You are on page 1of 7

Свети Климент Охридски

Биографија за Свети Климент Охридски


 Свети Климент е роден околу 830 година и потекнува од територијата на
Македонија, најверојатно од охридскиот крај, а живеел до 916 година.
 Бил најдобриот ученик на големите филозофи и етичари Светите Кирил и
Методиј, но подоцна и самиот станал уште позначаен и познат учител.
 Овој најталентиран и најучен човек, заедно со Свети Наум, ги поставиле
основите на Охридската книжевна школа во 886 година, скоро цели два века
пред Болоњскиот универзитет и оваа школа се смета за првиот Словенски
универзитет на Балканот.
 Во оваа книжевна школа се описмениле преку 3500 ученици, кои откако се
стекнале со знаења за христијанската религија, отишле да ја шират
словенската писменост и христијанството ширум балканските простори.
Некои од делата на Свети Климент
Свети Климент развил особено богата просветителска дејност:
- Ја поедноставил глаголицата и ја создал кирилицата – писмото на словенските народи до
денес,
- Автор е на многу пофални и поучни слова, ги напишал биографиите и пофалните текстови
за своите двајца учители,
- Вложувал голем труд и внимание во преведувањето на богослужбените книги од грчки на
старословенски јазик

*Бил вистински композитор на црковна музика;


*Одличен познавач на природата, почвата, растителните култури – нему му се припишува
откритието на процесот „калемење“ кај овошките – вистински природонаучник!
*Ги лекувал болестите кај луѓето, со лекови кои самиот ги правел од лековитите растенија,
та уште додека бил жив го сметале за исцелител - чудотворец.
*Бил прочуен проповедник на христијанската вера, основач на бројни цркви и манастири и
бил назначен за прв словенски епископ.
 Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмора, туку напротив -
постојано бил зафатен со работа: на едни им ги покажувал буквите, на
други им ја држел раката при пишувањето, а на трети им ја објаснувал
длабоката смисла на напишаното. Честопати вршел и две работи
одеднаш: и деца учел, и книги пишувал.
 Поголемиот дел од своето време го употребувал за молитва и
богомислие.
 Тој знаел, а и другите постјано ги учел, дека мрзливоста е мајка и
учителка на секое зло. Особено настојувал да ја искорени мрзливоста,
да ги навикне луѓето на работа, да ги скроти и спитоми жестоките
срца, да ги приведе кон покајание и да ги исполни со вистинско знаење
за Бога и за блажениот живот на праведниците во царството небесно.
Неговиот труд не останал без плод: учениците негови напредувале и во
знаење, и во добродетелен живот.
Етиката кај Свети Климент

 Најголема етичка сила за нас во Македонија имаат пораките


на Свети Климент Охридски. Етичките норми што тој ги
искажа се база за нашата етика, тие не учат на најдоброто и
бараат од нас умно да се однесуваме.
Двете основни етички поуки од Свети Климент се:
 Избегнувај го Злото! и Прави Добро!
Тоа е смислата на етиката – да не се прави зло, а да се сака
доброто и да се постапува добро.
Избегнувањето на злото треба да се надополни со правење на
добро. За сето тоа е потребна добра мисла, добар збор и добро
дело.
Етиката кај Свети Климент
Зборовите и делата на Свети Климент се насочени
кон етичко облагородување на човечкото
однесување.
 Тојбарал „со смирение и нелицемерие, со
вистинска љубов да се почитуваме еден со друг“.
 Тојни поставил значајна задача да се „надминуваме
еден со друг со добрина“ и
 „Уште од денес да се помачиме за добри дела“.

You might also like