You are on page 1of 3

РЕКИ

Дозна дека изворската вода не останува во местото на површината на Земјата, туку од неа
настануваат поточиња. Од повеќе поточиња настанува поток, а со спојување на повеќе потоци
настанува река. Реката во која се вливаат повеќе реки се вика главна река, а реките кои се вливаат
во неа се викаат притоки. Просторот или земјиштето од кое се слива водата во главната река или
во нејзините притоки се вика речен слив. Сите реки од еден слив ја градат или ја сочинуваат
речната мрежа. Земјиштето што ги дели водите од два слива се вика вододелница и најчесто тоа се
планините.
Кај реките разликуваме: извор, речен тек и утока. Извор е местото од каде настанува реката, речен
тек е просторот низ кои се движи или тече реката и утока е местото каде реката се влива во друга
поголема река, езеро или море. Длабнатината низ која тече реката се вика речно корито.
Страничните страни на коритото се викаат лев и десен брег. Со продлабочување и проширување
на речното корито под дејство на речната вода при висок водостој, за подолг временски период
настануваат речни долини. Речните долини можат да бидат проширени и претворени во речни
котлини или длабоки клисури и кањони. По должината на речното корито, ако дојде до спуштање
на некој дел под дејство на внатрешни или надворешни сили може да настанат слапови и
водопади. Реките кога се спуштаат од повисоките предели, дали се тоа планини или ридесто
земјиште имаат брзо течение, каде што најчесто се продлабочува дното од речното корито и се
создаваат наноси од ситен чакал и песок кои речната вода ги носи со себе. Во рамничарските
пониски предели, реката е бавна и тука посилно е изразено поткопувањето на брегот со што се
проширува речното корито или создаваат меандри. Меандрите се искривени „змијасти“ речни
корита, каде реката од старото речно корито се поместува и продолжува да се движи во
новосоздаденото речно корито. Од наносите што ги носи реката може да се создаде речно острово
или ада. По должината на речниот тек се издвојуваат три дела: горен, среден и долен тек.
Висината на водата во речното корито се вика водостој. Промените на водостојот се вика речен
режим. речен слив 102 Устието или вливот е последниот дел од реката, кои се разл
икуваат според настанокот и формата. Постојат повеќе типа на устија: нормално, делта, естуар и
ријас. Најчесто поголемите реки како: Амазон, Заир, Волга, Дунав и др. при вливот, нивното
корито од наносите се разложува и проширува на повеќе помали корита (ракавци) создавајки
форма на буквата делта. Ако коритото кај устието се прошири и морската вода може да навлезе во
него, тие форми се викаат естуари. Кај некои реки ако проширувањето на речното корито кај
устието навлезе подлабоко во копното велиме се создале ријаси. Некои реки кои поминуват низ
варовнички или карстни предели немаат устие, можат да понираат, да се изгубат под површината
на земјиниот слој или на одредена оддалеченост пак да излезат на површината на Земјата. Ваквите
реки се викаат понорници.

ЕЗЕРА
Езерата се вдлабнатини на копното исполнети со вода. Што значи дека секое езеро е составено од
два дела езерски басен или вдлабнатина и вода. Езерата настанале под влијание на внатрешните и
надворешни сили. Водата во езерата може да биде континентална или слатка и морска или солена,
ако езерото некогаш било дел од големото Светско Море. Општо езерата се делат на природни и
вештачки, езера кои ги создал човекот со некоја цел. Природните езера во зависност од настанокот
на езерскиот басен се делат на: котлински или тектонски, варовнички или карстни, леднички или
глацијални, речни и вулкански.
Котлинските езера се најголеми езера, создадени во големи тектонски вдлабнатини. Такви езера
се: Викторининото Езеро во Источна Африка, Ири во Северна Америка, Бајкалското Езеро во
Русија, трите наши котлински езера и др. Варовничките или карстни езера настанале во
варовнички предели кои во длабоките и проширени карстни полиња се исполниле со вода. Овие
езера се најчесто плитки и во сушни периоди се многу плитки. Најпознато такво езеро е
Скадарското Езеро во Црна Гора и Албанија. Ледничките езера настанале со топење на мразот. Се
создале под високите планински врвови со топење на мразот во некоја вдлабнатина или со
спуштање на ледниците во пониските котлински предели. Најпознати вакви езера се: Циришко,
Боденско и Женевско во Швајцарија, Комо и Гарда во Италија, Бледско и Бохинско во Словенија.
Во Р. Македонија најпознати се езерата под врвот Пелистер на Баба Планина. Вештачките езера ги
создава човекот со преградување на речното корито со брана. Најчесто водата од овие езера се
користи за добивање на електрична енергија или за наводнување на земјоделските култури. Денес
во Р. Македонија има над 30 поголеми вештачки езера од кои најголеми се Козјак на реката Треска
и Тиквешкото на Црна Река.

You might also like