You are on page 1of 3

Александар I Филхелен

Александар I Филхелен (498 п.н.е – 454 п.н.е) е седмиот


македонски крал по ред од лозата Аргеади, кој дошол на власт во 498
година п.н.е наследувајки го неговиот татко Аминта I.
Тој на власт дошол во едно сложено и тешко време, кога се
одвивал судирот помеѓу хеленските градови и моќната Персија, период
кој во историјата е познат како Грчко-персиски војни.
Исто така тој преставува еден од најзначајните македонски
кралеви, бидејќи во негово време Македонија се зацврстила како држава

користејки го грчко-персискиот судир. Александар бил свесен за подемот


и издигнувањето на неговата држава, па затоа сакал Македонија да
излезе на меѓународна сцена. Македонија во негово време се протегала
на исток до реката Стримон и на југ до планината Олимп.
Синот на Аминта - Александар I станал персиски пријател и
вазал, а Персијците му дале право легално да ја опфати и територијата
до долниот тек на реката Струма и така тој завземал територија 2-3 пати
поголема од дотогашната Македонија. Исто така му било дадено да ги
експлоатира сребрените рудници на Пангеј и секако на Персија да и
плаќа годишен данок. Александар I Филхелен е првиот крал кој што
имал богати сребрени рудници и започнал да кова свои монети.
По избувнувањето на грчко-персиските војни тој застанал
на страната на хелените. Во 492 година п.н.е , персискиот генерал
Мардониј предводи воен поход за комплетно совладување на
Македонија, која сепак продолжува да егзистира и да и плаќа данок на
Персија. Всушност персиската војска ја десеткуваат тракиските Бриги, а
флотата претрпува бродолом кај полуостровот Атос и по се изгледа
дека намерата на Персијците не била спроведена целосно. Потоа во 480
година п.н.е следи походот на Ксеркс на Грција, во кој Александар I ги
предупредува Хелените на персиската воена сила и правците по кои ќе
се движат.
Во 479 година п.н.е Мардониј го праќа Александар да бара од
Атињаните да се покорат и бидат вазали, но тие ја одбиваат
препораката. Пред битката кај Платеја, Александар I ги известува
Хелените за персијските планови. Сепак и покрај поразот на
Персијанците кај Платаја, тој не се откажува веднаш од вазалството.
Така, персиската војска при своето повлекување минува безбедно низ
Македонија, па дури го опседнуваат Олинт. Александар I потоа
учествувал во прогонување на Персијците. Повеќето од 43.000
преживеани биле нападнати и убиени од страна на силите на
Александар во заливот на реката Стримон. Александар на крајот ја
обновил независноста на Македонија по завршувањето на Персиските
војни.

Целта на Александар била превземање на главната улога во


меѓународните односи во Егејско Море. Оваа цел односно промоција на
кралството, тој сметал дека е можна само преку учество на Олиписките
игри во Атина. Но, бидејќи таа чест ја имале само Грците по род, тој
тврдел дека потекнува од Аргеадите и Херакле. Бидејќи Македонците
биле сметани за "варвари", судот  морал да го потврди неговото
тврдење дека е вистина, по што му било дозволено да учествува на
Олимписките игри во трчање, каде учествувал и го добил прекарот
Филхелен „Пријател на Хелените“.
Тој во улога на персиски пратеник посредувал кај Атињаните во
зимата 479 г.п.н.е. за склучување мир, по што неговиот пријателски
однос бил ценет и поради тоа му била изградена златна статуа во
Делфи.
Користејќи го персиско-грчкиот судир, Александар I сакал да стане
значаен фактор на Балканот и да излезе на меѓународната сцена, ги
обновил дипломатските контакти со Атина, за што ги добива титулите
почесен гостин и доброчинител.

Меѓутоа, неговиот однос кон Грците не бил прифатен од


Македонците. Александар I Филхелен бил изгледа убиен, од страна на
повидните Македонци, исплашени од неговата хеленофилска политика,
во која тие гледале опасност за Македонија.

You might also like