You are on page 1of 2

.

Анафората е фонетско-морфолошка фигура бидејќи се


повторуваат цели зборови на почетокот од стихот. Бидејќи често
се повторуваат повеќе зборови, односно делови од реченица, овие
фигури (анафората, епифората, симплохата и палелогијата)
приклонуваат кон синтаксичките фигури (или фигури на
конструкцијата).

Лист по лист кини,


лист по лист нижи,
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди…
(„Тутуноберачите“, Кочо Рацин)

(drug primer) Да ми купиш робинчица,


да ми чува машко дете... “

Епифора Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на


крајот од стихот.
Над мене сив облак и сива орлица
се договараат за нешто,
а јас мислам дека кај тебе
ме потскажуваат, Дениција.
Оти дошто видов кула и пладневна топола
беа како твојата става, Дениција.
Дошто сретнав омарнина и жито во движење
беа како твојата коса, Дениција.
Дошто открив сончоглед и светла пушкарница
беа како твоите очи, Дениција.
Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница
беа како твојата уста, Дениција…
(„Дениција“, П.М. Андреевски)

(drug primer) „Црнокосо невесто, о Лазаре!


Шчо си дворје не мело, о Лазаре!
Али чекаш Лазарки, о Лазаре“!
Ономатопеја е гласовна фигура со која се имитираат звуците од
природата, од животните итн.

Клип-клоп, клип-клоп,
се носел звук
во ноќта црна…
(„Балада“, Г. Тодоровски)

Градација
„Прва година помина
 грутка в срце и легна,
втора година намиона
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата“.
Градација  е стилско изразно средство со кое чувствата се
искажуваат (се редат, се степенуваат) според својата јачина,
интензитет. Се почнува од најслабото, па кон најсилното чувство.

.
Metafora фигура на говор кој директно се однесува на едно нешто со
споменување на друго заради реторички ефект.

„Целиот свет е сцена, и сите мажи и жени се само играчи; тие


излегуваат и влегуваат.“ - Вилијам Шекспир

You might also like