
Четврто, уживај во креативни активности со твоите гости.
Оди околу трпезата и прашувај некои клучни прашања за
секоја личност, за да се запознаат секој со секого. Одвој време
за заедничка молитва, читајте го Светото Писмо заедно или
пак пејте заедно. По оброкот, прошетајте заедно. Сите овие
122 Водство со љубов

активности ќе те донесат тебе, како и твоите гости, поблиску


едни до други и најпосле поблиску до Господа.
Петто, подучувај на темата гостопримство. Кога последен
пат си слушнал порака од Светото Писмо за гостопримството?
Луѓето имаат потреба да бидат подучени за должноста и
благословот од користењето на нивниот дом за Христос. Лесно
е да се заборави да се практикува гостопримство, па на сите нам
ни е потребно да бидеме потсетени и охрабрени во тој поглед.
Шесто, волонтирај да прибереш мисионери или патувачки
служители на Господ. Некои мисионерски организации имаат
листа на домови коишто мисионерите може да ги користат
за време на нивните патувања. Можеш да најдеш соодветна
организација и да се запишеш, па твојот дом да биде дом-
домаќин. И кога мисионерите од твојата црква ќе се вратат дома,
не ја пропуштај приликата да ги поканиш на твојата трпеза.
Особено твоите деца ќе имаат добивка кога ќе ги поканиш
слугите Божји во твојот дом. Поранешниот радиопроповедник и
автор Стивен Олфорд, роден од родители мисионери во Африка,
ги дава своите впечатоци од детството за великодушното
гостопримство на неговите родители:

„Никој не може да предвиди каква вечна награда нè чека


нас за христијанското гостопримство. Но, дури и сега, за
нас постои надомест на располагање. Гостопримството е
возбудлива авантура и носи прекрасни работи за возврат.
Гледајќи наназад, кон деновите кога бев момче, јас Го
славам Господ за збогатувањето што дојде во мојот живот
преку побожните мажи и жени кои поминаа низ нашиот
дом. Впечатоците, направени во годините на формирање,
го држеле детето во добра состојба кон неговата зрелост.“9

Хелга Хенри, сопругата на познатиот теолог Карл Ф. Х.


Хенри, нè потсетува дека „христијанското гостопримство не
е прашање на избор; не е прашање на пари; не е прашање на

9 Stephen F. Olford, „Christian Hospitality,“ Decision (March 1968), 10.


Практикување гостопримство  123

возраст, социјална состојба, пол или лични карактеристики.


Христијанското гостопримство е прашање на послушност
кон Бога“.10

„Христијанското гостопримство не е прашање на


избор; не е прашање на пари... возраст, социјална
состојба, пол или лични карактеристики. Христијанското
гостопримство е прашање на послушност кон Бога.“
Хелга Хенри

10 Цитирано во V. A. Hall, Be My Guest (Chicago: Moody Press, 1979), 9.


Глава 12

Грижа за потребите
на луѓето

Не плачев ли за страдалниците, не се ли
сожали мојата душа за сиромашниот?
(Јов 30:25)

Сочувството е емпатијата, нежната емоција којашто една


личност ја чувствува кога е соочена со страдањето на друга
личност, во комбинација со желбата да се намали тоа страдање.
Како формална дефиниција, сепак, таа не прави многу за
да инспирира на акција. Затоа Исус, главниот учител, ја
објаснува сочувствителната љубов со незаборавната приказна
за Милостивиот самарјанин. (Лк. 10:30-37)
Еден чеовек патувал од Ерусалим во Ерихон, при што бил
ограбен. Крадците му ги украле парите, му ја соблекле облеката
и брутално го претепале. Додека тој лежел крвавејќи до смрт,
еден еврејски свештеник (религиозен водач и учител на луѓето)
поминал од таму. Свештеникот го видел повредениот човек,
но си продолжил по патот. Набргу потоа, еден еврејски левит
(помошник на свештениците) поминал по патот. Тој исто така
го видел беспомошниот човек, но не направил ништо.
Конечно, еден човек од Самарија поминувал по патот. Иако
патникот самарјанин не го познавал човекот кој настрадал,
кажано ни е дека тој „се сожалил“ (Лк. 10:33). Тој застанал и
се погрижил за жртвата, истурајќи масло и вино преку раните
и нежно преврзувајќи ги; потоа тој го подигнал човекот и го
качил на своето магаре, па го однел во анот. Следниот ден,
Грижа за потребите на луѓето  125

самарјанинот морал да замине, па на гостилничарот му дал


пари за храна и сместување на повредениот човек, и побарал
од гостилничарот да се грижи за него.
Милостивиот самарјанин ветил дека ќе се врати и ќе ги
плати сите дополнителни трошоци, направени додека човекот
не закрепне. Тој го направил сето тоа за човек кого не го ни
познавал, и го направил без никакво ветување дека ќе биде
награден за возврат.
Оваа приказна ги поставува стандардите за христијанската
љубов и сочувство. Кога ќе ја сфатиме вмешаноста на мило-
стивиот самарјанин, ќе разбереме што нашиот Господ бара од
оние кои тврдат дека љубат како Тој што љубел.
Помислете на верскиот свештеник и левитот кои поминале
покрај човекот на умирање и не направиле ништо. Тие биле
религиозни водачи и учители, па тие знаеле дека Стариот завет
заповеда: „Љуби го својот ближен како себеси!“ (Левит 19:18)
Но тие биле мажи на кои им недостасувало сочувство. Ако
сакаме да бидеме христијански водачи исполнети со љубов,
мораме да бидеме еднакво несебични и сочувствителни како
милостивиот самарјанин.

Еден водач нема да добие многу од својата служба, ако


луѓето не знаат дека тој или таа навистина се грижи за нив.

Сочувствителни водачи во Новиот завет

Зборот којшто отскокнува од евангелијата, опишувајќи го


чувството на Исус кон луѓето во неволја, е сочувство.1 Нашиот
Господ често чувствувал сомилост или бил поттикнуван од
сомилост, за да излекува или за да спаси некого. Сочувствителната
грижа, којашто Тој и апостолите ја давале на сиромашните и
1 Матеј 9:13, 36; 12:7; 14:14; 15:32 ; 20:34; Марко 1:41; 6:34; 8:02; Лука
7:13
126 Водство со љубов

болните, е инспиративна. Неговите „нечуени дела на сочувство“


ги привлекувале луѓето кон Него како магнет.2
Откако Исус Христос се вознесе на небото, апостолите биле
вклучени во сочувствителна служба за сиромашните верници
во Ерусалим (Дела 4:34-35). Всушност, нивната работа, којашто
била да ги поделат парите на сиромашните, станала товар за
нив, така што тие назначиле седуммина мажи да ја преземат
оваа задача, за апостолите да можеле да се сосредочат на
молитвата и службата на Словото (Дела 6:1-6).
Иако првичниот повик на Павле бил за прокламација и
одбрана на евангелието, тој исто така, со драга волја се грижел
и за сиромашните (Дела 11:30; Галтјаните 2:10). Во еден
момент од неговата служба, Павле започнал, мобилизирал и
испорачал нееврејски придонес за олеснување на состојбата на
сиромашните верници во Ерусалим. Тој сметал дека давањето
од нееврејските цркви треба да биде конкретна демонстрација
на христијанската љубов на сиромашните еврејски верници
(2 Кор. 8:24).3
Службата на старешините на Новиот завет вклучува
пасторален надзор на локалните цркви во четири главни
категории: учење, водење, заштитување и исцелување.4 Иако
старешините ја учат и водат црквата, тие исто така им служат
и на слабите и болните. (Дела 20:34-35; Тит 1:8; Јаков 5:14)
Така тие имаат срце полно со сочувство за потребите на луѓето.
Службата на ѓаконите на Новиот завет претставува една
добродушност, милост и услужливост во официјално својство.5
Тогаш, и старешините и ѓаконите треба да прикажат сочувство,
полно со љубов и проактивна грижа за добросостојбата на
апостолите. Тие треба да дадат пример за другите да го следат.
2 William L. Lane, Commentary on the Gospel of Mark, NICNT (Grand
Rapids, Mich.: Eerdmans, 1974), 87.
3 Дела 24:17; Римјаните 15:25-28; 1 Кор. 16:1-3; 2 Кор. 8-9.
4 Дела 15:6-29; 20:17; 28-31; 1 Тимотеј 5:17-18; Тит 1:09; 1 Петар 5:1-4.
Види Alexander Strauch, Biblical Eldership: An Urgent Call to Restore
Biblical Church Leadership (Littleton, Colo.: Lewis & Roth, 1995).
5 Alexander Strauch, The New Testament Deacon: The Church’s Ministry of
Mercy (Littleton, Colo.: Lewis & Roth, 1992).
Грижа за потребите на луѓето  127

Водачите како пример за


сочувствителна грижа

Локалната црква треба да биде едно семејство, заедница на луѓе


кои едни на други си излегуваат во пресрет, заемно исполнувајќи
си ги потребите, еден на друг си помагаат во носењето на
товарите и пожртвувано си служат едни на други. Тоа треба
да биде слика на љубов во акција – сочувствителна, дарежлива
заедница која дава.6 Таквата љубов започнува со водачите.
Вистина е дека луѓето не се грижат колку знаеш, сè додека
тие знаат колку многу се грижиш. Водачот нема да има многу
од службата ако луѓето не знаат дека тој или таа, вистински
се грижи за нив. Значи водачот треба да покаже нежно срце
кон членовите кои страдаат, вистинска грижа за болните,
дарежлива расположливост за сиромашните и дух на милост
за да помогне во ублажувањето на мизеријата, којашто го
карактеризира животот на толку многу луѓе денес.

Сочувство за болните

Во свет исполнет со физичка болка и болести, грижата


исполнета со љубов е суштинска служба на оние кои посакуваат
или побаруваат да ја изразат Божјата љубов на земјата.
Сочувствителната грижа за болните вклучува молитва, посети,
практична помош, телефонски јавувања, белешки и картички.
Молитвата е мошне значаен израз на загриженост. Никогаш
не треба да кажуваме со извинување: „Па, сè што можам да
направам е да се молам за тебе“. Таквата забелешка сугерира
ниско гледиште за молитвата. Бог вели: „И така, исповедајте
си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да
оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема
сила“ (Јаков 5:16). Во реалноста, молењето за оние кои се болни
или се на умирање, една e од најважните работи кои ние можеме
да ги направиме за нив. Молитвата дава надеж и утеха. Па во
6 Дела 2:45; 4:32-05:11; 09:36; Рим. 12:13; 15:25-27; 2 Кор. 8-9; Гал. 2:9-10;
Еф. 4:28; 1 Тим. 5:9-10; 6:17-19; Евр. 13:16; Јак 1:27, 2:14-15.
128 Водство со љубов

верата, водачите би требало редовно да се молат за болните, и


ние би требало да ја предизвикаме нашата заедница да се вклучи
во насочената, доследна, лична молитва за нив, исто така.

Еден водач треба да покаже нежно срце кон членовите


кои страдаат, вистинска грижа за болните, дарежлива
расположливост за сиромашните и дух на милост.

На луѓето кои се болни не им е потребна само молитва, туку


и човечки допир. Допир којшто во исто време лекува и нуди
утеха. Болниот копнее за сочувство и дружење. Понекогаш
болниот човек, особено некој кој се соочува со смртта, само има
потреба да знае дека некој е во близина. Кога посетуваме некого
кој е болен или умира, ја даваме службата на Божјата љубов
и утеха. Тоа е голема привилегија и возвишен повик. Исус ги
допирал лепрозните и слепите, „недопирливите“ на својот ден,
и Тој очекува неговите луѓе да го прават истото (Мт. 25:36).

Во реалноста, кога делата на љубовта ќе станат такви


што одземаат многу време или почнуваат да бараат
многу, ние не ги сакаме товарите од љубовта – ги сакаме
само придобивките.

За жал, луѓето со одбивност ги посетуваат болните или


затворените. Одвојувањето време да ги посетат дома или во
болница стана непријатност за многумина во нашето високо
индивидуалистичко, хиперактивно општество. Можеби сакаме
да мислиме за себе дека сме луѓе исполнети со љубов, но во
реалноста, кога делата на љубов одземаат време или почнуваат
да бараат повеќе, ние не ги сакаме товарите на љубовта – ги
сакаме само придобивките од неа.
Грижа за потребите на луѓето  129

Сакаме да даваме љубов сè до точката кога станува


неповолно да се дава љубов повеќе. Сакаме да имаме
претстава самите за себе како луѓе кои даваат и примаат
љубов, но би ги сакале предностите без одговорностите
за таа улога. Кога одговорот на нашата љубов ни се
претставува со некои барања, ние може да почнеме да
ги држиме луѓето на дистанца.7

Љубовта на Христос, сепак нè принудува да се одречеме


од себеси, со цел да се пресретнат потребите на другите.
Можеби нема да можеме да ги посетиме сите кои би сакале, но
можеме да им се јавиме на телефон. Телефонот е непроценлива
алатка, којашто би требало да ја користиме ефективно, за да ги
охрабриме и да провериме како се оние кои страдаат. Луѓето
ја ценат внимателноста со телефонскиот повик. Тие знаат дека
не можеме да ги посетуваме секој ден, и понекогаш посетата
и не е соодветна, но можеме да им се јавиме. Водачите полни
со љубов, често се наоѓаат во ситуација кога прават многу
телефонски повици.
Луѓето кои се болни, исто така ги ценат картичките,
електронските пораки и писмата. Еден човек во нашата црква,
кој умираше од рак, толку ги ценеше картичките што му ги
испраќаа луѓето, што тој исполни цел еден ѕид со картичките
што ги добил. Тој ги прочитал нив многупати и гледал на секоја
од нив како на лична порака за љубов. Картичките на тој ѕид
му обезбедувале дневна потврда дека за него се грижат и молат
голем број луѓе. Ваквите видливи средства за охрабрување го
зајакнаа неговиот дух.
Некои од најдобрите лекови за болните и луѓето на умирање
се практични, како грижата со љубов. Ним можеби им е
потребна помош со оброците, со чистење на домот или со
превоз до лекарската ординација. Кога на вакви начини им
помагаме на луѓето, ние прикажуваме љубов и грижа за телото
на Христос. (Мт. 25:35-36)

7 Reuel L. Howe, Herein Is Love (Chicago: Judson, 1965), 33.


130 Водство со љубов

Сочувство за затворените и старите лица


Сите ние мораме да бидеме свесни и да внимаваме на постарото
население кое е во пораст. Некои ги нарекуваат постарите лица
без семејна поддршка – „постари сираци“. Христијанското
сочувство не може да дозволи тие да бидат занемарени. Мораме
да ги почитуваме постарите лица.
Затворените и постарите се група која лесно се заборава
или занемарува. Поради физичка или ментална неспособност,
тие можат да страдаат од осаменост и поради изолација од
пријателите. Тие можеби не се во можност да бидат присутни
во црквата. Ним им се потребни телефонски повици, картички,
посети, црквени билтени, снимени пораки и причестување, за
да ги одржи поврзани со нивното црковно семејство. Ако овие
дела на љубов се запоставени, тие ќе се чувствуваат напуштени.
Јаков пишува: „Ова е чиста и неизвалкана побожност пред Бога
и Таткото: да бидат посетувани сираците и вдовиците во нивните
неволји“ (Јаков 1:27). Затворените лица искусуваат различни
видови „болка“ и имаат потреба од нашата сочувствителна љубов.

Јован предупредува и е против љубовта, којашто е


само вербална, на ниво на разговор или теорија.

Сочувство за сиромашните и бедните


Јован го опишува стандардот за љубов меѓу верниците,
предвиден со Новиот завет:

„По тоа ја познаваме љубовта, што Тој го положи својот


живот за нас; и ние сме должни да ги положиме своите
животи за браќата. А кој има светски блага и го види
брата си во немаштија, па го затвори своето срце кон
него, како ќе остане Божјата љубов во него? Дечиња мои,
да не љубиме само со зборови или само со јазикот, туку
во дело и вистина!“ (1 Јн. 3:16-18)
Грижа за потребите на луѓето  131

Тука Јован предупредува и е против љубовта којашто е само


вербална, само разговор или теорија. За разлика од оваа т.н.
љубов, којашто одбива да покаже сочувство, тој ја опишува
љубовта што се изразува не само со зборови, но и со дела.
Христијанската љубов никогаш не е теоретска или апстрактна;
таа секогаш е практична. Оној кој сака е принуден да делува,
со цел да ги олесни страдањата на оној кој е сакан.
Елаборирајќи на изјавата на Јован, Леон Морис пишува:

„Но Јован е практичен. Тој знае дека човек може лесно да


изјавува дека е подготвен да го положи сопствениот живот
за другите, бидејќи зборовите се евтини, и таква жртва
веројатно нема ни да биде побарана. Тоа што тој го бара
не е овој херојски гест, туку секојдневно споделување на
она што едните го имаат со оние кои немаат. Прифаќање
на мислата од ден на ден, за потребите на луѓето во
сиромаштија, е должност на којашто Јован гледа како
на неопходна последица од крстот. Крстот ни покажува
што значи агапе: тоа е подготвеност не само да се умре
за другите, но и да се живее за другите. Љубовта не
е кршливо богатство за да се чува некаде на безбедно
место; таа е силна доблест што треба да се практикува
во секојдневниот живот.“8

Џонатан Едвардс нè потсетува дека природата на љубовта е


да ги „распореди луѓето кон сите дела на милост кон нивните
соседи... Таа ќе ги распореди луѓето да даваат на сиромашните,
заемно да си помагаат во носење на товарот на животот, како
и да плачат заедно со оние кои плачат“.9 Првата христијанска
заедница и нејзините водачи ја организирале истата да води
грижа за сопствените сиромашни членови (Дела 4:34-35; 6:1-6).
Кога се пишува за братската љубов, вака Павле ги охрабрувал
Христијаните во Рим, со зборовите: „Помагајте им на светите
во нивните потреби!“ (Рим. 12:13).
8 Leon Morris, Testaments of Love (Grand Rapids, Mich.: Eerdmans, 1981), 179.
9 Jonathan Edwards, Charity and Its Fruits (1852; reprint ed., Edinburgh:
Banner of Truth, 1978), 8.
132 Водство со љубов

Да се имаат средствата за да се помогне на пријателот верник


во потреба, но тоа да се одбие, претставува непослушност кон
Христос и грев против телото на Христос. Овој вид однесување
го покренува прашањето дали воопшто Божјата љубов живее
во таквото срце.
На сите нам ни се потребни примери на сочувствителни водачи,
полни со љубов. Еден таков водач бил Јов. Како старешина во
неговата заедница,10 тој бил „непорочен и праведен“ (Јов 1:1),
маж кој покажал сочувство за сиромашните и бедните. Јов имал
нежно срце за оние кои страдале. Тој плачел и тагувал за оние
со скршено срце. Тој одговарал со великодушна помош на плачот
на сиромашните, сираците, вдовиците и хендикепираните. Јов
исто така бил човек со големо срце во однос на гостопримството.
На неговите пријатели сезнајковци со ладни срца, а
самите старешини во заедницата, тој им зборувал во своја
сопствена одбрана:

„Не плачев ли за страдалниците, не се ли сожали мојата


душа за сиромашниот? (Јов 30:25)
Зашто го избавував бедниот и сиракот оставен без
помош. Благословот на изгубените беше врз мене, јас му ја
враќав веселбата на срцето на вдовицата. Се облекував во
правдата како со облека, непристрасноста ми беше наметка
и венец. Бев очи на слепиот и бев нозе на сакатиот. Татко
на бедните, застапник на странците. (Јов 29:12-16)
Дали се правев дека не ги слушам молбите на
сиромашните или ги расплакав очите на вдовиците?
Дали го јадев некогаш сам својот залак а да не го делев
со сирачето? Зар го гледав бескуќникот без облека
или некој беден без покривка... Моето рамо нека се
откорне од плеќите и нека ми отпадне раката од лактот!“
(Јов 31:16-17, 19, 22)

Денес, ние можеме да покажеме сочувство со обезбедување


бесплатно советување за постарите вдовици и вдовци, за да им
10 Јов 29:7, 21, 25; 31:21.
Грижа за потребите на луѓето  133

помогнеме да ги разберат прашањата за данокот, документите


за здравственото осигурување или за тестаментот. Можеме
да ги поканиме во нашиот дом за храна и дружење. Можеме
да обезбедиме потпишан превод за глувите кои доаѓаат во
нашата црква. Можеме да обезбедиме превоз за слепите и да
ги поканиме во нашите домови за гостопримство. Можеме да
организираме доброволен фонд за оние кои ги изгубиле нивните
работни места, за лицата со хендикеп или за самохраните
мајки кои сами подигаат мали деца. Можеме да воспоставиме
програма за момчиња и девојчиња без татковци. Можеме да
видиме дали лицата со хендикеп се чувствуваат добредојдени
и безбедни во нашите цркви и домови. Можеме да обезбедиме
јазична настава за нови имигранти.

Водачите и учителите можат да постават визија и да


претставуваат пример за сочувствителна грижа.

Како водачи и учители, ние можеме да направиме разлика.


Можеме да поставиме визија и да претставуваме пример за
сочувствителна грижа. Можеме да ја подигнеме свесноста
и да воспоставиме организациски структури, обезбедувајќи
можности за луѓето да споделуваат со други луѓе кои
се во неволја. Исто така, можеме да предупредиме како
материјализмот, просперитетот и алчноста го прават срцето
тврдо, а нашите очи слепи за страшните страдања на нашите
пријатели верници, како и за другите човечки суштества.
Нашиот свет е исполнет со сиромаштија и болести. Речиси
800 милиони луѓе одат во кревет гладни, секоја вечер. Речиси
три милијарди луѓе (скоро половина од светското население)
живеат со помалку од 2 долара дневно. Една милијарда луѓе
пијат небезбедна вода; 2,5 милијарди луѓе немаат безбедни
санитарни услови за живење. Повеќе од десет милиони деца, на
возраст под пет години, умираат секоја година од причини што
можат да се спречат. Седумдесет проценти од сиромашните во
134 Водство со љубов

светот се жени и деца. Секој ден, 27.000 деца умираат од глад


и слични причини. Повеќе од еден милион млади девојки се
принудени на проституција секоја година.
И страдањето на нашиот свет не завршува со овие проблеми.
„Најголемиот јавен здравствен проблем со којшто светот
воопшто се соочил“, според Дејл Бурк е присутната криза со
СИДА-та.11 Оваа пандемија посега по животите на 8.500 луѓе
секој ден. Бурк пишува:

„Веќе ги има надминато бројките на чумата, којашто


збришала дваесет и пет милиони луѓе – една четвртина
од населението на Европа во тоа време. Се проценува
дека три милиони луѓе умираат секоја година од СИДА,
стапка на смртност којашто се споредува со бројката кога
дваесет целосно полни авиони од типот 747 би се уривале
секој ден во текот на една година.
СИДА-та е сега раширена во секоја земја во светот...
Пријавените случаи на СИДА се зголемуваат многу брзо
и во Кина и Индија, така што тие крајно би можеле да
ги засенат бројките од Африка... Во некои земји, повеќе
од една третина од населението е заразено, ефективно
уништувајќи цела една генерација.“12

Страдањата во Африка како резултат на СИДА-та, постојаните


војни и гладот, веќе се надвор од нашето спознавање. Дали ние
се грижиме? Што ние можеме да сториме за да помогнеме?
Еден грчки научник кој учествуваше во Комитетот за
изработка на нов превод на Библијата, беше исто така
активен член и на Одборот на организацијата за хранење на
сиромашните. Тој беше запрашан: „Дали ви се чини чудно што
служите во еден Комитет за превод на Библијата и во друг
за хранење на сиромашните?“„Не“, тој одговорил. „Во двата
случаја, јас го преведувам Новиот завет“.
11 Dale Hanson Bourke, The Skeptic’s Guide to the Global AIDS Crisis
(Waynesboro, Ga.: Authentic Media, 2004), 5. Ажурирано 2005. За повеќе
информации www.who.org and www.unaids.org.
12 Исто, 5.
Глава 13

Трудејќи се во молитва

Ве поздравува вашиот сонародник Епафрас,


слуга на Христа Исуса, кој секогаш се бори за
вас во молитви.
(Кол. 4:12)

Водството со љубов не е целосно без посредничка молитва.


