You are on page 1of 15

Пеколот

Песна прва:
Данте се наоѓа во шума(алегорија за грешен живот). Тој шумата ја опишува
исполнета со густа темнина каде тој почуствувал страв и лад. Тој се
искачил по ридот каде што го вишол изгрејсонцето и повторно го осетил
стравот. Под ридот се појавил шарен и брз пантер, кој не го тргал погледот
од Данте. Пантерот всушност претставувал алегорија за зависта(envy).
Потоа се јавува лавот кој озанчува гордост(pride) и волчицата која
означува алчност(greed). Тој се обидел да избегне од ѕверовите, и по пат
се појавил човек. Данте го препознал човекот како Вергилиј-римски поет,
најзначајниот поет на римската поезија. Вергилиј му посочува да дојде со
него да види еден ,,вечен кат’’, длабочини кои ќе ги минат заедно.
Вергилиј му кажал дека ако сака да отиде во рајот, ќе мора да најде друг
водач.
Песна втора:
Кога почнало сонцето да заоѓа Данте побарал помош од музите да му
претсават што тој гледа(неговите очи ослабеле од читање премногу
кнгии). Тој го прашал Вергилиј, дали може тој со неговото човечко тело да
продолжи по овој пат. Вергилиј му укажува на Данте дека Енеј, синот на
Анхиз, имал човечко тело кога влегол во пеколот, но тој преживеал.
Вергилиј исто така му објаснува како и Св Павле(судот избран) поминал
низ пеколот со човечко тело. Данте му укажува на Вергилиј дека тој не е
ниту Павле ниту Енеј, и дека се чувствува неспособен за намерата.
Вергилиј му објаснува на Данте дека тој бил повикан од Беатриче, која го
сожалила Данте и одлучила преку Вергилиј да му помогне. Вергилиј го
прашал Данте зошто тој имал страв, кога тој имал три жени кои се грижеле
за него(Лучија, Богородица и Беатриче). Данте го прифатил Вергилиј како
учител, господар и водач, и заедно тргнале по патот.
Песна трета:
Данте и Вергилиј се наближуваат до портите на пеколот, над кои стоел
надпис „НИЗ МЕНЕ води пат до града страдна,
НИЗ МЕНЕ ВОДИ ПАТ ДО ВЕЧЕН БОЛ, НИЗ МЕНЕ ВОДИ ПАТ ДО ЉУДОТ
ПАДНАТ.
Правината во божjи ореол,
моќ вишна, мудрост, знај, на свет ме даде, и прва лубов вон од катов зол.
Ке траам дури трае векот страден.. •
но, ти, што ќе го стапнеш овој праг
ЗАСЕКОГАШ ОТКАЖИ СЕ ОД НАДЕЖ!’’
По влегувањето во портите, Данте слуша звуци, и исплашен го прашува
Вергилиј што се овие звуци. Вергилиј му одговара дека тоа се гласовите на
душите на грешниците. Вергилиј му објаснува дека Бог ги прогонал нив
поради тоа што сакал пречист рај но не сакал ни да ги прими подлабоко во
пеколот. Тој му објаснува како грешниците се голи и нападнати од оси, и
нивната крв и солзи ја конзумираат црви. Во далечината Данте здогледал
брег пред кои чекале толпа луѓе. Данте и Вергилиј се приближиле до
реката Ахерон каде што се наоѓал старец кој пловел со чамец.
Старецот(Харон) им кажувал на грешниците дека за нив нема рај. Харон го
здогледал Данте на кој му кажал да оди се подалеку од мртвите. Одеднаш
се појавила нова толпа на луѓе чија цел им било да ја поминат реката
Ахерон. 24стр. 124 стих. Наеднаш се почуствувал страшен земјотрес кој го
онесвестил Данте.
Песна четврта:
Данте се буди на работ на рид каде заедно со Вергилиј се спуштаат по
долината каде што е мрак и магла. Тие се наоѓаат во првиот круг на
пеколот наречен Лимбо.Вергилиј објаснува дека тука спаѓаат луѓе кои
немаат гревови но не се крштени(луѓето пред христовото раѓање).
Вергилиј му кажал на Данте дека кога тој прв пат дошол во Лимбо, се
појавил Бог кои ги земал Адам, Авела, Ное, Мојсеј, Аврам, Давид и Јаков и
ги донел во рајот. Се појавиле 4 сенки кои што дошле во чуден строј, тие
биле Хомер(крал на поетите), Сатирикот Хорациј, Лукан и Овидиј.
Шесторицата(сенките, Данте и Вергилиј) стасале до замок кој имал 7 ѕида
и 7 порти каде се наоѓале сите некрстени лица(поети, сликари, лекари,
научници...(стр 31)). Данте и Вергилиј се одвоиле од сенките и
продолжиле по патот.
