You are on page 1of 9

Покрај Светското море, на планетата Земја има и други водени

површини кои се наоѓаат и на копно, поради што се нарекуваат


копнени води.

Се делат на подземни и површински.


Подземни води се издани
Површински води се:
изворите, реките, повремени речни текови, езера,
мочуришта, бари и глечери.

Подземна вода е онаа која лежи под површината на Земјата и претставува


најголем дел од водата на копното.

Кога врне дожд или снег, почвата ја апсорбира таа вода низ разни ситни пукнатини
и канали кои што ги полни и таа вода ја нарекуваме капиларна вода.
Но кога водата во почвата ќе наиде на материјали кои се непропустливи,
односно не дозволуваат водата да се движи понатаму, таа се задржува таму,
односно се акумулира и формира издан.
Секој издан има долна и горна граница.
Долната граница е постојана и не се променува.
Горната се изменува за време на големи дождови или при топење на снегот.
Подземни води се бунарски и артерски.
Бунарските подземни води се најчесто застапени во котлините и во речните
долини. Се добиваат од врнежите или од самите реки, доколку се наоѓаат во
близина на речното корито.
Артерските подземни води ги има во сите наши котлини. Тие се наоѓаат меѓу
два непропусливи слоја. Кога горниот непропуслив слој ќе се продупчи, водата
излегува на површината во вид на водоскок. Нивната најголема распространетост
е на длабочина меѓу 50 и 80 метри.
Изворот е место каде што
подземните води избиваат на
површината на Земјата.
Според богатсвото на води,
изворите може да бидаат слаби и
јаки.
Слаби се оние оние од кој излегува
помалку од 1 литар вода во секунда,
јаки се тие што излегува повеќе од
еден литар вода.
Јаки извори се наречени врутоци.
Изворите кои во себе имаат минерални материи се нарекуваат
минерални извори.

Според температурата изворите може да бидаат топли и студени.

Студени се оние на кој температурата им е пониска од температурата на воздухот на


истото место, а топли се оние на кој температурата на водата им е повисока од 20
степени.
Топли или термални води се оние кои се акумулираат во подлабоките слоеви на
Земјата, каде што температурата на почвата е повисока, па температурата на водата се
зголемува.
Ако имаме извор чија вода има висока температура и содржи минерали, го
нарекуваме термоминерален.
Изворите од кои одвреме-навреме исфрлаат топла вода се викаат гејзери.
Може да одат и во висина до 100 метри.
Главно се јавуваат во вулкански области.
Според потеклото на водата изворите се делат на:
-вадозни-чија вода потекнува од врнежите,
-јувенилни- чија вода е од кондензираната вода на пареа во подземните
пукнатини и
-мешани- чија вода се добива од врнежите и од кондензираната вода во
пукнатините

You might also like