Светото Писмо вели: „Љубовта нека биде нелицемерна!“, и
потоа продолжува за да каже: „бидете постојани во молитва!“
(Рим. 12:9, 12). Молењето за луѓето е дело на љубовта. Ви-
стинската љубов сака да се моли за луѓето. Лицемерната љубов
ветува дека ќе се моли, но не го прави тоа.
Молитвата бара напор. Кога се молиме за луѓето, ги
фокусираме нашите мисли на нив; ги преземаме нивните
товари на нас самите; се заложуваме себе си пред Бога за
нив; го жртвуваме нашето време за нив; се обврзуваме себеси
за нивната благосостојба. На тој начин покажуваме вистинска
грижа и сочувство.
Мартин Лојд Џонс нè потсетува дека молитвата може
да биде една од најтешките работи коишто ги правиме во
христијанскиот живот:

„Кога човек Му зборува на Бога, тој се наоѓа на врвот. Тоа


е највозвишената активност на човековата душа, и затоа
молитвата во исто време е и најголемиот тест за човековата
вистинска духовна состојба. Ништо не ја кажува вистината
за нас како христијани, како што тоа го прави нашиот
136 Водство со љубов

молитвен живот. Сè што правиме во христијанскиот живот


е полесно отколку што е молитвата.“1

Иако може да биде тешка, молитвата е мотивирана од љубов.


Љубовта на Павле на пример, за оние кои ја примиле верата,
го водела во молитва за нив постојано.2 Д. А. Карсон вели
дека тоа што го мотивирало Павле да се моли била „страст за
луѓето“.3 Опишувајќи ја љубовта на Павле за новите верници
во Солун, тој пишува:

„Тука е христијанинот толку посветен на добросостојбата


на другите христијани, особено на новите христијани,
што тој едноставно гори одвнатре за да биде со нив,
да им помогне, да внимава на нив, да ги храни, да ги
стабилизира, да воспостави соодветна основа за нив.
Мало чудо е тогаш, што тој се посветува себеси на
молитва за нив, кога доаѓа до сознание дека нема да
може да ги посети лично.“4

Карсон ја сумира мотивацијата на Павле и нè предизвикува


да растеме во љубов, којашто се прелева во посредничка
молитва за другите:

„Молитвата на Павле е производ од неговата страст за


луѓето. Неговиот непроменлив жар во молитвата не е само
набрзина поттикнат емоционализам, туку е претекување
на љубовта за браќата и сестрите во Христа Исуса.
Тоа значи дека ако сакаме да станеме подобри во
молитвите, мораме да ја зајакнеме нашата љубов. Како

1 D. Martyn Lloyd-Jones, Studies in the Sermon on the Mount, two volume


(Grand Rapids, Michigan: Eerdmans, 1971), 2:46.
2 Рим. 1:9-10; 2 Кор. 13:7, 9; Еф. 1:16; Флп. 1:3-4; Кол. 1:3, 9; 1 Сол. 1:2;
3:10; 2 Сол. 1:11.
3 D. A. Carson, A Call to Spiritual Reformation: Priorities from Paul and
His Prayers (Grand Rapids, Michigan: Baker, 1992), 79.
4 Исто 3,81.
Трудејќи се во молитва  137

што растеме во дисциплинирана, саможртвувачка љубов,


така ќе растеме во посредничката молитва. Молитвите
со површна жар, без таква љубов се крајно лажни,
шупливи, плитки.“5

Павле е пример на водач со љубов, кој се трудел во молитва.


Принуден да се моли, не само за спасените, но исто така и за
изгубените, тој горел од љубов за Израел и се молел за негово
спасение: „Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон
Бога за нив е да се спасат“ (Рим. 10:1). Христијанските водачи,
исто така треба да се молат за изгубените.
Епафрас, придружникот на Павле, е уште еден инспиративен
пример на водач со љубов, кој со жар се молел за оние кои
ги сакал. Додека Епафрас бил со Павле во градот Рим, Павле
напишал писмо до црквата на Колос и им кажал за молитвите
на Епафрас за нив:

„Ве поздравува вашиот сонародник Епафрас, слуга на


Христа Исуса, кој секогаш се бори за вас во молитви, за
да стоите совршени и наполно уверени во целата Божја
волја. Сведочам за него дека има голема ревност за вас и
за оние во Леодакија и за оние во Ерапол. (Кол. 4:12-13)“

Имајте на ум дека Епафрас „секогаш се бори“ во молитва за


неговите сакани луѓе. Други преводи, фразата ја прикажуваат
на овој начин: „Тој постојано се борел во молитва за вас“6,
тој „никогаш не ја запира битката за вас“ во молитва (Нова
ерусалимска библија). „Тоа не била повремена, рамнодушна
молитва во нивно име“, коментира Д. Едмонд Хиберт, „туку
постојан товар на посредништво. Редовно и постојано тој ги
понесувал нив пред престолот на милоста.“7
5 Исто 3, 85.
6 F. F. Bruce, The Letters of Paul: An Expanded Paraphrase (Grand Rapids,
Michigan: Eerdmans, 1965), 259.
7 D. Edmond Hiebert, Epaphras, Man of Prayer, Bibliotheca Sacra 136
( Jan.-March 1979): 59.
138 Водство со љубов

Колку биле благословени верниците на Колос што имале


таков верен пастир полн со љубов. Посредничките молитви на
Епафрас за неговите сонародници извирале од неговата љубов
за нив и ги следеле стапките на неговиот ментор, кој постојано
се молел за сите оние под неговата пастирска грижа. Како
што Х. Ц. Г. Мул изјавува: „Епафрас бил вистински ученик
на Павле во школата на посредување“.8

Како да се започне
Додека спонтаната молитва веќе го има своето место во нашите
животи, исто така постои и потреба за дисциплинирана,
посредничка молитва. Павле апелирал до верниците во Рим
активно да се борат во молитвата кон Бога, за неговата
безбедност и за неговото патување: „ве молам, браќа... преку
љубовта на Духот да се борите со мене, молејќи Му се на Бога
за мене“ (Рим. 15:30). Се забележува дека Павле апелирал до
нив за молитва „преку љубовта на Духот“. Ако тие го сакаат,
тие ќе се молат за него. Но оваа љубов не е некое краткорочно,
сентиментално чувство за еден мисионер. Оваа љубов е љубовта
произведена од Бог Светиот Дух. Духот е извор на оваа љубов.
Тоа е љубовта којашто сите верници би требало да ја имаат
едни за други. Така „љубовта на Духот“ би била силата што
ги движела нив да „се борат“ во дисциплинирана посредничка
молитва за потребите на личноста која ја сакале.
Дисциплинираната молитва е особено итен предизвик денес,
затоа што зафатеноста во животот остава малку време за неа,
освен ако не направиме приоритет и план за неа. Сето тоа е
премногу заедничко за водачите, за да ја занемарат трпеливата
служба за молитва за другите и со другите. Џорџ Вервер,
основачот на Операција мобилизација, се осврнува:

„Но ако постои каква било доктрина на којашто во нашите


цркви ѝ даваме важност само вербално, тоа мора да е
8 H. C. G. Moule, The Epistles of Paul the Apostle to the Colossians and
to Philemon, CBSC (Cambridge: University Press, 1906), 141.
Трудејќи се во молитва  139

доктрината за молитва. Сум служел во илјадници цркви...


во Европа, Северна Америка и ширум светот, и никогаш
не престанав да се изненадувам од занемарувањето на
вистинската, срдечна, заедничка молитва. Постојат некои
прекрасни исклучоци секако, но тие се само неколку во
споредба со останатите.“9

„Не постои ништо друго што ја кажува вистината


за нас како христијани толку многу како нашиот
молитвен живот.“
– Д. Мартин Лојд-Џонс

Д. А. Карсон се согласува и додава дека недостигот на


молитва е „надвор од чекорот со Библијата, којашто отсликува
какво треба да биде христијанското живеење“:

Тоа што истовремено изненадува и депримира е огромниот


недостиг на молитва, којшто толку многу ја карактеризира
Западната црква. Изненадувачки е, бидејќи е надвор од
чекорот со Библијата, којашто отсликува какво треба
да биде христијанското живеење; депримирачки е,
бидејќи постојано коегзистира со богата христијанска
активност, којашто, затоа се чини некако празна,
лекомислена и површна.10

Недостатокот на посредничка молитва не е знак само на


недостаток на љубов, наедно тој е и показател на нашиот
неуспех да ја видиме темната духовна реалност што нè
опкружува. Молитвата е критична точка, бидејќи сме во
војна „против космичките сили преку оваа присутна темнина,
против спиритуалните сили на злото на небесните места“.

9 George Verwer, Whatever Happened to the Prayer Meeting? SurgeUp www.


thinkwow.com/surgeup/whatever_happened.htm (3.10.2005)
10 Carson, A Call to Spiritual Reformation, 9.
140 Водство со љубов

Затоа мораме да го „земеме сето Божјо оружје“ (Еф. 6:12-13)


и кога сме под таков целосен оклоп, да истраеме во молитвата,
овластени од Духот:

„Со секаква проба и молитва, молете се во Духот во


секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и
со молба за сите свети, и за мене, да ми се даде слово
кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам
смело тајната на Евангелието. (Еф. 6:18-19)“

Да не бидеме водачи на кои им недостига молитва, но сепак


да бидеме претпазливи. Павле и Епафрас биле „будни“ војници
на Исус Христос. Тие двајцата се молеле „за сите свети“, „за
сите времиња“ и „со сета истрајност“. Исто така, ние мораме
да бидеме будни и да се молиме за сите свети, кои се под наша
грижа. Неуспехот да се молиме е наш сериозен превид, како на
нашата привилегија така и на нашата одговорност како водачи,
учители и луѓе во служба на Евангелието. Пророкот Самоил го
смета недостигот на молитва од страна на водачот на Божјиот
народ како грев: „А нека биде далеку од мене за да му згрешам
на Господа, прекратувајќи да молам за вас“. (1 Самоил 12:23)

„Недостатокот на молитва... постојано коегзистира со


богата христијанска активност, којашто, затоа се чини
некако празна, лекомислена и површна.“
– Д. А. Карсон

Во секоја заедница постојат одредени духовни проблеми и


физички потреби, за коишто единственото решение е молитвата,
со верување и упорност. Постојат луѓе кои секојдневно
страдаат од физичка болка; некои се соочуваат со болести
опасни по животот; други се справуваат со трогателни семејни
проблеми. Многумина имаат потреба од молитва, бидејќи се
борат со зависности или гревови коишто ги заробуваат и им
Трудејќи се во молитва  141

ги уништуваат нивните врски во животот. Некои не се сè уште


спасени и потребно им е спасение.
Кога беше соочен со проблем што Неговите ученици не
можеле да го решат – проблемот со едно момче измачувано од
лош дух, нашиот Господ рече: „Овој род со ништо не може да се
истера, освен со молитва и пост“ (Марко 9:29). Затоа можеме
да веруваме дека „Делотворната молитва на праведникот има
голема сила“ (Јаков 5:16) или во спротивно, нема да вложиме
напор да работиме во молитва за потребите на другите.

Самоил сметал дека недостатокот на молитва кај


водачите на божјиот народ е грев.

Најдобрите учители и проповедници се трудат да ги подобрат


своите вештини на подучување, и тие треба да го прават тоа.
Компетентните водачи и администратори тежнеат постојано да
ги подобруваат нивните водечки способности, и тие треба да
го прават тоа. Значи, верниците свештеници би требало да се
трудат да ја подобрат нивната служба на посредничка молитва.
Подолу се наоѓаат неколку предлози коишто ќе ти помогнат
да започнеш да се молиш за оние кои ги подучуваш и водиш.

Информација

За да се молиме разумно, потребни ни се информации; потребни


ни се барања за тековна молитва. Хадсон Тејлор, мисионер со
долгогодишно искуство во стремежот за молитва за стотици
мисионери во најпредизвикувачки можни ситуации, подучува
дека информациите од мисионерите се значајни за одржување
на молитвата „жива“ на домашен терен. А. Џ. Брумхал,
биографот на Тејлор, пишува:

„Кога христијаните знаеле што се случува, тие се


справувале со ситуацијата и се приклучувале. Кога
142 Водство со љубов

се чувствувале отсечени и неинформирани, нивните


дарови и дури и молитви се чинело дека се намалуваат.
Информациите водат кон посветеност – во многу случаи
на целите нивни животи.“11

Како водач исполнет со љубов, направи напор со намера да ги


научиш потребите од срцето на оние кои ги водиш и подучуваш.
Не претпоставувај дека ги знаеш нивните проблеми и грижи.
Прашај! Љубовта се грижи и сака да знае. Ова ќе го поттикне
твоето срце во молитва и енергетски ќе ги потпомогне твоите
молитви. Нека луѓето знаат дека се молиш за нив и постојано
имај потреба од нивните барања за молитва. Но бидејќи многу
луѓе не сакаат да зборуваат за нивните вистински потреби,
треба да бидеш оној кој презема иницијатива во тој правец.
Конечно, немој да им кажуваш на луѓето дека ќе се молиш
за нив и потоа да не успееш да го сториш тоа. Тоа е лицемерна
љубов. Вистинската љубов ги зема ветувањата за молитва при
срце и ги следи преку одржување на тие исти ветувања.

Список за молитва

За да работиш ефективно во посредничката молитва за другите,


треба да развиеш список за молитва со имиња и потреби.
Бидејќи поголемиот број од нас немаат фотографска меморија,
треба да си ги запишеме барањата за молитва. Ако си меѓу
оние одговорни за целата заедница, ќе се молиш за многу
луѓе и потреби. За да го направиш тоа ефективно, користи го
црковниот именик за совесно и систематски да се молиш „за
сите свети“ (Еф. 6:18). Моли се за твоите мисионери (Еф.
6:19-20). И не заборавај да ги ставиш и твоите непријатели
на списокот исто така. Исус вели дека треба да ги сакаш
своите непријатели со молитва за нив (Мт. 5:44; Лк. 6:28).
Д. А. Карсон дава пригодна забелешка: „Секој од нас ќе биде
помудар ако реши никогаш да не ги поставува луѓето во по-
11 A.J. Broomhall, Hudson Taylor and China’s Open Century, Book 5: Refiner’s
Fire (London: Hodder and Stoughton, 1985), 342
Трудејќи се во молитва  143

ниска позиција, освен ако тоа се однесува на позицијата во


нашите списоци за молитва“.12

Молитва од Библијата

Ако на моменти не знаеш како да се молиш за оние кои ги водиш,


погледни во твојата Библија. Таа е најдобриот прирачник за
молитва. Можеш да ги користиш молитвите од Светото Писмо
при молење за другите (и за себе). Еве неколку примери:

•• О Господи, небески Боже, велики и чудесен Боже,


Кој го пазиш Заветот и наклонeтоста... Ти се молам
сега, дење и ноќе, за Израелевите синови, Твои слуги,
и ги исповедам гревовите на Израелевите синови,
што ги направивме против Тебе; согрешивме јас и
куќата на мојот татко! Правевме многу зло кон Тебе,
не држејќи ги Твоите наредби, закони и заповеди
коишто ги заповеда Ти преку Мојсеја, Твојот слуга.
(Неемија 5-7)

•• Јас се молам за нив... зашто се Твои... Свети Татко...


Не Те молам да ги земеш од светот туку да ги запазиш
од лукавиот... Освети ги во Својата вистина, Твоето
Слово е вистината... за да бидат совршени во едно,
за да знае светот дека Ти си Ме испратил. (Јн. 17:9,
11, 15, 17, 23)

•• Спомнувајќи ве во своите молитви, та Бог на нашиот


Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде
дух на мудрост и откровение во вистинското познавање
на Него: и да ги избистри очите на вашето срце, за
да знаете каква е нежноста на Неговото повикување,
колкаво е богатството на Неговото славно наследство
во светите, и колку е преголема Неговата сила кон
12 Carson, A Call to Spiritual Reformation, 29.
144 Водство со љубов

нас, кои веруваме според дејствувањето на Неговата


моќна сила. (Еф. 1:16-19)

•• И затоа се молам вашата љубов да изобилува сè повеќе


и повеќе во сознавањето и во секакво расудување, за
да можете да испитувате за она што е подобро –
да бидете чисти и беспрекорни за Денот Христов,
исполнети со плодовите на правдата, коишто се
преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога.
(Флп. 1:9-11)

•• Ние не престануваме да се молиме за вас и да просиме


да се исполните со познавање на Неговата волја во
секоја мудрост и духовно разбирање, така што да
одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во
сè; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за
да растете во познавањето на Бога. (Кол. 1:9-10)

•• Затоа и се молиме секогаш за вас – нашиот Бог да


ве смета достојни на звањето, и да ја исполни секоја
добра волја во добрина и делото на вашата вера во
сила, за да се прослави името на нашиот Господ Исус,
во вас и вие во Него. (2 Сол. 1:11-12)

•• А Господ да направи вие да растете и да изобилувате


во љубов еден кон друг и кон сите... за да ги утврди
вашите срца да бидат непорочни во светост пред
нашиот Бог и Татко, при доаѓањето на нашиот Господ
Исус Христос со сите Свои свети. (1 Сол. 12-13)

Можеш да ги земеш токму овие зборови и да ги применуваш


за луѓето за кои се молиш. Тоа на твоите молитви ќе им даде
цврста библиска основа. Ќе бидеш сигурен дека се молиш
за волјата Божја за другите и ќе знаеш што Бог сака за нив.
Молејќи се со зборовите од Светото Писмо, внесуваш живот
во твоите молитви.
Трудејќи се во молитва  145

Од љубов за оние кои ги водиш, посвети се себеси за


подобрување на посредничката молитва. Запрашај се: Ако оние
кои ги водам зависат од моите молитви, како би биле?
Или Ако нашите мисионери зависат од моите молитви,
како би биле?
За да го зајакнеш својот молитвен живот, земи конкорданца
на Библијата и погледни ги сите стихови за молитва, за да
видиш што Бог сака да знаеш за молитвата. Читај книги за
молитвата и разговарај со други луѓе за да добиеш практични
идеи. Моли се со зрели верници, и учи слушајќи ги нив. На-
прави список на молитви за оние за кои ќе се молиш редовно
и одвои место и време за да го правиш тоа. Дури и пет или
десет минути во денот, поминати во верна молитва, за оние
кои се под твоја грижа, ќе донесат големи придобивки. Некак-
ва молитва сепак е подобра од никаква молитва. Како што ќе
практикуваш дисциплина во молитвата и ќе видиш многу пре-
красни одговори од Господ, и како што ќе растеш во љубовта,
ќе стануваш сè повеќе посветен на молитвата.
Како ученици, можеме да Го замолиме нашиот Господ да нè
научи да се молиме (Лк. 11:1), и потоа верно да се повинеме
на заповедите од Светото Писмо да се молиме за сите времиња,
со упорност, за сите свети. (Еф. 6:18).
Глава 14

Хранење гладни души

Ме сакаш ли?... Паси ги Моите овци!


(Јн. 21:17)

Добрите пастири ги сакаат своите овци и не се штедат во напорот


кога ги водат до зелени пасишта и бистра вода. За мрзеливиот
пастир, сепак би било прифатливо секое пасиште или дупка со
вода. Во Стариот завет, Бог има силни зборови за мрзеливите
пастири. Во Езекиел, Бог ги осудува израелските водачи за
пренебрегнување во хранењето на Неговиот народ (Езекиел
34:2). Во Осија, свештениците не успеале во подучувањето на
Божјиот закон, затоа Бог извикал: „Мојот народ гине: нема
знаење“ (Осија 4:6). Но еден ден, Бог му ветува на Израел: „ќе
ви дадам пастири според Своето срце, кои ќе ве пасат разумно
и мудро“ (Еремија 3:15).
Исус Христос е Добриот Пастир – пастир според сопственото
срце на Бога, кој го излеа својот живот, хранејќи ги луѓето со
словото Божјо. Така тие Него Го нарекле „Учител“. Дури и сега,
од небесата, Исус Христос дава духовни дарови за на некои да им
овозможи да го нахранат своето стадо (Еф. 4:11-16). Бидејќи ги
сака своите луѓе, Тој сака тие да имаат зборови коишто негуваат,
„зборови на вечен живот“ (Јн. 6:63-68), така што ќе можат
да израснат во својата зрелост и самите да станат побројни.
Водачите и учителите, исполнети со љубов, на истиот начин ќе
ги посветат своите животи за хранење на стадото Божјо.
Хранење гладни души  147

Љубовта подучува и зајакнува

Кога ќе видиме слики на заслабнати, гладни деца, нашите срца


тагуваат и сакаме да помогнеме. Па, исто така, нашите срца
треба да тагуваат и кога ќе видат Божји луѓе, кои заслабнале
и се гладни духовно, поради гладот за словото Божјо.
Би требало да сакаме веднаш да преземеме акција, бидејќи
љубовта секогаш бара да ги задоволи потребите на оние кои ги
сака, и најголемата потреба што ја имаат луѓето е за словото
Божјо. Самиот Господ вели: „човекот не живее само од лебот,
туку човекот живее од сè што излегува од Господовата уста“
(Второзаконие 8:3). Словото Божјо ја обезбедува пораката
на вечно спасение и насоките на христијанскиот живот
(2 Тим. 3:15-17).
Љубовта за луѓето нè присилува да го проповедаме и учиме
Божјото слово. Таа нè поттикнува да се исцрпуваме себеси во
читање, учење и подготовка за подучување. Таа нè инспирира
да жртвуваме значителни количини време во подучување еден
на еден или на помали групи или на средби на целата заедница.
Таа ни дава нам желба да ги едуцираме сите луѓе, млади
и стари, образовани и необразовани. Љубовта не може да
поднесе да ги гледа оние кои ги сака во духовна сиромаштија,
изгладнети за словото Божјо, и нема да ги остави во незнаење.
Божјиот народ има потреба од духовна храна и нега за да
расте и да се размножува. Поради ова, Павле му кажува на
Тимотеј да го направи подучувањето на Светото Писмо со
централно значење за неговата служба: „внимавај на читањето,
на опоменувањето и на поучувањето (врз основа на Светото
Писмо)“ (1 Тим. 4:13). Коментаторот Вилијам Маунс, со
точност наведува: „Водството во апостолската црква во голема
мера се заснова на соодветно подучување“.1
Варнава е прекрасен пример на водач исполнет со љубов,
со страст за градење на другите преку Светото Писмо. Првите
христијани го нарекувале „син на утехата“ (Дела 4:36). Преку
Словото на Бога, Варнава го подигал духот и расположението
1 William Mounce, Pastoral Epistles, WBC (Nashville: Thomas Nelson, 2000),
392.
148 Водство со љубов

на луѓето. Ја зајакнувал и ја предизвикувал нивната вера. Ин-


спирирал на чиста храброст и посветеност на Христос (Дела
11:23). Тој образувал нови верници во Христа (Дела 11:26;
13:1). Неговата љубов за подучување на Евангелието го довела
до Павле, кого го побарал во градот Тарс и го довел во Антио-
хија, па така новата тамошна црква ги имала најдобрите можни
упатства. Заедно, Павле и Варнава можеле да подучуваат од
Словото и да изградат едно зрело, здраво стадо.
Варнава на модерното време е Роберт Чапман, кој ја
напуштил неговата правна професија за да стане пастор на
една мала, проблематична, баптистичка заедница во Барнстапл,
Англија. И покрај неговите одлични вештини во односот со
луѓето, пастирската улога во црквата во Барнстапл се покажала
како предизвикувачка задача. За да започне, тој требало да ги
надмине потенцијално експлозивните разлики во доктрината
помеѓу него и заедницата.

Љубовта не може да поднесе да ги гледа оние кои


ги сака во духовна сиромаштија, изгладнети за Словото
Божјо, и нема да ги остави во незнаење.

Особено вредно за внимание е тоа што капелата Абенизар


го поканила него да стане пастор, бидејќи тој никогаш не бил
баптист и не споделувал многу од црковните строги гледишта.
Со оглед на доктриналната тензија помеѓу Роберт Чапман и
црквата, ситуацијата во Абенизер се чинела осудена на пропаст.
Тој најверојатно ќе бил четвртиот пастор кој ја напуштил
тамошната службата за помалку од две години.
Но, тоа не се случило. Роберт Чапман цврсто верувал дека
ако ја нема слободата во подучувањето на словото Божјо, нема
да има служба за него во Абенизер капелата. Така тој мудро
поставил еден услов за којшто немало простор за преговори,
пред да ја прифати пасторската служба во Абенизер. Тој услов
е најдобро објаснет од самиот Чапман:
Хранење гладни души  149

„Кога бев поканет да го напуштам Лондон и да одам на


служба на словото Божјо во Абенизер капелата, којашто
тогаш беше под влијание на заедница на строги баптисти,
се согласив да го сторам тоа, именувајќи само еден
единствен услов – дека ќе имам слобода да подучувам
на сè што ќе најдам запишано во Светото Писмо.“2

На основа на нивната доверба, луѓето се согласиле со овој


услов и Роберт Чапман ја започнал својата шеесетгодишна
служба во Барнстапл. Постепено црквата се менувала под
влијание на неговото искрено учење, во согласност со Библијата.
Како што годините минувале, таа станала една зрела, влијателна
заедница на верници, којашто отворила многу нови заедници и
имала мисионерски патувања во Шпанија, Индија и Кина.
Љубовта бара да излеземе во пресрет на основните потреби
на луѓето, за тие да го слушнат словото Божјо (Второзаконие
8:3). Колку огромен неуспех е за црковните пастири кои прават
сè, освен хранењето на Божјото стадо. Библијата е храна за
верниците. Постојано хранење преку млекото и месото на
Божјото Слово е она што им е потребно за заштита и раст.
Водачите и учителите, исполнети со љубов, ќе се потрудат
понапорно да ѝ излезат во пресрет на таа потреба.