Песна петта:
Данте и Вергилиј влегуваат во вториот круг од пеколот наречен блуд. Тука
тие го здогледуваат Минос кој одлучува во кој круг од пеколот ќе одат
грешниците со тоа што ја замотува својата опашка ооколу своето тело што
означува во кој круг ќе припаѓаат. Минос го прашува Данте што тој прави
во овој кат. Вергилиј му објаснува на Минос дека Данте има дозвола да
биде во овој кат на блуд. Тие продоложуваат подлабоко во кругот и
Вериглиј му ги кажува на Данте познатите имиња кои се во овој круг(стр
37 стих 61-67). Данте посакува да збори со грешниците и Вериглиј ги
повикува Франческа ди римини и Паоло Малатеста. Франческа била
позната по својата убавина а нејзиниот маж Ланчиото бил премногу грд.
Таа се запознала во неговиот помал брат Паоло. Паоло ја бакнал
Франческа и одтогаш нивните односи станале грешни. Мажот на
Франческа дознал за ова, и ги убил и двајцата. Кога Данте го слушнал ова,
тој станал блед и се онесвестил.
Песна шеста:
Кога данте повторно си ја вратил својата свест, тој се наоѓал во третиот
круг на пеколот-лакомост. Во третиот круг имало вечен дожд и град и
имало пискотици. Таму Данте и Вергилиј го сретнале Цербер, митолошко
куче со 3 глави. Тој ржел и ги гребел грешниците. Кога го здогледал Данте,
тој с’ржил кон него. Вергилиј фрлил грутка кал кон неговата уста што го
смирило. Тие продолжиле по својот пат каде што на земја лежеле
грешниците кои биле лакоми, алчни и завидливи. Еден од нив станал од
земјата, и го прашал Данте дали го помни. Грешникот се претставил како
Чако, по што Данте го прашал за некои фиренциски политичари. Чако му
одговорил дека тие се наоѓале во пониските кругови на пеколот(стр 45).
Данте и Вергилиј го напуштиле третиот круг на пеколот и разговаат за што
ќе им случи на грешниците на судниот ден. На крајот ги сретнал Плутон.
Песна седма:
Данте и Вергилиј го сретнуваат Плуто(бог на богатството а тука е
претставен како демон). Вергилиј му кажува на Данте дека тој ќе ги пушти
да поминат. Влегуваат во четвртиот круг во кои се опкружени со грешници
кои се скржави, злобни, горделиви. Тука Данте ги забележува папите,
поповите и кардиналите. Вергилиј му објаснува дека овие грешници се во
вечна борба и тие ја гледаат среќата само во богатството. Тие го фрлаат
својот род што создава кавги. Тие потоа слегнуваат подлабого и влегуваат
во петиот круг на пеколот, каде е мочурлишто до кое има река наречена
стикс. Тука грешниците се тепаат, удираат, туркаат и дават. (стр 52 стих
115-121). Тие потоа пристигаат пред кула.
Песма осма:
Данте во далечината видел чуден знак кој што свети(факела). Вергилиј му
објаснува на Данте дека знакот го означува доаѓањето на чамецот на
Флегиј, кој ќе ги пренесе по реката стикс. При пловење, тие виделе голем
број на калливи голи тела, од кои еден од нив Данте го препознал како
Филипа Аргенти(59стр стих 19). Тие се доближуваат до градот Дис, кој е
студен и живее во зло. Тие пристигаат пред поратат на Дис, каде таа се
затвара по слушање на гласот на живиот Данте. Данте е загрижен и го
прашува Вергилиј зошто не бил пуштен. Вергилиј му укажува дека тие ќе
влезат.
Песма деветта:
Данте е несигурен и се плаши од тоа што Вергилиј бил одбиен влез во
градот Диз. Данте го прашува Вергилиј дали некој од првиот круг
претходно се симнал до овој круг на пеколот. Вергилиј му одговорил дека
тој самиот бил до последниот круг на пеколот каде што нема храм, таму
има само мрак и се губи гласот. Од кулата се појавиле три фурии со крвави
женски тела, замотано со змии. Медуза се појавува и Вергилиј му ги
затвара очите на Данте, и му кажува да не ги отвара. Доаѓа ангел кој ги
избркала фуриите, и им ги отворила вратите на Дис. Тие влегле внатре
каде што повторно чуле пискотици од грешници кои биле закопани во
дупки со пламен. Данте ги прашал Вергилиј кои биле овие грешници на
што Вергилиј му одговорил дека тие се Еретици чиј грев бил ерис.
Песна десетта:
Вергилиј го водел Данте низ гробниците, поминувајќи го гробот на
Епикур(грчки филозоф кој сметал дека душата умира заедно со телото).
