You are on page 1of 1

Анимизам

Едно од најраспространетите верувања кај првобитниот човек е


верувањето во постоење на духови и души.

Најстаро верување уште од прастари времиња: чукни во дрво.

Секој пат кога некој ќе ти каже нешто добро, тој ќе тропне во дрво и ќе
каже:„Ќе тропнам во дрво за да не чуе злото“ Ова потекнува од старото
верување според кое Боговите живеееле во дрвјата. Кога некој доаѓал да му
исполни некоја желба, тој доаѓал до дрвото и ја допирал неговата кора.
Исто така, постоеле верувања според кои околу дрвјата летале
суштества кои биле љубоморни на човековата среќа. Тропањето во дрво би
значело „да се оглуват тие духови, за да не слушнат дека желбата е
исполнета“.

Што е всушност анимизмот?

Верувањето дека душата е способна да живее одвоено од човекот,


растенијата и животните, верувањето дека душата може да се спојува, но и да
се одделува од нив, се вика анимизам. (лат. Anima=душа)
Анимизмот во најпрвобитната форма претставувал верување во духови.
Првобитниот човек ги препознавал тие духови во водата, во ехото, во одразот
на неговиот лик во водата итн. Првобитниот човек мислел дека со сонот,
смртта и последниот здив управуваат духови и однивната волја зависи
животот на човекот.

Прашања за размислување:
1. Дали верувате дека дрвјата, водата и другите суштества од
природата имаат душа?
2. Што мислисте за старото верување: Чукни во дрво?

You might also like