You are on page 1of 5

ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ФИЛИП II

Роден е 382 год. пред н.е. во Пела, од татко Аминта III од династијата Аргеди.

Имал 7 жени истовремемно: Аудата, Фила, Никесиполис, Олимпија, Филина, Меда и


Клеопатра. Тој не се женел од љубов, туку од политички причини. Пр. Олимпија ја зел
за жена за да го зацврсти сојузот со Епир.

Негови деца се: Александар III Македонски, Филип III Аридеј, Клеопатра.

Крал на Македонија 359 – 336 год. пред н.е.

Умира во 336 г. пред н.е во Ајга

ФИЛИП II ЗАЛОЖЕНИК ВО ТЕБА

Во 371 г. пред н.е. братот на Филип II , Александар II бил принуден да потпише


мировен договор со Теба. Еден од условите бил да им го предаде својот 15 годишен
брат Филип II како заложеник од 368 до 365 г. пред н.е. Тој таму учел воени вештини и
научил дека во војската мора да има строга дисциплина и да биде добро извежбана.
Во 365 г. пред н.е. се враќа во Македонија на 18 годишна возраст.
ГО НАСЛЕДИЛ КРАЛСТВОТО МАКЕДОНИЈА ВО
НАЈЛОШ МОМЕНТ

Пердика III е поразен од Илирите на чело со Бардилис. Негов наследник му бил синот
Аминта, но тој бил дете.Па затоа за престолот не натпреварувале Павсиниј и Ардеиј
синови на Архелој I (полубрат на Филип II).

Филип II го убива Архелој I, а неговите синови ги избркал во Олинт.

Во 359 г. пред н.е. Собранието на Македонија го крунисува Филип II на 23 – 24 годишна


возраст за крал на Македонија. Тој бил соошен соочен со напади: исток од Тракиците,
запад од Илирите, север од Пајонците, а југ од Атињаните. Со дипломатија успеал да
ја надмине кризата: на Илирите и Пајонците им испратил многу пари, за жена ја зел
Илирката Фила (внука или ќерка на Бардилис) и ги подобрил односите со Атина.

ВОВЕЛ РЕФОРМИ

1. Економска реформа
Воведена е златна монета (Статер) која се ковала во големи количини. Со тоа се
развила трговијата и придонела за јакнење на економското и политичкото
влијание на Македонија надвор од нејзините граници.
2. Воена реформа
Вовел платена војска (Фаланга), коњаница, направи за фрлање камења и
стрели.

ФАЛАНГА:
Војниците носеле по едно копје (сариса) долго 6,4m. Сарисата се носела во два
дела кој ги спојувале пред битката. Второто оружје било краток меч. Филип и
Александар не ја користеле Фалангата како главно оружје за напад, туку ја
користеле коњаницата.
Прва од десна страна одела коњаницата која ги штитела пешадијата, кралот и
Фалангата.
На левата страна коњаницата се борела во ромбоидна формација и служела за
одбрана.
Други единици биле: Гаѓачите и стрелците.
Фалангата била тренила кратки напади нанапред.

ОСВОЈУВАЊА

Во 358 г. пред н.е Филип II ја освоил Пејонија и стигнал до денешна Демир


Капија.Истата година ги поразува Илирите на чело со Бардилис кај Линкестија и
границата на Македонија ќе стигне до Лихнидското Езеро (Охридско Езеро).

Во 357 г. пред н.е. го освоил Амфипол (Атинска колонија) и Пангајските планини богати
со метал (злато) и во подмножјето на планината го основал градот Филипи и почнал да
кова свои пари.

Во 356 г. пред н.е. ја освоил Пинда

Во 353 г. пред н.е. во бидгата за метонија го погодила стрела во десното око и тој го
изгубил. Ја освоил и Тесалија каде бил ранет во левата нога со тракиско копје па затоа
подкуцнувал на таа нога.
НАЈЗНАЧАЈНА БИТКА КАЈ ХЕРОНИЈА

Во 338 г пред н.е. кај Херонеја, Филип ја води десната коњаница заедно со Фалангата и
ја освојува Атина, а левата коњаница му ја дал да ја води Александар на само 18
годишна возраст. Така тие ќе ги освојат Хелените. Во коринт Хелените ќе му подигнат
голем споменик во форма на лав. Затоа што тој покажал добрина кон Атињаните со тоа
што им ги вратил затворениците без откуп, им дозволил пепелта од умрените да ја
вратат во Атина и им понудил сојуз доколку ја почитувале неговата власт.

Во 337 г. пред н.е Филип во Коринт ги собира претставниците на Хеленските полиси,


освен Сапрата, и ја формира Коринтската лига. Им наредува да не војуваат меѓусебно,
да не склучуваат сојузи и да не го менуваат политичкото уредување.
Демостен цело време ги повикувал Хелените во војна против Филип – Варваринот.
Пишува говори против Филип од кој најпознат е третиот говор (Филипики) во кој
искажува голема омраза кон власат кон Филип.

СМРТТА НА ФИЛИП II И НЕГОВАТА ГРОБНИЦА

Во Коринт започнал со припреми за освојување на Персија, но тоа не се остварило


затоа што во 336 г. пред н.е. на вториот ден од свадбата на неговата ќерка Клеопатра
во градот Ајга бил убиен од неговиот телохранител Павзаниј (Павсиниј). Овој похот ќе
го оствари неговиот син Александар III Македонски.

Во близина на Солун е пронајдена гробница на 45 годишен маж за кој се мисли дека е


Филип II и жена и мало дете за кое се смета дека е негова жена и дете.
ЗАКЛУЧОК

Филип II ги удрил темелите на политичката, економската и воената моќ на Македонија


и ја направил во најмоќна сила на Балканскиот Полуостров. Тој е наречен „Најголем
човек што го имала Европа“. (Теопомп).

You might also like