„Водството во апостолската црква во голема мера се


заснова на соодветно подучување“
– Вилијам Маунс

Љубовта ги прави учителите поефективни

Љубовта не само што ги мотивира водачите да подучуваат,


туки и ги прави поефективни во нивното подучување. Добрите
учители треба да се грижат и да бидат во поблиски односи
2 Frank Holmes, Brother Indeed (London: Victory Press, 1956), 31.
150 Водство со љубов

со нивните ученици, да имаат со љубов исполнет карактер и


личност, и страст за нивната тема.

Љубов за учениците

Хауард Хендрикс, професор за Христијанско образование на


семинаријата во Далас и познат говорник, предавал на илјадници
луѓе како да го подобрат нивниот начин на подучување.
Тој ја кажува оваа приказна за Волт, неговиот учител во
неделното училиште.
Волт ги сакал децата и го сакал словото Божјо. Во тешка,
градска средина, тој се шетал по улиците, барајќи деца кои
не биле опфатени со црквата, за да ги покани во неделното
училиште. Со текот на времето, Волт земал тринаесет момчиња
од соседството на неговиот час. Мнозина од овие момчиња
Го примија Христос, и единаесет од нив на крајот влегоа со
полно работно време во христијанската служба. Еден од нив
бил Хауард Хендрикс. Волт не бил интелектуален гигант ниту
пак бил посебно привлечна личност; па што било тоа со него,
коешто допрело до тие момчиња и влијаело на нив за вечноста?
Хендрикс вели: „Всушност, не можам да кажам многу за тоа
што Волт ни го раскажуваше, но можам да ви кажам сè за
него... бидејќи тој ме сакаше заради Христос. Ме сакаше
повеќе од моите родители“.3
Добрите учители ги сакаат своите ученици и се предаваат
себеси несебично за нивното образование. Се грижат за своите
ученици. Ги ценат и ги почитуваат. Ги познаваат и ги разбираат.
Учителите исполнети со љубов се посветени на образованието
на нивните ученици. Како Павле, тие можат да кажат: „сакавме
да ви го предадеме не само Божјото Евангелие, туку и своите
души, зашто ни станавте мили“ (1 Сол. 2:8).
Евангелските едукатори се согласуваат дека љубовта и
почитта за учениците е од суштинско значење за поуката
којашто го менува животот:
3 Howard Hendricks, Teaching to Change Lives (Sisters, Ore.: Multnomah,
1987), xiii.
Хранење гладни души  151

„Не постои замена за љубовта на учителот за неговите


ученици... Подучувањето е далеку повеќе од пренесување
на содржините; тоа исто така е повик за комуницирање
на вистински личен интерес и љубов за секој ученик.“4

Склоност кон поставување со љубов

Добрите учители мора да се поврзат со нивните ученици. За


да го направат тоа, мора да бидат луѓе со љубов, како што се
опишани во 1 Коринќаните 13:4-7. Луѓето позитивно одговараат
на учители кои прикажуваат карактеристики на љубов, како
љубовта на Христос.
Понизни. Во колеџ имав христијански учител, кој редовно
се фалеше во класот за неговите напредни знаења и престижни
публикации. Тој беше интелигентен и добар предавач, но не
беше учител налик на Христос. Наместо тоа, тој беше арогантен
и неумерен фалбаџија, неговиот тон на гласот беше навредлив,
беше полн со себе, а не со Светиот Дух, повеќе се трудеше
да импресионира отколку да просветли. Тој беше „бронза што
ѕвони или кимвал што ѕвечи“ (1 Кор. 13:1).
Спротивно на тоа, Господ Исус Христос вели: „научете се
од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете
одмор на своите души“ (Мт. 11:29). Секој кој го слушнал
учењето на Исус, знаел дека не е како другите учители. Зборувал
со апсолутен авторитет, но сепак понизно и милостиво, без
надменост. Како резултат на тоа, луѓето од секое ниво на
општеството биле привлечени кон него; мажи и жени, богати
и сиромашни, образовани и неуки, религиозни и нерелигиозни;
дури и отпадниците од општеството биле добредојдени и
уживале слушајќи ги неговите милостиви зборови.
Љубовта нè прави подобри учители бидејќи таа нè прави
понизни и скромни. Љубовта прави да бидеме слуги на нашите
ученици, а не владетели над нив. Љубовта е подготвена да
прифати исправка, да промени, да подобри и да признае
грешки. Љубовта ни помага да сфатиме дека не знаеме сè.
4 Roy B. Zuck, Teaching as Jesus Taught (Grand Rapids, Mich.: Baker, 1995),
84.
152 Водство со љубов

Како Павле, мораме да признаеме, „делумно знаеме и делумно


пророкуваме“ и „сега гледаме како во огледало – нејасно“
(1 Кор. 13:9, 12).
Љубовта бара да се заштитиме од гордоста во говорницата
и во училницата. „Гордоста одбива, понизноста привлекува...
Ефективноста во подучувањето повикува на понизност во
ставот.“5 Понизниот дух нè прави нас подобри претставници
на Исус Христос и Неговото учење, и ги прави луѓето повеќе
приемливи за нашето учење. Како што Џон Оман предупредува:
„освен ако говорницата не е местото каде што си најпонизен
во давањето на Божјата порака, тогаш таа сигурно ќе биде
местото каде што најсуетно ја даваш својата порака“.6
Трпение и љубезност. Во анкетата на студенти на колеџ,
кои се подготвуваа да бидат наставници, студентите наведоа
„љубов и трпение за учениците“, како два најважни квалитети
на добриот учител.7 Љубовта им овозможува на учителите да
бидат трпеливи и љубезни (1 Кор. 13:4), долго да страдаат
од незгодни луѓе – дури и од противници (2 Тим. 2:24-26),
и да ги издржат проблематичните луѓе, како тврдоглавите
Коринќани. Учителите исполнети со љубов се измачуваат за
да им помогнат на оние кои се спори за да научат. Бараат да
ги вовлечат незаинтересираните. Покажуваат нега и разбирање
за посебните потреби на некои лица.
Библијата е тешка за многумина луѓе да ја разберат и да се
придржуваат кон неа (2 Птр. 3:15-16); затоа учителите треба
да имаат исклучително трпение. Многу од големите доктрини
во коишто веруваме и ги подучуваме, се учат само со години
– навистина, за целиот живот – учење на ред по ред, поука
по поука (Исаија 28:10, 13). Покрај тоа, доаѓаат нови луѓе
во нашите цркви или проучувања на Библијата со научни
недостатоци или грешки. Ако не сме трпеливи и љубезни во
справувањето со нив, ќе ги избркаме пред воопшто да имаме
можност да ги подучуваме.
5 Исто, 67.
6 John Wood Oman, Concerning the Ministry (New York: Harper, 1937), 44.
7 Roy B. Zuck, Teaching as Paul Taught (Grand Rapids, Mich.: Baker, 1998),
61.
Хранење гладни души  153

Како учители, мораме да се разбираме со луѓето и да ги


уверуваме. Ако зборуваме милостиво, со трпение и љубезност, ќе
биде повеќе веројатно да ги увериме во вистината. Догматските,
груби ставови, од друга страна пак, ќе ги одвратат и отуѓат
луѓето и ќе го направат нашето подучување неефективно и без
плод. (2 Птр. 1:8)
Нежно и сочувствително. Кога Исус ја виде толпата луѓе,
„се сожали за нив,... и почна да ги поучува многу“ (Марко 6:34).
Учителите со љубов, како Павле, се однесуваат кон луѓето со
нежност и сочувствителност. Павле се споредувал себеси со
„доилката која топло ги негува своите деца“ (1 Сол. 2:7).
Вилсон Томас Хог, првиот претседател на Гринвил колеџот,
дава коментар за важноста на зборувањето на вистината со
нежност и љубов:

„Нежноста ќе ги придобие срцата така закоравени


како што ништо друго не може да ги трогне. Вистината
изговорена со љубов оди право во срцето на слушателот,
и повикува понатаму на љубезен одговор... Ги надминува
предрасудите и тврдоста... Таа омекнува и победува дури
и таму каде што и најлогичниот аргумент, и најстрашното
предупредување, и најтешката закана, не би предизвикале
поголем впечаток од нафатената роса на гранитен блок.“ 8

Вистината на изјавата на Вилсон Хог ја увидов на моето


крштевање. Поканив еден долгогодишен пријател да биде
сведок на моето крштевање и да слушне еден мисионер –
говорник. Говорникот беше Ирец, кој многу години служел
во Ангола, Африка. Мојот пријател беше закоравен неверник,
кој дојде само затоа што јас го замолив. Тој имаше слушнато
проповеди од Евангелието и претходно, и јас многупати му
имав кажувано за Евангелието, но без никаков одѕив од негова
страна. Но откако го слушна мисионерот како зборува, тој
праша: „Кој е овој човек? Немам никогаш слушнато толку
8 Wilson T. Hogg, A Hand­Book of Homiletics and Pastoral Theology (Chicago:
Free Methodist Publishing House, 1919), 342-43.
154 Водство со љубов

милостив и искрен говорник. Би сакал да се сретнам со него“.


Таквата реакција беше сосема несвојствена за мојот пријател.
Тоа што го повлече овој незаинтересиран грешник беше што,
налик на Исус, мисионерот беше „кроток и понизен по срце“
(Мт. 11:29).
Не се лути бргу. Љубовта не се иритира или не се лути
лесно поради несогласување или спротивставување (1 Кор.
13:5). Добрите учители се достапни и со нив лесно се разговара;
тие не се нервозни или во одбранбен став, ниту пак спремни
бргу да влезат во расправија со луѓе со кои не се согласуваат.
Начинот како подучуваме може да биде исто толку важен
како материјалот што подучуваме. Не смееме да го губиме
трпението, да ги караме нашите ученици, да се развикуваме
по нив или да бараме одмазда бидејќи тие нè навредуваат
нас. Ако го правиме тоа, му даваме можност на ѓаволот да ја
уништи нашата служба на подучување (Еф. 4:26-27). Така,
наместо да им помагаме, ние ги повредуваме нашите ученици
и го губиме нашиот кредибилитет. Разлутените проповедници
и учители создаваат чувство на страв и го гушат духот на
потрага, посебно кај децата и младината.
Милостив. Учителите и водачите исполнети со љубов, не
се со груб или нездрав начин на однесување (1 Кор. 13:5).
Тие не ги засрамуваат луѓето во јавност, не ги прекинуваат
додека зборуваат, не ги навредуваат, не се расправаат и не
присилуваат. Тие не го злоупотребуваат својот авторитет и
не ги заплашуваат луѓето. Внимателни се во нивниот говор и
свесни за потребата од соодветна облека и пристојност, особено
со членовите од спротивниот пол. Тие се тактични, учтиви и
љубезни. Ја препознаваат вредноста на времето и напорот,
коишто другите луѓе ги вложуваат.
Урамнотежување на вистината и љубовта. Да се биде
сочувствителен и со нежно срце не значи да се прави компромис
за вистината. Никогаш! Библиската рамнотежа секогаш ги
одржува на исто ниво и вистината и љубовта. Двата аспекта не
треба да се одделени (1 Кор. 13:1-3; Еф. 4:14-16; 2 Јн. 3). Џон
Стот нуди остроумно набљудување на правилната рамнотежа:
Хранење гладни души  155

„Некои лидери се вистински прваци во поглед на


вистината и загрижено се борат за неа, но прикажуваат
малку љубов. Други се големи поборници на љубовта, но
ја немаат истата посветеност кон вистината, како што
ја имале Исус и неговите апостоли. Вистината е тврда,
ако не е омекната со љубов; и љубовта е мека, ако не е
зајакната со вистината.“9

Без разлика дали ја браниме, јавно ја застапуваме, даваме


инструкции за неа или неформално ја споделуваме божествената
вистина со другите, мораме секогаш да ја обвиткаме со љубов.
Мораме секогаш да ја зборуваме „вистината во љубов“ (Еф.
4:15). За Тимотеј, еден вистински син во верата, Павле пишува:
„Држи се за образецот на здравите зборови што си ги чул
од мене во верата и љубовта којашто е во Христа Исуса!“
(2 Тим. 1:13). Така можеме да видиме дека „одржувањето
на правоверното учење од страна на Тимотеј мора да биде
придружено и поткрепено со искрен христијански начин на
живот, којшто вклучува вера во Бога и љубов за другите“10,
како што толкува Хауард Маршал.

„Вистината е тврда ако не е омекната со љубов и


љубовта е мека ако не е зајакната со вистината.“
– Џон Стот

Љубов за проучување и комуницирање


на Божјото Слово
„Најголемата и прва заповед“ (Мт. 22:38) е да се љуби Бог
со сето наше срце и душа и ум. Оваа љубов за Бога создава
љубов за проучување на Неговото Слово и нè мотивира да ги
9 John R. W. Stott, The Message of 1 & 2 Thessalonians orig. published as The
Gospel and the End of Time (Downers Grove, Ill.: InterVarsity, 1991), 70.
10 I. Howard Marshall, The Pastoral Epistles, ICC (Edinburgh: T & T Clark,
1999), 714.
156 Водство со љубов

подобриме нашите способности за да ја искомуницираме неа.


Љубовта за божјото Слово го поттикнува срцето да гори, за
секогаш да продолжи да проучува.
Стекнување знаење во Божјото слово. Добрите учители
го сакаат својот предмет и продолжуваат да го изучуваат. Џон
Стот пишува: „Нема сомнение дека најдобрите учители, во кое
било поле на знаење, се оние кои остануваат ученици целиот
свој живот“.11
Извонреден пример на доживотен ученик на Светото Писмо
е еден човек на деведесет и седумгодишна возраст, кој им
предава на постарите лица во нашата црква. Тој сè уште сака
да го чита, проучува и подучува Словото. Кога и да сум со него,
тој зборува за Светото Писмо и толкувачите кои ги прочитал.
Никогаш не треба да мислиме за нас дека сме премногу стари
за сè уште да учиме и растеме.
Љубовта за Бога и Неговото Слово прави од нас доживотни
проучувачи и жедни ученици. Со вообичаен увид, Чарлс
Сперџен предупредува на трагедијата кога учителот ја губи
желбата да учи и проучува:

„Сите ние имаме голема потреба од многу напорно


проучување ако нашата служба треба да биде добра и
вредна за нешто... Оној кој престанал да учи, престанал
и да подучува. Оној кој повеќе нема да „сее“ во
проучувањето, нема ни да „жнее“ на говорницата.“12

Хауард Хендрикс едноставно предупредува: „Ако денес


престанеш да растеш, утре ќе престанеш да подучуваш“.13

Пол Стенли и Роберт Клинтон, во нивната книга Поврзување:


Менторскиот однос којшто ви е потребен за да успеете во
животот, велат дека една од основните причини што многу
11 John R. W. Stott, Between Two Worlds: The Art of Preaching in the Twentieth
Century (Grand Rapids, Mich.: Eerdmans, 1982), 180.
12 Charles Haddon Spurgeon, An All­Round Ministry (1900; reprint ed., London:
Banner of Truth Trust, 1960), 236.
13 Hendricks, Teaching to Change Lives, 17.
Хранење гладни души  157

од христијанските водачи и учители не ги завршуваат нивните


животи ефикасно за Христос, е тоа што тие во еден одреден
момент прекинале да растат во знаењето и во љубовта за Христос.

Забележавме дека поголемиот број луѓе прекинуваат со


учење на возраст од 40 години. Со тоа ние мислиме
дека тие повеќе не се во активна потрага по знаење,
разбирање и искуство, коишто ќе ги подобрат нивните
капацитети за раст и придонес за другите. Многумина од
нив едноставно се потпираат на она што веќе го знаат. Но
оние кои завршуваат добро, го задржуваат позитивниот
став за учење, целиот свој живот.
Многу луѓе, особено водачи, доаѓаат до ниво коешто
е без или со многу малку промени. Стануваат задоволни
со тоа каде се наоѓаат и со тоа што го знаат. Ова често
се случува откако ќе достигнат ниво доволно високо за
да се чувствуваат удобно или да можат да ја одржуваат
иднината релативно сигурна и предвидлива. Но, ова е во
спротивност со библискиот принцип на редарство.14

Во светлината на оваа природна склоност, Павле го обврзал


Тимотеј, откако му кажал да се посвети на подучувањето
коешто носи повторување:

„Исполнувај го тоа, биди во тоа, и твојот напредок ќе им


биде видлив на сите! Внимавај на себеси и на учењето!
Истрај во тоа, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и
себеси и оние кои те слушаат.“ (1 Тим. 4:15-16)

Кога ја губиме ревноста за знаење, го губиме жарот на


подучувањето. Кога престануваме да растеме, престануваме да
влијаеме на другите. Кога не сме возбудени за Светото Писмо,
не ги возбудуваме другите. Ако очекуваме да ги предизвикаме
срцата и умовите на мажите и жените од следната генерација,
нашите срца и умови мора да бидат предизвикани исто така.
14 Paul D. Stanley and J. Robert Clinton, Connecting: The Mentoring Relation­
ships You Need to Succeed in Life (Colorado Springs: NavPress, 1992), 222.
158 Водство со љубов

Не можеме да влијаеме на луѓето за Бога, ако не учиме, не


се менуваме и не растеме. Учителите кои Го љубат Бог и со
љубов го проучуваат Светото Писмо, ја репродуцираат оваа
љубов кај другите.
Растење во способноста да се комуницира ефективно.
Љубовта за Божјите луѓе и Неговото Слово нè тера постојано
да ги подобруваме нашите комуникациски вештини, за да
можеме поефективно да ја предадеме вистината. Хауард
Хендрикс предупредува:

„Ако имате намера да им досадувате на луѓето, не


бидете досадни со Евангелието. Досадувајте им со
анализи; досадувајте им со наука за земјата; досадувајте
им со светската историја. Но грев е да им се досадува
на луѓето со Евангелието.15

Има многу малку природно надарени големи проповедници


и учители. Mногумина од нас сме просечни учители, кои има� -
ат постојана потреба да го подобруваат своето подучување и
проповеднички вештини. Сепак, искушението подразбира да се
биде задоволен со нашето сегашно ниво на компетентност и
плодност. Но, ако ги сакаме луѓето и Светото Писмо, никогаш
нема да сакаме да запреме во стремежот за подобрување.
Џон Мекартур Јуниор ја поучувал Библијата преку различни
медиуми пред голема публика, речиси четириесет години. Сето
тоа време тој не застанал, туку бил со сè поголема страст и
сè подобри вештини во однос на тоа што бил кога започнал.
Љубовта за Словото Божјо и љубовта за неговите слушатели
биле мотивација за неговата посветеност кон совршенство.

Како да се започне
Овците се речиси неспособни за самите правилно да се нахранат
и напојат. Без пастир, тие наскоро би останале без пасиште и
15 Quoted in Lawrence O. Richards and Gary J. Bredfeldt, Creative Bible
Teaching, rev. ed. (Chicago: Moody Press, 1998), 218.
Хранење гладни души  159

без вода, и би изгладнеле до смрт или би умреле од жед. Така,


како автор и пастор, Чарлс Џеферсон нè потсетува:

„Се зависи од правилното хранење на овците. Освен ако


мудро не се хранат, тие заслабнуваат и се разболуваат,
и богатството инвестирано во нив е залудно потрошено.
Кога Езекиел прикажува слика на лош овчар, првата
забелешка е „тој не го нахрани своето стадо“.16

Еве неколку идеи коишто ќе ти помогнат да го подобриш


твоето поучување. Прво, ако си дел од раководниот тим,
одговорен за водство и поучување на луѓето, трасирај чиста
библиска филозофија на подучување и проповедање на
Светото Писмо. Исто така, редовно оценувај ја својата служба
на подучување и планирај ја за во иднина. Биди сигурен дека
содржината на твоето подучување е библиска, предизвикувачка,
применлива и важна за луѓето. Не дозволувај да стане случајна
или неефикасна. Биди во можност да кажеш, како Павле:
„зашто не пропуштив да ви ја соопштам целокупната Божја
намера“ (Дела 20:27). Исто така, редовно оценувај ја својата
служба на подучување и плановите за во иднина. Овците ќе
страдаат ако ја занемариш оваа суштинска должност.
Второ, за да го подобриш твоето подучување, слушај ги
излагањата на наставата на одличните проповедници и учители,
и направи ги нивните касети или ЦД-а достапни за другите.
Тоа неизмерно ми помогна мене во мојот личен чекор со Бог,
како и во моето проповедање. Како што ги слушам големите
светски проповедници, тие ја збогатуваат мојата душа и ми
покажуваат како да се применува словото Божјо во животите на
луѓето. Ми помагаат да мислам на начини како да илустрирам
тешки концепти, да бидат целесообразни, како да го отворам
патот за Светото Писмо, и да предадам материјал со духовна
моќ и животна сила.

16 Charles Edward Jefferson, The Minister as Shepherd (1912; reprint ed.,


Fin–castle, N.J: Scripture Truth, n.d.), 59-60.
160 Водство со љубов

Редовно преиспитувај ја својата служба на поучување


и прави планови за иднинта.

Трето, секогаш да се гради библиотека од алатки за


проучување на Библијата, којашто ќе ти помага во проучувањето
на Светото Писмо. Секако, најважна работа е да се има добра
Библија. Тоа е основното средство за хранење на Божјите
луѓе. Исто така, ќе ти треба добар лексикон, библиски реч-
ници, квалитетни коментари и други извори на информации.
Постојат добри софтверски програми, како и растечки број
на библиски алатки за проучување, достапни на Интернет и
наедно бесплатни.17
Четврто, има многу книги и други материјали, коишто
може да ти помогнат во подобрување на твоето проповедање
и подучување. Повикај ја семинаријата или богословијата и
прашај го професорот по хомилетика за предлози. Користи
ги овие материјали и направи да бидат на располагање на
другите во твојата црква. Ако е можно, посетувај курс за
хомилетика. Дури и ако си бил во библиско училиште или
семинарија, никогаш не ја надраснувај потребата за свежи
идеи за подобрување на твоето пренесување на вистината.
Гледањето на нивните водачи и учители како растат, во голема
мера е охрабрувачко за луѓето и тоа ги охрабрува и нив да
растат исто така.
Петто, слушај се себеси. Дури и најдобрите проповедници
несвесно запаѓаат во лоши навики. Слушањето себеси на касета
или уште подобро, гледањето видеозапис може да ти помогне
да ги поправиш досадните навики коишто ја попречуваат
комуникацијата. Не се грижи дека оваа практика би можела

17 Интернет страници на македонски јазик: www.mkbible.net, www.


svetopismo.com.mk, www.bible.com, како и на англиски јазик: www.bible.
org www.biblegateway.com, www.bibleplaces.com, и www.biblestudytools.
net. Софтверски програми како Logos и BibleWorks исто така нудат многу
корисни функции.
Хранење гладни души  161

да предизвика горделивост; дефинитивно ќе те одржува


понизен! Дури и најдобрите учители треба да си ги подобрат
своите вештини.
Шесто, имај некој близок до себе, кој ќе го оцени твоето
подучување и проповедање. Не дозволувај другите во публиката
да знаат дека го правиш тоа, затоа што тоа ќе го наруши нивното
внимание при слушањето на содржините од твоето предавање.
Мојата сопруга беше еден од моите најдобри критичари, и тоа
сè уште не го уништило нашиот брак.
Конечно, учителите и проповедниците треба да „изобилуваат
со љубов“ ако сакаат нивната работа да биде плодна. Чарлс
Спарџен вели:

„Навистина, мораме да изобилуваме со љубов. Тешко е


за некои проповедници да ги „наситат и намирисаат“ нив-
ните проповеди со љубов; затоа што по природа се тврди,
или ладни, или груби, или себични. Никој од нас не е тоа
што би требало да биде, но некои се посебно сиромашни
од аспект на љубовта. Тие не се „грижат природно“ за
душите на луѓето, како што Павле наведува. За сите, а
особено за оние од потврдата сорта, би кажал: Биди двој-
но поискрен како на свето добротворство, зaшто без тоа,
проповедањето нема да биде повеќе од бронза што ѕвони
или кимвал што ѕвечи. Љубовта е моќ. Светиот Дух, во
поголемиот дел, работи преку нашата наклонетост. Сакај
ги луѓето во Христос; верата постигнува многу, но љубов­
та е вистинскиот инструмент со којшто верата ги одра-
ботува нејзините желби во името на Господ на љубовта.
И сигурен сум дека, сè додека срдечно не си ја сакаме
нашата работа, и не ги сакаме луѓето со кои работиме,
нема да постигнеме многу.18

18 Spurgeon, An All­Round Ministry, 192-93.


Глава 15

Заштитување и укорување
на саканите

Јас ги укорувам... оние кои ги љубам


(Отк. 3:19)

Замисли татко кој тврди дека си ги сака неговите деца, но


не презема никакви активности за да ги запре да не станат
зависници од дрога или да не се впуштат во проституција. Или
замисли дека гледаш еден брат во Христос како оди право кон
жив песок, но не кажуваш ништо и си продолжуваш тивко по
патот. Тоа не е вистинска љубов; тоа е апатија. Тоа не е љубов
кон ближниот како кон себеси; и не е сакање како што Исус
сакал. Сепак, вакви сме кога одбиваме да поправиме своеволен
верник, да укориме грешно однесување или да ги предупредиме
другите од лажните учители.
Библијата вели дека сите ние сме како овци; без заштита
од добар овчар можеме лесно да заталкаме. Потребни ни се
пастири на секое ниво во црквата, кои ќе ги дадат своите животи
за да го заштитат стадото од дивите волци и други опасности.

