You are on page 1of 3

Драма

1.
-Драма е посебна форма на фикција наменета за изведување.
-Драмата е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите
и настаните е преку дијалошка форма.Се развила од синкретичката
уметност.
-Драмата има конфликт и судар.
2.
-Основоположник на античката драма е поетот Теспис.
3.
-Дијалогот е основниот белег на драмата.
-Дијалогот е основниот белег на драмата.
-Дијалогот е разговор меѓу два или повеќе лика во текот на
драмското дејство.
-Дидаскалии (ремарки, забелешки) се упатства кои ги дава
нараторот во загради, а се наменети за читателите, актерите и
режисерот. Во нив има податоци за времето, сцената, местото,
костумите, движењето итн.
-Епилогот се јавува на крајот од драмата и во него се кажува што се
случува натаму со ликовите или се искажува пораката на авторот.
-Драмата е составена од чинови. Во минатото имало строги
правила за чиновите, односно драмата морала да има пет чина,
што за современата драма не важи. Денес, среќаваме драми од
само еден чин (едночинки) или без чинови (само со слики).
-Ликовите може да зборуваат сами со себе, или да и се обраќаат на
публиката.Ваквиот говор на еден лик се нарекува монолог.
-Прологот се јавува на почетокот од драмата и ја информира
публиката (читателите) за времето и просторот каде ќе се одвива
драмското дејство.

4.
-Основни драмски видови се:
-трагедија-Трагедијата е драмска творба во која се прикажува
несреќната судбина на јунакот кој трага по некоја возвишена, но
недостижна цел. Во трагедијата се прикажуваат мрачни, жестоки и
тажни настани, ненадејни промени од среќа во несреќа, немоќта
на човекот да ја промени својата зла судбина и речиси секогаш
завршуваат со смртта на јунакот. Јазикот во трагедиите обично е
возвишен. Најпознати автори на трагедии се: Софокле, Есхил,
Шекспир и др.
-,комедија-Комедијата е драмска творба во која се прикажува
смешното во животот, односно се подложуваат на потсмев
негативните особини на луѓето или негативните појави во
општеството. Јазикот во комедиите е пообичен, погруб, вулгарен.
--современа драма.

5.Видови комедија
-комедија на карактер-Комедија на карактери е комедија каде
смешното се однесува на карактерот на главниот лик.
-комедија на нарави-Комедија на нарави е комедија во која се
исмеваат наравите и обичаите на одредени општествени групи или
професии.
-комедија на интрига-Во комедија на интригата смешното
произлегува од ситуациите во кои се вплеткуваат ликовите и на кои
им се случуваат неочекувани пресврти и недоразбирања.
-комедија дел-арте-Комедија дел арте е една слика од целата
комедија која се одвива под маски, а ја содржи само интригата,
недоразбирањето. Најчесто е претставен судирот меѓу млади и
стари; сиромашни и богати; паметни и глупави итн.
- Фарса- е кратка комедична слика чија цел е да предизвика смеа.
Фарсата се појавила во средниот век, служела за разонода и се
играла на плоштади, пазари и панаѓури.
-гротеска-Гротеска е комедија во која смешното се постигнува со
пренагласување на некоја карактерна особина на ликот, односно е
претставен како карикатура.
5.
-Идеален трагичен лик според Аристотел
-не е претстапник,но не ни исклучително добар иправеден
-сличен му е на гледачот,преорѓа од среќа во несреќа порадни
некоја грешка
-прави грешки од незнаење

You might also like