You are on page 1of 3

Ликовите во ИЛИЈАДА

Ликовите во Илиjада можат да се поделат на Ахајци и Тројанци и богови.


Ахајците: Ахил, Агамемном, Патрокле, Одисеј, Диомед, Ајант, Нестор, Менелеј;
Тројанци: Хектор, Пријам, Хекаба, Париз, Елена, Енеј, Андромаха;
 Богови: Зевс, Хера, Аполон, Атина, Тетис, Афродита, Хефест, Арес;

Ахил е најголемиот Ахајски херој, син на кралот Пелеј и божицата Тетида, со него
секогаш одат епитети во суперлатив. Тој е најхрабриот, најубавиот најбестрашниот, но
и брзоногиот, боголикиот златокосиот, синот Пелеев. Но и покрај се Ахил не е
совршен. Така неговото убаво лице се грчи од гнев заради навредата од Агамемнон.
Тој не поднесува навреда и неправда. И токму во тоа се гледа неговото
несовршенство. Навреден поради неправдата која му ја прави Агамненон земајќи ја
робинката Брисеида, Ахил одбива да се бори. Ни мудроста на грчките војсководци, ни
напредувањето на Тројанците не успеваат да го убедат повторно да влезе во бој. Ахил
не попушта. Неговиот гнев и инает се посилни од сѐ. Ни молбата на верниот пријател
Патрокле да попушти не го одоброволува Ахил. Тој од својот брод го гледа
напредувањето на Тројанците и не презема ништо. Се до моментото на огромната
загуба. Кога дознава дека неговиот другар е мртов болката и желбата за одмазда
поради неговата смрт, ќе го разгорат гневот уште повеќе. Сега тој гнев, таа омраза и
желба за одмазда е насочена кон Хектор – виновникот за смртта на пријателот.
Заслепен од чувството за одмазда, Ахил не само што го убива Хектора, туку станува
бездушен затоа што го врзува и го влече со својата двоколка мртвото тело на Хектор
трипати околу ѕидините на Троја. Неговата бездушност е уште поголема затоа што тоа
го прави пред очите на неговиот татко Пријам, мајка и жена Андромаха. Сите го
чувствуваат неговиот гнев. Бесчувствителноста на Ахил ќе успеат да ја омекнат само
татковите молбени зборови на Пријам, барајќи го телото на својот син Хектор. Во тој
момент и двајцата почнуваат да плачат Ахил за својот пријател, Пријам за својот син.
На крајот, Ахил ќе ја покаже својата великодушност и ќе покаже чест и сочувство кон
мртвиот принц предавајќи му го мртвото тело на Хектор на неговиот татко за да може
достојно да го исплаче и погреба.
Хектор е најславниот јунак кај Тројанците. Син на Пријам, брат на Парис, врховен
војсководец на Тројанската војска. Ако ги споредуваме Хектор и Ахил по јунаштвото
или по силата меѓу нив нема голема разлика, и за едниот и за другиот има само
зборови за пофалба. Хектор е големиот, синошлеместиот јунак. Но ако ги споредуваме
по моралните и човечките особини тие се практично спротивност. Ахил е освојувач,
разурнувач, одмаздник додека Хекор е воин бранител, чесен и морален. Чесноста е
најглавната Хекторова особина. Тој не ја предизвикал војната , виновник за тоа е
неговиот брат Парис, но за Хектор е незамисливо да не застане во одбрана на
семејството и градот. Тој ја сака, ја љуби својата жена Андромаха, пленува љубовта и
верноста која ја покажува кон неа, но посвета од тоа е љубвта кон родната земја. Кога
Андромаха го моли да не оди во битка затоа што само тој и останал и тој и е и татко и
мајка и брат тој и одговара дека на смртта не и избегал никој без разлика дали е
плашливец или јунак. Ни фактот дека синот ќе остане без татко, а таа ќе остане
вдовица не го расколебуваат Хектор. Тој и вика дека нема да бега како плашливец
затоа што тоа му го забранува срцето. Уште додава дека навикнал да биде чесен и
храбар и да се бори во првите редови секогаш. Срцето на Хектор е полно со храброст,
добрина, чеснот, благородност, достоинство. Пред борбата со Ахил му кажува дека ако
победи нема нагрди (унакази) туку ако го победи дека ќе му го земе оружјето и мртов
ќе го предаде на Ахајците. Ахил за жал таквата понуда ја одбива а потоа се изживува
над мртвото тело на Хектор. Сепак на крај тој е погребан со највисоки почести.

Ахајски

Агаменон - братот на Менелај, кралот на Микена и водач на грчката војска. Себичен,


арогантен, смел, често бесмислен, сепак моќен по природа и гордост, лесно
манипулиран од другите. Поважни се неговите сопствени интереси од оние на луѓето.
Поради ова, тој честопати ја доведува својата војска во неволја. Тој дури успева да го
испровоцира гневот на Ахил земајќи ја робинката Брисеида и со тоа оставајќи ја
Ахајската војска без најсилниот јунак долго време.

Патрокло- Ахиловиот најдобар пријател. Тие пораснале заедно и се сметале еден за


друг за браќа. Кога Патрокле не успева да го одоброволи Ахил ја зема неговата облека
и оружје и тргнува во битка против Тројанците. Храбар и бестрашен, за жал, го
заборава ветувањето што му го дава на Ахил и поради неговата голема желба да
учествува во борбата, тој е убиен во дуелот со Хектор, глумејќи го Ахил.

Одисеј - Според Хомер, Одисеј бил крал на Итака. Тој беше најмудриот Ахаец, умен и
верен. Неговата идеја била да го земе Троја со помош на дрвен коњ.

Менелај -Кралот Спарта, братот на Агаменон и сопруг на убавата Елена што ја


предизвика Тројанската војна. Тој е опишан како мудар и праведен владетел.

Тројански

Пријам -Кралот на Троја. Тој бил еден од најмоќните кралеви живеел во раскошна
палата со неколку жени со кои имал повеќе од педесет деца. Неговата човечност ја
гледаме кога оди да го моли Ахил за мртвото тело на Хектор и кога двајцата плачат .

Париз е млад принц, син на кралот Пријам и кралицата Хекабам братот на Хектор кој
воопшто не е како него. Млад, непромислен, себичен, кукавица, секогаш зад боговите
или зад братот Хектор. Иако тој ја предизвикува војната, повеќе сака да седи до
својата убава жена Елена отколку да војува. но не може да се справи со последиците.

Андромаха е сопруга на Хектор. Се карактеризира со убавина и благородност


Достоинствена жена која пред сè е го сака семејство. За да го сочува семејството, таа го
моли Хектор да не оди во војна и нема разбирање за неговите херојски подвизи.

Боговите во Илијада се разликуваат од луѓето само по тоа што се бесмртни и живеат во


изобилство. Инаку, тие ги имаат сите квалитети што ги разликуваат луѓето исто така.
Тие се чудесни, залудни, способни да мразат и сакаат, прават неправда и се склони кон
прељуба. Едни се на страната на ахајците, а други на страната на тројанците. Зевс се
труди да биде непреистрасен. На страната на Ахајците се Хера, Тетида, Атина, на
страната на Тројанците Аполон, Афродита..

You might also like