You are on page 1of 4

НАУЧЕН ИНСТИТУТ

ПР-ЗР-10 Примерок бр.__ Страна 1 од 4


ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

ПРОЦЕДУРА: ЗЕМАЊЕ И РАКУВАЊЕ СО ПРИМЕРОЦИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ

Одговорен за Координатор за Директор


Јуни 2020 квалитет квалитет
Издание 1

Ревизија 0 Датум Изработил Прегледал Одобрил

ОБ-СФ-01 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ПР-ЗР-10 Ревизија 0 Страна 2 од 4
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

1. ЦЕЛ

Цел на оваа оваа процеура е дефинирање на одговорностите и начинот на земањето на


примерок (изборот, земањето, чувањето и транспортот) и за прием и ракување со
примерокот. Во ракување на примерокот спаѓа прием, заштита и чување на примерокот
пред испитување, испитување, складирање и отстранување на примерокот.

2. ОПСЕГ
Процедурата се применува при земањето на примероци за испитување и нивно
евидентирање. Потоа од прием на примерок за испитување, ракување со примерокот при
испитување, складирање и отстранување.

3. РЕФЕРЕНТНИ ДОКУМЕНТИ

MKС EN ISO/IEC 17025:2018 (точка 7.3 и 7.4)

Прирачник за квалитет на Научниот институт за тутун-Прилеп

4. ДЕФИНИЦИИ И КРАТЕНКИ

План: Со планот за земање примероци се утврдува изборот, земањето, чувањето,


транспортот и подготовката на примарниот примерок и истиот се заснова на соодветни
статистички методи.

Примарен примерок: е збир на еден или повеќе инкременти првично земени од целата
популација.

Лабораториски примерок-Примерок кои представува дел од примарниот примерок земен


од страна на лабораторијата или примерок кој се зема од доставен примерок од страна на
корисникот.

5. ОДГОВОРНОСТИ
5.1. Раководител на Лабораторија
5.2. Персонал во лабораторија

6. ПРОЦЕДУРА

6.1. Примероци за испитување во лабораториите при Научниот институт за тутун-Прилеп


може да бидат:
- донесени од корисник или службено лице задолжени за доставување на примероци

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ПР-ЗР-10 Ревизија 0 Страна 3 од 4
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

за испитување до лабораторијата. При тоа корисникот или службеното лице заедно


со примерокот доставуват барањето за испитување или пополнува барање за
испитување на образец ОБ-ПБ-01 Барање за испитување;
- земање на примероци од страна на овластено лице од лабораторијата кое треба да е
однапред договорено со корисникот и документирано со план, метод и записник.
- доставени примероци за испитување за интерни потреби (проектни задачи,
докторски дисертации, прелиминерни испитувања, разработка на методи).Овие
примероци се доставуваат со заверено барање во кое точно ќе се назначи целта на
испитувањето, со потпис од раководителот на одделението и директорот.
6.2. Раководителотна лабораторијата ги одредува методите за земање на примероци за секој
производ за испитување и ги внесува методите за земање на примероци во Списокот на
методи во лабораторијата образец ОБ-ИВ-01. Методот за земање на примероци мора да
содржи постапка за избор на репрезентативни примероци, план на земањето, услови на
околината, големина на примерокот и транспорт.
6.3. Лабораторијата одбира соодветен метод за земање на примероци кој ќе ја обезбеди
валидноста на резултати од испитувањето на примероците. За соодветни методи се сметаат
меѓународни или национални стандарди, методи опишани во национална регулатива и дел
од метод за испитување во кој е опишано земањето и подготвувањето на примероците.
6.4. При земањето и транспортот на примероци мора да се постапува според планот и
методот/ протоколот за земање примероци за да се осигура дека земениот примерок не
отстапува и на тој начин не може да ја загрози валидноста на резултатите од испитувањето.

6.5. Пред земање на примероци од страна на овластено лице на лабораторијата подготвува


План за земање на примероци ОБ-ЗР-01 кој го одобрува Раководителот на лабораторијата.
Во планот треба да се земат предвид следниве елементи:
- барањата на корисникот и целта за која се зема примерокот;
- изборот на места за земање примероци;
- честотата и времето на земање примероци;
- хомогеност и пакување на примерокот;
- услови на околината, големина на примерокот, услови на транспорт и амбалажа;
- стандардниот метод.
6.6. Овластеното лице од лабораторијата и одговорното лице од корисникот прават запис за
земањето на примероци Записник за земен примерок на образец ОБ-ЗР-02. Еден примерок
останува кај корисникот.
6.7. Раководителот на лабораторијата изработува Работното упатство за прием, чување,
подготовка и отстранување на примероци за сите производи кои се испитуваат во
лабораторијата.
6.8. Овластеното лице од лабораторијата ги прима примероците кои се донесени со
архивирани барањето за испитување (ОБ-ПБ-01) и/или записник за земен примерок (ОБ-ЗР-
02) и постапува според пропишаното во работно упатство. По приемот се водат записи за
отстапувањата од соодветноста на производот или ако не е во согласност со дадениот опис,
лабораторијата мора да се консултира со корисникот да води запис за резултатите од оваа
консултација.
6.9. Одговорното лице пополнува приемница на образец ОБ-ЗР-03 и му се доделува
единствен лабораторискиот број, а Раководителот на лабораторијата го евидентира Во РД-

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0


НАУЧЕН ИНСТИТУТ
ПР-ЗР-10 Ревизија 0 Страна 4 од 4
ЗА ТУТУН-ПРИЛЕП

ЗП-01 Дневникот за прием на примероци и се запишуваат параметрите /карактеристики кои


треба да се испитаат.
6.10. Пред испитување се одвојува дел од примерокот во посебно пакување (хартиени ќеси,
затворени садови и друго), се обележува со единствениот лабораторискиот број и датум на
прием и се чува како контролен примерок во соодветен простор за контролни примероци
(шкафови, фрижидер, замрзнувач и друго). Времето на чување на контролниот примерок е
специфицирано во Работното упатство за прием, чување, подготовка и отстранување на
примероци.
6.11. Приемницата, дневникот за прием на примероци и усменото известување на
персоналот од страна на раководителот претставуваат налог за работа.
6.12. По поминување на времето определено за чување на примерокот по испитување и на
контролниот примерокт, остатокот се отстранува како комунален отпад или како што е
пропишано во Работното упатство за прием, чување, подготовка и отстранување на
примероци.

7. ДИСТРИБУЦИЈА

Примерок бр. Организациона функција


1. Раководители на лаборатории
2. Персонал во лабораторија

8. ЗАПИСИ
8.1. ОБ-ЗР-01 План за земање на примероци
8.2. ОБ-ЗР-02 Записник за земен примерок
8.3. ОБ-ЗР-03 Приемница
8.4. РД-ЗП-01 Дневник за прием на примероци
8.5. Работното упатство за прием, чување, подготовка и отстранување на примероци

9. ПРИЛОЗИ
9.1 ОБ-ЗР-01
9.2. ОБ-ЗР-02
9.3. ОБ-ЗР-03
9.4 РД-ЗП-01

ОБ-СФ-02 издание 1, ревизија 0

You might also like