You are on page 1of 1

Пејзаж на река

Едно неделно утро јаките сончеви зраци ме разбудија. Пополека


станав и погледав низ прозорецот. Прекрасен ден за прошетка, си
помислив. Со трчање отидов да ги барам родителите и да ги замолам да
прошетаме на излет во природа. Тие радосно ја прифатија мојата желба.
Брзо се подготвивме и се договоривме да одиме накај Мариово.

Се упативме кон планината. Одозгора ја гледавме Реката Црна.


Секоја река тече само за да го дочека оној што најмногу и се радува. Црна
Река тече поради мене, помислив. Доаѓаат нејзините води, доаѓаат и
минуваат, ниту да запрат, ниту да се вратат.

Слеговме до реката. Седнавме на меката трева, а од реката доаѓаше


свежина. Дрвјата беа надвиснати над неа, нежно милувајќи ги нејзините
води. Ова е место за восхит - си реков, рај за душата, место во кое уживав.
Во еден момент, приметувате дека ве опкружува само звукот на водата
која тивко жуборејќи ја раскажува својата приказна и ви се вгнездува во
душата. Сите уживавме во тишината и сé што можевме да видиме беше
реката која мирно течеше и создаваше пријатен замор кој смирува и
успива.

Тишината ја наруши плесок во водата. Во распрсканите капки се


огледуваа златните искри на сонцето, а круговите кои се ширеја ме
уверија дека тоа беше некоја голема риба. Реката како да сакаше да ја
подели живоста со мене, потскокна неколку пати растерувајќи ги рибите
кои скокаја во водата, а потоа ги растера и пеперутките кои летаа над неа.
Реката е упорна, достоинствена и нескротлива. Таа сама одлучува кога
треба да забрза, а кога само мирно да тече.

Не ми беше прв пат да одам во природа, да шетам покрај река, но


доживувањето беше толку силно, што мислам дека за прв пат вистински ја
почувствував реката, нејзиниот мир и немир, свежината на водата и
убавината на природата. Беше прекрасно, прекрасен пејзаж, прекрасен
ден поминат крај реката. Долго ќе ги паметам тие слики, тие звуци, таа
река.

You might also like