Одеднаш, од еден од гробовите се слушна глас. Данте пребледе од страв
и се добложи до Вергилиј. Гласот од гробницата бил гласот на фарината
уберити. Фарината му кажал на Данте дека неговиот род бил прогонет од
Фиренца од него. Одеднаш се појавил уште еден дух-Кавалканте
Кавалканти. Тој бил татко на татко на Гвидо Кавалканти, кој бил пријател
на Данте. Тој го прашал Данте каде е Гвидо, на што Данте одговорил дека
Гвидо не е со него. Кавалканте претпоставил дека син му е мртов и се
вратил во неговата гробница. Фарината и Данте продолжиле со нивниот
разговор за политиката во Фиренца, по што Данте разбрал дека пеколните
духови можат да ја видат иднината, но не сегашноста. Данте му кажал на
Фарината да му каже на Кавалканте дека неговиот син не е мртов и
Вергилиј му кажал на Данте да ги запомни зборовите што му беа кажани.
Песна единаесетта:
Данте и вергилиј се приближуваат до 7миот круг на пеколот, каде се
започнува да се крева смрдеа која ги приморува да седнат до гробницата
на Папата Анастаси. Вергилиј му објаснува на Данте за распоредот на
последните 3 круга на пеколот и нивните катови. Седмиот круг на пеколот
е за луѓето кои имаат извршено насилство, и во зависнот кон кого е
извршено насилството, постојат 3 ката(врз ближниот, врз себе си и врз
Бога). Последните 2 круга ги казнуваат измамниците. 8миот круг ги
казнува тие што ја нарушуваат довербата меѓу луѓето. 9иот круг е
седиштето на Дис(Луцифер). Овде се казнети тие што го нарушуваат
односот на особено посебна доверба. Данте го прашал Вергилиј зошто
потоеле овие поделби во пеколот, на што Вергилиј го потсетува Данте за
етиката на Арситотел каде постојат три својства без малку чест:
нездражност, злоба и страстен бес. Нездражноста најмалку го навредува
Бога и ќе се казнети надвор од Дис. Данте потоа го прашува Вергилиј
зошто лихварството е грев, на што Вергилиј дека лихварството оди против
Божјата воља бидејќи лихварот не ги заработил парите по пат на вештина
туку од самите пари(камата). Данте и Вергилиј продолжуваат кон 7миот
круг на пеколот.
Песна дванаесетта:
Данте и Вергилиј влегуваат во првиот кат на 7миот круг од пеолот. Тие
поминуваат низ провалија од скшена карпа каде ги сретнува минотаур кои
им се заканува, по што тие успеваат да го избегнат. По спуштање во
провалијата, Вергилиј забележува дека карпата не била скршена кога тој
последен пат бил тука. Тие гледаат река од крв каде вријат грешниците.
На брегот од реката се наоѓале групи кентаури со лак и стрела кои ги
стрелале сите души кои пробуваат да се издигнат. Главниот кентаур-Хирон
го забележува Данте како ги придвижува карпите по кои оди, како што
може да направи само жива душа. Хирон сака да го стрела Данте, но
Вергилиј му кажува да застане. Вергилиј побарал од Хирон некој кој ќе им
помогне со движењето во овој кат. Хирон го испраѓа Несо, на чиј грб се
качува Данте. Одејќи низ катот, Несо им ги кажува некој од познатите
имиња кој се наоѓаат овде(82стр 106 стих). Тие кои вршеле насилство врз
цели популации се во најдлабоките делови од реката. По поминување на
реката, Несо ги напушта Данте и Вергилиј и тие продолжуваат по патот.
Тринаесетта песна:
Данте и Вергилиј влегуваат во вториот кат на 7миот круг на пеколот. Тие
здогледуваат чудно дрво, од кое Вергилиј му советува на Данте да скрши
една гранка, Данте го послушува и дрвото извикна од болка и крв почнува
да тече по неговата кора. Овде грешниците се претворени во дрвја.
Вергилиј го прашува дрвото да му ја објасни својата приазна. Тој му
кажува дека тој бил Пјер дела виња од Капуа кој бил морален човек. Но
кога група измамници му го поцрниле името, тој си го одземал животот.
Данте го прашал како душите дошле до оваа состојба на што дрвото му
одговара дека кога Минос прв пат ги фрла овде, тие се вконеренуваат и
растат. Тие потоа се ранети од харпиите(пола жена пола птица). Во тој
момент, се појавиа двајца голи мажи трчајќи и кршејќи гранки. Еден од
мажите, Јакомо да СантАндреа кого го гонеа слобните кучиња а сега го
распарчуваат. Данте и Вергилиј зборуваат со грмушката која е исто така
душа. Таа зборува за страдањата на Фиренца го заменила Марс, со свети
Јован Крстител како Покровител. Грмушката додава дека во животот бил
човек кој се обесил.
