You are on page 1of 4

Мајка Тереза

(Гонџа Агнес Бојаџиу)

Гонџа Агнес Бојаџиу Мајка Тереза


на 11 години

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година во Скопје каде живеела до
полнолетството.
Израснала во добро ситуирано и религиозно влашко семејство. Во Скопје
завршила основно училиште и учела во една од гимназиите. На возраст од девет години
нејзиниот татко ненадејно починал. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да
живее како калуѓерка.
Од 1924 до 1928 година секое лето го минувала во манастирот Летница на Скопска
Црна Гора, во молење и духовно предавање. Ги помагала бедните и осакатените. На 25
септември 1928 година, заминува од родниот град и преку Даблин (Ирска) оди во Бенгал
и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се
приклучува кон редот Лорето во Бенгал, као сестра Тереза. Во Калкута ја дава својата
прва заклетва. Потоа е активна 17 години во училиштето „Ст. Марѕ'с Сцхоол” во Калкута.
Најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор. Чуствувајќи потреба да им
помогне на сиромашните, во 1946 година бара дозвола да излезе од редот, без притоа да го
изгуби статусот на калуѓерка. Дури две години потоа добива дозвола да го напушти редот.
Од тој момент Мајка Тереза (како што ќе ја наречат) се посветува на добротворната
работа и им помага на болните и сиромашните во предградијето на Калкута. Го формира
редот Мисионери на милосрдието и со своите сестри ја шири својата хуманитарна
активност и пораката дека “Светот не гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов.”
Станува позната како “Светица на бедниците” по еден напис во магазинот ЛИФЕ.
Во 1949 год. самата стана Индијка и во 1950 год. го основаше редот „Мисионерки
на љубовта кон ближниот”.Членовите на овој редот мораа да се обврзат на несклучување
брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од страна на папата и
беше под негова контрола. Тереза со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт,
сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од
лепроза. Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3 000 сестри и преку 500 браќа во повеќе
од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди.
Во 80-те години нејзиното здравје веќе е сериозно нарушено и таа во неколку
наврати е хоспитализирана поради проблеми со срцето, за во септември 1989 година да и
биде вграден пејсмејкер.
Бидејќи сидата зема замав од светски рамки како болест на новото време, новите
активности на редот се насочуваат кон подигање на свеста на јавноста за причините и
последиците од болеста. По тој повод на 24 декември 1985 година, Мајка Тереза ја отвара
првата хоспиција за заболени од сида во Њујорк. Истата година претседателот на САД
Роналд Реган и ја врачува највисоката награда која може да биде доделена на цивил во
САД – Претседателскиот медал за слобода, уште едно во низата признанија и награди за
нејзината хуманитарна работа.
Во 1996 година со Акт од Конгресот на САД Мајка Тереза е прогласена за почесен
граѓанин на САД, и е една од само шестте личности кои ја имале таа чест заклучно со
2008 година.
Периодот од 1990 година па се до нејзината смрт во 1997 е период на интензивна
активност. Иако нејзиното здравје е сериозно нарушено, тоа сепак не ја спречува во
ширењето на мисијата и отворањето на повеќе од 170 куќи низ целиот свет. Во последните
години од својот живот Мајка Тереза на неколку пати сака да се повлече од челото на
редот, но сестрите со тајно гласање ја изгласуваат да остане. После две операции на
срцето, во 1993 и 1996 година, таа сепак се повлекува и на 13 март 1997 година сестра
Нирмала е избрана за нејзина наследничка т.е. Супериор Генерал.
Мајка Тереза почина на 5–ти септември 1997 година во Калкута. Во знак на
благодарност Индиската влада и доделува погреб со државни почести. Нејзиното тело е
положено во Мотхерхоусе во Калкута. Нејзиниот гроб бргу станува место за аџилак и
молитви на луѓето од сите вери и социјални слоеви.
Кога Мајка Тереза починала редот кој го основала пред речиси 50 години броел
3842 сестри кои служеле во 594 куќи во 120 земји, 363 браќа во 68 куќи во 19 земји, 14
контемплативни браќа во 4 куќи во 3 земји, 13 свештеници во 4 куќи во 3 земји.
Наместо по пет години како што вообичаено, Папата Јован Павле Втори ја покрена
процедурата за беатификација една година по нејзината смрт. Одговорајќи на прашањето
кога Мајка Тереза ќе биде прогласена за Светица, Неговата Светост Папата Јован Павле
Втори порача: „За своите хумани дела дарувани за среќата на луѓето, мајката на бедните
уште за време на својот овоземен живот стана Светица. Се друго е формално и ќе се случи
многу бргу, бидејќи Мајка Тереза тоа го заслужи!” Беатификацијата на Мајка Тереза ја
изврши Папата на 19 октомври 2003 година.
За време на својот живот, Мајка Тереза во својот роден град Скопје престојувала
четири пати и тоа во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година. Една година по добивањето на
Нобеловата награда, во 1980 година, по доаѓањето во својот роден град е прогласена за
почесен граѓанин на град Скопје. За време на нејзиниот престој во родниот град, со
посебно доживување и длабока интимна болка, го посетува гробот на својот татко Никола
Бојаџиу, кој почива на христијанските гробиштата Бутел крај Скопје. Според сведоците
кои ја придружувале, како што пишува нејзиниот биограф Стојан Тренчевски, Мајка
Тереза по поклонувањето и молитвата пред гробот на својот татко, многу емотивно ќе ги
искаже зборовите: „Знам татко, многу ме сакаше. Те сакав и јас тебе, иако бев дете. Му
благодарам на Господ што ме донесе овде да ти се помолам и поклонам, да видам каде
почиваш во Божјиот мир.
До местото на нејзината родна куќа, близу плоштадот „Македонија”, е изграден
споменик и спомен куќа кои се задолжително место за посета во градот.
На 31 јануари 2009 година пред повеќе стотици граѓани свечено беше промовирана
Спомен - куќата на Мајка Тереза. За овој настан специјално беше донесена реликвија од
Мајка Тереза.
Многу почитувачи на нејзиното дело, високи функционери, нејзиниот духовен
водач, потоа дипломатскиот кор, високи државници, како и гости од Ватикан
присуствуваа на чествувањето.

