You are on page 1of 3

Словото на завист е едно од најзначајните дела на македонската литература, напишано

од Јоаким Крчовски, кој е сметан за еден од најзначајните писатели на македонскиот јазик.


Темата на текстот е зависта како негативна човекова особина, а идејата – да се искорени тоа
човечко зло.
Во ова дело, авторот ја истражува зависта како чувство кое може да има големо
влијание врз човековиот живот и негативните и позитивните особини на луѓето. Тој ги користи
карактерите во делото за да илустрира како зависта како комплексно чувство кое може да
предизвика лоши односи, незадоволство, непријатности и конечно да го уништи човековиот
дух. Во воведниот дел авторот го изнесува своето размислување за зависта, кое според него е
лошо, одбивно и погубно чувство. Зависта ја нарекува – проклетија, мрска и погана, затоа што е
извор на секое зло, не само на земјата туку и на небото. Во изложувањето е образложено каде,
кога и како се појавила зависта земајќи примери од „Библијата“.
Според библиската легенда, таа прво се појавила меѓу ангелите. Еден ангел што
светел како сонце му завидел на Бога, сакајќи и тој да поседува чудотворна моќ, но бидејќи не
можел, од завист потемнел и станал црн ѓавол. За казна Бог го исфрлил од рајот и го фрлил во
пеколот вечно да се мачи. Така се родила зависта, односно ѓаволот кој е нејзин симбол. Но,
зависта не мирувала. Зависта е лошо , одбивно и погубно чувство кое е извор на секое зло,
проклеттво, кое на моменти владее со светот, и на небото и на земјата. Во ова дело авторот ни
казиува како настанала зависта и кои се последиците од неа. Според легендата таа се појавила
на небото меѓу ангелите. Имало еден ангел кој светел како сонце, му завидел на бога на
неговата моќ, но бидејќи немозал да ја има таа моќ се претворил во ѓавол. За казна се нашол во
пеколот. Така се родила зависта која не мирувала. Ѓаволот им завидувал на Адам и Ева зашто
да уживаат во рајот. Тогаш тој се претворил во змија и ја наговорил Ева да касне од јаболкото
кое било забрането овошје. За казна за гревот што го направиле, Адам и Ева биле протерани од
рајот и ја изгубиле бесмртноста.

Во завршниот дел, Крчовски ги коментира овие примери и дава заклучоци, велејќи:


„…Она учи да се не слуша заповед божја, братоубиствена мајка, смерти ходатаица, корен на
сичко зло. Завист не е друго што, салт на срце печал, жалба…“. Крчовски го истакнува
значењето на моралните вредности и на тоа да се почитуваат успехите на другите. Словото на
завист е еден од најсилните пораки на Крчовски, кој ни го прикажува ужасот што зависта може
да ја предизвика и нашето потребност за да го избегнеме тоа. Всушност преку ова дело,
читателите се поттикнуваат да размислат за нивните лични мотиви, надежи и стравови, и да ги
преиспитаат односите со луѓето околу нив.

ЕСЕЈ за Свети Кирил и Методиј

Свети Кирил и Методиј беа браќа родени во градот Солун во Грција. Тие беа познати по својата мисионарска
работа кај словенските народи, и се сметаат за главните креатори на јужнословенската писменост и култура.

Македонија, 1000 Скопје, Ѓуро Ѓаковиќ 61,


Тел: 3240-500, 3240-523; Факс: +389(02)3226-920
e-mail: info@kultura.gov.mk ; www.kultura.gov.mk
Во 9-ти век, Кирил и Методиј, како високообразовани свештеници и ученици на Константинополскиот
универзитет, биле пратени како мисионери во Моравска Крајина за да шират христијанството. Таму, тие
забележале дека многумина од луѓето го говорат словенскиот јазик, што го натера Кирил да измисли нова азбука
за да може да преведуваат христијанските книги на тој јазик. Оваа азбука наречена ја глаголица, открила нов свет
за словенскиот јазик и култура, давајќи им шанса да се запознаат со христијанската вера и да ја прочитаат Светото
Писмо на својот јазик.

По нивната мисионерска работа во Моравија, Кирил и Методиј продолжиле да го пропагираат својот јазик, азбука
и култура во различни делови од Балканот, вклучувајќи и Бугарија, Србија, Македонија и денешната Грција. Тие го
наставиле своето дело, преведувајќи книги и религиозни текстови на јужнословенскиот јазик.

Свети Кирил и Методиј се сметаат за пример на мултикултурализмот и мултијазичноста, и нивната наследство има
голема вредност за славјанските народи. Нивната работа се препознава како културен и историски наследство на
светот и е важно да се чува и промовира како дел од светската култура и историја.

You might also like