Исус се соочил со волците во овчи алишта


Како Добриот Пастир, Исус во неколку наврати го предупредил
неговото стадо за смртоносното влијание на лажните учители.
Многу луѓе, вклучувајќи ги и учениците на Исус, мислеле дека
фарисеите и книжниците биле вистински учители на луѓето
Заштитување и укорување на саканите  163

пред законот и пред Бога. Но тие не биле. Тие биле гладни


волци кои голтале луѓе. Во нивниот верски фанатизам, отишле
многу подалеку од Стариот завет, со воведување илјадници
церемонијални обреди и вештачки традиции, коишто пак го
направиле животот на луѓето речиси неподнослив. Тие се
возвишувале себеси и биле исполнети со праведност само
кон себеси. Најлошо од сè било што ги спречувале луѓето
вистински да Го осознаат и љубат Бог.
Значи Исус ги предупредил неговите ученици: „Пазете се
од лажните пророци кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се
грабливи волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови“ (Мт.
7:15-16). Со совршено морално негодување, Исус ги препознавал
и ги разоткривал за нивната опака доктрина и лажна побожност,
јавно изложувајќи ги за тоа што навистина биле:

•• Горко вам книжници и фарисеи, лицемери, кои го


затворате Небеското царство пред луѓето (Мт. 23:13)

•• Горко вам, слепи водачи... (Мт. 23:16)

•• Така и вие однадвор им се покажувате праведни


на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и
беззаконие (Мт. 23:28)

•• Змии, змиски породи! Како ќе побегнете од судот на


пеколот? (Мт. 23:33)

•• Вие добро ја укинувате... Божјата заповед, за да


го држите вашето предание!... И така го укинувате
Божјото Слово со своето предание (Марко 7:9, 13)

•• Чувајте се од книжниците... Кои ги изедуваат домовите


на вдовиците, и лажно се молат долго (Лк. 20:46-47)

Исус им кажува на своите ученици дека фарисеите ќе добијат


„поголема осуда“, како учители кои ги завеле и проголтале
беспомошните (Лк. 20:46-47).
164 Водство со љубов

Грмењето на Исус против фарасеите и книжниците не звучи


со многу љубов и толеранција, и некои луѓе не можат да Го
замислат Исус како покажува морално негодување и изразува
силна осуда. Но тоа е затоа што тие не разбираат кој е Исус
Христос. Неговото откажување од фарисеите и книжниците
било израз на Божјата правда и правична пресуда за нив. Бог
од Библијата не е само Бог на љубовта, но исто така е и Бог
на светиот гнев и пресуда. Божествената љубов може во исто
време да биде и нежна и сурова. (Рим. 11:22)
Исус не е негрижлив, лут пророк. Тој плаче над одбивањето
на Ерусалим на Неговата блага покана да дојат при него за
спасение (Мт. 23:37; Лк. 19:41). Тој тагува поради зајакнатото
неверие на луѓето и нивните водачи. Исус е Божјиот вистински
пророк и учител, кој го ризикува својот живот за да предупреди
на опасност. Тој е стражар на градските ѕидини, кој плаче за
да го заштити градот од освојувачи.1 Тој е храбар заштитник
кој ги брка волкот, лавот или мечката, затоа што си ги сака
своите овци. Исус кажува: „Јас Сум Добриот Пастир. Добриот
пастир го дава својот живот за овците“ (Јн. 10:11).
Кога црковните учители и водачи одбиваат да го преду-
предат стадото за лажните учители, тоа претставува
потполно занемарување на должноста, коешто ќе резулти-
ра со тоа што стадото ќе биде проголтано (Дела 20:28-31).
Замислете овчар кој избегнува да го заштити стадото од волци,
бидејќи тоа е опасна, непријатна работа. Колку апсурдна помис-
ла! Меѓутоа, постојат цркви коишто веруваат во Библијата, а
поради желбата да го зголемат нивниот број, се премногу загри-
жени да не навредат некого, па нема да ги предупредат луѓето
за лажните учители. Тие се подготвени да ги остават овците
ранливи и неодбранливи против лукавствата на непријателот.

Исус ги укори Своите ученици


Од време на време, било неопходно Исус да ги укори своите
ученици за нивното неверие и недостигот на разбирање.2 Но
1 Езекиел 3:17-21; 33:7-8.
2 Матеј 16:8, 11; Марко 8:17-18, 32-33; 16:14; Лука 09:41; 12:29.
Заштитување и укорување на саканите  165

Исус не бил студен, злоупотреблив тиранин; тој бил Господар


исполнет со љубов, „полн со благодат и вистина“ (Јн. 1:14).
Исус никогаш не ги осудувал неговите вистински ученици, како
што тоа го правел со лажните учители на Израел.
Всушност, Исус е неверојатно трпелив и љубезен со неговите
ученици кои побавно учеле. Тој им ги мие нозете, ги послужува
и ги подучува. Тој се грижи за нив и ги сака, дури и кога го
напуштаат во часот на неговата мака. Како што во Евангелието
според Јован стои: „љубејќи ги Своите во светов, ги возљуби
до крај“ (Јн. 13:1). И на крајот, умрел за нив.
А. Б. Брус, во неговото монументално дело Обуката на
Дванаесеттемината, нè потсетува на тоа колку многу
учениците требало да одучат и да научат за помалку од три
години. Само највисоко квалификувани учители и водачи,
каков што бил Исус, би можеле да го постигнат тоа што Тој
го направил со дванаесеттемината:

’Но во времето кога биле повикани, тие биле премногу


неуки, со ограничени сфаќања, суеверни, полни со
еврејски предрасуди, заблуди и непријателски настроени.
Тие имале да одучат многу од она што било лошо, како
и многу да научат од она што било добро, и истовремено
биле спори и во учење и во одучување. Старите верувања
што биле во нивните умови ја правеле комуникацијата на
новите религиозни идеи да биде тешка задача. Тие биле
мажи со добро и чесно срце; почвата на нивната духовна
природа била соодветна за да придонесе изобилна жетва,
но била здрвена, и потребно било многу макотрпна
обработка пред таа да го вроди својот плод.‘3

Ние, исто така треба да ги коригираме и укориме оние


кои ги подучуваме и водиме, но секогаш со љубов и трпение.
Соодветното прекорување може да промени и да спаси живот.
Треба да веруваме во ова, во спротивно нема да го правиме.

3 A. B. Bruce, The Training of the Twelve, 2d ed. (1877; reprint ed., Grand Rapids,
Mich.: Kregel, 1988), 14.
166 Водство со љубов

Павле се изборил против волците

Кога волци го нападнале стадото на Христос, Павле станал


непокорлив лав. Бил подготвен да се бори и да умре за црквата
и чистотата на евангелиската порака. (Како доказ за тоа,
погледни во Посланието до Гал.). Каде и да го проповедал
Евангелието или воспоставувал цркви, наскоро се појавувале
лажните учители за да противречат на словото за крстот.
Како Исус Христос, Павле не звучи со многу љубов или
толеранција кон овие лажни учители. Секој кој проповеда
„Евангелие, што се разликува од она што го примивте“, вели
тој, „да биде проклет“ (Гал. 1:9). Лажните учители ги нарекува
измамници, лицемери, уништувачи, работници на злото и кучиња.
И дека тие навистина се тоа. Тие се преправаат како учители
на Христос, кога во реалноста всушност се агенти на сатаната:

„Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, измамливи


работници кои се преправаат во Христови апостоли. И
не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на
светлината. Тогаш, не е ништо големо, ако и неговите слуги
се преправаат во слуги на правдата.“ (2 Кор. 11:13-15)

Сериозните предупредувања на Павле се Божји сериозни


предупредувања. Нетолеранцијата на Павле кон лажните
учители ја претставува Божјата нетолеранција кон лажните
учители. Жалните извици на Павле се од еден загрижен татко,
полн со љубов, кој ги штити своите деца од измама. Тој е
побожно љубоморен за да ја зачува чистотата на неговите
сакани, преобратеници во верата:

„Зашто, ревнувам на вас со Божја ревност; бидејќи ве


свршив со еден маж, за да ве приведам како чиста девица
пред Христа. Но се плашам, како што змијата ја измами
Ева со своето лукавство, така и вашите мисли да не
се одвратат од простодушноста и од чистата верност во
Христа.“ (2 Кор. 11:2-3)
Заштитување и укорување на саканите  167

Користејќи ја сликата од Стариот завет за чуварот на


градскиот ѕид, кој беше одговорен за крвта на оние кои починале,
доколку тој не успевал да ги предупреди луѓето од туѓинските
освојувачи, Павле кажува: „Затоа ви сведочам во овој ден дека
сум чист од крвта на сите вас; зашто не пропуштив да ви ја
соопштам целокупната Божја намера“ (Дела 20:26-27).
Јован, Јаков, Петар, Јуда и писателот на Посланието до
Евреите, исто така даваат силно предупредување за опасноста
да се биде измамен од лажно евангелие или од верување
во лажен Христос.

Павле предупредувал и укорувал верници


Павле не само што предупредувал на лажните учители, тој исто
така ги штител црквите и од внатрешен раздор и од враќање на
сексуално неморалното паганско однесување. Затоа неговите
писма се полни со поттикнувања и прекорувања.
Со Коринќаните, Павле понекогаш користел строг говор.
Причината за ваквото обраќање е што тие дејствувале повеќе
како пагани од светот отколку како послушни следбеници на
Исус Христос. „Како и да е, овие строги прекорувања или
тешки предупредувања не биле во противречност со неговата
љубов. Тие произлегувале од неговата љубов.“4
Сите духовни водачи имаат сериозно задолжение да ги
опоменуваат оние кои ги водат (1 Сол. 5:12). Павле му кажува
на Тит, „зборувај го ова и опоменувај и изобличувај со целосна
власт“ (Тит 2:15) и повремено, „изобличи ги строго“ (Тит
1:13). Павле го задолжил Тимотеј, „проповедај го словото...
изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со
поука“ (2 Тим. 4:2).
Понекогаш пастирите во црквата треба да ги укорат не
само овците но и другите водачи и учители. За грешење на
старешините, Павле го задолжил Тимотеј и црквата да ги
„изобличи пред сите, за да имаат и другите страв“ (1 Тим.
4 Roy B. Zuck, Teaching as Paul Taught (Grand Rapids, Mich.: Baker, 1998),
104.
168 Водство со љубов

5:20). Во една прилика, со црквата во Антиохија, Павле остро


го прекорил Петар и неговиот близок соработник Варнава за
компромитирање на Евангелието и за загрозување на единството
во црквата. Петар, Варнава и други еврејски верници престанале
да јадат заедно со нивните многубожни браќа и сестри, со
цел да се смират еврејските верници од Ерусалим (Гал. 2:11-
14). Претчувствувајќи катастрофален ефект од лицемерието
на Петар, ако остане непредизвикано за некое време, Павле
јавно се соочил со неговиот брат во Христос. Павле сфатил
дека тогаш не бил момент за трпеливо да се издржи, туку да
се преземе итна акција и силен, бескомпромисен став.

Понекогаш пастирите во црквата треба да ги укорат


другите водачи и учители.

Предупредувањето на опасност, исправувањето своеволно


однесување и прекорување за грев, сите тие се дел од водењето
со љубов. Како што Ентони Тиселтон наведува: „Спротивно од
љубовта не е корекцијата но рамнодушноста“.5 Како христијански
водачи ќе биде потребно да опоменуваме и укоруваме. Всушност,
добар дел од времето можеби ќе биде потрошен на тоа. Тоа е ва-
жен аспект на службата, којшто не треба да се занемари, бидејќи
бил користен и од страна на Бог за да ги спаси луѓето од грев и
измама. Никогаш нема да ја дознаеш, сè до небесата, целосната
величина на доброто што си го направил за другите, прекорувајќи
ги поради грев или предупредувајќи ги на лажно учење.

„Спротивно од љубовта не е корекцијата но


рамнодушноста“
– Ентони Тиселтон

5 Anthony C. Thiselton, The First Epistle to the Corinthians, NIGTC (Grand


Rapids, Mich.: Eerdmans, 2000), 1089.
Заштитување и укорување на саканите  169

Кога бев во моите рани дваесетти години, додека помагав во


водството на младите тинејџери на терен, се обидов да се соочам
со еден од христијанските млади луѓе во врска со неговата
употреба на дрога. Кога не успеав, отидов кај неговите родители.
Тоа доведе до едногодишна горка битка и лажни обвиненија
против мене, што резултираше со моето разрешување како
еден од младите лидери. Родителите, влијателни во црковната
заедница, поверуваа во изговорите и лагите на нивниот син.
Тоа беше болно искуство. Една година подоцна, младиот човек
дојде до покајание поради употребата на дрога и им призна на
своите родители за лагите што ги имаше кажано против мене и
другите, кои се обидувале да му помогнат. Потоа им се извини
на сите кои ги повредил. Подоцна, ми се заблагодаруваше
што се грижев доволно за да му се спротивставам во врска со
неговата зависност од дрога. Оттогаш, имавме добри односи, и
јас бев негов советник и пријател.
Сите ние, природно сакаме да избегнеме непријатни средби,
но таквите спротивставувања, иако тешки, буквално можат да
го спасат животот на оние кои ги сакаме. „Јас ги укорувам и
казнувам оние кои ги љубам“, рекол Господ Исус (Отк. 3:19).

Како да предупредуваш и укоруваш


со љубов
Кога укорувањето на некого е неопходно, тоа мора да се направи
со љубов и мудрост во силата на Светиот Дух. Светото Писмо
ни кажува дека Павле, иако бил подготвен да ја употреби
„прачката“ за дисциплина, сепак претпочитал да се справи со
оние кои ја примиле верата „со љубов и со кроток дух“ (1 Кор.
4:21). Се справува со луѓето со нежност, смиреност, љубезност,
трпение и љубов (2 Кор. 6:3-13), и предупредува со „солзи“
(Дела 20:31). Тој не господари над другите со својот авторитет,
но работи со нив, помагајќи им да застанат цврсти во нивната
вера (2 Кор. 1:24).
Писмата на Павле се одраз на маестрална дипломатија и
тактичност. Тој е суров и се заканува само кога нема друг избор.
170 Водство со љубов

Сепак, дури и тогаш, Павле не може да се запре во повременото


излевање од неговото срце со најчесто благи, нежни изјави,
коишто може да се најдат насекаде во Новиот завет.
Начинот на којшто ние како лидери ги предупредуваме и
исправаме другите е од суштинско значење. Грешници кои
укоруваат грешници е секогаш неизвесна работа, којашто
мора да се направи со љубов (1 Кор. 16:14). Опоменувањето,
коригирањето и укорувањето без љубов само ќе ги повреди
луѓето. Но кога е даден со љубов, укорот може многу подлаболко
да биде примен и животот на личноста може да биде променета
за добро. Тогаш земи ги предвид овие основни принципи во
спротивставувањето и укорувањето со љубов.

Грешници кои укоруваат грешници е секогаш неизвесна


работа, којашто мора да се направи со љубов.

Провери ги своите ставови – посебно гневот


Еден добро познат водач на една светска просветна организација
беше запрашан која била неговата главна задача како челник
на една таква организација. Тој одговорил: „Проверка на
ставовите“. Иако мислел на проверка на ставовите на сите во
рамките на организацијата, можеме да научиме од неговите
зборови. Пред да се соочиме со некој друг, мораме прво да ги
преиспитаме нашите ставови. Тоа ја прави разликата помеѓу
конструктивно и деструктивно соочување и укорување.
Заштити ги своите ставови против гордост, осветољубивост
и нетрпение, но посебно заштити ги од гневот. Не укорувај или
не исправај некого кога си лут. Почекај додека твојот гнев не
е под контрола на Светиот Дух (Гал. 5:15-23). Вилијам Арнот
нуди одличен совет по ова прашање:

„Еден мудар човек може навистина да ја искуси жештината


[на лутина], но тој не ќе направи ништо додека не се
Заштитување и укорување на саканите  171

олади. Кога во оган гори облеката однадвор, ако можеш


ќе се завиткаш во ќебе, за да се загуши пламенот: на
таков начин, кога срцето ти е зафатено од оган на гнев,
твоја прва работа е да го изгаснеш пламенот. Потоа ќе
бидеш во подобра состојба за да донесеш праведен суд и
да следиш сигурен правец.“6

Запомни, љубовта не се предизвикува лесно на гнев (1 Кор.


13:5). Но кога си гневен, признај дека неконтролирана лутина
ги разгорува твоите чувства, ги преувеличува прашањата и
ја попречува Божјата исправка. Се стреми да биде помалку
рационална и повеќе самооправдувачка. Лутината остро се
справува со луѓето. Еден гласен заканувачки говор може
да одекнува во умот на една личност за цел живот. Затоа
Библијата вели да се „биде... бавен на гнев, зашто човечкиот
гнев не создава правда пред Бога“ (Јк. 1:19-20). Таа исто така
вели: „Гневниот човек предизвикува препирки, а избувливиот
човек прави многу гревови“ (Пос. 29:22).
Дух кој е смирен и е со самоконтрола, е од суштинско значење
за ефективно соочување, како што овие стихови истакнуваат:

•• Невнимателниот зборува како да прободува со меч, а


јазикот на мудрите е исцелување. (Пос. 12:18)

•• Разумниот се воздржува од своите зборови, а


трпеливиот човек е благоразумен. (Пос. 17:27)

•• Гневниот човек заметнува препирка, а стрпливиот ја


стивнува расправата. (Пос. 15:18)

•• Кој се гневи бавно има големо разбирање, а


избувливиот во дух покажува глупост. (Пос. 14:29)

6 William Arnot, Studies in Proverbs (1884; reprint ed., Grand Rapids,


Mich.:Kregel, 1978), 398.
172 Водство со љубов

Кога треба да укориш пријател верник, зборувањето со


нежен смирен глас ги намалува тензиите и прави услови за
укорот да биде полесно прифатен:

•• Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор


го зголемува гневот. (Пос. 15:1)

•• Благиот јазик е дрво на животот. (Пос. 15:4)

•• Со воздржаност се ублажува управител, а мекиот


јазик крши и коски. (Пос. 25:15)

•• Вашето слово секогаш да е љубезно, зачинето со сол,


за да знаете како треба да му одговорите секому.
(Кол. 4:6)

Ако сакаш да бидеш вешт во соочување, секогаш прво


провери ги сопствените ставови и биди сигурен дека тие се
под контрола на Светиот Дух. Биди смирен и со самоконтрола,
и зборувај на милостив нежен начин.

Воздржи се од брзи обвиненија

Никој не сака да биде лажно обвинет, затоа не започнувај


ниту едно соочување со обвинување. Твоето обвинување може
да биде неправедно; можеби не ги имаш сите факти; можеби
грешиш. Започни со објективно изнесување на проблемот и по-
барај одговор од личноста. Едно обвинение е соодветно само от-
како за него е спроведена внимателна истрага и се востановени
цврсти докази. Кога се соочуваш, и посебно кога спроведуваш
обвинение, следи го златното правило: „Сè што сакате да ви
прават луѓето, правете им и вие така“ (Мт. 7:12). Не сакаш да
бидеш неправедно обвинет, па не ги обвинувај другите.
Биди внимателен слушател, прашувај многу прашања, биди
љубезен, нека не се слуша само твојот збор и нека луѓето знаат
дека напорно ќе се потрудиш за фер разговор и ќе ја сослушаш
нивната страна на приказната.
Заштитување и укорување на саканите  173

Како пример, Бог нам ни дал две очи, две уши и само една
уста. Многумина од луѓето никогаш не ја учат лекцијата од тоа
– што значи, треба секогаш да ги користиш твоите очи и уши
двапати повеќе од колку што ја користиш твојата уста. Друг
начин тоа да се стави во електронска форма... е дека целта на
очите и ушите е да ја програмираат устата. Проблемот што се
јавува во многу меѓучовечки односи е во тоа што има премногу
непрограмиран говор.7
Или според зборовите од Светото Писмо:

•• Секој човек да биде брз во слушањето, а бавен во


зборувањето и бавен на гнев. (Јк. 1:19)

•• Кој одговара пред да чуе, тоа му е лудост и срам...


Кој прв го заштитува своето дело се чини дека е
прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува.
(Пос. 18:13, 17)

Еден свештеник бил известен дека младиот црковен водач


конзумирал алкохол во ресторан додека јадел со младите
луѓе при вршење официјална црковна функција. Родителите
ја слушнале приказната и побарале водачот на подмладокот
веднаш да биде отстранет од неговата позиција или во спротивно
сите тие ќе ја напуштеле црквата. Свештеникот свикал итен
состанок на старешини. Еден старешина рекол дека младиот
човек би требало да биде дисциплински казнет; друг побарал да
се напише писмо за негово отпуштање пред сите да ја напуштат
црквата; трет се посомневал дека бил алкохоличар. Конечно,
некој имал брилијантна идеја дека треба да поразговараат со
младиот водач и да видат што би имал тој да каже.
Кога го направиле тоа, станало јасно дека било случај на
заменет идентитет, но колку се луѓето брзи за да обвинат.
Колку е лесно некому да му се суди, пресуди и спроведе казна
без соодветна причина.

7 Reuel L. Howe, „The Responsibility of the Preaching Task,“ Preaching: A Journal


of Homiletics 4 (November-December 1969): 10.
174 Водство со љубов

Размислувај и планирај
Размисли пред да делуваш. Мисли на зборовите што ќе ги
употребиш пред да осудиш некого. Милостивите зборови
пренесуваат благодат (Еф. 4:29), но острите зборови прават
штета. Библијата вели дека вистинските зборови лечат и дека
погрешните зборови сечат како нож.

•• Невнимателниот зборува како да прободува со меч,


а јазикот на мудрите е исцелување. (Пос. 12:18)

•• Љубезните зборови се мед во саќе, сладост на душата


и лек на коските. (Пос. 16:24)

•• Смртта и животот се во власта на јазикот. (Пос. 18:21)

•• Вашето слово секогаш да е љубезно, зачинето со сол,


за да знаете како треба да му одговорите секому.
(Кол. 4:6)

Освен тоа, мудро изберете го местото и времето кога


укорувате, за личноста да не биде засрамена пред другите
луѓе. „Љубовта не му прави зло на ближниот“ (Рим. 13:10).
Кога се укорува, не е потребно личноста да се навредува
или посрамотува. Не биди како човек кој луто и гласно го
„растргнува“ проповедникот на влезната врата, како што сите
си заминуваат. Тој ги засрамил и потресол сите околу. Секако,
постои погодно време за јавно укорување, но тоа посебно, мора
да биде внимателно обмислено (1 Тим. 5:20; Гал. 2:14).