Спомен куќа на Мајка Тереза

Мајка Тереза прогласена за светица

На 4 септември, 2016година, поглаварот на Римокатоличката црква, Папата


Франциско ја прогласи Мајка Тереза за Светица. Десетици илјади  се собраа на
церемонијата на плоштадот „Св. Петар“ да ја проследат мисата и канонизацијата.
Кардиналот Ангело Амато прочита кратка биографија за делото на Мајка Тереза, а потоа
побара од папата да ја канонизира во името на црквата.

„По честите молитви за божествена помош и по долго советување со многу од нашите


браќа епископи, ја прогласуваме и дефинираме Блажената Тереза од Калкута да биде
светец и ја запишуваме меѓу светите, барајќи таа да биде почитувана од страна на целата
црква“, рече Папата. Настанот го следат бројни медиумски екипи од светот, стотици
сестри од сестринствoто кое го основаше Мајка Тереза, 13 државни делегации меѓу кои и
македонската. Македонија, Албанија и Индија во Ватикан имаат посебно место на
свеченоста, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија. Речиси 1. 500 бездомници
ширум Италија се донесени во Рим во чест на прославата.
Две чудa во излекување на болест по нејзината смрт во 1997 година се
припишуваат благодарение на нејзините молитви. Папата Јован Павле Втори го призна
нејзиното прво чудо, излекување на Индијката Моника Бесра во 1998 година со наод
тумор во стомакот. Пет години подоцна, Папата Францис го призна второто чудо на Мајка
Тереза поврзано со нејзината моќ за исцелување, необјасниво лекување на маж од Бразил
од неколку мозочни тумори во 2008 година, додека тој бил во кома.
Според Католичката црква нејзината светост е во тоа што во дело ги спроведувала
зборовите божји и што се посвети на најзагрозените групи во општеството.

Изреки на Мајка Тереза:

“Јас му припаѓам на Господ Бог, на Исус Христос. Имам љубов за сите луѓе на
светот”.
“Никогаш не знаеме колку добро може да направи една обична насмевка”.
“Не чекајте водачи; помогнете сами, од човек на човек”.
“Господ е радост, радоста е молитва”.
“Радоста е знак на дарежливост”.
“Не правам ништо посебно: Љубам затоа што Господ ме љуби”.
„Мирот започнува со насмевка.“
„Многу потешко е да се отстрани гладот за љубов одошто гладот за леб.“
„Ако не можеш да нахраниш сто луѓе, тогаш нахрани само еден човек.“
„Љубезните зборови можеби се кратки и лесни за изговарање, но нивното ехо е
навистина бескрајно.“
„Што можеш да направиш за да промовираш мир во светот? Оди дома и сакај го
своето семејство.“
„Најлошата сиромаштија е осаменоста и чувството дека не си сакан.“

Андреја Темелкоска VIIА

You might also like