You are on page 1of 9

Демостен се сметал за еден од најголемите

оратори на античка Атина. Тој беше познат по


неговите потресни говори во кои ги
повикуваше граѓаните на Атина да се
спротивстават на растечката моќ на Филип
Македонски. Неговите познати говори против
северниот тиранин, наречени „Филипиците“,
се модел на мајсторство во ораторството. Долг
пат кон мајсторство Во падот на Атина,
Демостен беше последниот голем државник.
До крајот на неговиот живот, Атина стана
политички маргинализирана со векови. Сепак,
неговото име стана пример за голем оратор,
говорник и политичар.
• Неговите апели конечно беа спроведени во
пракса. Ова е важна лекција за нас: кога ја
објаснуваме нашата аргументација, да
избегнуваме да прибегнуваме кон премногу
комплицирани детали. Да не се плашиме да ги
споделиме и нашите лични искуства. На крајот
на краиштата, суштината на раскажувањето е
зборување за лични искуства и споделување на
нашите лични приказни.
• Филип и Демостен
• Грчкиот владетел Филип бил опкружен со ласкавци
и лицемери. Неколку дворски измамници го барале
познатиот оратор Демостен со намера да го убедат
да им се придружи во фалењето на кралот Филип.
• „Зошто никогаш не го пофалиш кралот со
збор? Зошто не најдеш ниту еден убав збор за
неговите многубројни квалитети? – Кои се тие
квалитети? прашал Демостен. „Кралот е одличен
оратор, многу убав човек и секако, прв е во пиење
на алкохол “, одговориле ласкавците и
лицемерите. Демостен им одговорил: – Првата е
пофалба за адвокатот, втората за жената, третата за
сунѓерот, а ниту една за кралот!
• историски факти потврдуваат дека Македонецот
Александар I за услугата кон Хелените пред
битката кај Платеа во 479 година п.н.е го добива
прекарот – „филхелен”, што во превод значи –
„пријател на Хелените”.
“И Демостен, со старата омраза кон
Македонците, и поттикнувал Атињаните вед­наш
да донесат одлука и да испратат помош (на
Теба, н.б.) сепак помошта не била ис­пратена,
зашто со ненадејното доаѓање на Александар се
чинело дека поразенте тре­ба да ја оче­ку­ва­ат
наклоноста на судбината. Демостен со
сопствената војска им помагал на Тебанците и
им доставил.. големо количество оружје…
…Демостен кој бил прозван по име, станал и
рекол дека Атинците се лажат ако ве­­руваат дека,
предавајќи малкумина, ќе можат да ја отстранат
опасноста и дека ит­ри­те Македонци ги бараат
токму оние, чијашто будност им е најомразена и
најсомнителна; кога ќе бидат отстранети
чуварите на сеопштата слобода, тие ќе се
втурнат, како вол­ци на овците..., во
незаштитената и небранета држава. Демостен
зборувал уште многу други работи против
Македонците и сметал дека со право не треба
да има прошка за нив... “
• ДЕМОСТЕН . (с. Пајанија, 384 – о. Калаурија, 322 г. пр.н.е.) –
најславниот ретор и атински политичар; се прославува со
политичките говори против македонскиот крал Филип Ⅱ (359–
336) наречени „Филипики”. Неуморно и прецизно ги следи
дејствата и успесите на Филип како непријател на Атина и на
сите Хелени, ја истраАтинскиот говорник и политичар Демостен
жува неговата политичка и воена стратегија, ги забележува сите
успеси на Филип и на македонската војска; Филипиките се
исклучително значаен документ, зашто никој никогаш во
светската историја не „фалел” никого низ толку жестоко
напаѓање и со таква омраза. Неговиот обид да ги спаси
хеленските полиси од македонскиот освојувач и да ги обедини
Хелените во панхеленски сојуз пропаднал. По смртта
на Александар Македонски (323) тој ги поттикнува Хелените
против македонските владетели. Прогонуван од македонскиот
владетел Антипатар, бега на о. Калаурија и се самоубива во
храмот на Посејдон.

You might also like