Користи трпение и користи го Светото Писмо

Библијата изјавува дека изобличувањето, укорот и


поттикнувањето, треба да се направат „со сета трпеливост и со
поука“ (2 Тим. 4:2). Справувањето со тврдоглава доктринарна
грешка или грешно однесување секогаш претставува тешка
работа, па затоа бара „целосно трпение“. Љубовта е трпение.
Заштитување и укорување на саканите  175

Во прилог, согласно на 2 Тимотеј 4:2, изобличувањето треба да


се направи со користење на Светото Писмо. Во неколку стихови
претходно, Павле вели дека целото Писмо е „од Бога вдахновено“
и е корисно „за изобличување, за поправање“ (2 Тим. 3:16).
Затоа, сè што ни е потребно за предупредување и исправање на
другите е предвидено од Бога во Неговото Слово. Писателите на
Новиот завет го користеле Стариот завет за да ги поддржат своите
предупредувања и учења, и ние би требало да го правиме истото.
Запомни дека Светото Писмо ќе те опреми за задачата за
поправање, исто како што те подготвува за „секое добро дело“
(2 Тим. 3:17). Колку повеќе го знаеш Светото Писмо, толку
повеќе ќе бидеш во можност ефективно и со љубов да ги
предупредуваш и изобличуваш заблудените членови.
Познавам еден човек, на пример, кој работи со алкохоличари.
Тој ги предупредува преку внимателно проучување заедно со
нив, на сето она што за пијанството го кажува Библијата, заедно
со биолошките научни факти за пијанството. Им помага да ја
видат Божјата перспектива, и сериозноста и деструктивноста
на пијанството. Неговата исправка не е само негово мислење;
тоа е она што Бог го кажува. Светото Писмо им дава тежина
на неговите зборови. Овој пристап го поместува фокусот од
укорениот и го сместува кај Бога и на Светото Писмо. Овој
ист пристап може да се користи и во справување со другите
пороци и зависности.

Биди нежен

За време на Виетнамската војна, биле направени многу грешки,


но исто така биле научени и некои добри лекции. Една таква
лекција била мудроста да се придобијат срцата и умовите на
Виетнамците и на војниците од армијата на Северен Виетнам,
ветувајќи им дека ако се предадат, ќе бидат третирани
праведно, со добрина и великодушност. Им било ветувано дека
ќе добијат здрава храна, медицински третмани, образование,
добри работни места, како и можност за повторно обединување
со нивните семејства. Програмата била наречена Чу Хој (во
176 Водство со љубов

слободен превод „отворени раце“). Тоа било со намера да се


охрабри непријателот за да се откаже од борбата, но и за да го
променат нивното мислење за комунизмот. Иако програмата не
успеа да ги придобие фанатичните комунистички бунтовници,
сепак таа помогна да се преобратат 200.000 борци. Комунистите
сериозно го сфатија успехот на оваа програма „отворени раце“
и направија сè што е можно да ја уништат. Тие се плашеа
од моќта на љубезноста и великодушноста, бидејќи во крајна
линија тие се повеќе моќни од бомби и куршуми.

„А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку


треба да биде кроток... да ги воспитува со кроткост оние
кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за
полесно познавање на вистината, за да се отрезнат од
мрежата на ѓаволот.“ (2 Тим. 2:24-26)

Новиот завет го истакнува постапувањето со луѓето со


благост, особено кога исправуваме грешка или враќаме паднат
верник. Да се биде благ со луѓето значи да се биде љубезен,
нежен, милостив и смирен, а не груб или борбен. Кога се
соочува со сериозни проблеми, Павле ги предупредува и
исправа Коринќаните со „Христовата кротост и благост“(2
Кор. 10:1). Им се придружува на верниците за да „поправат“
паднат верник „во духот на кротоста“ (Гал. 6:1). Му кажува
на Тимотеј дека „Господовиот слуга“ мора да ги исправа „со
кротост оние кои се противат“ (2 Тим. 2:24-25). Причината за
однесување кон противниците со благост е тоа што на тој начин
се подобрува можноста за поправање: „та не би ли им дал Бог
покајание, за полно познавање на вистината, за да се отрезнат
од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат
неговата волја“ (2 Тим. 2:25-26). Како „Божји човек“, Тимотеј
е во потрага по „кротост“ на карактерот (1 Тим. 6:11), кој
добро ќе му послужи во справување со различни видови
луѓе и проблеми.
Заштитување и укорување на саканите  177

Ако не си позитивен во охрабрување, веројатно ќе


бидеш слаб и во укорување.

Исправувањето на луѓето со благост, ги тера повеќе да сакаат


да слушаат и ги прави повеќе отворени за вистинска промена на
срцето и умот. Во култури каде што соочувањето и укорувањето
вообичаено се избегнуваат, потребно е сè повеќе да се биде
милостив и благ при соочување со грешно однесување.

Рамнотежа на укор и охрабрување

Обиди се да го балансираш укорот со зборови на охрабрување


и надеж. Точно тоа, Павле го прави во своите писма. За да
изобличи, тој додава охрабрување, утеха, потврда и пофалба.
Забелешките на коментаторот Пол Барнет, во поглед на
службата на Павле за охрабрување, носат повторување: „Оваа
вештина на пасторот, изразена во охрабрување – дури и кога
имаше и други работи да се поправат – е квалитет на службата,
вреден за размислување“.8
По бурно ставање во ред и поправање еден бунтовен член,
Павле ја уверува црквата во Коринт дека цело време тој бил
сигурен дека тие ќе ја направат вистинската работа:

„Имам голема доверба во вас, и многу се фалам со вас;


исполнет сум со утеха; мошне изобилувам со радост...
Се радувам што можам во сè да се надевам на вас.“
(2 Кор. 7:4, 16)

Кога таткото на мојот зет почина ненадејно, го повикав


да му изразам сочувство и да видам како е. Зборувајќи за
неговиот татко со кој бил многу близок, тој рече: „Навистина
ќе ми недостига. Мојот татко беше голем охрабрувач“. Каква
8 Paul Barnett, The Second Epistle to the Corinthians, NICNT (Grand Rapids,
Mich.: Eerdmans, 1997), 364.
178 Водство со љубов

прекрасна пофалба од син! Еден син ќе биде желен да при-


фати исправање од таков татко. Всушност, многумина луѓе
подобро би одговориле на укор од личност која претходно ги
охрабрувала. Па кога ќе мора да се справиш со лошите, сети
се исто така да погледнеш и во доброто во луѓето и да ис-
такнеш нешто што е вредно или достојно за пофалба (Флп.
4:8). Ако не си позитивен во охрабрување, веројатно ќе бидеш
слаб и во укорување.

Моли се

Моли се за мудрост, храброст и самоконтрола. Исто така, моли


се Господ да ја подготви другата личност или личности да го
примат твојот укор. Кога луѓето не сакаат да ја прифатат
исправката, тие секогаш ќе те обвинат дека не дејствуваш
со љубов кон нив. Ќе се обидат да ги свртат работите и да го
отворат ова прашање. Затоа биди сигурен во својот ум, дека
си го направил твоето најдобро за да делуваш во љубов. Ако е
така, тогаш тие се оние кои не одговараат на љубовта.
Во зборовите на мудриот цар Соломон, гордите подбивачи
не прифаќаат исправка, но ги мразат оние кои ги укоруваат.
Мудрите пак, од друга страна, уживаат во исправката и ги
сакаат оние кои ги укориле и ги подучиле:

Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен,


се валка себеси.
Не изобличувај го потсмевачот за да не те замрази,
кори го мудриот за да те засака.
Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го
праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење. (Пос.9:7-9)
Глава 16

Дисциплинирање и враќање
на своеволните

Зашто Господ го казнува оној кој го љуби, а го


бие секој син кого го прима.
(Евр. 12:6)

Еден човек, верник во црквата, отворено живеел со сопругата


на неговиот татко, со неговата маќеа. Тој живеел во инцестна
врска, и сите во црквата знаеле за тоа. Најлошо било што, со
исклучок на неколку луѓе, црквата не била загрижена околу
целата работа.
Овој вид недозволена сексуална врска, не беше толерирана
ниту од римското ниту од еврејското општество.1 Наместо да
жали поради гревот, црквата била арогантна. Таа
толерирала тежок грев, иако тоа беше „Божји храм“ (1
Кор. 3:16) и „Христово тело“ (1 Кор. 12:27). Можеш да
прочиташ за оваа вистинита приказна во Првото послание
до Коринќаните 5.
Павле, мисионерот основач на таа црква, не бил пасивен
водач. Наместо да чека за да види што ќе се случува, тој
повикал итна акција и ја насочил заедницата да го избрка
човекот од таа заедница:

•• Да се отстрани од вашата заедница, оној кој го


направил тоа дело. (1 Кор. 5:2)

1 Лев. 18:8; 20:11; Вт. 22:30; 27:20.


180 Водство со љубов

•• Да го предадете таквиот на сатаната, за пропаст на


неговото тело, за да се спаси неговиот дух во Денот
на нашиот Господ Исус. (1 Кор. 5:5)

•• Очистете се од стариот квас. (1 Кор. 5:7)

•• Но сега ви напишав да не се дружите со оној... Со


таков и да не јадете! (1 Кор. 5:11)

•• Отстранете го злиот од својата средина! (1 Кор. 5:13)

Привидна противречност
Прашањето коешто ги вознемирува многу луѓе денес, е како
може Павле да бара така тешка јавна дисциплина, а сепак, во
истото писмо да ги напише и некои од најблескавите зборови,
некогаш запишани за љубовта (1 Кор. 13). Нели Павле вели:
„Сè при вас да станува со љубов!“ (1 Кор. 16:14) Нели вели
дека љубовта „трпи“, дека љубовта „сè трпи“? (1 Кор. 13:4,
7) Одговорот на оваа привидна противречност е дека љубовта
може истовремено да биде и нежна и строга.
Христијанската љубов бара акција – дури и болна акција
– за да спаси еден грешен припадник и една цела црква.
Библијата вели: „зашто Господ го казнува оној кого го љуби,
а го бие секој син кого го прима“ (Евр. 12:6). Обраќајќи ѝ се
на млаката црква на Лаодикија, Исус предупредува: „Јас ги
укорувам и казнувам оние кои ги љубам“ (Отк. 3:19). Господ
ги сака своите луѓе, па тој ги дисциплинира, ги казнува –
понекогаш и многу строго.

Христијанската љубов бара акција, дури и болна акција


за да спаси еден грешен припадник и една цела црква.
Дисциплинирање и враќање на своеволните  181

Љубовта не е само среќна насмевка или пријатен збор.


Критичен тест на вистинската љубов е дали сме подготвени да
се соочиме и да ги дисциплинираме оние за кои се грижиме.
Ништо не е потешко од тоа да се дисциплинира брат или сестра
во Христос, кои се заробени во грев. Тоа секогаш е очајна работа
– измешана, комплицирана, често неуспешна, емоционално
исцрпувачка и потенцијално раздорна. Затоа поголем број
црковни водачи го избегнуваат дисциплинирањето по секоја
цена. Но, тоа не е љубов. Тоа е недостаток на храброст и
претставува непослушност кон Господ Исус Христос, кој самиот
ги поставил упатствата за дисциплина на еден непокајан верник:

„А ако не ги послуша нив, кажи ѝ на црквата; па ако


не ја послуша и црквата, нека ти биде како народите и
како цариникот. Вистина ви велам, што и да сврзете на
земјата ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да
разврзете на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.
(Мт. 18:17-18)

Љубовта делува во дисциплината


Значајно е што апостолот кој ги направил најголемите изјави
за љубовта, и напишал најмногу за неа, исто така напишал
најмногу и за црковната дисциплина.

•• Црквата во Ефес беше во смртните канџи на лажните


учители. За да ја спаси црквата, Павле дисциплинирал
двајца од „ороводачите“, Именеј и Александар. Во
однос на дисциплинирањето на овие двајца мажи,
Павле му пишува на Тимотеј: „ги предадов на сатаната
за да научат да не хулат“ (1 Тим. 1:20).

•• Павле го подучува Тит и црквите на островот Крит:


„Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто
опоменување“ (Тит 3:10).
182 Водство со љубов

•• На христијаните во Рим, Павле слично им кажува:


„пазете се од оние кои прават раздори и соблазни
против науката, којашто вие ја научивте, и
отстранувајте се од нив“ (Рим. 16:17).

•• Во писмото од Првото послание до Коринќаните,


Павле ги потсетува Коринќаните дека тој претходно
им имал напишано да не се дружат со непокајаните,
неморални христијани. Но, тие не го разбрале. Така
повторно, тој пишува: „Но сега ви напишав да не се
дружите со оној кој се нарекува брат, а блудник е...
Со таков и да не јадете!“ (1 Кор. 5:11)

•• Некои верници во црквата во Солун биле мрзеливи;


биле празни луѓе. Не работеле ништо за си ги
обезбедат своите потреби, но живееле на туѓа сметка.
Павле ѝ заповедал на црквата да ги дисциплинира
овие луѓе. Иднината на црквата и нејзиното сведоштво
на неверната заедница зависеле од ова практично
прашање: „А вам ви наложуваме... да се двоите од
секој брат, кој води неуреден живот... Ако пак некој не
го послуша нашето слово преку посланието, означете
го и не се мешајте со него, за да се засрами. Но не го
сметајте за непријател, туку предупредувајте го како
брат“ (2 Сол. 3:6, 14-15).

•• Во Второто послание до Коринќаните, Павле постојано


ја изразува неговата силна љубов за верниците. Сепак,
поради нивното грешно однесување, тој исто така се
заканува со дисциплинирање, „готови сме да казниме
секаква непослушност“ (2 Кор. 10:6). „Порано реков и
сега им зборувам однапред, како кога бев по вторпат;
но сега во отсуство, на оние кои грешеле порано, и
на сите други, дека нема да ги штедам кога ќе дојдам
пак“ (2 Кор. 13:2). Но изгледите дека треба да се
казнат членови на црквата, го огорчувале. Павле од
Дисциплинирање и враќање на своеволните  183

нив сакал, самите себеси да си судат и да се поправат.


Така тој ги предупредува да се покајат и да си ги
поправат своите грешни начини, пред тој повторно
да дојде да ги посети: „Затоа ви го пишувам ова, во
отсуство, за да не постапувам строго кога ќе бидам
при вас“(2 Кор. 13:10).

Ако Павле не ги сакал Коринќаните, тој би заминал и би ги


оставил да се препнуваат на сопственото ѓубриште на гревот.
Наместо тоа, тој е проактивен. Тој се соочува, предупредува,
пишува, посетува и дури и се понизува себеси пред нив (2
Кор. 2:5-10; 12:21). Такви се делата на „нелицемерна љубов“
во христијанската служба (2 Кор. 6:6).

Љубовта делува за возобновување


Вистинската љубов не само што дисциплинира, таа лечи и
возобновува. Клучен е примерот од Новиот завет за успешното
црковно дисциплинирање и возобновување со љубов, коешто
се појавува во писмото во Второто послание до Коринќаните, и
коешто дава посебен увид во срцето, полно со љубов, на еден
од најголемите слуги на Бога. Тагата, страдањето и солзите,
Павле лично ги искусил, како резултат на грев на црквата
и непослушноста, којашто пак е дел од цената што водачот,
исполнет со љубов, ја плаќа при работата на дисциплинирање
и возобновување. Тука е приказната.
По пишувањето на Второто послание до Коринќаните,
дополнителни вести стасале до Павле, за влошената ситуација
во таа проблематична црква. Павле одговорил правејќи брза
пасторална посета на Коринт од градот Ефес, каде што живеел.
Но посетата се покажала како катастрофа. Научниците ја
нарекуваат оваа посета „болната посета“.2
Кога тој пристигнал во Коринт, еден неименуван поединец се
спротивставил на предупредувањата на Павле, навредувајќи го

2 2 Кор. 2:1; 12:14, 21; 13:1-2.


184 Водство со љубов

и понижувајќи го.3 Но уште полошо е, што заедницата не сакаше


да биде на страната на Павле и да го казни „сторителот“. Ова
предизвикало страшно затегнување на односите помеѓу Павле
и Коринќаните. Нешто морало да се направи.

Пишување на строгото писмо

По враќањето во градот Ефес, Павле напишал строго писмо до


црквата, повикувајќи ја да преземе акција против сторителот и
да се осуди неговото грешно однесување. Ова писмо е изгубено
за нас; тоа не е во Новиот завет. Проучувачите на Библијата
го викаат „строгото писмо“ или понекогаш „уплакано писмо“
или „тажно писмо“.4
Во писмото од Второто послание до Коринќаните, Павле
открива дека една од причините за пишувањето на строгото
писмо, била за да им овозможи на Коринќаните да ја „познаат
љубовта“ што тој ја имал за нив:

„Зашто, ви пишував во голема тага и при тешкотија на


срцето, и со многу солзи, не за да ве ожалостам туку за
да ја запознаете големата љубов што ја имам кон вас.“
(2 Кор. 2:4; курзив додаден)

Павле не го напишал строгото писмо за да им возврати,


во знак на одмазда за болката што тие му ја предизвикале,
но за да ја покаже длабочината на неговата љубов за нив.
Љубов, а не нетрпелива лутина, го принудиле да се соочи
со моралниот разврат на црквата. Спротивставувајќи им се и
пишувајќи им, тој всушност ја докажувал неговата љубов за
нив. Неговите „солзи“ биле солзи на родител со љубов, кој
морал да дејствува строго со саканите, па дури и ако со тоа
3 2 Кор. 2:5-10; 7:12.
4 Некои учители на Библијата веруваат дека „строгото писмо“ треба да
биде во Првото послание до Коринќаните, но поголемиот број научници
денес веруваат дека е изгубено писмото (послание), напишано помеѓу
Првото и Второто послание до Коринќаните.
Дисциплинирање и враќање на своеволните  185

предизвикувал болка. Дисциплината и укорот не биле тогаш


полесни за Павле отколку што се сега за нас.

Павле „повикува на простување и помирување со


еднаква енергичност“, како што претходно повикувал на
корективна дисциплина.

Иако ова писмо било тешко, тоа било делотворно. Во


одговор на Строгото писмо, црквата, во најголем дел, се
покајала и преземала формални дисциплински активности
против сторителот.5
Како резултат на таа дисциплина, сторителот се покајал.
Сега се изродил нов проблем. Што црквата да прави со него?
Повторно, Павле знаел точно што треба да се прави – црквата
треба да му прости и да го врати во саканата заедница. Павле
„повикува на простување и помирување со еднаква енергичност“,
како што претходно повикувал на корективна дисциплина.6

Потврдување на љубовта

Љубовта ја лечи натажената душа како ниту еден друг лек.


Жив пример е 1 Коринќаните 13 во акција. Павле исто така
повикува до црквата „да му прости и да го утеши“ покајаниот
член (2 Кор. 2:7). Возобновувањето на покајаниот грешник
е исто така од витално значење за локалната црква, како и
самата дисциплина.
Филип Хјуз во потполност коментира:

„Не е помал скандалот да се исклучи покајаниот


грешник од сите надежи за повторен влез во удобноста
и безбедноста на заедништвото на поправената заедница,
5 2 Кор. 2:5-10; 7:11-12, 15.
6 Paul Barnett, The Second Epistle to the Corinthians, NICNT (Grand Rapids,
Mich.: Eerdmans, 1997), 127.
186 Водство со љубов

од скандалот којшто дозволува флагрантното зло да


продолжи неказнето во Телото на Христос.“7

„Ве молам да покажете љубов кон него.“


(2 Кор. 2:8)

Не само што таму имаше потреба од прошка и удобност, но


имаше и потреба од љубов. Павле сочувствително пишува: „Ве
молам да покажете љубов кон него“ (2 Кор. 2:8). Тој не сака
возобновениот член да има недоумици во врска со љубовта
на црквата. Тој ја поттикнува црквата да ја направи својата
љубов совршено јасна, веројатно и со помош на формална јавна
изјава.8 Како радосниот татко, кој истрчува да го поздрави
заблудениот син со отворени раце и радост (Лк. 15:11-32),
црквата треба да му посака добредојде на тажниот син со
проштевање, удобност и љубов.

Поврзаност на љубовта со дисциплината


и возобновувањето
Занимавањето на Павле со Коринќаните покажува дека
корективната црковна дисциплина и возобновувањето се
неразделни од љубовта. Оваа вистина се потврдува на голем
број начини.
Прво, љубовта кон Господ Исус Христос нè принудува да
преземеме корективна дисциплинска активност. Црковната
дисциплина е заповед на Христос (Мт. 18:15-20), и љубовта
ги послушува неговите заповеди: „Ако Ме љубите, ќе ги
пазите моите заповеди“ (Јн. 14:15). Според тоа, употребата на
црковната дисциплина ја покажува љубовта за Христос.
7 Philip Hughes, Paul’s Second Epistle to the Corinthians, ICNT (Grand
Rapids, Mich.: Eerdmans, 1962), 66-67.
8 Грчкиот глагол за „реафирмира“ (κυρῶσαι) е правен термин со значење
„потврдува“ или „ратификува“, којшто најверојатно покажува на
официјалното враќање кон дружење, по формалната јавна дисциплина.
Дисциплинирање и враќање на своеволните  187

Второ, љубовта чувствува морално огорчување во однос на


злото и неговото бесмислено уништување на саканите. Љубовта
се гади од она што е зло, и брзо го прифаќа она што е добро
(Рим. 12:9). Љубовта не сака кога „злото го нарекуваат добро,
а доброто зло“ (Исаија 5:20). „Господ ги љуби оние“, вели
псалмистот, „кои го мразат злото“ (Псалми 97:10). Љубовта
никогаш не ја минимизира тежината на гревот и неговата
коруптивна моќ ниту пак ги намалува стандардите за правилно
и погрешно. Така, водачите, исполнети со љубов, не можат да
бидат апатични кон грешниот член. Мора да делуваат за да се
поправи и да се спаси. Дисциплината е знак на водство со љубов.
Црковната дисциплина не е срамна средновековна практика.
Секое одговорно општество има код на дисциплина, за да се
заштити самото од незаконското однесување меѓу своите
припадници. Ова важи и за полицијата, војската, правните
и медицинските здруженија, како и за политичките и
корпоративните светови.

Дисциплината е знак на водство со љубов.

Гревот мора секогаш да се решава (или лично или здружено),


бидејќи неговата природа е да уништува: „зашто смртта е плата
за грев“ (Рим. 6:23). Значи за доброто на целата црква, како
и за окоравениот грешник, Бог бара корективна дисциплина.
Вистината е, како што Џејмс Дени пишува: „Пресудата на
Црквата е инструментот на Божјата љубов, и во моментот
кога таа е прифатена, во грешната душа почнува да дејствува
избавителна сила“.9 Трето, христијаните треба да се сакаат
едни со други, со посебна братска и сестринска љубов. Кој
вид братска или сестринска љубов едноставно дозволува еден
член на семејството да талка надвор во грев или поради грешка
од семејството? Според тоа, Јаков ги охрабрува верниците

9 James Denny, The Second Epistle to the Corinthians, The Expositor’s Bible
(New York: Funk&Wagnalls, 1900), 75.
188 Водство со љубов

да дејствуваат за да спасат брат или сестра, кои застраниле


од патот. Тој го завршува своето писмо, велејќи дека ако
еден брат или сестра „се отклони од вистината“ и некој „го
поврати“ во вистината, тој направил добра работа и ја спасил
на застранетиот член „душата од смрт и ќе покрие мноштво од
гревови“ (Јаков 5:19-20). Ние сме нашиот „чувар на својот брат“
(Битие 4:9). Преземањето иницијатива за дисциплинирање и
враќање е несебичен чин на братска љубов.
Четврто, љубовта обезбедува правилни ставови за
остварување црковна дисциплина и возобновување. Љубовта
дејствува трпеливо и љубезно; љубовта е сочувствителна;
таа ја чувствува мизеријата на окоравениот грешник и се
обидува да ја намали болката и да спаси од смрт. Рацете што
љубат се раце коишто лечат, во истовреме нежни и цврсти
(Види поглавје 15 и 17 за практични предлози за справување
со љубов во тешки ситуации и луѓе). Кога, поради тоа,
помагаме да се врати еден паднат брат или сестра, преку
дисциплина со љубов, ние, според зборовите на Светото
писмо, ги носиме „бремињата еден на друг“ и го исполнуваме
„законот Христов“ (Гал. 6:2).