Четиринаесетта песна:
Данте и Вергилиј продолжуваат во третиот кат на седмиот круг на
пекоилот. Овде наоѓаат пустина од вжештен песок каде постојано паѓаат
огнени снегулки. Овој кат се дели на 3 зони. Во првата зона грешниците
лежат на песокот, во втората зона седат а во третата ќе бидат врежани во
меморијата. Снегилките кои паѓаат го одржуваат песокот посојатно топол,
осигурајќи дека душите горат и од доле и од горе. Меѓу душите, Данте
здогледува Џин, кој Вергилиј го препознал како Капнео, еден од
кралевите на Теба. Тие пристигнуваат до друга река каде тече црвено.
Вергилиј му објаснува на Данте за изворот на пеколните води, под
планината на островот Кит се наоѓа статуа на старец, низ чии пукнатини
течат солзи кои се собираат пред неговите нозе. Како што солзите се
одалечуваат, тие го формираат реките Ахерон, Стикс, Флегетон и Лета.
Петнаесетта песна:
Преминувајќи го потокот, Данте и Вергилиј влегуваат во втората зона на
третиот кат на седмиот круг од пеколот. Овде насилниците против
природата се приморани да одат под огнен дожд. Еден од нив го
препознава Данте и го замолува да оди во близина на песокот за да може
да разговараат. Тоа бил Брунето Латини. Брунето предвидува дека Данте
ќе биде награден за неговите херојски политички постапки. Данте го
отфрла ова предвидување и му вели дека прави како што таа сака.
Вергилиј го одобрува овој став и продолжуваат понатаму додека брунето
се враќа на својот пат.
Шеснаесетта песна:
Сеуште во втората зона, на Данте му приоѓа толпа луѓе кои тврдат дека
Данте е нивен сонародник. Пламените целосно ги отстраниле нивните
препознатливи црти, па тие му ги кажуваат своите имиња. Данте ги
препознава на нивните имиња и ги сожалува. нивните имиња биле Гвидо
Гвера,Тегајо Алдобрани и Јаков Рустикучи. Тие го прашале дали во
Фиренца сеуште се карактеристични смелоста и благодарноста, на што тој
тажно им одговара дека владеат актите на ароганција и прекумерност.
Пред влегувањето во третата зона, Вергилиј го побарува кабелот кој Данте
го носел. Данте му го дал, по што Вергилиј го фрла едниот крај во
провалија исполнета со темна вода. Данте со недоверба гледа како пред
нив се крева огромен ѕвер.
Седумнаесетта песна:
Суштеството има лице на човек, тело на змија и две влакнести шепи.
Данте и Вергилиј се проближуваат кон неа, и со тоа се спуштаат во третата
зона на третиот кат од седмиот круг на пеколот. Вергилиј разговара со
ѕверот, и го испраќа Данте да ја истражи зоната. Данте гледа души со
чанти околу вратот кои мораат да седат под огнениот дожд. Бидејќи не
изгледале како да сакаат да разговараат, Данте се враќа кај Вергилиј. Во
меѓувреме, Вергилиј успеал да го наговори ѕверот да ги однесе до осмиот
круг на пеколот. Данте на почетокот бил несигурен, но на крајот се качил
на грбот на ѕверот. Вегилиј ја нарекува нивната планина Герион(ѕверот).
Данте се зачудил кога Герион се вратил назад и полетал во воздухот.
Откако тој безбедно ги спуштил меѓу карпите на работа на 8миот круг на
пеколот, Герион се вратил во својот дом.
Осумнаесетта песна:
Данте и Вергилиј влегуваат во 8миот круг на пеколот на речен злите јами.
Данте ја опишува структурата на кругот како ,,има ѕид кој се протега по
надворешината страна и има голема кружна јама во неговиот центар,
десет рамномерно распоредени гребени се протегаат помеѓу ѕидот и
јамата’’. Вергилиј го води Данте по левата страна на кругот каде што
пристигнуваат до првата торбичка. Данте и Вергилиј гледаат група души
кои постепено трчаат од едната до другата страна на торбичката. На двете
страни на торбичката стојат демони кои со големи камшици ги
камшикуваат душите. Данте го препознава еден од нив како италијанец-
Качанимико дел орсо. Тој му кажува на Данте дека живеел во Болоња а
сега е овде бидејќи ја продал сестра си. Оваа торбичка е за тие кои ги
мамат женита за своја корист. Продолжувајќи по патот, Данте и Вергилиј
го здогледуваат Јазон кој ја напуштил Медеја откако таа му помогнала да
го најде златното јаболко. При одење кон втората торбичка, Данте и
Вергилиј мирисаат ужасна смрдеа и слушаат тажни извици. Смрдеата
доаѓала од ров полн со човечки измет во кои биле сместени ласкачите.
