You are on page 1of 3

Рене Декарт (1596-1650)

Нов рационализам
Во Новиот век се разгледуваат две основни струи во
филозофијата - емпиризам и рационализам. Рене Декарт е
прочуен застапник на рационалистичкиот правец , кој смета дека умот
е најзначајно човечко балаго.Умот му овозможува на човекот да се
снајде во животот и да постигне сознанија и успех.
Најважни рационалисти во Антиката се :Сократ,Платон и
Аристотел , но овој рационализам се потпирал на догматиката не
дозволувајки слободна употреба на умот. Декарт е тој кој докажува
дека со помош на умот може да се дојде до сигурни сознанија.
. Рене Декарт бил благородник, но водел граѓански живот. Учел
во колеџот Ла Флеш. Тој бил против сколастичкиот метод, а не му се
допаѓале и зададените дефиниции и безбројните повторувања на
истото.
Определувајќи се да биде мислител, се преселил во Холандија.
Направил неколку брилијантни филозофски книги:
1. "Научната расправа за методот како правилно да го
водиме својот ум и да ја бараме вистината во науката" -
најпознато негово дело во западноевропската филозофија,
кое го напишал во 1637. ( Прв пат преведена кај нас од
страна на проф-Кирил Темков по повод 400 години од
раѓањето негово).
2. "Практични и јасни правила за раководење на духот при
истражувањето на вистината"
3. "Свет"
4. "Размислувања за Првата филозофија".
Декарт ја создал аналитичката геометрија, па затоа де смета
за еден од најголемите научници на сите времиња. Во Стокхолм е
лично поканет од кралицата Кристина , каде ке го напише
психолошко-етичкото дело "За страстите на душата". По неколку
месеци во Шведска , Декарт се разболува и умира.
Декарт е застапник на рационалистичкиот правец. Смета
дека умот е најзначајно човеково својство и најголемо човеково
благо и дека за човекот е најважно да го следи и да го користи умот,
односно умот му овозможува на човекот да се снајде во животот и да
постигне сознание и успех. Декарт изградил нов метод за да покаже
дека преку умот може да се дојде до реални и сигурни сознанија.

Четири правила на методот


Критиката на заблудите и на лошите сознанија била општа нужност во
Новиот век. Декарт ја претставил како скепса спрема наметнатите
сознанија и спрема оние сознанија за кои немаме извесност. Рене го
развил граѓанскиот духовен пристап кон светот. Тој ги покажал
мисловните правила кои доведуваат до правилно сознание. Декарт
изложил четири правила за вистинско сознание:
1. Да се одбегнува избрзување и да се прифати како вистинито
само она што самите луѓе го сознале дека е вистинито.
2. Секој испитуван проблем да се расчлени (анализа).
3. Да се оди постапно - од наједноставното кон најсложеното.
4. Да има целосни набројувања за да не се пропушти нешто.

Декарт објаснува дека во реалноста нештата можат бидат неизвесни и


дека треба да се сомневаме сѐ додека не се дојде до она што е
сигурно - ова се нарекува методска скепса. Декарт со својот став
"Мислам, значи постојам" кажува дека првата неизвесност е
поврзана со него и неговиот ум "додека се сомневам, токму јас мислам
и постојам". Најсигурен е фактот на своето постоење. Од тука треба
да се поаѓа во размислувањето и градењето на животот.

Две супстанции - духовна и телесна


Декарт утврдува дека независно од нас има нешто кое што со
самото себе си го потврдува своето постоење. Според филозофската
традиција тоа нешто се нарекува супстанција, која е носител на
постоењето и на својствата. Декарт посочува три такви суштествени
нешта:
1. Мислечка реалност на своето битие (духовна супстанција, "она
што мисли").
2. Супстанција која се распростира (материјална супстанција).
3. Бескрајна супстанција на сета реалност (Бог)
Само Бог си е самодоволен, а двете други супстанции зависат од Бога
и не се крајно совршени.
Духовниот свет е составен од души, материјалниот свет од тела,
предмети. Квалитетот на духовната супстанција е мислењето, а на
материјалната - распростирањето (заземањето место). Од овие две
супстанции е направено сѐ, особено човекот. Човекот е компониран
од дух и од тело. Така кај Декарт имаме дуалистичка концепција
(две супстанции).
Телесноста значи заземање простор, но за да се движи телото
потребно е нешто да го раздвижува однадвор - тоа е духовноста. Во
телесниот свет сѐ е однапред определено. Телото е машина.
Суштествена разлика меѓу луѓето и животните е тоа што животните
немаат душа, додека луѓето се "машини" со душа.

Картезијанство
(„Cartesius“-латинското име на Рене Декарт. Со оваа доктрина или идеологија,
меѓу многу други работи,се утврдува дека човечкото суштество е составено од
две супстанции: обемното и размислувањето.Поим за Картезиски производ се
користи во областа на математика поточно во областа на алгебра ).

За Декарт филозофијата е наука на сите науки. Тој со


филозофски став им пристапувал на сите сознанија. Така дошол до
извонредни откритија, но и до парадоксални тврдења за паралелизмот
на случувањата кај човекот - човекот изгледа како физичко-психичка
целост, а всушност станува збор за однапред определена законитост.
Идеите на Рене Декарт биле толку нови и влијателни што тој
станал еден од најзначајните европски и светски мислители. Тој е
основоположник на современиот рационализам - не се покорувал на
ниеден друг авторитет освен на силата на "природната светлина" на
разумот.
Духот на картезијанството долго време владеел во Европа. Како
духовен и културен стил - јасни и разлачени идеи - тоа уште ги дава
своите богати плодови со прецизна и јасна мисла.
Во поновата епоха ќе се родат идеи дека треба да им се даде
значење и на другите човекови сили, не само да се инсистира толку
на разумот.

You might also like