You are on page 1of 1

Мајка Тереза

Мајка Тереза е родена во Скопје како Агнеса Гонџа Бојаџиу. На 18 години одлучила да се
посвети на Божјата работа и да им помага на болните, бездомниците, сиромашните и
сираците. Својата мисија ја започнала во Калкута во Индија, каде ја формирала својата
организација Мисионери на милосрдието.

Во 1957 година го отворила својот прв дом за сирачиња во Индија, а во 1979 година за
нејзината работа и била доделена Нобеловата награда за мир.

Од 1990 година други мисионери почнале да и се придружуваат на Мајка Тереза, и


наскоро таа имала мисионери кои ја продолжувале нејзината работа во повеќе од 40 земји.

Не е прашање колку работиме, туку колку љубов вложуваме во тоа. Тоа прави разлика “, рекла
веројатно најпознатата католичка калуѓерка во светот, Мајка Тереза.

Преку проповедање и ,,љубов на дело “ кон сиромашните, маргинализираните и оние кои се


заборавени или напуштени, Мајка Тереза покажала сочувство и љубов кон луѓето, без оглед на
нивниот етнички, национален, верски или социјален статус. Затоа некои ја сметале за светица за
време на нејзиниот живот.

Мајка Тереза имала можност да го сврти вниманието на светот кон сиромашните. Таа ги сметала
за свети човечкиот живот и достоинството на секое човечко суштество.

Луѓето на Балканот и целиот свет подетално ја запознале нејзината работа дури по добивањето на
Нобеловата награда.

You might also like