Вергилиј му кажува на Данте дека е доста од оваа тобичка и напредуваат
кон третата.
Деветнаесетта песна:
Во третата торбичка се казнети тие кои купувале или продавале
индулегенции(проштални ливчиња). Тие внатре гледаат грешници
заглавени со глава во јами, со само нивните стапала испакнати. Додека
душите се виткаат и тресат, пламенот бескрајно скупа пред нивните нозе.
Данте здогледал една душа чиј пламен е поцрвен(потопло) и отишол да
разговара со нејзе. Тој бил папата Николај III кои напрвин по погрешил
Данте за Бонифациј. Данте го исправува папата и папата му кажува на
Данте зошто тој е тука. Тој му кажува дека тој е виновен за
симонија(купување позиции во црвата). Тој тагува за неговата состојба, но
додава дека и полоши грешници сеуште се на земјата, и нив ги чека
полоша казна. Данте не покажува милост кон Николај, велејќи дека
неговата казна доликува на неговиот тежок грев. Данте потоа ги нарекува
сите корумпирани црковни луѓе индолопоклоници и неволја за живот.
Вергилиј му ги одобрува чувствата на Данте и продолжуваат кон четвртата
торбичка.
Дваесетта песна:
Во четвртата торбичка, Данте гледа грешници кои се движат по долината.
Данте не разбирал каква казна било бексрајното одење, се додека не се
доближил и видел дека нивните глави покажуваат погрешен правец.
Данте почнал да се чувствува тажно за нив и сожалувал, но Вергилиј го
потсетил за нивните гревови. Додека ја поминувале торбичката, Вергилиј
ги именувал познатите имиња кои биле тука(магионичари, гатачи,
стролози...). Вергилиј му ги објаснил на Данте казните на Амјарај, Тирезиј
и Аронт. Данте и Вергилиј ја здогледуваат волшебничката Манто, и
Вергилиј му ја објаснува на Данте приказната за основањето на Мантуа.
Тие продолжуваат кон петтата торбичка.
Дваесет и прва песна:
При влегување во петтата торбичка, тие поминуваат мост под кои има
темнина исполета со густа смола која врие. Додека Вергилиј ја истражувал
темнината, Данте извика Демон! Демон трчаше по страната на јамата
грабнувајќи нови души и фрлајќи ги во црнилото. Демоните се нарекуваат
зкинокти. Вергилиј го советува Данте да се сокрие позади карпа додека тој
преговара за нивниот премин. Демоните на почетокот не сакал да ги
пушти, но кога Вергилиј му кажал дека нивното патување е волја на рајот,
тие се согласиле да ги пуштат да поминат. Демоните исто така обезбедиле
придружба од десет демони која според нив била неопходна, бидејќи
еден од мостовите помеѓу торбите се срушил. Малакода, нивниот водач ги
известува дека мостот се срушил во 1266година. Тој додава дека блискиот
гребен е алтернативен пат.
Дваесет и втора песна:
Данте и Вергилиј заедно со демоните проджуваат напред. Данте
внимателно гледал наоколу, барајќи некој со кој ќе може да зборува. Тој
има малку можности бидејќо душите неможат да останат долго надвор од
смолата пред да се вратени назад од страна на демоните. Конечно
Вергилиј успева да разговара со еден од грешниците кој е измачуван
надвор од јамата. Душата објаснува дека тој служел во домаќинството на
кралот Тибо и дека бил испратен овде поради примање на мито.
Разговорот завршува со тоа што демонот се распарчува во телото на
душата. Вергилиј го прашува демонот дали некој италијанец врие на
теренот на што душата му одговара дека може да повика седум ако
почека за момент. Еден од демоните сомнева дека душата само сака да
избега од мачењето на демоните. Останатите демони се вртат кон
демонот за да го слушаат. Душата истрча назад во смолата и се нурна во
нејзе. Бесни, двајца од демоните пробаа да го вратат, но се заглавија.
Додека останатите демони се обидуваат да ги ослободат двајцата демони,
Данте и вергилиј ја користат шансата да побегнат од демоните и да се
вратат на нивниот пат.
Дваесет и трета песна:
Данте и вергилиј продолжуваат по патот, но Данте е загрижен дека тие
премногу ги испровоцирале демоните, на што Вергилиј се согласил.
Веднаш потоа, се појавуваат демоните кои налутени трчале по нив.