Поврзаност на љубовта со судењето


на другите
Во Беседата на Гората, Исус вели: „Не судете, за да не бидете
судени!“ (Мт. 7:1). Овој стих стана мантра на модерното
време. Луѓе кои никогаш немаат прочитано ниту еден збор од
eвангелијата, го знаат овој стих. Тој им докажува дека Исус
бил учител на толеранција; тој не осудувал и не догматизирал;
тој не би осудил никого; тој не би му судел никому. За жал,
дури и некои верници го злоупотребуваат овој стих. Тие велат
дека немаме право да применуваме црковно дисциплинирање,
да судиме на друго лице или да направиме негативно мислење
за однесувањето или верувањето на една личност! Но јасно,
ова е злоупотреба на Исусовите зборови.
Дисциплинирање и враќање на своеволните  189

„Пресудата на Црквата е инструментот на Божјата


љубов, и во моментот кога таа е прифатена, во грешната
душа почнува да дејствува избавителна сила.“
– Џејмс Дени

Исус не ги забранува сите судења, тоа би било апсурдно.


Да се направи тоа, би било како самиот себеси да се осудува,
бидејќи никој не ги критикувал фарисеите и книжниците
повеќе од Исус Христос. Понатаму, во истото поглавје, Исус
ги повикува неговите ученици да пресудат дали учителот е
прав учител на вистината или е само волк во овча облека
(Мт. 7:15-20). Ние не сме за наивно затворање на нашите
очи пред злобно однесување или лажна доктрина; ние сме
за да бидеме остроумни. Во Евангелието според Јован 7:24,
Исус ни кажува: „Не судете по надворешниот изглед туку
судете праведно!“.
Тоа што Исус го забранува, во Евангелието по Матеј
7:16, е грешното, несоодветно судење. Тоа е лицемерието
на осудување на другите, но неуспевање да се согледаат
сопствените впечатливи гревови. Исус забранува самоправедна
критика за себе, а претерано критичен дух во однос на другите,
со начин на размислување којшто е суров и ориентиран кон
постојано пронаоѓање грешки. Во гордоста и самоправедноста,
фарисеите и книжниците беа навикнати да се однесуваат како
тие самите да беа Бог. Беа немилосрдни и безобѕирни во
нивните пресуди, а тие самите не им судеа на своите срца на
гревот. Исус предупредува во стих 2 дека, како што им судиме
на другите (претпоставувајќи дека ќе им судиме и дека мораме
да го правиме тоа), ќе одредуваме како нам, за возврат, ќе ни
биде судено од другите, посебно од Бог: „Зашто со каков суд
судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со
таква ќе ви се мери“ (Мт. 7:2). Оние кои им судат на другите
без милост, ќе го добијат истиот третман. Но оние кои судат
со смиреност, добрина и милост, ќе го добијат истото.
190 Водство со љубов

Во стих 3, Исус ги прашува лицемерните фарисеи: „Зошто


ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш
гредата во твоето око?“ (Мт. 7:3). Толку е лесно да се видат
малите гревови и грешки во другите, но не се успева да се
согледаат сопствените гревови, коишто се далеку полоши и
повеќе одбивни за Бога. Таквото пресудување за другите е
лицемерие! „Лицемеру, извади ја првин гредата од твоето око,
па тогаш ќе видиш јасно како да ја извадиш раската од окото
на брата си“ (Мт. 7:5).

Праведно судење на другите

Нема ништо погрешно во тоа да се сака да се отстранат раските


на гревот од животот на една личност. Љубовта го бара доброто
за она што го сака, и раските од прашина во очите болат, па треба
да се отстранат. Но прво, Исус вели, справи се со гредата на
самоправедност, гордост, лутина и лицемерие во твојот сопствен
живот, тогаш ќе можеш да гледаш појасно, за да им помогнеш на
другите. Она на што Исус повикува е судењето сам на себеси и
лично испитување на твоите сопствени гревови. Само по чесното
испитување на самиот себеси, ќе бидеш во позиција да им судиш
на другите со бистро око: „тогаш ќе видиш јасно, како да ја
извадиш раската од окото на брата си“ (Мт. 7:5). Соодветното
судење мора да се направи со смирен ум и чисто срце.
Исус заклучува: „Не давајте им го она што е свето на
кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да
не ги изгазат со своите нозе и да се завртат и да ве раскинат“
(Мт. 7:6). По уверувањето на неговите ученици да избегнуваат
судење, како што прават лицемерите, Исус ги предупредил на
спротивната опасност – да се биде непрониклив и наивен. Ние,
како и тие, да не бидеме глупави кон луѓето, кои крајно ги
презираат големите вистини на Евангелието. Во некои случаи,
дури е и поправилно да се воздржиме од давање пораки од
Евангелието на таквите луѓе, што е токму тоа што Исус го
направил со кралот Ирод (Лк. 23:9).10
10 Матеј 10:14; 15:14; Дела 13:44-51; 18:5-6; 28:17-28.
Дисциплинирање и враќање на своеволните  191

Ова учење е наменето да ја заштити црквата и евангелиската


порака од луѓе кои постапуваат како кучиња и свињи во однос
на славните вистини од христијанството. Таквите луѓе се
противници кои ја мразат вистината и само ќе изнаоѓаат начини
да ја уништат неа и оние кои ја објавуваат! Затоа христијаните
се повикани да бидат внимателни, што подразбира, да можат
да направат правилна проценка на луѓето.

Христос бара локалната црква да го осуди неморалното


однесување меѓу своите членови, за таа да не биде
асимилирана во неморалниот свет.

Донесувањето соодветни морални и духовни пресуди


за учењето и однесувањето се бараат во Светото Писмо.
Евангелието би било изгубено во светот и црквата би била
асимилирана во секуларното општество, ако не направивме
осуди за правењето разлика помеѓу вистината и заблудата,
Христос и сатаната. Така Светото Писмо заповеда: „не верувајте
му на секој дух, туку испитувајте ги духовите – дали се од
Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот“ (2 Јн.
4:1). Исус Христос со сето срце ја поздравува црквата во Ефес,
бидејќи таа не ги поднесувала „лошите“ и ги мразела „делата
на николиатите“, кои Исус исто така ги мразеше (Отк. 2:2, 6).
Љубовта ги презира лагите и невистините, поради нивните
деструктивни последици за луѓето.
Христос, исто така, бара од локалната црква да го осуди
неморалното однесување меѓу своите членови, за таа да не биде
асимилирана во неморалниот свет. Тоа бил еден од проблемите
во црквата во Коринт – не му судела на непокајаниот грев во
својата средина (1 Кор. 5:12).
Затоа, осудувањето на грешното однесување на верниците
или осудувањето лажно учење е заповедано од Христос и
неговите апостоли. Тоа не треба да се прави со самоправедна
осуда, но со смиреност на умот, кроткост на духот и страв од
192 Водство со љубов

Господ. Како што Исус вели: „судете праведно“ (Јн. 7:24). И


сети се на предупредувањето на Павле: „чувај се себеси и ти
да не бидеш искушeн“ (Гал. 6:1).

Поврзаност на љубовта
со толеранцијата
Упатството на Павле до христијаните на Коринт, да го осудат
и исклучат еден од нивните членови поради сексуален грев,
се чини за современите, секуларно ориентирани луѓе дека е
бесчувствително за физичките и емоционалните потреби на
двојката, осудување на друг начин на живот, разорно, без љубов
и нетолерантно. Таквиот одговор е разбирлив, со оглед на
фактот дека секуларно ориентираните луѓе го одбиваат Божјиот
морален ’апсолут‘, како што е покажано во Светото Писмо.
Тие се посветени на филозофијата на морален релативизам,
којшто на сите верски тврдења гледа како на еднакво важни и
на сите тврдења за вистината и вредностите како на културно
создадени. Тие ја редефинираат толеранцијата, којашто за нив
значи не само почит и трпеливост во поглед на несогласувањето,
но и одобрување и прифаќање на моралните и религиозните
верувања на другите.
Затоа, повикот на Павле за дисциплина е виден од некои како
нетолерантен и со зла намера. За жал, дури и некои христијани
кои тврдат дека веруваат во вистината на Евангелието и
го прифаќаат божествениот авторитет на Светото Писмо,
размислуваат на иста бранова должина. Тие не се подготвени,
во тој поглед да ја прифатат идејата за црковна дисциплина или
да ги следат библиските принципи. За христијаните кои живеат
во океанот на секуларизам и релативизам, кој Го презира Бог и
го осудува Светото Писмо, единствена надеж за да ја разберат
вистинската толеранција и љубов, како што Господ ги дефинира
овие термини, е преку обновување на умот,заситувајќи го со
словото Божјо (Рим. 12:2; Јн. 17:17).
Дисциплинирање и враќање на своеволните  193

„Очигледно модерната идеја за толеранција се превртела


создавајќи во многу случаи поголема нетрпеливост
отколку што се обидува нешто да искорени.“
– А. Ј. Конјерс

Значи која е Божјата дефиниција за толеранција? Што


Неговото Слово има да каже на оваа тема?

Толеранција на љубовта

Вистинската христијанска љубов е толерантна, во смисла дека


е воздржана и љубезна кон оние со кои постои несогласување.
Павле ги потсетува верниците на значењето на „поднесувајќи
се [или покажувајќи толеранција за] едни со други со љубов!“
(Еф. 4:2). Без доблеста на толеранцијата, правилно сфатена, би
било невозможно да се живее заедно во брак, црква, семејство
или општество.
Христијанската љубов е исто така толерантна, со тоа што
е со смирен ум и скромна самата за себе и за своето знаење.
Не е арогантна или самоназначена. Не се лути лесно поради
несогласување. Простува и не држи инает. Многу повеќе од
тоа, христијанската љубов нè повикува да им правиме добрина
на нашите непријатели, дури и на оние кои нè нарекуваат
нетолерантни, бидејќи веруваме во Исус Христос како
единствен и вистински Спасител на светот. Христијанската
љубов не дозволува потсмевање или присилување на оние со
кои не се согласуваме. Наместо тоа, љубовта вели: „сè што
сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така“ (Мт. 7:12).
Во сведочењето на Христос, на оние кои го отфрлаат тоа
во што ние веруваме или се непријателски расположени кон
нашите верувања, Светото Писмо вели: „Вашето слово [со
неверник] секогаш да е љубезно, зачинето со сол“ и бидете
„подготвени за одговор на секого кој ја бара причината на
надежта, којашто е во вас, но со кротост и со страв“ (Кол. 4:6;
194 Водство со љубов

1 Птр. 3:15-16). На христијаните не им е дозволено да ги мразат


оние кои не се согласуваат со нас. Ги сакаме и се молиме за
нив. Тежнееме да ги увериме во вистината на Евангелието со
причина, благост и сочувство.
Христијаните се научени дека сите луѓе се создадени во
Божјиот лик и дека се вредни во очите на Бога, така што со сите
луѓе треба да се однесуваме со почит и љубов. Како што вели
Светото Писмо, „Вашата кроткост [или нежна воздржаност] да им
биде позната на сите луѓе [посебно на неверниците]!“ (Флп. 4:5).

Нетолеранција на љубовта

Постои, исто така, оправдана смисла во којашто христијанската


љубов е нетолерантна. Таа е нетолерантна во смисла на
одобрување или прифаќање на тоа што е неморално или
погрешно според дефинирањето од страна на Божјото слово.
Љубовта не може да биде толерантна кон она што ги уништува
животите на луѓето или шири лаги за Евангелието. „Љубовта
е исполнување на Законот“, а не кршење на Божјиот закон
(Рим. 13:10). Љубовта „не ѝ се радува на неправдата, а ѝ се
радува на вистината“ (1 Кор. 13:6).
Факт е, никој не е толерантен за сè. Толеранцијата, сама по
себе е неутрален збор. Тоа е она што, кога некој е толерантен,
прави разлика на добро и лошо. Дури и оние кои најгласно
плачат за толеранција, бараат „нула толеранција“ за сексуална
злоупотреба на деца, силување и расна дискриминација – и
така и би требало да бараат. И покрај нивните тврдења дека се
морални релативисти, имаат морални ’апсолути‘ и подготвени
се да се борат за нив. Тие се повеќе од спремни да преземат
дисциплински активности на работното место и во владините
агенции против оние кои ги кршат овие морални ’апсолути‘.
Иронично, таканаречената толеранција на секуларниот
релативизам е сосема нетолерантна кон оние кои не се
согласуваат со таа филозофија на вистината и таа идеолошка
определба. Бројни книги и статии, од двете перспективи
– секуларна и религиозна, ја покажуваат ароганцијата и
Дисциплинирање и враќање на своеволните  195

лицемерието на толеранцијата на релативистите.11 А. Ј.


Конјерс пишува: „Очигледно модерната идеја за толеранција се
превртела, создавајќи во многу случаи поголема нетрпеливост
отколку што се обидува нешто да искорени“.12
Всушност, зборот толеранција се користи како палка за
заплашување и маргинализирање на луѓето кои не паѓаат на
колена пред богот на моралниот и религискиот релативизам.
Самиот збор, всушност се користи за да поттикне нетолеранција
за сите противници на секуларниот релативизам и неговиот
религиозен пандан. Во една земја, позната по своето фалење
за толеранција, истакнат е знак за да се прочита – „Смрт за
нетолерантните“. Ц. С. Луис се пожалил дека од т.н. недогматици
и толерантни, искусил најмногу нетолерантен, горчлив третман.13
Оваа нова толеранција ги гледа раските на нетолеранција
во очите на другите, но не може да ја види сопствената
греда на нетолеранција, догматизам, гордост, апсолутизам,
дискриминација, авторитаризам и недостаток на љубов.
Спротивно на тоа, евангелската заедница, која верува во
Библијата, верува дека Бог ги има дадено универзалните
објективни морални стандарди и дека Тој е крајниот авторитет,
пред кој еден ден сите луѓе ќе одговараат. Неговите морални
стандарди треба да се одржуваат меѓу неговиот народ. Затоа,
кога се исповеда верник, кој постојано ги прекршува Божјите
морални стандарди, и одбива да одговори на, со љубов,
испратениот повик за покајание, Бог бара спроведување
корективна дисциплина, исполнета со љубов.
Не е нетолерантно да се дисциплинира неморално сексуално
однесување. Не е нетолерантно да ги разоткриеш лагите или
11 За четиво, лесна за читање, во врска со секуларната либерална идеја за
толеранцијата, прочитај ја книгата на: Josh McDowell and Bob Hostetler,
The New Tolerance (Wheaton, Ill.: Tyndale,1998). За подлабока анализа
на новата толеранција, види кај: Brad Stetson and Joseph G. Conti, The
Truth about Tolerance: Pluralism, Diversity, and the Culture Wars (Downers
Grove, Ill: InterVarsity, 2005).
12 A. J. Conyers, quoted in Stetson and Conti, The Truth about Tolerance, 113.
13 Lyle W. Dorsett, Seeking the Secret Place: The Spiritual Formation of C.S.
Lewis (Grand Rapids, Mich.: Brazos Press, 2004), 77.
196 Водство со љубов

да критикуваш лажно учење. Не е нетолерантно да се имаат


морални убедувања и да се верува дека се познава вистината.
Светот го прави истото. Луѓето кои се најмногу секуларно
ориентирани, се држат цврсто до одредени морални убедувања.
Конечно, во тој случај, одбивањето на некој да се соочи
со гревот на еден соверник или со лажно учење, во името на
толеранцијата и љубовта, претставува фалсификувана (лажна)
толеранција и искривена љубов.
Павле ги сакаше верниците на Коринт, па делуваше одлучно
во дисциплината. Тој не беше злонамерен или нетолерантен.
Ситуацијата повикуваше на итна корективна активност, за да
се спаси црквата од морална и духовна корупција (1 Кор. 5:6-
8). Толеранцијата не секогаш е соодветниот одговор. Можно
е да се биде толерантен кон погрешни работи. Можно е да се
толерира нешто што Бог не би го толерирал. Толеранцијата не
е врвна доблест. Навистина, еден лажен напумпан поглед на
толеранцијата ќе уништи една црква и една нација.

Одбивањето на некој да се соочи со гревот на еден


верник или со лажно учење, во името на толеранцијата
и љубовта, претставува фалсификувана толеранција и
искривена љубов.

Павле го дисциплинирал неморалниот човек и побарал од


црквата да го направи истото, бидејќи тој ја сакал црквата.
Павле не можел да го толерира неморалното однесување на
човекот, поради љубовта кон Бога, љубовта кон вистината,
љубовта кон црквата и љубовта кон грешниот член. Тоа било
поради строгата дисциплина, наметната од Павле, а не од
тромата толеранција на црквата, што грешниот член добил
вистинска надеж и помош, така што „да се спаси неговиот дух
во Денот на нашиот Господ Исус“ (1 Кор. 5:5).
Глава 17

Управување со конфликти на
„повозвишен начин“

Љубовта покрива многу гревови.


(1 Петрово 4:8)

Првиот грев запишан во Битието, по непослушноста на Адам и


Ева, е оној на Каин, кој го убива неговиот брат Авел. Оттогаш
луѓето се убиваат едни со други. Една од застрашувачките
последици од влегувањето на „гревот“ во светот (Рим. 5:12) е
меѓучовечката војна, и нашата историја може да се проследи
преку бескрајните војни и поделби.
За жал, истото претставува вистина и за Божјите луѓе. Што
е уште полошо, нашите битки секогаш дури и не се за главните
прашања, како што се неправоверните наспроти правоверните
учења или либералните наспроти конзервативните гледишта.
Црквите коишто веруваат во Библијата и уживаат 95-процентно
согласување по сите основни научни прашања, ќе се борат и
одделуваат поради најситните разлики. Еврејскиот филозоф
Бенедикт де Спиноза ја направил оваа вознемирувачка забелешка
за христијаните и начинот на којшто тие се расправаат:

„Често се прашував, дали лицата кои се расфрлаат со


фалби за исповедање на христијанската религија, имено
со љубов, радост, мир, воздржаност и доброчинителство за
сите луѓе, би требало да се караат со такво непријателство
исполнето со злоба, и секојдневно да ја прикажуваат едни
198 Водство со љубов

кон други, таквата меѓусебна горка омраза? Дали токму


ова, а не доблестите што тие ги тврдат, се најспремниот
критериум на нивната вера?“1

Една од најуспешните стратегии на сатаната, за држење на


црквите слаби и неефикасни, е преку заткулисните пресметки
и нерешени конфликти. Ова е прашање на живот и смрт во
нашите локални цркви. Така, како христијански водач, не само
што ќе треба да се соочуваш со многу конфликти, но ќе треба
и да управуваш со нив во согласност со библиските принципи.

Како љубовта се справува со конфликт


Нема ништо погрешно во несогласувањето на христијаните
едни со други или во обидувањето да се убеди другиот во
исправноста на одредено гледиште. Меѓутоа, тоа што е погрешно
е конфликтот, којшто е без љубов, и што завршува во омраза
и горчина. „Ако пак се гризете и јадете еден со друг, пазете
да не се истребите еден со друг“ (Гал. 5:15). Ти, како водач,
треба да бидеш способен да подучуваш на принципите на
христијанска љубов, којашто помага конфликтот да се
намали, смири и исцели. Но пред другите да ги подучуваш на
тие принципи, прво мораш самиот да ги знаеш и да ги вклопиш
во твојот сопствен живот.
Во книгата Обележјето на христијанинот, Френсис
Шефер, зборувајќи од годините на искуство, вели дека е
важно да се препознае значењето, не само на несогласувањето,
коешто е на дофат, но и на зборовите, дејствијата и ставовите
прикажани во средиштето на конфликтот:

„Имам забележано една работа меѓу вистинските


христијани, во нивните разлики во многу земји: Што
ги дели и подвојува вистинските христијански групи
1 Benedict de Spinoza, A Theologico­Political Treatise and a Political Treatise,
trans. R. H. M. Elwes (1883; reprint ed., New York: Dover, 1951), 6.
Управување со конфликти на „повозвишен начин“  199

и христијани и што остава горчина којашто може да


трае 20, 30, 40 години (или и за 50 или 60 години во
сеќавањата на синот или ќерката)? – не се прашања на
учење или верување, она што ги предизвикало разликите
на прво место. Постојано, тоа е недостатокот на љубовта
и горчливите нешта, коишто се кажани од вистинските
христијани, во средиштето на разликите.“2

Љубовта ги промовира доблестите коишто обединуваат


(трпение, добрина, понизност, простување), и ги забранува
мноштвото пороци, коишто разделуваат и го нагласуваат
недоразбирањето (љубомора, ароганција, себичност, непросту­
вање). Не е ни чудно што Павле укажува на „повозвишен пат“
на љубовта, како решение на конфликтите меѓу христијаните
на Коринт. Петнаесетте описи коишто го опишуваат патот на
љубовта, би требало да се читаат во светлината на црковниот
конфликт (1 Кор. 13:4-7).

Дела на љубовта под контрола на Светиот Дух

При соочување со конфликт, првата и најважна работа што


треба да се запамети е ова: Биди под контрола на Духот, а не
надвор од контрола.3 Не си дозволувај да бидеш под контрола на
телото и на ѓаволот. Телото не произведува ништо друго освен
раздор, лутина и поделба: „А делата на телото се познати...
непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори,
кривоверства и зависти“ (Гал. 5:19-21). Ако сепак си под контрола
на Светиот Дух, ќе дејствуваш во љубов и со самоконтрола. Ќе
бидеш љубезен, внимателен, трпелив и спокоен (Гал. 5:22-23).
Водачот, кој е контролиран од Духот, се справува со конфликтот
во согласнот со „повозвишениот начин“.

2 Francis Schaeffer, The Mark of the Christian (Downers Grove, Ill.:


InterVarsity, 1970), 22.
3 Ефесјаните 4:26-27, 30-31; Ефесјаните 5:18; Галаќаните 5:14-16, 19-26).
200 Водство со љубов

Љубовта ја намалува деструктивната моќ на гневот


Во секој конфликт, пази се од гневот (Еф. 4:26-27).
Неконтролираниот гнев ја убива љубовта и ги разделува луѓето.
Особено пази се од гневни зборови, коишто само ги разгоруваат
страстите и ги искривуваат прашањата за коишто се дебатира.
Кога луѓето стануваат гневни, често не се грижат што ќе кажат
или направат. Тие фрлаат наоколу зборови на омраза, коишто
како ками рануваат и убиваат; тие нив ги користат за да се
одмаздат. Таквите зборови повредуваат длабоко и можат да се
одржат во нечиј ум за цел живот.

При соочување со конфликт, биди под контрола на


Духот, а не надвор од контрола.

Црковните лидери треба да запаметат дека се тие оние кои


треба да дадат пример на Божјата љубов, тие се ангажирани
во конструктивната работа, а не во деструктивната работа.
Во Псалми 145:8 се вели: „Жалостив и милостив е Господ,
долготрпелив и многу милостив“. Водачите, исполнети со
љубов, се одраз на Божјиот карактер за другите луѓе и тие не
се провоцираат лесно на гнев (1 Кор. 13:5). Спори се на гнев
и трпеливи. Љубовта би требало да управува со начинот на
којшто зборуваме и одговараме на луѓето. Кога сме вовлечени
во остро недоразбирање, на пример, со брат или сестра,
би требало внимателно да ги бираме нашите зборови, да ја
омекнеме расправата и да ги контролираме нашите емоции.
Запомнете го стихот од Јакововото послание 1:19: „брз во
слушањето, а бавен во зборувањето, и бавен на гнев“ (Јаков
1:19). За жал, кога се подигаат расправи, многу христијани
поинаку го толкуваат овој пасус, па тогаш тој значи „бавен во
слушањето, а брз во зборувањето, и брз на гнев“.
Управување со конфликти на „повозвишен начин“  201

Дела на љубовта со смирен дух


Зад повеќето црковни битки и нерешени поделби стои грдата
човечка гордост. И најлошиот вид гордост е религиозната гордост,
фарисејската гордост на самоправедност и супериорност.
Библијата вели: „Гордоста [дрскоста] раѓа само препирки“
(Пос. 13:10). Поради гордоста, Диотреф, на пример, сакал
самиот секогаш да се става прв (3 Јн. 1:9). Тој бил себичен.
Водачите со љубов се несебични. Не се „вообразени“ (1 Кор.
13:4). Немаат надуено мислење самите за себе, или его коешто
покренува расправии.

Љубовта би требало да управува со начинот на којшто


зборуваме и одговараме на луѓето.

