You are on page 1of 1

Жан де Лафонтен е прочуен француски баснописец и поет. Има напишано 240 басни.

Тој е
еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на
најпознатите баснописци во светската литература. Лафонтен не е само баснописец, туку и поет,
раскажувач, романописец и комедиограф.

Тој ја објавил првата збирка басни под наслов „Езопови басни“ кои Лафонтен ги сложил во
стихови. Басните доживеале голем успех преку нив тој сакал да открие некои сурови вистини
за животот на франзуското општество. Лафонтен фабулата ја црпи од басните на Езоп.
Поетскиот јазик во неговите басни е близок до народниот говор пишувани се во стихови и тоа
најчесто во слободен стих. Неговите басни се наменети за повозрасните читатели, а помалку за
децата. Во нив тој ги исмејува повисоките слоеви на француското општество како поповите,
чиновниците, лекарите и професорите. Не пропушта да исмее некој слабости на францускиот
монарх како горделивоста, самобендисаноста, уживањето да го фалат и неговиот презир кон
обичните луге. Предрасудите како што се во образеноста, дрскоста и паразитизмот ги
карактеризира со иронија и сарказам. Во многу басни тој ги исмејува лицемерството,
немилосрдноста и тиронијата на кралот Луј 14 и тој е еднинствен писател кој се осмелува да ги
исмее негативните особини на кралот во услови кога сите други му пеат пофални песни.
Басните на Лафонтен поради иронијата во нив повеке се сериозни отколку смешни. Во нив тој
ги прикажува животните препишувајќи им човекови особини. Лакомата лисица, лавот,
глушецот, јарецот и сите останати ликови од басните на Лафонтен се весели и мили, а преку
нив се отсликуваат одредени човекови особини или упатуваат на есенциални пораки. Така во
басната лавот и глушецот царот на животните бара помош од глувчето порачувајќи дека
малите животни можат да бидат полезни. Во тогашното општество правдата секогаш била на
страна на посилниот, но обесправените не молчеле. Тие по цена на својот живот се решиле да
бараат правда.

Лафонтен преку басните сатирачки ги прикажува сите горни и средни слоеви во 17 век.
Неговата сатира ги заобиколува малите угнетени луѓе. Нив ги краси верноста дарежливоста и
вистинското пријателство. Моќта на Лафонтен е во тоа што тој пишува дела чија содржина и
форма е блиска до народот. Раскажува со лесен ненамитлив и едноставан стил, речениците се
кратки, јасни и содржат зборови разбирливи за сите генерации. Неговите басни се
безвременски.

You might also like