Вергилиј го грабна Данте и заедно истрчаа во падината што води до
шестата торбичка, по што заедно се лизгаат во падината. Тоа ги
оневозможило демоните да ги пратат, бидејќи тие не смееле да ја
напуштат својата доделена торбичка. Влезени во шестата торбичка, Данте
и Вергилиј гледаат толпа луѓе облечени во капи и наметки кои се движат
во круг. Данте потоа забележува дела нивните наметки се обложени со
олово, што ги прави многу потешки. Еден од душите го препознава
говорот на Данте и го моли да разговара со него и неговите колеги. Тие
биле лицемери кои спаѓале во италијанските редови. Данте се зачуди кога
виде грешник распнат на земјата над кои сите газат. Распнатиот грешник е
Каиф, кој бил првосвештеник кај Понтиј Пилат. Вергилиј побарал помош за
да дојде до наредниот дел од пеколот, при што дознава дека
Малакода(демонот) ги излажал за постоењето на постоењето на
поврзувачки гребен и ја дознава точната рута.
Дваесет и четврта песна:
Започнува со објаснување на емоциите на Данте и вергилиј(замрзната
трева). На пат кон седмата тробичка на осмиот круг на пеколот, тие
поминуваат низ многумина опасности. Бидејќи мостот е урнат, тие се
приморани да се движат по предавничките карпи. За момент, Данте си го
изгубил здивот, но Вергилиј го потсетува дека сеуште имаат долг пат пред
нив. Тие се спуштаат во 7мата торбичка каде грешниците се бркани од
страна на змии. Данте гледа како змија фати еден од грешниците и му ги
гризе рамениците. Тој се зачудил кога душата се запалила и изгорила, но
веднаш потоа се враќа од пепелот. Вергилиј зборуваше со душата која се
претстави себе си како Вани Фучи. Тој им кажува дека тој се наоѓа овде
бидејќи украл сакристија(црковни работи). Вани е налутен за тоа што
Данте ја гледа неговата мизерност, и го предвидува поразот на
политичката партија на Данте-Белите Гелфи во Пистоја.
Дваесет и петта песна:
Вани почнал да го пцуе Бога, по што змиите се намотуваат на него, додека
Данте ужива во глетката. Тие продолжуваат по патот каде гледаат три
души кои се собрале под нив, по што огромна змија со шест нозе се
обвиткува околу еден од нив, толку цврсто што змијата и грешникот се
споиле. Додека другите души гледаат, друг рептил го каснува еден од нив
во стомакот. Душата и рептилот се гледале меѓусебе збунети, додека
рептилот добива карактеристики на човекот, а човекот карактеристики на
рептилот, а наскоро тие целосно ги сменија своите форми.
Песна дваесет и шеста:
По спуштање во осмата торбичка тие ќе видат рој од пламњеа каде се
наоѓале душите на грешниците како што му објаснува Вергилиј. Данте ќе
здогледа пламен кој има две врвови и тој претпоставува дека таму се
духовите на Полиник и Етеокле а Вергилиј му кажува дека се наоѓаат
душите на Диомед и Улис кој поради тоа што и двајцата ја украле
Паладата на од Троја. Вергилиј го предупредува Данте дека Диомед и
Улис како Грци може да одбијат да зборат со него. Тој успева да збори со
Улис и да му каже за својата смрт. Улис му објаснува како испловил до
западниот раб од Медитиријанското море каде се верувало дека било
крајот(работ на светот). Тие здогледале голем брег, висок и мрачен но
пред да стигнат голем бран ги покрило.
Песна дваесет и седма:
По слушањето на приказната на Улис Вергилиј и Данте продолжуваат по
нивниот пат но се повторно запрени од друг пламен. Првејќи гласот
звучел на шум но кога дошол на врвот и штом слушнал дека данте збори
на ломбардски тој прашал “И дали Ромања бој ќе биде ил мир ќе те трае?
Таму јас се родив под Урбино, од кај што Тибар иде”. Данте му одговара
дека Ромања страда од тираните и насилстивото но не е во војна. (данте
објаснува глупости незнам да раскажан 40-52). Данте го прашува
пламенот за неговото име кој што се сомнува за присуството на жив човек.
Пламенот се преставува како Гвидо Монтефелтро кој првично бил член на
Гибелините, но по некое време претрпи религиозно преобраќање и се
приклучил на францускиот манистир. Тој потоа бил убеден од папата
Бонифациј 8ми повторно да влезе политиката на спротивната страна. Во
еден момент Бонифациј го прашал Гвидо за совет за како да ја освои
Палестрина. Гвидо не сакал да му помогне на Бонифациј, но Бонифациј му
ветил ослободување, дури и ако неговиот совет не е точен. Гвидо потоа му
го дал својот совет на Бонифациј, но тој бил грешен. Кога тој умрел,
св.Фрањо дошол по него, но тој бил земен од страна на демон. Демонот го
одвел Гвидо кај Минос, кој одлучил да го сместо во осмата торбичка на
осмиот круг на пеколот.