Кога се справува со црквата на Флп., решението на Павле е


за секој човек да го прифати ставот на смиреност на Христос
(Флп. 2:5): „Имајте ја во себе истата мисла, којашто беше и во
Исуса Христа“. Овој став на понизност е од суштинско значење
за смирување на конфликтот, за разрешување на разликите,
за навистина да се слушнат и другите луѓе, за согледување на
нашите сопствени грешки, за поднесување едни со други и за
простување и помирување. Петар го сложува тоа на овој начин:
„а сите еден кон друг препашете се со смиреност“ (1 Пет. 5:5).
Замислете една голема просторија полна со пијана. Ако го
наштимаш секое од нив со една звучна вилушка, тие сите ќе
бидат во совршена хармонија едни со други. Но ако ги штимаш
пијаната едни во однос на други, наскоро ќе бидат во меѓусебна
дисхармонија. Истото е вистина и за локалната црква. Секој
верник треба да го наштима неговиот (или нејзиниот) став
кон Христос, и тој став е понизност. Постои изрека, „ставот
е сè“, но за христијаните мора да се преземе уште еден чекор
понатаму: „Ставот на Христос е сè“.
202 Водство со љубов

Љубовта бара мир


Миротворството е чин на љубовта, благословен од Господ Исус
Христос (Мт. 5:9). Тоа е неопходно за единството и растежот
на локалната црква. За борбените христијани во Рим, Павле
пишува: „Љубовта нека ви биде нелицемерна!... Ако е можно,
доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!“ (Рим.
12:9, 18). Подоцна, тој додава: „да го бараме она, што е за
мир“ (Рим. 14:19). И за да го поттикне единството помеѓу
Евреите и нееврејските верници, Павле пишува: „да живеете
достојно според звањето во коешто сте повикани: со секаква
понизност и кроткост, со трпеливост, поднесувајќи се едни
со други во љубов! Настојувајте да го запазите единството на
Духот во врската на мирот“ (Еф. 4:1-3). Црковните водачи,
тогаш, на агресивен начин настојуваат на мир и хармонија
во црквата. Тие треба да бидат миротворци, а не борци. Тоа
е причината зашто квалификациите за црковните старешини
од нив бараат да бидат „не жесток туку благороден“ и „не
наклонет на препирка“ (1 Тим. 3:3).
Миротворството е напорна работа. За тоа е потребно
многу мудрост и самоконтрола. Тоа значи ставање на
доброто на другите на прво место. Одрекувајќи се од себе,
миротворците ги вложуваат сите напори за оние кои се во
кофликт, да ги водат кон конструктивни решенија, правда и
христијанско помирување (Флп. 4:2-3). За жал, тие често се
погрешно разбрани и наклеветени, спремни за компромис и за
угодување на луѓето.
Кога зборуваме за миротворство, сепак не зборуваме за мир
по секоја цена или за предавство на вистината под маската на
љубовта. Тоа не е вистински мир. Денис Џонсон предупредува
за ризиците од таков т.н. мир:

„Божјиот мир не коегзистира мирно со лажливост,


срамотење или неправда; така Божјите миротворци не
можат едноставно да го игнорираат гревот или грешката
коишто го уништуваат мирот, ништо повеќе од хирургот
Управување со конфликти на „повозвишен начин“  203

кој може едноставно да ја затвори заразената рана – таму


гној задолжително ќе се развие.“4

Мораме да запаметиме дека многу црковни конфликти


немаат врска со суштинските вистини на Евангелието, туку
се второстепени прашања, судири на личности и програмски
промени. Тие можат и би требало да бидат разрешени од
водачите, исполени со љубов и со Светиот Дух. Еден ваков
пастор станал и јавно изјавил: „Време е да се ’воспостави
мирот‘“. Воспоставувањето на мирот е тешка, пожртвувана
работа, но мора да биде направена.

Љубовта покрива мноштво гревови.

Со неговиот препознатлив хумор, Хауард Хендрикс забележува:


„Многумина од нас сме како бодликави прасиња, кои се
обидуваат да се збијат заедно во една горка ладна ноќ, за да се
стоплат едни со други, но постојано се боцкаме и повредуваме
едни со други, колку повеќе меѓусебно се приближуваме“. Во
ниту еден друг момент, ние како браќа и сестри не се „боцкаме
и повредуваме едни со други“ поболно отколку за време на
конфликт. Без горливата љубов, не би можеле да ги преживееме
таквите повреди и да го одржиме семејното единство. Токму за
тоа Петар пишува: „Пред сè имајте постојана љубов меѓу себе,
зашто љубовта покрива многу гревови“ (1 Птр. 4:8).

Воведувањето на мирот е тешка, пожртвувана работа...

Љубовта ги покрива сите видови навреди, повредувања,


непријатности, разочарувања и гревови од коишто сите
страдаме заради другите. Само љубовта има моќ слободно
и постојано да простува, вистински да тежнее да ја разбере

4 Dennis E. Johnson, „Peacemakers,“ во John M. Frame, Evangelical Reunion


(Grand Rapids, Mich.: Baker, 1991), 171.
204 Водство со љубов

човечката слабост и комплексност, да ги стави работите во


правилна перспектива и да стави прекривка преку грешките на
другите луѓе. Љубовта на Исус за неговите ученици покривала
многу нивни гревови. Тој ги разбирал нивните слабости, но
неговата љубов ги покривала сите нив; во спротивно, Тој не
би можел да живее со нив.
Ова, во ниту еден случај не подразбира дека љубовта
игнорира или простува грев. Љубовта покрива мноштво
гревови, но не сите гревови. Од време на време, љубовта бара
изложување и дисциплина на гревот, за добросостојбата на
поединецот, како и на црквата. Љубовта знае кога да покрие
и кога да изложи, поради спасение и возобновување.
Начинот на кажувањето на Павле дека „љубовта покрива“
е за да каже дека љубовта не се огорчува (1 Кор. 13:5).
Држењето до поплаките и раните ги задржува конфликтите од
разрешување. Љубовта одбива да води записник за повредите
и навредите, напротив, одбира да прости. Простувањето е една
од најважните квалитети на љубовта (Еф. 4:32; Кол. 3:13).
Водачите, исполнети со љубов, нема да држат инает или
да бидат во вечна војна со оние кои предизвикале повреда
или навреда. Тие покажуваат големо разбирање за луѓето и
нивните проблеми. Простуваат и се помируваат. Покриваат
мноштво гревови.
Затоа што љубовта простува, тоа носи исцелување. Во
зборовите на Светото Писмо, таа го надминува злото со добро
(Рим. 12:21 ).

Љубовта води сметка за добробитта на


послабите верници

Од почетокот на христијанската ера, верниците се бореле околу


нивните слободи во Христос. Помеѓу еврејските и нееврејските
христијани во Рим, се појавиле силни расправии околу
прописите за храна и почитувањето на празниците. Павле ги
опишува нив како расправии за „мислењата“ или „спорните
прашања“ (Рим. 14:1). Со ова, тој мислел дека нивните
Управување со конфликти на „повозвишен начин“  205

недоразбирања не биле за основните доктрини, туку повеќе за


второстепените прашања на лична совест. Христијаните денес
сè уште се караат околу овие маргинални прашања.

Водачите, исполнети со љубов, покажуваат големо


разбирање за луѓето и нивните проблеми.

Павле утврдува дека најистакнат меѓу принципите за


решавање на овој вид конфликт е љубовта: „Зашто, ако се
жалости твојот брат заради јадење, ти веќе не постапуваш
според љубовта. Не погубувај го со твоето јадење оној за кого
Христос умрел“ (Рим. 14:15). Затоа љубовта не „повредува“
или „уништува“ соверници преку второстепени прашања, како
што е храната. Љубовта не ја бара сопствената предност (1
Кор. 13:5). Љубовта самата се негира за доброто на совеста на
другиот. Како што Светото Писмо нè потсетува, „Секој од нас
нека му угодува на ближниот, во негова полза, за добро, зашто
ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси“ (Рим. 15:2-3).
Љубовта ги штити слабите и заведените браќа и сестри (Рим.
14:15). Начинот на живот на љубовта, бара од верникот да
го стави на страна легитимното остварување на слободите на
едниот верник, за духовната благосостојба на слабиот верник.
Љубовта вели: „ако јадењето го соблазнува мојот брат, нема
воопшто да јадам месо довека, за да не го соблазнувам својот
брат“ (1 Кор. 8:13). Гордоста и себичноста, сепак одбиваат да
се откажат од правата и слободите на едниот верник, за доброто
на послабиот верник. Користењето на слободата, без љубов,
секогаш е деструктивно за другите, како и за самите себеси.
Библискиот одговор за злоупотребата на христијанските слободи
е овој: „само слободата да не ви биде повод за угодување на
телото, туку со љубов служете си еден на друг“ (Гал. 5:13). Како
водачи и учители, ние сме должни да обликуваме вид на љубов,
којашто ќе ја жртвува личната слобода, за да служи за доброто
на другите, „а не да си угодуваме сами на себеси“ (Рим. 15:1).
206 Водство со љубов

Љубовта ги благословува непријателите


Исус учи дека нема ништо посебно во сакањето на луѓето,
кои те сакаат. Дури и оние кои немаат љубов за поголем број
луѓе, често ги сакаат оние кои ги сакаат нив. Што е навистина
различно и божествено и правилно во сакањето на оние кои те
мразат или ти се спротивставуваат. Овој вид љубов, изјавува
Исус, нè прави повеќе налик на нашиот небесен Татко:

„А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете


се за оние кои ве гонат; за да бидете синови на вашиот
Татко Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да
изгрева над злите и над добрите, и дава дожд и на
праведните и на неправедните. Зашто ако ги љубите оние
кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците
не го прават тоа истото? И ако ги поздравувате само
своите браќа, што правите особено? Зар не го прават
истото и цариниците? И така, бидете совршени, како
што е совршен вашиот небесен Татко.“ (Мт. 5:44-48;
и Лк. 6:27-28)

Следејќи го извонредното учење на нашиот Господ, Павле


пишува:

•• Благословувајте ги оние кои ве гонат: благословувајте


ги, а не проколнувајте ги! (Рим. 12:14)

•• Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го! Ако


е жеден – напој го! [дело на добрина] Зашто ако
го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава
[посрамување на личноста со добрина и така можеби
менување на неговиот/нејзиниот ум]. (Рим. 12:20)

Не е важно дали оние кои те мразат се непријатни неверници


или верници. Ти сè уште треба да ги благословуваш, да се молиш
за нив, да покажеш милост кон нив за нивните потреби и да ги
победиш со љубов и добрина. Џонатан Едвардс нè потсетува дека
Управување со конфликти на „повозвишен начин“  207

самата „природа на љубовта е добрата волја“ кон другите.5 Оваа


добра волја се протега дури и до нашите непријатели.

Љубовта не бара лична одмазда или освета

Кога се повредени нивните чувства, луѓето често се чувствуваат


оправдани во правењето на нешто, што тие сакаат да го направат
за одмазда. Можат да ја напуштат црквата, да го поделат телото,
да избувнат во неконтролирана лутина, да ги отфрлат луѓето,
да лажат, мразат и да оговараат. Се обидуваат да го оправдаат
најзлобното, грешно однесување со едноставен изговор, „Но
јас бев повреден!“. Сепак, Светото Писмо го забранува духот
на одмазда, менталитетот на израмнување, којшто ја измачува
човечката природа, со следната јасна заповед: „Никому не
враќајте зло за зло!“ (Рим. 12:17; 1 Сол. 5:15; 1 Птр. 3:9). Кога сме
навредени, не треба да враќаме со навреда; кога сме нападнати,
не треба да се одмаздуваме; кога сме критикувани, не смееме да
клеветиме; кога сме повредени, не треба да возвратиме назад.

Светото Писмо го забранува духот на одмазда,


менталитетот на израмнување, којшто ја измачува
човечката природа, со следната јасна заповед: Никому
не враќајте зло за зло!

Светото Писмо понатаму забранува лична, приватна одмазда


или земање на правдата во свои раце: „Не одмаздувајте се за
себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто
е напишано: ’Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам!’ – говори
Господ‘“ (Рим. 12:19). Тоа е Божји прерогатив, да го казни
злото, и ќе се потруди за тоа. Исто така, запомни дека Тој
воспоставил за човештвото влада и судови, да судат и да ги
казнуваат злосторниците (Рим. 13:1-7).
5 Jonathan Edwards, Charity and Its Fruits (1852; reprint ed., Edinburgh:
Banner of Truth, 1978), 196.
208 Водство со љубов

Наместо да бараат одмазда, христијанинот треба да го


„победи злото со добро“ (Рим. 12:21). Како водачи, ние сме
тие кои треба да дадеме пример и да прикажеме победа над
злото со добрина и простување, верувајќи во Божјата правда,
за да се направат работите правилно до крај.

Зошто поголемата контроверзија бара


поголема љубов
Конфликтот со браќата и сестрите во Христос е тест за
вистинската длабочина на нашата љубов, сепак, често потфрламе
во изложување на Христовата љубов. Френсис Шефер, кој
бил соочен со многу контроверзии во неговиот живот, нè
потсетува на тоа што често го забораваме: Колку потешка
и повеќе потенцијално експлозивна станува контроверзијата
меѓу вистинските верници, станува поголема и потребата да
се прикаже повеќе љубов, а не помалку:

Колку посериозна е неправилноста, поважно станува да


се изложи светоста на Бога, да се искаже за тоа што е
погрешно. Во исто време, колку посериозни стануваат
разликите, поважно станува да погледнеме во Светиот
Дух, да ни овозможи да покажеме љубов кон вистинските
христијани, со кои мораме да се разликуваме. Ако тоа
е само мала разлика, покажувањето љубов не одзема
многу свесно внимание. Но таму каде што разликата
станува навистина значајна, станува пропорционално
повеќе важно да се зборува за Божјата светост. И станува
растечки сè поважно, во тој случај, да му се покаже на
светот дека ние сè уште се сакаме едни со други.
Човечки, ние функционираме токму во спротивната
насока – во помалку важните разлики покажуваме
повеќе љубов кон вистинските христијани, но како
разликите навлегуваат во повеќе значајните области,
склони сме да покажуваме сè помалку љубов. Случајот
мора да биде обратен – како разликите меѓу вистинските
Управување со конфликти на „повозвишен начин“  209

христијани стануваат поголеми, мораме свесно да сакаме


и да покажуваме љубов, којашто ќе се манифестира на
начин што светот може да ја забележи.6

Колку природно ние се враќаме на нашите стари начини,


на делата на телото (Гал. 5:20). Ова не би требало да биде
така. Конфликтите обезбедуваат можности да се испочитуваат
библиските заповеди за љубовта и за обликување на љубовта
во акција. Користи ги овие можности да растеш во љубовта и
да ги подучуваш другите да љубат.

6 Schaeffer, The Mark of the Christian, 27.


Глава 18

Поучување на послушност кон


христовите заповеди

Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.


(Јн. 14:15)

Како дете, Хелен Келер целосно го изгубила видот и слухот.


Како таа се развивала од едно уплашено дете, глуво, слепо,
тешко за контролирање, во интелигентна, грациозна жена, која
е автор на четиринаесет книги и е почитувана од водачите
ширум светот, забележано е во нејзината книга Приказната
на мојот живот и во долгометражниот филм Чудотворец.
Најнапред, се чинеше невозможно да се научи Хелен Келер
на јазикот и на дисциплината, како дете кое живееше во свет
на нема темнина. Но нејзината учителка, Ана Саливан, беше
упорно решена да ја научи на јазикот. Нивниот однос започна
со војна на волјата на Хелен со волјата на Ана. Хелен јадеше
со нејзините раце и грабаше храна од чиниите на другите луѓе.
Понекогаш, таа ќе легнеше на подот, клоцајќи и вриштејќи. Кога
Ана се обидуваше да ја дисциплинира, таа ќе се измолкнеше и
вриштеше. Од оваа речиси невозможна ситуација, Aна Саливан
успеа да ја научи Хелен на јазикот и на љубовта. Во едно
писмо до еден нејзин пријател, Ана Саливан ја открива тајната
„порта“ во едуцирањето и сакањето на Хелен:
Поучување на послушност кон христовите заповеди  211

„Претпоставувам дека ќе имам многу такви битки со


малата жена, пред таа да ги научи единствените две
основни нешта, на коишто можам да ја научам, а тоа се
послушност и љубов.1
Набргу одлучив дека нема да можам да правам ништо
со Хелен во рамките на нејзината семејна средина, каде
што секогаш ѝ се дозволуваше да прави точно тоа што
неа ја правеше задоволна. Таа секого го тиранизираше...
и, како и сите тирани, таа упорно се држеше до нејзиното
божествено право да прави сè што ѝ годи.... Јасно видов
дека е бескорисно да се обидувам да ја научам на јазикот
или на нешто друго, сè додека таа не научи да ми биде
послушна. Размислувам за тоа во голема мера, и колку
повеќе мислам, сè повеќе сум сигурна дека послушноста
е портата низ којашто знаењето и љубовта, исто така,
влегуваат во умот на детето.2

Ана Саливан, една исклучително надарена учителка,


го разбрала значењето на послушноста во процесот на
образованието. Таа видела поврзаност помеѓу послушноста
и љубовта. Ние, исто така мора да признаеме дека верната
послушност е од суштинско значење за раст во христијанскиот
живот и за ефективно христијанско водство.

Поврзување на љубовта и послушноста


Како учители и водачи на Божјиот народ, мораме да разбереме
дека нашата послушност или непослушност влијаат на многу
луѓе за добро или зло – дури и на цели цркви и вероисповеданија.
Послушноста и љубовта се директно поврзани низ целото
Свето Писмо. Да погледнеме накратко што Библијата кажува
за поврзаноста помеѓу овие два аспекта.

1 Helen Keller, The Story of My Life: The Restored Edition, ed. James Berger
(New York: Modern Library, 2003), 223.
2 Исто, 223-24.
212 Водство со љубов

Послушноста е задолжителна
Светото Писмо ни заповеда да Го љубиме Бог, нашиот
ближен, нашите пријатели соверници, нашите непријатели и
сите луѓе. Овие упатства не се само сугестии, тие се заповеди.
Затоа имаме обврска да Го љубиме Бог и да го сакаме нашиот
ближен. Јован ја нагласува оваа обврска и должност, кога
пишува: „ние сме должни“ да ги положиме своите животи едни
за други (1 Јн. 3:16). Александар Рос добро ја сумира таа точка:

„Љубовта не е емоција на којашто можеме да ѝ дадеме


израз, од време на време, како што се чувствуваме
наклонети; таа е должност побарана од нас, во сите
времиња, од страна на Бог, и децата Божји се должни
сигурно да Го почитуваат нивниот Небесен Татко.“3

Послушноста или непослушноста влијаат на многу


луѓе за добро или зло.

Послушноста ја изразува љубовта кон Бога


Еден од најважните начини на којшто ја изразуваме љубовта кон
Бога е преку послушноста кон него. Јован го појаснува тоа: „Зашто
ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди“
(1 Јн. 5:3). Љубовта кон Бога е поврзана со одржувањето на
Неговите заповеди и во Стариот завет, исто така.4
Исус Христос е врховен пример на оваа важна вистина: „но,
за да сознае светот дека Јас Го љубам Таткото и дека правам
3 Alexander Ross, The Epistles of James and John, NICNT (Grand Rapids,
Mich.: Eerdmans, 1954), 208.
4 Излез 20:6; Вт. 10:12-13; 11:1, 13, 22; 19:9; 30:16, 19-20. Леон Морис
коментира: „постои значителна неспремност да се согледа послушноста
кон Божјите заповеди, како одговор на љубовта. Имаме тенденција да
претпоставиме дека послушноста кон кодот има малку врска со љубовта.
Но, луѓето од Стариот завет не ги гледаа работите на овој начин“. Leon
Morris, Testaments of Love (Grand Rapids, Mich.: Eerdmans, 1981), 58.
Поучување на послушност кон христовите заповеди  213

како што Ми заповеда Мојот Татко!“ (Јн. 14:31). Брус Вер


пишува: „Исус сака другите да знаат за неговата љубов кон
Таткото преку неговата изразена послушност... којашто Тој
толку задоволно и бескомпромисно ја извршувал“.5 Послушноста
на Исус кон неговиот Татко беше послушност „до смрт, дури и
до смрт на крст“ (Флп. 2:8). Ние, исто така, сега ја изразуваме
љубовта кон Бога и љубовта кон Христос, со нашата волја и
потполна послушност. Во зборовите на нашиот Господ Исус:
„Кој ги има моите Заповеди и ги пази, тој Ме љуби“ (Јн. 14:21).

Послушноста ја докажува нашата љубов кон Бога

Јован подучува дека доказот и увереноста дека Го познаваме Бог


и Го љубиме Бог, е послушноста кон Неговото слово: „И по тоа
знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди...
А кој го пази Неговото слово? Во него, навистина, љубовта кон
Бога [љубовта божја] стигнала до совршенство [во потполност
е она што треба да биде]“ (1 Јн. 2:3, 5). Нашата љубов за
Христос се потврдува со нашата послушност кон Христос: „Кој
ги има моите Заповеди и ги пази, тој Ме љуби“ (Јн. 14:21).
Послушноста ја покажува љубовта кон Бог. Непослушноста, од
друга страна, разоткрива отсуство на љубов: „Кој не Ме љуби“,
вели Исус, „не ги држи Моите зборови“ (Јн. 14:24).

Послушноста е услов за уживање на


заедништвото со Христос

На неговите ученици, Исус им вели: „Ќе останете во Мојата


љубов ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги
запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата
љубов“(Јн. 15:10). Ние не ја заслужуваме љубовта на Христос
преку нашите дела или не спечалуваме спасение преку
послушноста, но послушноста е неопходна за уживање и
растење во блиско заедништво со Христос. Овој принцип е
5 Bruce A. Ware, Father, Son, and Holy Spirit (Wheaton, Ill.: Crossway,
2005), 86.
214 Водство со љубов

изразен во зборовите на една стара песна „Верувај и послушај“,


од Џон Самис: „Верувај и послушај, затоа што не постои
друг начин да се биде среќен во Исус, освен да се верува и
послушува“. Непослушниот верник, од друга страна пак, го
губи правото на оваа радост.
Самиот Исус е врховен пример на оваа животна вистина.
Додека бил на Земјата, тој бил послушен Син. Тој уживал и
останал во љубовта на Неговиот Татко, преку послушноста кон
заповедите на Неговиот Татко (Јн. 10:17; 14:31; 15:10). Сега
Исус сака неговите ученици да „престојуваат“ во неговата
љубов преку послушноста на неговите заповеди. Брус Вер го
расветлува образложението на нашиот Господ, кога пишува:

„Но, со цел [учениците] да знаат за врската помеѓу


послушноста и останувањето во љубовта на оној кому
тие му се покоруваат, не е нешто ново ниту чудно ниту
посебно само за нив, тој појаснува дека токму така
стојат работите помеѓу него (Синот) и неговиот Татко...
Љубовта и послушноста, тогаш, се движат заедно во
едно неразделно заедништво, во оваа врска помеѓу Бог
Таткото и Бог Синот.“6

Послушноста е плод на љубовта

Природата на христијанската љубов е да ја исполнува волјата на


Бог. Почитувањето на Таткото беше уживање за Исус, бидејќи
тој го сакаше својот Татко: „за да сознае светот дека Јас Го
љубам Таткото и дека правам како што Ми заповеда Мојот
Татко!“ (Јн. 14:31). Кога го сакаме Христос, ги сакаме неговите
учења. Сакаме да му угодиме и ја исполнуваме неговата волја,
бидејќи тоа е она што му се допаѓа на нашиот возљубен.
„Ако Ме љубите“, вели Исус, „ќе ги пазите Моите
заповеди“ (Јн. 14:15). Исус во овој стих зборува за волјата
за послушност од срцето, не принудена послушност или
послушност без радост. Љубовта нè мотивира на послушност,
6 Ware, Father, Son, and Holy Spirit, 86-87.
Поучување на послушност кон христовите заповеди  215

и Светиот Дух нè поттикнува да сакаме (Јн. 14:15-31; види исто


Второзаконие 30:6).

Христијанските водачи се во послушноста


Исус Христос и неговите апостоли беа послушни слуги, кои на
другите им покажаа како се љуби и почитува Бог. Истото важи
за христијанските водачи и учители денес. Ние сме во бизнисот
на учење и обликување на послушноста кон Бог.

Учење на другите да почитуваат

Големото испраќање вели: „Така одејќи, направете ги сите


народи Мои ученици... Учејќи ги да пазат [почитуваат] сè што
Сум ви заповедал“ (Мт. 28:19-20). Упатувањето на луѓето да ги
почитуваат Христовите заповеди е дел од Големото испраќање.
Не е доволно да се подучуваат на вистините за Христос, треба
да ги научиме, поттикнеме и обучиме учениците, истите да ги
почитуваат и да живеат според заповедите на Христос.

