You are on page 1of 4

ПРАВЦИ, ПИСАТЕЛИ И ДЕЛА

ДРЕВНА ЛИТЕРАТУРА

*Старогрчка литература
1. Хомер – Илијада, Одисеја
2. Софокле – Цар Едип
*Асировавилонска литература
1. Епот за Гилгамеш
*Хебрејска литература
1. Библијата
*Старословенска писменост
1. Св. Климент Охридски – Панонските легенди
- Пофално слово за нашиот татко и учител
Кирил Филозоф
2. Црноризец Храбар (Св. Наум Охридски) – О писменех (За буквите)

*Хуманизам и ренесанса
1. Данте Алигиери – Божествена комедија – италијанска литература
2. Франческо Петрарка – Канцониер
3. Џовани Бокачо – Декамерон
4. Мигел де Сервантес – Дон Кихот – шпанска литература
5. Вилијам Шекспир – Хамлет – англиска литература

*Класицизам
1. Жан Батист Поклен Молиер – Тартиф – француска литература

*Рационализам и просветителство – во Македонија


1. Јоаким Крчовски – „Слово заради завист“ (Различна поучителна
наставленија)
2. Кирил Пејчиновиќ – „Слово за празниците“ од книгата Огледало
- Утешение грешним
- Епитафот на Кириловиот гроб
3. Јордан Хаџи Константинов – Џинот – Труд ми е името (песна)

*Романтизам
- Романтизмот во светот
1. Џорџ Гордон Бајрон – Странствувањето на Чајлд Харолд – англиска
литература
2. Александар Сергеевич Пушкин – Евгениј Онегин – руска литература

- Романтизмот во Македонија
1. Димитар Миладинов
2. Константин Миладинов – Т’га за југ, Бисера, Голапче,
3. Григор Прличев – Сердарот
- Скендербег

*Реализам
1. Оноре де Балзак – Чичко Горио (класечен реализам) – француска литература
2. Фјодор Михаилович Достоевски – Злосторство и казна (психолошки
реализам) – руска литература

1
*Модерна
1. Едгар Алан По – Гарванот (предвесник на симболизмот) – американска
литература
2. Шарл Бодлер - Цвеќињата на злото (песната Албатрос) – творец на
симболизмот – француска литература

* Македонската литература на крајот од 19 и почетокот на 20


век
1. Војдан Поп Георгиев Чернодрински – Македонска крвава свадба

*Македонската литература меѓу двете светски војни


- македонска битово – социјална драма
1. Васил Иљоски – Чорбаџи Теодос (драма на интриги)
2. Ристо Крле – Парите се отепувачка (мотив на непрепознавање - корелација
со „Недоразбирање“ од Албер Ками)
3. Антон Панов – Печалбари
4. Коста Солев Рацин – Бели мугри (социјални мотиви)

*Македонска повоена литература


1. Стале Попов – Крпен живот (општествен, семеен и регионален роман)
2. Славко Јаневски – Улица (повест)
3. Ѓорѓи Абаџиев – Пустина (психолошки роман со историски примеси)

*Современа светска литература


1. Албер Ками – Странецот (егзистенцијализам, филозофија на апсурдот) –
француска литература
2. Самјуел Бекет – Чекајќи го Годо (антидрама, драма на апсурдот) – англиска
литература
3. Антон Павлович Чехов – Раскази – руска литература

*Современа македонска литература


1. Петре М. Андреевски – Пиреј (роман)
2. Живко Чинго – Големата вода (роман)
3. Ташко Георгиевски – Црно семе (роман)
4. Коле Чашуле – Црнила (драма на егзистенцијата, драма на идеја, драма со
теза)
5. Горан Стефановски – Диво месо (драма)
6. Блаже Конески (рефлексивна лирика)
7. Ацо Шопов (рефлексивна лирика)
8. Радован Павловски (рефлексивна лирика)
9. Гане Тодоровски (рефлексивна лирика)
10. Матеја Матевски (пејзажна лирика)
11. Влада Урошевиќ (рефлексивна лирика)

РИМА – видови рима


1. Вкрстена – АБАБ
2. Паралелна – ААББ
3. Прегрната – АББА

2
СТИХ – видови стих
- седмерец (7 слогови)
- осмерец (8 слогови)
- деветтерец (9 слогови)
- десеттерец (10 слогови)
- единаесеттерец (11 слогови)
- дванаесеттерец (12 слогови)

СТРОФА – видови
- дистих (од 2 стиха)
- терцина (од 3 стихови)
- катрен (од 4 стихови)
- пентина (од 5 стихови)
- секстина (од 6 стихови)
- септима (од 7 стихови)
- октава (од 8 стихови)
- нона (од 9 стихови)

СТИЛСКИ ФИГУРИ
Ономатопеја е гласовна фигура со која се имитираат звуците од природата, од
животните итн. Секој јазик спонтано создава такви зборови: шушка, кукавица,
гугутка, гулаб, кокошка, грми, бучи, грака, крека итн. Ономатопејата ја има и во
поезијата и во прозата, а и во секојдневниот говор.

Анафората е повторување на цели зборови на почетокот од стихот.

Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на крајот од стихот.

Симплохата претставува соединување на анафората и епифората, односно


повторување зборови и на почетокот и на крајот од стихот.

Палилогија е кога еден или повеќе збора од крајот на стихот се повторуваат на


почетокот од следниот стих.

Компарацијата претставува споредба на еден предмет или појава со друг.


Секогаш при споредбата се употребува зборот како или ко. На пр.: Гладен како
волк.
Антитеза е спротивност, односно споредување кое се заснова на спротивност.
На пр.: Ситиот на гладниот не му верува.

Словенската антитеза е фигура застапена во нашето народно творештво. Таа


се состои од прашање, негација на прашањето и одговор. На почетокот од
поемата „Сердарот“ од Г. Прличев ја среќаваме словенската антитеза.

Реторско прашање е фигура во која прашалната реченица служи како исказна.


Прашањето, а најчесто повеќе прашања не се поставуваат за да добиеме одговор
на нив, туку целта е да го изразиме чувствениот однос.

Инверзија е преметнување на редот на зборовите - обратен ред од оној што


граматички е најисправен.

3
Градација е степенување кое настанува со таков избор на зборови, слики и
мисли со кои се изразува постепено засилување или слабеење од почетната
позиција.

Епитет во најширока смисла е секој атрибут, односно секој додаток на


именката.

Метафората е скратена споредба. Кај неа не се кажува што со што се


споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата. Метафора може
да биде и замена на значењето на еден збор со значењето на друг.

Алегоријата е продолжена метафора, односно употреба на зборовите во


преносна смисла. Алегоријата може да биде во состав на еден стих или строфа,
но многу често таа се среќава и во цели состави како што се басните. Басните се
засновани на алегорија, животните во нив настапуваат како типови луѓе со
одредени карактеристики.„Божествената комедија“ од Данте Алигиери е во
алегорија.

Песонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните


предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини.

Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден


емоционален став. На пр.: Те чекам цела вечност.

You might also like