Песна дваесет и осма:
Данте и Вергилиј влегуваат во деветтата торбичка каде Данте гледа души
кој имаат рани полоши од тие кој страдале во војните на Троја и Чеперан.
Еден од нив имал стомак отворен на кој му излегувале органите. Мухамед
проповедник на Муслиманите збори со Данте и му објаснува како зад нив
стои демон(бесот) кој со меч ги сече и кога раните ќе им заздрават тој
повторно го прави тоа. Слушајќи го гласот на Данте толпа мртви се
собрале кој што сакале да испратат предупредување до фра Долчино кој е
во опасност да стане дел од оваа торбичка после неговата смрт. Данте
гледа грешник кој ја носи својата глава во своите раце. Тој бил бертан де
Борн, кој советувал еден млад крал да се побуни против својот татко.
Песна дваесет и деветта:
Вергилиј го прашува Данте зошто тој толку долго гледал во ранетите души,
потсетувајќи го дека нивното време е ограничено. Данте гледа душа која
ја препознава како Гери дел Бело(братучед на Данте). Данте и Вергилиј
продолжуваат на патот каде го следат гребенот надолу и на лево додека
не ја гледаат десеттата торбичка. Овде Данте го споредува овој дел од
пеколот со слика од манастирите. Во ова торбичка се сместени
фалсификаторите. Оваа торбичка е поделена на четири зони. Во првата
зона душите се собираат во купишта и се шират на земја. Тие се покриени
со красти(чешачка болест) од глава до пети и постојано се чешаат. Данте
гледа двајца Италијанци на кои им нуди да им го рашири името меѓу
луѓето ако му ја раскажат својата приказна. Една од душите е Грифолино
од Арецо кој бил изгорен од страна на Албнерто од Сиена и овде поради
алхемија(обичен камен го прават да личи на орудии). Другата душа е
Капочо од Фиренца. Овде дознаваме дека првата зона ги содржи
фалсификаторите на металите.
Триесетта песна:
Гледајќи во втората зона на десеттата торбичка на осмиот круг на пеколот,
Данте се присетува на античките приказни во кои големото страдање ги
терало луѓето да се свртат еден кон друг како животни. Злобноста
прикажана во тие приказни е споредба на тоа што гледа Данте,
грешниците се книеле еден со друг, со заби. Во ова зона се сместени
фалсификатори на туѓи личности. Данте гледа жена наречена Мира која
копнеела по нејзиниот татко, и се маскирала во друга личност со цел да ја
задоволи својата страст. Во оваа зона се измешани исто така
фалсификаторите на монетите. Данте разговара со мајсторот Адам, кој ги
фалсификувал парите во Фиренца. Дел од неговата казана била вечната
жед. Адам им посочува двајца припадници на четвртата зона,
фалсификатори на зборови(лажговци). Една од нив вила сопругата на
Петефар која лажно го обвинила Јосиф дека се обидел да ја заведе.
Другата личност е гркот Синон. Очигледно е дека Синон го познава Адам и
тој доаѓа да се кара со него. Данте ги слуша како се караат, но понекое
време Вергилиј му кажал дека е понижувачки да се слуша такво ситно
несогласување.
Триесет и прва песна:
Данте и Вергилиј конечно се доближуваат до центарот на осмиот круг на
пеколот, каде данте гледа високи кули во маглата. При доближување,
Данте сфаќа дека тие всишност се џинови кои стојат во јама, и нивните
папоци се израмнети со осмиот круг, но нивните стапала стојат во
деветиот круг од пеколот(на самото дно). Еден од џиновите почнува да
зборува неразбирливо, тој е Нимрод, кој со своето учество во
вавилонската кула донел конфуција на различни јазици во светот.
Вергилиј ги именува другите џинови по кои поминуваат додека не доаѓаат
кај Антеј, кој ќе им помогне да се спуштат во јамата. Антеј откога го
послушал барањето на вергилиј го земал Данте и Вергилиј во една од
неговите огромни раце и полека ги спуштил покрај неговите нозе, во
основата на огромниот бунар. Со тоа Данте и Вергилиј влегуваат во
деветиот круг на пеколот, царството на предавниците.
