You are on page 1of 1

Писмена задача

Едип во борба со судбината

За судбината се вика дека таа е нешто што не може да се избегне иако сториме се што можеме,
сите имаат пробано да ја сменат нивната судбина, но што и да направиме таа ќе се исполни, дали
добра или не. Истото пробал да го направи и Цар Едип.

Цар Едип бил умен, разумен, праведен и сите го сакале бидејќи ги спасил од злото. Тој секогаш
сакал да помогне со се што ќе можел, бидејќи како мал го служела среќата и се спасил од смртта и
повторно станал син на крал. Повторно сакал да помогне кога требала да се најде убиецот на Лај.

Поради злоделата на таткаси Лај, судбина му било да го убие Лај и де се жени со мајка си. Но ја
избегнал судбината бидејќи бил однесен на планина и потоа спасен. Се било добро додека тој не
си ја побарал несреќата, за да открие кој му се вистински родители отишол во делфинскиот
пророк кој му кажал: “ Ти, ќе го убиеш родениот татко, ќе се ожениш со мајка си и на светот ќе му
родиш страшни деца”. За да го избегне тоа, тој го направил тоа што било кажано во пророштвото,
си го убил татка си и се оженил со мајка си. Тоа му била неговата црна судбина.

Судбина та на Едип е една од најтажните, тој имал среќа цело детство, но требаше само едно
нешто да се стори и неговата судбина беше одлучена, да стореше се не можеше да избега од тоа
што го сторил и за да се казни тој си ги откопува своите очи.

Никој не знае што е неговата судбина и не знае дали таа ќе е добра или лоша, па затоа човекот
измислил богови на кој им се молел за подбраа судбина, мислејќи дека само тие можат да ја
сменат.

You might also like