You are on page 1of 5

Пиктографско

Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале


преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо.
Тоа е најстариот организиран систем на знаци, а знаците што се
употребуваат се нарекуваат пиктограми. Ова писмо лесно се чита
затоа што не претставува ни еден јазик, туку преку цртежите
директно се претставени предметите. Недостаток е тоа што со ова
писмо не можат да се претстават чувства, туку директно се
пренесуваат мислите. Пештерските цртежи се најстарите примери
на ова писмо.Пиктограмите се цртежи на предметите што се
опишуваат, а на јазично ниво тие одговараат на речениците.

Поразвиена форма на пиктографското писмо претставува


идеографското писмо, а знаците што се употребуваат се нарекуваат
идеограми. Преку нив доаѓа до израз апстрактното и договореното
значење на искажаното, односно индиректно (со помош на јазикот)
се предаваат човековите мисли. Со текот на времето цртежите
почнале да се упростуваат и да добиваат симболичко значење (срце
– љубов, куќа – дом). Идеограмите се цртежи кои имаат преносно
(метафоричко) значење, а на јазично ниво тие одговараат на
зборовите. Најпознати идеографски писма се од месопотамската и
асировавилонската цивилизација – клинестото писмо, и од
египетската – хиероглифското писмо. Преодна фаза кон
најсовременото писмо претставува слоговното од кое се развило
фонетското.

ФОНЕТСКО

Идеографското писмо е организиран систем од


писмени знаци – симболи и претставува основа за
развој на фонетското (гласовното) писмо. Од
идеограмите, кои означувале поими на едносложни
зборови, се развило слоговното писмо, а слоговното
писмо било основа за фонетското (гласовното) писмо.
Буквите во фонетското писмо на јазично рамниште
најчесто одговараат на гласовите.
Фонетското писмо е гласовно, што значи дека
секој глас се бележи со еден знак (буква). Гласовното
писмо е строго организиран систем од знаци (букви),
кои секогаш се претставуваат според утврден ред –
азбука. Бројот на буквите во азбуката е ограничен,
стабилен и е историски обусловен. Гласовното
(фонетското) писмо го развиле Римјаните и
Словените. Од Римјаните потекнува латиницата, а од
Словените кирилицата.
. Други видови писма
.Во современото општество постојат и друг вид писма.
Тоа се: Брајовата азбука (Луј Брај) за слепи лица која
се чита со допир и Морзеовата азбука (Семјуел Морз)
која може да се види (составена од точки и цртички),
но и која може да се слушне (комбинација од кратки и
долги звуци). Морзеовата азбука се пренесува во
далечина со телеграфски апарат.

Уметноста е духовна дејност на луѓето со која човекот-уметник ги


искажува своите мисли и чувства и создава еден нов свет, свет
на уметничкото дело. Основната цел на уметноста е да се создадат
духовни содржини при чиешто создавање се користат
различни изразни средства (движења, зборови, звуци, бои и сл.), со
кои се создаваат слики и ликови полни со внатрешно
значење, предизвикувајќи силен ефект врз гледачите или
слушателите. Уметноста се создава поради длабоката потреба на
човекот за убавина. 
 ПОЈАВАТА НА ПРВОБИТНИОТ СИНКРЕТИЗАМ 
 Појавата на синкретизмот се поврзува со појавата на говорот што
настанал како резултат на поврзување на гласовите од
спонтаните извици, со кои првобитниот човек ги искажувал своите
желби и чувства и ги имитирал звуците од природата. Со
понатамошниот развиток на говорот, со повторувањето на исти извици
во ловот или во некоја друга работа, во говорот се јавува ритамот. Во
почетокот ритамот бил многу едноставен и се состоел од неколку
зборови, или извици, што рамномерно посилно се изговарале. По
создавањето на ритамот и пеењето за време на работата, првобитниот
човек го создал и танцот – играта. Со танцот ја искажувал својата
радост или тага. Играњето било придружувано со мимика и на тој
начин се создале мимичките танци, што се изведувале колективно.
 ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ СИНКРЕТИЧНА УМЕТНОСТ
 ПРВОБИТНАТА УМЕТНОСТ, ШТО ВО СЕБЕ ПОВРЗУВА И
ОБЕДИНУВА ПОВЕЌЕ УМЕТНОСТИ, НАЈЧЕСТО ТЕКСТ, МУЗИКА
И ИГРА, СЕ НАРЕКУВА СИНКРЕТИЧНА УМЕТНОСТ. 
 Синкретичниот карактер на уметноста  се среќава и денес: во балетот
каде што имаме единство на играта и музиката; во театарот – текстот и
играта; во филмот – текстот, играта, музиката и сликата .

Во зависност од изразните средства со кои се служи уметникот, се


создале неколку групи уметности: просторни, временски
и просторно-временски уметности.
 ПРОСТОРНИ УМЕТНОСТИ – сликарството (основни изразни средства се
четката и бојата), скулптурата (основни изразни средства се каменот и
длетото), архитектурата ( основно изразно средство е градежниот
материјал).
 ВРЕМЕНСКИ УМЕТНОСТИ – музиката (основни изразни средства се
тонот и гласот) и убавата литература – зборот.
 ПРОСТОРНО – ВРЕМЕНСКИ УМЕТНОСТИ -  глумата, говорништвото,
играта, филмот и телевизијата.
 ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ – резбата, килимарството, керамиката,
филигранот и кујунџиството.
 Со духовниот развој на човекот, кој е тесно поврзан со трудот, особено со
развитокот на човековиот говор, се јавува процесот на поделба
на синкретичната уметност. Според Веселовски, во
едно синкретично дејство се препознава обредот – востановените правила
при извршувањето на определени религиски дејства, миговите преземени
од општествениот живот. Всушност, текстот и мелодијата постепено се
одделуваат од играта, така што песната  почнува да живее како одделна
форма. Во обредните песни песната се одделува од обредот и се
диференцираат литературните родови. Од синкретичната целина прво се
издвоила епско – лирската песна, потоа чисто лирската, хорска или
солистичка и најпосле драмата, која имала карактер на религиозен култ или
народен обред.
 Во синкретичната уметност се наоѓаат почетоците на трите литературни
рода: лирика, епика и драма. Во мимичките танци искажувањето на
чувствата е лирски, раскажувањето на настанот е епски елемент, а
движењата придружено со мимика и извици е драмски елемент.

Уметничката литература, или, како што уште се нарекува, убава


литература го претставува светот и животот со зборови, па затоа се
нарекува и говорна уметност или уметност на зборот.
оделбa на литературата:
уметничка ( писателот се служи со поими, со зборови опишува
слики за                животот и светот, кои во свеста на читателот ја
предизвикуваат    Поделба на литературата фантазијата, чувствата
и му причинува естетско задоволство. Сето  тоа е познато под
поимот литерарност).
научна    (научникот се служи со поими, што влијаат на разумот на  
читателот со цел да дојде до научни вистини за светот и
животот; научникот се служи со поими, размислувања, логички
заклучоци и оценки).

You might also like