You are on page 1of 8

Македонски одговори

Литература како уметност


*Поимот уметност ја подразбира човековата творечка активност
со која се создава дела од духовна област.При уметничкото
творење човекот ги применува своите знаења стекнати со
искуството но и своите емоции,односно чуства.
*Постојат седум видови уметност кои се создаваат со различни
изразни средства:сликарство(боја),музика(звук),вајарство(маса),
архитектура(градежен материјал),игра(ритам),филм(подвижни
слики)литература(збор)-секое уметничко дело во својата
суштина пренесува некоја порака до примачот(оној што гледа
,слуша,чита)
*Поимот литераура потекнува од латинскиот збор (littera)што
значи збор(слово)отука литературата најчесто се дефинира како
уметност на зборот.
*Литературата се дели на народна литература и уметничка
литература.
-Народна литература е составен дел од фолклорот и уште се
нарекува и усна литература затоа што се создава и се пренесува
по устен пат.Авторот е непознат односно анонимен и во неа
спаѓаат народни песни,преданија,поговорки,гатанки ,творби што
се пренесувале од колено на колено.
-Уметничка литература подразбира литература која е создадена
од поединец и која има карактеристични естетски вредности.таа
уште се нарекува и писмена затоа што се твори и се пренесува до
примачите односно читателите по писмен пат.Авторот на
уметничката литература е познат и и творбите произлегуваат од
единка.
*Литературата може да се подели на поезија и проза според
припадност на родот литературата се дели на лирик,епика и
драмА се ЛИТЕРАТУРНИ РОДОВИ
*Поезија е литература во стихови
*Проза е литература која се создава со така наречен ‘’врзан
текст’’ односно дискуро и таа е раскажувачка литература
*Јазикот во литературата,пак во својата основа ја има естетската
функција

Литература и наука за литературата


*Науката која ја проучува уметноста воопшто се нарекува
естетика
*Науката за литература ја сочинуваат три основни научни
дисциплини со чија помош од различни аспекти се проучува
карактеристиките на литературата,односно на литературните
дела:
-Теорија на литература
-Литературна критика
-Историја на литература
*Наратологија е научна дисциплина која ги проучува
законитостите во раскажувачките литературни дела
*Рецензија претставува крато критички текст во кој се врши
приказ и оценување на едно литератирно дело
*Стилистиката е лингвистичка научна дисциплина која ги
проучува особеностите на јазичниот
израз(зборови,фрази,реченични констукции и друго.)
Митот и фолклорот како извори за литература
*Симбизиоза на музиката,играта,песната и драмата во древните
ритуали се нарекува синкретизам.
*Митот е света приказна исполнета со фантастични елементи.
Тој се јавува како резултат на недоволно развиена свест на
човекот за природните појави во првобитната заедница.Човекот
им препишувал натприродни способности при што измислувал
разни фантастични приказни.
*Кај разни народи со текот на времето се создавале бројни
митски приказни така што се оформувал еден збир од митови кој
се нарекува митологија,Покрај ова митологија значи и наука која
ги проучува особеностите на митовите.
ФОЛКЛОР
*Поимот фолклор доага од англискиот збор(folk-lore)што
означува народно знаење.
*Под поимот фолклор се подразбира збирот од народно
творештво кој ги опфака традиционалните сфакања и
суверија,обичајте,народната музика,народната песна,везот и
народните приказни,преданија пословици,гатанки и слично.
*Науката која што ги проучува и ги систематизира особеностите
на фолклорните материјали се нарекува фолклористика.
Поделба на литература
*Лирика во лириката авторот преку стихови ги искажува
субјективното,своите чуства кон некого или кон нешто.
*Епиката авторот се труди да воспостави еден објективен однос
кон настаните и ликовите за кои раскажува.Епиката се изразува
во стих и во проза.
*Драмата за драмата најкарактеристичен елемент е
акцијата,односно дејството.И драмата,како и епиката се изразува
во стих и во проза.
*Литературни видови: Лирика-химна,елегија,ода сатира,
Епика-еп,расказ,роман и слично
Драма-трагедија и комедија
*Литературата може да се подели на -
класична,романтичарска,реалистичка,модернистичка,постмодер
истичка и слично
-Според читателите на литературата-возрасни и литература за
деца и слично
-Според јазикот и националната припадност-
македонска,француска,англиска литература итн.
Споеред функцијата е дели на –поучна,забавна,пропагадна
литература итн.