Водачите кои мислат дека растот во милоста доаѓа само


со знаењето на словото Божјо, без делување, создаваат
заедница на пасивни христијани, кои потсетуваат на
човечки суштества кои јадат премногу и вежбаат премалку.7

Значи, нашата служба на подучување, без разлика дали е


дома, во црква или во теолошка институција, треба да биде
насочена кон промовирање на послушноста кон Христос.
Понекогаш ги превидуваме овие аспекти на службата. Додека
одев во Семинаријата, гледав студенти кои минуваа неколку
часови дневно на настава и на проучување на Библијата и
теологијата, но не одеа во црква или не ја споделуваа својата
7 Kenneth B. Mulholland, „Teaching Them … All Things: Three Dots and a
Pil–grimage,“ in Teaching Them Obedience in All Things: Equipping for
the 21st Century, ed. Edgar J. Elliston (Pasadena, Calif.: William Carey
Library, 1999), 10.
216 Водство со љубов

вера, немаа одговорности во службата и нивните животни


навики не беа многу поразлични од оние на неверниците. Тие
уживаа во проучувањето на теологијата и ја наоѓаа Библијата
како интересно четиво на теоретско ниво, но не го применуваа
она што го научиле ниту пак доживеаја животна трансформација.
Ова не е идејата на Исус за образование и за создавање ученици.
Тој им рече да одат и да прават ученици, учејќи ги нив да
почитуваат „сè што Сум ви заповедал“ (Мт. 28:19).

Ние сме во бизнисот на учење и обликување на


послушноста кон Бога.

Исто така, Исус предупреди и на опасностите од тоа да


биде нарекуван „Господ“ и да биде слушан неговиот Збор, но
да не се успее Зборот да се почитува или стави во примена
(Мт. 7:21-23; Лк. 6:46-49; 8:21).

Обликување на послушноста

Во свет којшто силно мириса на бунт против Бог, луѓето треба


да видат живи примери на послушност кон Неговото слово.
Навистина, луѓето учат толку многу гледајќи ги животите на
нивните водачи колку што учат слушајќи ги нивните зборови.
Многу сили – гревот, сатаната, телото, светот и нашата
сопствена мрзливост – непрекинато нè искушуваат да не ја
почитуваме Божјата волја, но Божјите примери на послушност
нè инспирираат и охрабруваат да ја почитуваме.
Два извонредни примери од Стариот завет, на водачи кои
обликуваат и подучуваат на послушност, се Езра и Неемија.
Кога Езра, учител, свештеник и книжник, пристигнува во
Ерусалим од Персија, поради служба за прогонетите, открива
дека водачите на народот го втурнале Божјиот народ во мешани
бракови со припаднички од другите народи на земјата. Тој грев
беше строго забранет според законот на Бога (Езра 9:1-2; 10:18).
Поучување на послушност кон христовите заповеди  217

Езра, како сите проактивни водачи, презема итна акција. Прв


тој го предводи народот во исповед и покајание (Езра 9:3-10:1).
Потоа го изнесува планот за акција, којшто подразбира враќање
на нивните грешни избори, и луѓето одговориле во послушност.
Езра не беше само учител туку и еден послушен применувач
на вистината. Тој настојувал „со сето свое срце да проникне
во Господовиот Закон, да го извршува и да го поучува Израел
во законите и уредбите“ (Езра 7:10; курзив додаден). Неговото
учење и неговите промени би биле немоќни, да не беше
неговиот вистински пример на послушност.
Подоцна, Неемија пристигнува во Ерусалим од Персија, за
обнова на паднатите ѕидини на градот Ерусалим, уништени од
страна на Вавилонците, сто и четириесет години претходно.
Како што Езра направил пред него, така и Неемија мораше да ги
поттикне водачите на народот да го почитуваат законот на Бога.
Некои од водачите ја искористувале очајната економска
ситуација на сопствениот народ, во директна непослушност на
законите од Стариот завет, во поглед на лихварството (Неемија
5:7-13). Неемија ја прекорува нивната алчност и поставува
добар пример за нив, за да го следат. Тој користи негови
сопствени пари за да ја откупи слободата на Израелците,
кои, поради долг биле робови. Дава заеми на сиромашните.
Како гувернер на Јудеја, тој не го презема целосниот паричен
надоместок од кралот. Не ги оптоварува луѓето со непотребни
даноци. Наместо тоа, тој им помага на луѓето да се прехранат
и им ги олеснува нивните обврски.
Неемија е еден од големите водачи, опишани во Стариот
завет, модел полн со љубов и послушност кон волјата и законот
на Бога. Поради неговата верност, мудрост и љубов, луѓето
Го почитувале Бога и напредувале. Тој е пример за нас денес.

Неемија е еден од големите водачи, опишани во


Стариот завет, модел полн со љубов и послушност кон
волјата и законот на Бог.
218 Водство со љубов

Послушноста или непослушноста на


лидерот има влијание врз другите

Кралевите на Израел од Стариот завет, го илустрираат


благословот од послушноста на водачот и несреќите поради
неговата непослушност. За време на ерата на израелските
кралеви, некои 460 години од помазанието на царот Саул, до
Вавилонското ропство (586 п.н.е.), произлегува образец, којшто
може да се опише во една реченица – Како што кралот оди,
така оди и народот.

Непослушните цареви

Некои од кралевите на Израел, очигледно не го почитувале


Божјиот закон. Принесувале жртви на паганските идоли,
ги сквернавеле храмовите, ги занемарувале празнувањата
за Пасха и саботите, го прекршувале заветот, го изгубиле
пишаниот закон, ги отфрлиле Божјите пророци и го довеле
народот до точка на духовна пропаст и божествена пресуда.
Овие водачи не Го љубеле Господ со сето свое срце и душа
и сила (Второзаконие 6:4-5), ниту пак го учеле народот да
Го љуби Бога и да пази на неговите заповеди (Второзаконие
6:7-9). Бидејќи не Го љубеле и не верувале во Бог, тие не го
почитувале. Наместо тоа, тие ги сакале и почитувале боговите
на другите народи.
Како непослушните кралеви на Израел така и некои
христијански теолози и црковни претставници, ги водат
луѓето во лажно учење и сексуален неморал, во име на
толеранцијата. Тие го нарекуваат злото добро и доброто
зло, велејќи дека саканиот Бог не би ги осудувал луѓето.
Тие повторно ги толкуваат христијанските зборови и учења,
за да ги направат компатибилни со идолите на нашата
секуларна култура. Тоа е трагедија, но израелската историја
на непослушност се повторува денес меѓу многумина кои се
исповедаат како христијани.
Поучување на послушност кон христовите заповеди  219

Кралеви на „пола срце“


Некои кралеви Му го свреа грбот на Бог; други беа половични
во нивното почитување кон Бог. Тие правеа делумни реформи,
веруваа во Бог кога тоа одговараше на нивните цели, и тие
го компромитираа обожувањето на Господ со оставањето
на високите позиции на идолопоклонството. На крајот, тие
оставија лошо наследство за себе и дозволија народот повеќе
да се оддалечи од Бог.
Чист пример на резултатите од непослушност доаѓа од
животот на царот Саул, во Стариот завет. Бог му наложил на
кралот целосно да го уништи градот Амалик, вклучувајќи ги
сите негови животни. Но Саул само половично го послушал:
Го уништил градот, но го зачувал најдобриот добиток и
добрата за себе и за народот. Кога пророкот Самоил му се
спротивставил за непочитување на Господа, Саул ја оправдувал
својата непослушност, тврдејќи дека животните биле зачувани
за верски жртви на Бога. Одговорот на Самоил е продорен:

„Дали му се на Господа помили палениците и приносите


од послушноста кон Неговиот глас? Знај, послушноста е
поскапоцена од најдобрата жртва, покорноста е подобра од
овни; непокорноста е како гревот на вражањето, самоволието
е како злостор со идолите.“ (1 Самоил 15:22-23)

Ако сме искрени со самите себе, ќе мораме да признаеме дека


многу од проблемите и конфликтите со коишто се соочуваме во
нашите локални цркви, можат да се проследат и споредат со
овој вид половична послушност на Божјото слово. Многу битки
и поделби во рамките на црквата се резултат од непочитување
на основните библиски правила на однесување. Христијаните
озборуваат и клеветат, бараат лична одмазда, се тужат едни
со други и одбиваат да простат и да се помират. Таквата
непослушност води кон поделби во рамките на нашите цркви, кон
скршени врски и огорчени, разочарани верници. Се прашуваме,
зошто нашите цркви се слаби и проблематични. Причината е
едноставна – жнееме тоа што сме посеале (Гал. 6:7-8).
220 Водство со љубов

Послушни цареви
Иако имаше многу непослушни кралеви, исто така имаше и
некои добри кралеви, кои Го љубеа Господ и го почитуваа со
сето срце. Кралот Јосиј, Светото Писмо вели: „Му се обратил
на Господа со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја
сила, верен во сè на Мојсеевиот закон“ (2 Цареви 23:25). Ова е
уште еден начин на кажување, дека тој ја почитувал заповедта
„љуби го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја
душа и со сета своја сила!“ (Второзаконие 6:5).
Од сесрдната љубов кон Господ и послушноста кон Неговото
слово, Јосиј ги уништил идолите на Ваал и ги протерал лажните
пророци; ги отстранил високите места на идолопоклонството; го
очистил градот Ерусалим од странски предмети на обожување;
ја ослободил земјата од бајачи и блудници. Исто така, тој
го возобновил храмот за богослужба на Господ, повторно го
воспоставил редот на свештеници и ја повратил изгубената
книга на законот на Мојсеј. Во одговор на слушањето на
зборовите на законот, Јосиј се понизил и делувал во согласност
со сè што беше напишано во него (2 Цареви 22:11, 13). Го
обнови заветот со Бог; ги предводеше луѓето во молитва,
исповед и покајание; ги подучуваше на законот на Бог; и ја
возобнови годишната прослава на Пасха (2 Цареви 22:1-23:25).
Јосиј Го сакаше Господ, својот Бог со сето свое срце, душа
и сила. Така тој бараше во потполност да се почитува сè што
Господ заповедал во неговиот закон. Ова донесе заживување
и реформација на целиот народ. Сите следни реформации и
заживувања започнуваа на ист начин, со срце придвижено од
Светиот Дух кон љубовта и почитувањето на словото Божјо.

Водство насочено кон послушност


Еден од најголемите благослови што една црква може да го
доживее, е кога нејзините водачи и учители го љубат Господ
и уживаат во почитување на Неговото слово. Возбуда е за
срцето да се види црква, каде што водачите се посветени во
почитувањето на Светото Писмо, желни да ја бараат Божјата
Поучување на послушност кон христовите заповеди  221

волја, и одлучни да ја водат црквата на начини коишто Му


угодуваат на Господа. Таквите водачи се подобри водачи,
бидејќи се далеку помалку наклонети кон занемарување на
нивните, од Бога дадени пастирски задолженија.
Послушноста е моќна мотивација. Послушните водачи ќе
ги сакаат и ќе им служат на своите соверници пожртвувано,
бидејќи Светото Писмо вели: „ние сме должни да ги положиме
своите животи за браќата“ (1 Јн. 3:16). И спремни се да се
соочат со грешното однесување, бидејќи Светото Писмо вели:
„изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со
поука“ (2 Тим. 4:2). Тие погрижливо ќе предводат, бидејќи
Светото Писмо вели дека оние кои водат треба да водат
„ревносно“ (Рим. 12:8). Ќе работат за да го нахранат и да се
грижат за стадото Божјо, бидејќи веруваат дека Светиот Дух ги
поставил нив во црквата, за да го надгледуваат стадото (Дела
20:28). Тие ќе ги исполнат своите одговорности, бидејќи се
послушни слуги.

Еден од најголемите благослови што една црква може


да го доживее, е кога нејзините водачи и учители Го љубат
Господ и уживаат во почитување на неговото Слово.

Практичари на љубовта

Ако не подучуваме на послушност и не ја обликуваме


послушноста, не ќе подучуваме и нема да ја обликуваме ни
христијанската љубов. Не можеме со право да зборуваме за
љубовта, без обраќање за послушноста. Љубовта може да расте
само ако е вкоренета во почвата на вистинска послушност.
Библијата вели: „бидете извршители на Словото, а не само
слушатели кои се измамуваат себеси“ (Јаков 1:22). Ако ги
слушаме зборовите Божји, но не ги почитуваме, ние сме во
самоизмама и неговите зборови немаат трајна трансформирачка
222 Водство со љубов

моќ над нас (Јаков 1:22-25). Само слушањето на Божјите зборови


за љубовта не е доволно. Мора да ги подесиме нашите умови
да бидат нестрпливи „извршители на Словото“. Библискиот
коментатор Р. В. Г. Тескер нè потсетува дека „христијанството
е во суштина живот што треба да се живее“.8
Не е доволно да се слуша и да се има согласност за
библиското учење за љубовта. Мораме да бидеме практичари
на библиската љубов. Само оние кои служат и извршуваат
се „блажени“, вели Јаков, не оние кои седат во црквите и
слушаат, но потоа веднаш забораваат (Јаков 1:25). Упатствата
на Јаков доаѓаат од самиот наш Господ: „блажени се оние кои
го слушаат Божјото слово и го пазат“ (Лк. 11:28). „Кога го
знаете ова, блажени сте – ако го исполнувате тоа“ (Јн. 13:17).

8 R. V. G. Tasker, The General Epistle of James, TNTC (Grand Rapids, Mich.:


Eerdmans, 1957), 51.
Прилог

Грчки зборови во Библијата

Поголемиот број христијани знаат за зборот за љубов агапе, но


помалку знаат за другите зборови за љубов, коишто се наоѓаат
во Стариот и Новиот завет. Овој кус преглед ќе помогне во
подобро разбирање, како и за коригирање на погрешното
сфаќање на библиските зборови за љубов.

Зборовите за љубов
во Септуагинтата
Стариот завет е напишан на еврејски со неколку дела на
арамејски.1 Но во периодот од 250 до 150 година пред Христа,
тој бил преведен на коине, верзија на грчкиот јазик, којашто се
користела во тоа време. Овој превод се нарекува Септуагинта
и често е претставен со римскиот број LXX, седумдесет.
Септуагинтата денес се состои и од вдахновени текстови
(нашиот канонски Стар завет) и апокрифи2 (неинспирирани,
но многу важни историски книги).
Писателите на Новиот завет и првите христијани ја
читаа и ја знаеја Септуагинтата. Тие често и ја цитираа.
Според Ј. Јулиус Скот, „осумдесет проценти од цитатите од

1 Езра 4:8-6:18; 7:12-26; Дан. 2:4-7:28; Ере. 10:11.


2 Апокрифите се напишани помеѓу завршетокот на Стариот завет и
раѓањето на Христос. Тие не се дел од канонот на Еврејското свето
писмо. Тука спаѓаат: 2 и 3 Ездра, Јудит, Тобит, 1-3 Макавејци, Мудрост
Соломонова, Мудрост Сирахова, Соломоновиот псалм (151), Послание
на Еремија, Варух.
224 Водство со љубов

Стариот завет во Новиот завет се земени од Септуагинтата“.3


Понатаму тој продолжува „дека Септуагинтата стана првата
Библија на раната црква“.4
Во Септуагинтата, најупотребуваниот збор за љубов е
агапао, којшто се јавува 271 пат.5 Овој глагол, агапао, не е
нов збор, измислен од писателите на Новиот завет. И не само
што е најупотребуваниот збор во Септуагинтата, во првиот век
тој станал вообичаен збор за љубов, којшто се користи меѓу
сите кои се користеле со грчкиот јазик.
Во Септуагинтата, зборот агапао е употребуван за сите
видови покажување љубов, вклучувајќи ја и најважно – божјата
љубов, кон и за Својот народ и нивната љубов за Него. Оваа
употреба во Септуагинтата, го направи зборот агапао подготвен
за употреба во Новиот завет, за искажување на божјата љубов,
љубовта за Бог и меѓу членовите на божјото семејство.
Друг главен глагол за љубов во Септуагинтата е филео.
Иако тоа е главниот збор што се употребува во класичниот
старогрчки јазик, во Септуагинтата се јавува само триесет и
двапати, и највеќе во однос на бакнување. На неколку места
е употребен со исто значење како агапао. Филео никогаш
не е употребен за божјата љубов кон своите луѓе или
нивната љубов кон Бог. Во именската форма филиа, може
да означува љубов, но најчесто во Септуагинтата се користи
за пријателство.
Именката агапе, зборот којшто е најпознат денес поради
честата употреба во Новиот завет, во Септуагинтата се јавува
само деветнаесет пати. Единаесетпати се јавува во Песна
над песните. Еве неколку примери за употреба на агапе во
канонскиот дел од Стариот завет. Во сите овие случаи, агапе
е употребен во врска со сексуална љубов:
3 J. Julius Scott Jr., Jewish Backgrounds of the New Testament (Grand
Rapids, Mich.: Baker, 1995), 135.
4 Исто, 136.
5 Податоците се од Accordance Bible Software: Oak Tree Software, 498 Palm
Springs Drive, Suite 100, Altamonte Springs, FL 32701. Copyright ©2004.
http://www. OakSoft.com; 877-399-5855.
Грчки зборови во Библијата  225

•• Тогаш ја замрази веднаш со силна омраза, та омразата


со којашто ја замрази беше поголема од љубовта
(агапе) со којашто ја љубеше (агапао) порано.
(2 Сам. 13:15)

•• Ме воведе во собите на виното и ме покри со знамето


на љубовта. (Песна 2:4)

•• Зашто љубовта е силна како смртта (Песна 8:6).

•• Големи води не можат да ја угаснат љубовта ниту


реките да ја потопат. Да го дава некој за љубовта,
сето богатство на својот дом, тој би навлекол презир
врз себе. (Песна 8:7).

Во апокрифите, зборот агапе се користи за љубовта кон


мудроста што води кон Бог, љубовта кон Бог, а можно и
божјата љубов кон Своите луѓе.

•• А копнежот за учење – љубов е кон неа, а да ја


љубиш е да ги сакаш нејзините закони, а да ги пазиш
нејзините закони е залог за твојата бесмртност, а
бесмртноста доближува до Бога. (Муд. Сол. 6:18-19)

•• Оние кои се надеваат на Него, ќе ја познаат вистината,


а кои Му се верни – ќе живеат во љубов со Него
(Муд. Сол. 3:9).

•• Блажени се оние кои те видоа и со љубов што се


украсија – и ние живот ќе имаме (Муд. Сир. 48:11).

Придавката агапетос, што значи „возљубен“, се јавува


дваесет и четирипати во Септуагинтата; именката агапесис, што
значи „љубов“ – тринаесетпати. Овој збор не се користи во
Новиот завет. Затоа групата на зборот агапао се јавува 327 пати.
226 Водство со љубов

Грчкиот збор за љубов во Новиот завет


Зборовите агапао, агапе, агапетос – примарните зборови
за христијанската љубов се јавуваат 320 пати во Новиот
завет. Глаголот агапао се јавува 143 пати. Религиозната и
теолошката употреба во Септуагинтата го направи овој збор
природен избор за писателите на Новиот завет. Христовите
учења за љубовта и неговиот извонреден пример на љубов,
сепак му даде ново свежо значење.
Во библиската литература пред вториот и третиот век,
зборот агапе многу ретко, скоро воопшто не се употребува.
Во Септуагинтата, зборот агапе се јавува деветнаесет пати со
значење на физичка, сензуална љубов, а еднаш или двапати
со значење на божјата љубов кон своите луѓе. За разлика, во
Новиот завет се јавува 116 пати, најчесто употребен од Павле
(72 пати) и Јован (30 пати). Првите христијански писатели
многу ретко ја користеле именката за љубов, агапе. Се разбира
очигледната врска на агапе со глаголот агапао помогна во овој
избор, и другите именки едноставно не беа добар избор. Затоа
првите христијани ја користеа именката агапе и ја исполнија
со посебно христијанско значење.
Придавката агапетос, е збор преведен како „возљубен“
или некој кој е љубен. Во Новиот завет, агапетос е употребен
шеесет и еден пат, од кои дваесет и седум од Павле. Исус
Христос е наречен „возљубениот Син“ а верниците возљубени
од Бог (Рим 1:7). И верниците, често се обраќаат еден кон
друг со возљубен, нагласувајќи ја блиската семејна врска која
постои меѓу нив.
Покрај зборот агапао има уште еден глагол што значи
љубов, филео. Филео е вториот збор по употреба во Новиот
завет (25 пати), најчесто употребуван во евангелието по Јован.
И покрај разликата помеѓу агапао и филео, во зависност од
контекстот, овие глаголи понекогаш можат да се заменуваат
без притоа да имаат различно значење.6 Филео, како и агапао
6 види W. Günther and H.-G. Link, „Love,” The New International Dictionary
of New Testament Theology, 2:538, 542.
Грчки зборови во Библијата  227

може да се употреби како упатување на различни значења на


љубовта. Филео е бакнување, љубов меѓу пријатели, љубовта
на Таткото за Синот (Јвн. 5:20) и нашата љубов за Христос
( 1 Кор. 16:22). Сепак јасно, агапао е најзастапениот збор за
љубов во Новиот завет, особено кога станува збор за Божјата
љубов која ја прави можна љубовта меѓу нас.
На крај, Новиот завет го користи и сложениот збор
филаделфија - „братска љубов“, познат збор којшто го опишува
квалитетот на љубовта што ги обединува христијаните.7 Овој вид
на љубов е блиска, постојана семејна љубов. Првите христијани
размислуваа за себе како за едно вистинско семејство на браќа
и сестри во Христос. За суштинската важност на овој вид
љубов во црквата, Џејмс Мофат забележува дека „ниту една
црква нема просперитет и стабилност или шанса за опстојување
пред Бог ако ја занемари братската љубов“.8

7 Именката филаделфија, „братска љубов“, се јавува во Рим. 12:10; 1 Сол.


4:
8 Евр. 13:1; 1 Пет. 1:22; 2 Пет. 1:7. Придавката филаделфос се јавува во
1 Пет. 3:8.
Благодарност

Должам огромна благодарност на мојата ќерка и секретарка,


Алексис Смелкер. Без неа ќе бев закопан во секојдневните
детали и барања, и немаше да имам време да ја довршам
книгава.
Посебна благодарност до уредниците, Аманда Соренсон и
Шанон Вингроув. Освен уредувањето, Шенон ја пишуваше
книгата во компјутер и даде многу непроценливи совети... не
можам доволно да ѝ се заблагодарам.
Сакам да се заблагодарам и на Дени Пасквал и Коди Њукам
за часовите поминати во библиотеки, собирајќи материјал
и критикувајќи ја книгата во секоја фаза. Мојата искрена
благодарнoст до д-р Давид Меклеод за неговата техничка
поддршка и мудро водство.
Многу драги пријатели ја прочитаа оваа книга и дадоа
практични совети за нејзино подобрување, вклучувајќи ги и:
Дог Фаулкнер, Паула Додсон, Џеј Бради и Барбара Пик, кои
внимателно го лекторираа конечниот ракопис.
И се разбира, никој не може да напише вакво дело без
поддршка од сопругата. Кога станува збор за љубовта, ретко
кој од тие кои ги познавам живее толку самопожртвувано за
другите како мојата Мерилин. „Многу жени беа добродетелни,
но ти ги надминуваш сите.“ (Изреки 31:29)
Cодржина

За авторот: . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
Спојување на љубовта и водството . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4

Прв дел
Љубовта е неопходна за христијанското водство
Пет минус еден е еднакво на нула . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
Љуби или умри . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21
Мотивирачката моќ на љубовта . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30

Втор дел
Карактерот и однесувањето на љубезниот водач
Трпеливост и милостивост . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 42
Не завидува, не се фали . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 52
Не се вообразува, не се
однесува непристојно . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 61
Не го бара своето или
не се раздразнува . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 71
Не држи сметка за зло или не
ѝ се радува на неправдата . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 80
Сè премолчува, сè верува,
на сè се надева, сè трпи . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 92
Трет дел
Делата на милосливиот водач
Изразување љубов и наклонетост . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 104
Практикување гостопримство. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 114
Грижа за потребите на луѓето . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 124
Трудејќи се во молитва . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 135
Хранење гладни души . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 146
Заштитување и укорување на саканите. . . . . . . . . . . . . . . 162
Дисциплинирање и враќање
на своеволните . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 179
Управување со конфликти на
„повозвишен начин“ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 197
Поучување на послушност кон
христовите заповеди . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 210
Грчки зборови во Библијата . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 223
Благодарност . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 229

You might also like