You are on page 1of 1

Изданок

Неразгранетото стебло со листови и пупки, што се развива во еден вегетациски


период се вика изданок. Првиот изданок на едно растение што се развива од
семето, се образува во ембрионална пупка. Кај едногодишните тревести
растенија, целото растение претставува изданок, а кај многугодишните растенија
секоја година од пупките се развиваат нови изданоци.

Пупка
Пупката претставува многу скусен изданок кој се наоѓа во мирување. Изградена
е од врвен меристем, зачеток на стебло, зачеток на листови, зачеток на пазувни
пупки и покривни лушпи. Според местото на растењето на стеблото, пупките можат
да бидат: врвни или апикални и странични. Врвните пупки секогаш се развиваат
на врвот на изданокот и ембрионалната пупка е врвна. Страничните пупки според
потеклото можат да бидат: пазувни(растат од примарното меристемско ткиво во
пазувите на листните зачетоци) и адвентивни (се образуваат секундарно од
перициклот на стеблото и коренот, главно служат за вегетативно размножување).
Пупките се формираат во определени временски услови. Има пупки кои се
формираат и развиваат во истиот период, додека некои се формираат на есен, а
се развиваат на пролет(зимски пупки). Постојат и т.н. заспани пупки кои на пр. по
пожари, кога сите пупки се уништени, заспаните се развиваат.
Според тоа што образуваат, пупките се делат: лисни или вегетативни (образуваат
само листови), цветни или генеративни (образуваат само цветови) и мешовити
(образуваат и листови и цветови).

You might also like