You are on page 1of 9

Илијада

Според митот за Tројанската војна, Парис,


синот на тројанскиот цар Пријам, ја грабнал
Eлена, жената на спартанскиот цар Mенелај, и
ја однел во родниот град Илион (Троја). Сите
грчки јунаци од одделните полиси на чело со
Агамемнон, царот на Арг, се кренале против
ова нечесно дело на Парис за да му се
одмаздат. Така почнала војната што траела
десет години.
Кратка содржина
 Во десетата година на Тројанската војна
избувнала караница меѓу Ахил и Агамемнон,
кога Aполоновиот свештеник Хрис го замолил
Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида,
која како дел од пленот ја заробил Агамемнон
по освојувањето на градот Теба од страна на
Ахајците.
Ахил
 Ахил е син на морската божица Тетида и кралот
Пелеј и е водачот на Мирмидонците, јунакот
околу кого се групирани сите поважни настани
во „Илијада“.
 Во античко време тој бил олицетворение на
нивниот идеал за совршен јунак. За разлика од
другите грчки јунаци кои во војната со
Тројанците пред сè барале плен и богатство, тој
е дојден да војува за општото добро на сите
Грци.
Хектор
 Хектор е најславниот тројански јунак и војсководец.
Ахајците го сметале за непобедлив и кога паднал
погоден од копјето на Ахил, грчките војници дошле да
проверат дали е обичен човек.
 Хектор е одважен и чесен борец, тој војува за да ја
одбрани честа таткова и своја и да ја заштити родната
земја од туѓинските напаѓачи. Тој има развиено
чувство за обврска и одговорност. Жена му Андромаха
го одвраќа од двобојот со Ахил, но тој, иако многу ја
сака, иако е загрижен за нејзината иднина и иднината
на синот, не се откажува од двобојот.
Агамемнон
 Агамемнон е крал на Микена, и тој е
војсководец на Грците во оваа војна.
Најголемиот противник на Ахил и најголем
виновник за започнување на Тројанската
војна. Според него, Ахил бил премногу
вообразен човек, којшто мисли дека е над сите
луѓе па дури и над боговите.
 Не ми преправај мене, биголики Ахиле, вака
колку и умен да си оти не ќе ми го свртиш умот.
Или пак сакаш да ти имаш дар, а јас овдека вака
лишен да седам, штом мене ми викаш да неа ја
вратам?
Но ќе ми додељат дар Ахајциве силни и смели
достоен угодувајќи ми мене што срце ми сака;
ако не ми дадат тие, јас самиот можам да дојдам
твојот дар или од Ајнт иљ од Одисеј да го земам
и да го носам, а тој ќе се љути кај кого ќе
дојдам...“
Ахил го убива Хектор
Ахил и Патрокло

You might also like