Лирика
* Во Античкиот период под лирика се подразбирале песна
придружувана со музика ,односно со музички инструмент
лира.отаму потекнува зборот лирика кој во текот на историскиот
развој на литературата прераснал во литературен род со свои
особености
*Најзначајни карактериситки на лирикате се субјективност и
емоционалност.
*Преку лирските песни авторот,односно лирскиот субјект ги
искажува своите чуства и милси,своите субјективни доживувања
предизвикани од случувањата во надворешниот
свет(Радост,тага,срека,болка,мака, итн)
*Лирските литературни творби се кратки поетски дела(со
исклучок на поетската проза)
*За поезијата е карактеристично што таа е пишувана во стихови и
строфи.нивни основни придружни елементи се ритамот и
римата.
Стихот
*Стихот претаставува организирана поетска целина во еден ред
*Стихот е составен од зборови,а зборовите од слогови.слоговите
можат да бидат нагласени(акцентирани) и
ненагласени(неакцентирани)
*Во зависнот од ројот на слогови постојат:
Стих со 4 слога-четверец
Стих со 5 слога-петерец
Најдолг стих е шестнаестерец стих со 16 слога.
*Во зависност од ритмичките особености разликуваме:
силабичен стих,силаботонски стих,скалест стих и слободен стих.

Строфа
*Строфа е поетска целина составена од два или повеке стихови
Строфа со 2 стиха-дистих
Строфа со 3 стиха-терцина
Строфа со 4 стиха-катрен
Строфа од 5 стиха-петина
Строфа с 6 стиха-секстина
Строфа со 7 стиха-септима
Строфа со 8 стиха-октава
Строфа со 9 стиха-нона

Рима
*Римата е повторување и звучно совпагање на слоговите на
крајот од два или повеке стихови во една или повеке
строфи.може да се римуваат првиот и третиот стих

Ритам
*Ритамот претставува рамномерно повторување на определен
број елементи од кои се составени стиховите и строфите
*Главни особини на стихот се ритмичките стапките и цензурата
-Ртмичка стапка претставува збир,односно комбинација од
нагласени и ненагласени слогови во еден стих.
-Ритмички стапки:јамб,трохеј,дактил,амфибрах,анапест и други
-Цензура е интонациска пауза во средина на стихот.

Стилски фигури
*Секојдневниот говор и поетски јазик се разликува по начинот на
изразување .тој начин на изразување на мислите се вика стил.
*Науката која ги проучува начинот на изразување се вика
стилистика
*Јазичните средства кои имаат преносно значење и со кои се
гради поетскиот стил се вика стилски фигури односно тропи.
*Основни карактеристики на стилските изразни средства се
сликовитоста и звучноста.
*Во сликовити стилски стилски фигури
спагаат:метафора,споредба,хиербола,симбол,апострофа,епите,гр
адациј и др
*Во звучни стилски фигури се
ономатопеја,епифора,анафора,асонација,симплоха и др

Класификација на лириката
*Лириката се дели лириката се дели
на
:лубовна,социјална,патриотска,религиозна,рефлексивна,пејажна
и сатирина лирика
-Лубовна лирика-ги опфака лирските песни со кои лирскиот
субјект ги изразува своите чуства кон саканата личност.
-Во социјалната лирика се искажуваат мисли и чуства за
неправда која им се нанесува на угнетените и експлоатираниите
слоеви и за социјална не еднаквост во општеството
-Лирскиот субјект во патриотската лирика ги изразува чуствата на
лубов,почит и приврзаност кон татковината.самиот збор
патриотизам значи лубов кон татковината.
-Лирските песни во кои доминатни теми и мотиви се од областа
на религијата се нарекуваат религиозни песни.во нив лирскиот
субјект преку свој чуства ги воспева божествата кои што ги
почитува
-Рефлексивната лирика уште се нерекува и мисловна лирика или
филозофска лирика.во лирските рефлексивни песни лирскиот
субјект преку свој чуства искажува мисли и ставови за
определени вистини за светот и животот на човекот
-Пејсажна лирика е описна лирика.овде спагаат лирските песни
во кои поетот ги искажува своите чуства предизвикани од
природата и појавите во неа
-Во сатиричната лирика може да има разни теми и мотиви,но
лирските сатирични песни се препознаваат по сатирично-
хумористичниот начин на кој поетот ги изразува своите чуства
мисли и ставови.Преку сатиричните лирски песни се исмеваат
негативните карактеристики на поединецот и негативните појави
во општеството

You might also like