You are on page 1of 2

Реки и езера

Реките се истечни површински води на Земјата. Реката тече низ вдлабнатина што
се нарекува речно корито. Секоја река има извор, речен тек и влив. Од изворот
почнува текот на реката.
Речен тек е патот на
реката од изворот до
вливот. Местото каде што
реката се влива во друга
река, езеро или море се
нарекува влив.
Реката што се влива во
друга река се нарекува
притока. Главната река со
сите нејзини притоки ја
сочинуваат речната
мрежа. Речниот слив ја
опфаќа површината на
земјиштето од кое сета
вода се слива во главната
река.
Реките што течат низ
низини имаат бавен тек,
па затоа речното корито
им е извиено и формира
меандри. Водопад може да се појави доколку на речното корито има отсек преку
кој паѓа водата. Некои реки не успеваат да стигнат до вливот, туку нивната вода
понира (се губи) низ пропусливите слоеви. Ваквите реки се наречени понорници.
Реката Нил е најдолга река на Земјата и се наоѓа во Африка, реката Амазон е
најдолга во Јужна Америка, а Јангцекјанг е најдолга во Азија. На географската
карта најди ги наведените и некои други реки!
Езеро е вдлабнатина на копното исполнета со вода што не е поврзана со
Светското море. Вдлабнатината на езерото се нарекува езерски басен. Најголемо
езеро во светот по површина е Каспиското Езеро (Азија), најдлабоко во светот е
Бајкалското Езеро (во Азија), највисоко езеро во светот е Титикака (Јужна
Америка). Најди ги овие езера на географската карта!

You might also like