You are on page 1of 2

,,Боженствена комедија - Пеколот” од Данте

Алигери
Поемата ,,Боженствена комедија - Пеколот” е италијанска поема
напишана од Данте Алигери, почната на 24 март 1300 год. и завршена во
1307 год. Ова средновековно дело според писателот има тажен почеток и
среќен крај, па затоа оди и со насловот ,,Комедија”. За да се прикажат
повеќе судирите на современото општество Данте се користи повеќе
извори: средновековни и антички.
Поемата почнува ноќта спроти Големопоток кога данте бил 35 години.
Данте е изгубен во шумата која алегориски се сваќа како грешен живот,
а ,,вистински пат”, или пак политичката анархија во која се наоѓала Италија
во времто на Данте. Тој е гонет од три ѕвера: лавот, што претставува -
гордост; Волчицата – среброљубие, за папската курија за која се мисли
дека цел е грабежот на пари; Пантерот – завидливоста. И ова се покажува
на општеството во Фиренца во тоа време. За да го спаси од тие ѕверови
добрата Беатриче го испраќа мртвиот Вергилиј II Марон, писателот
на ,,Енеида”.
Заедно со Вергилиј, Данте тргнал накај пеколот, накај брегот на реката
Ахерон, која се мисли дека течела низ пеколот. Пред пеколот тие гледаат
души кои не се ни во пеколот ни во рајот, тие што не биле ни од страната
на Бог ни од страна на Ѓаволот, па може да се каже дека биле атеисти кои
не биле грешни. Потоа поетите влегуваат во пеколот каде што го гледаат
демонот лоткар, Харон. Тие влегуваат во првиот од деветте ката на
пеколот. Секој кат како што се оди подлабоко во пеколот, така и казните
за гревовите на душите се зголемуваат. Во првиот круг, наречен Лимб,
биле античките многубошци. Во овој круг има зелени полиња и замок со
седум порти кои ги претставуваат седумте доблести. Замокот е
живеалиште на најмудрите мажи на антиката, вклучувајќи го Вергилиј и
поетите Хомер, Хорациј, Овидиј и Лукан, но во кои и самиот Данте се
вклучува како шести. Тука се и: Аристотел, Сократ, Платон, Демокрит,
Пентисилеја, Евклид, Цицерон, Хипократ, Талес, Јулиј Цезар, Лукреција,
Саладин, Хектор, Енеј, Орфеј и мнрогу други.
Потоа тие влегуваат во вториот круг, каде што се тие што вршат
прељуба. Тие не се многу осудени бидејќи Данте ја ценел љубовта која го
поттикнувала тој грев. Тука грешниците ги осудува Минос со својот долг
опаш. Овде се: Семерамида, Дидона, Клеопатра, Елена, Тристан, Ахил и
др.
Поетите влегуваат во третиот круг каде се наоѓаат лакомите и алчните.
Таму е студено и дожделиво и е сместено троглавото куче Кербер. Таму
Данте го наоѓа Чако кој му претскажува за граѓанската војна во Фиренца.
Данте е од пратијата на гвелфите поделени на црни и бели и тој е од кај
белите. Во 1301 год. црните победуваат на чело со папата Бонифициј VIII и
Данте е прогонет.
Доаѓаат потоа во четвриот круг се злобните, скржавите и горделивите.
Овде се кардиналите кои се борат за власт на земјата. Таму го сретнуваат
Плутон како демон, но кој всушност е бог на богатсвото. Тој се јаде самиот
себе. Во петтиот пак круг се наоѓаат мрзеливите и незаузданите кои се
дават во кал. Овој круг се наоѓа пред портите на градот Дис, градот на
Сатаната. Таму Флегиј ги пренесува до ѕидините на Дис.
Во шесттиот круг поетите се всушност во градот Дис каде се наоѓаат
трите ерении: Тизифона, Мегера и Алекта. Тие ја повику горгоната Медуза
за да ги претвори кривоверците во камен. Тука се наоѓа Епикур, Фар. За да
ги пуштат во градот на помош им доаѓа ангел. Во овој круг се

You might also like