Триесет и втора песна:
Данте чувствува дека тој неможе убаво да го изрази мрачниот ужас од она
што тој и Вергилиј го гледаат, но вели дека сепак ќе направи обид. Покрај
нозете на џиновите се наоѓа огромно замрзнато езеро, чисто како стакло
наречено Коцитус. Во мразот стојат замрзнати душти до главите. Во
првиот прстен на деветиот круг на пеколот наречен Каина(по каин), каде
се наоѓаат сите предавници на нивните роднини. Данте и Вергилиј гледаат
близнаци замрзнати еден спроти друг. Одејќи понатаму, Данте случајно се
удира од главите на душите и паѓа. При наведнување за да се извини,
Данте го препознава како Бока дељи Абати, италијански предавник. Данте
и се заканува на Бока и кине дел од неговата коса по што го остава во
мразот. Данте и вергилиј напредуваат кон вториот прстен, Антенора каде
се наоѓаат тие кои ја предале татковината или партијата. Продолжувајќи
по езерото, Данте се ужасил кога видел грешник како ја глода главата на
друг грешник од позади. Данте се запрашува за гревот кој грешникот го
сторил за да добие таква казна, и изјавува дека можеби ќе може да го
шири доброто на името на грешникот на земјата.
Триесет и трета песна:
Грешникот се подига од глодањето, и кажува дека во животот тој бил
грофот Уголино, човекот чија глава ја џвака бил архиепископот Руџиери. И
двајцата живееле во Пиза, а надбискупот, самиот предавник ги затворил
Уголино и неговите синови како предавници. Тој одбивал да им дава
храна, а кога синовите умреле, Уголино бил приморан да ги јаде телата на
неговите синови. Данте се противи на Пиза, заедница позната по својот
скандал но сепак остана неказнета на земјата. Данте и вергилиј потоа
продолжуваат и преминуваат во третиот прстен, Птоломеја, каде се
сместени тие кои ги предале своите гости. Овде душите лежат на грб
замрзнати во езерото и само лицата им излегуваат од мразот. Одеднаш
Данте чувствува ладен ветер на кој Вергилиј му укажува дека наскоро ќе
дознае за неговиот извор. Данте и Вергилиј се во ужас кога гледаат две
души во третиот прстен, душите биле Фра Албериго и Бранка д’орија. Иако
овие поединци сеуште не умреле, нивните гревови биле толку лоши што
нивните души влегле во пеколот пред нивното време, а ѓаволи ги
окупирале нивните тела над земјата. Вергилиј и Данте потоа се
приближуваат до четвртиот прстен на деветиот круг од пеколот, кој се
наоѓа на самото дно на јамата.
Триесет и четврта песна:
Сеуште патувајќи кон центарот на деветиот круг од пеколот, Данте гледа
огромна форма во далечината скриена во магла. Веднаш под неговите
нозе, тој забележува грешници целосно покриени со мраз. Овие души се
најзлобните од сите-предавниците на нивните добротвори. Овој дел од
пеколот се вика Јудека. Данте и Вергилиј продолуваат кон огромната
форма, и ја гледаат неговата вистинска големина. Фигурата е Луцифер.
Само неговите раце се поголеми од сите џинови од осмиот круг заедно.
Тој стои во замрзнатото езеро, а неговото торсо излева на површината.
Кога Данте погледнал нагоре, тој видел дека Луцифер има три глави,
едната гледа напред а другите назад и преку неговите раменици. Под
секоја глава се наоѓа сет на крилја кои се причината за создавањето на
големите ветрови. Во секоја од устите на луцифер стои по еден
грешник(трите најголеми грешници во историјата). Во средината се наоѓа
Јуда искариот кој го предал Исус. Во левата и десната уста се наоѓаат Брут
и Касиј кои го убиле Јулиј Цезар во римскиот сенат. Јуриј и Касиј се
појавуваат со подигнати глави, но Јуда е сместен пред главата. Устите ги
џвакаат грешниците, но никогаш не ги убива. Вергилиј му кажува на Данте
дека сега го имаат видено целиот пекол и мораат веднаш да заминат.
Вергилиј го става Данте на грб, ги почнуваат да го качуваат телото на
Луцифер избегнувајќи ги неговите крилја. Под Коцитус, тие стигнуваат до
половината на Луцифер, каде Вергилиј се врти наоколу искачувајќи се
назад нагоре. Данте со чудење забележа дека нозете на Луфицер сега се
над нив а неговата глава надоле. Вергилиј му објаснува дека тие само што
ја поминале половината на земјата. Кога Луцифер паднал од рајотм тој
паднал со глава во планетата, неговото тело се залгавило овде во
центарот. Според вериглиј ударот предизвикал повлекување на земјите
од јужната хемисфера на северот, оставајќи ја само планината Чистилиште
во водата на југот. Данте и Вергилиј се искачуваат на долг пат низ оваа
хемисфера, кдодека конечно не излезат за да ги видат ѕвездите и
повторно на спротивниот крај на земјата од каде започнале. КРАЈ.

You might also like