You are on page 1of 10

Животот и творештвото на

Данте Алигиери
Данте Алигиери е италијански поет, роден
во Фиренца во јуни 1265 година, потекнува од
старо, но осиромашено, аристократско семејство.
И покрај скромната општествена
положба, Данте учел кај најдобрите
учители во тоа време. Toj покажувал
голем интерес за сликарството
 и за музиката, но најголемо
значење ѝпридавал на поезијата.
Тој ја читал латинската поезија
 со посебеn интерес,најмногу
 Вергилиј кого го сметал за свој
учител.
Во 1285 година Данте се оженил со Ѓема Донати. Тој
не пишувал многу за својата сопруга, наместо тоа
тој пишувал за својата муза Беатрис Портинари која
ја запознал кога имал само 9 години.

Данте и Ѓема имале 4 деца: Џовани, Антониа, Петро


и Џакопо.
Во раните години од прогонството од Фиренца, Данте
напишал повеќе важни дела на латински јазик. Едно
од нив е „За народниот говор“ (1304- 1305) во коешто
тој го дефинира народниот јазик како средство за
литературно изразување и се обидува да воведе
критериум за користење на пишуваниот италијански
јазик и италијанска поезија.
Боженствена комедија
Боженствена комедија ( La Divina Commedia)
претставува поетски циклус кој е составен од три
дела: „Пеколот“, „Чистилиштето“ и „Рајот“. Секој дел
се состои од 33 песни од строфи со по 3 стиха, а
заедно со воведната песна сочинуваат 100 песни. Во
сите три дела има: 9 круга во пеколот, 9 степени на
усовршување во чистилиштето и 9 неба во рајот.
Бројот на стихови во сите три дела е еднаков и сите
завршуваат со зборот ѕвезда.
„Божествената комедија“ има
многу ликови и тоа: негови
современици – важни
личности од политичкиот и
културниот живот;
историски личности –
јунаци, уметници, поети;
како и митолошки
суштества, личности и
божества. Сите овие ликови
суштествуваат паралелно,
без разлика на кое време
им припаѓаат и дали се
вистински или измислени.
Делото „Пир“ („Гозба“) содржи 14 алегорични песни поврзани
со раскажување каде Данте ги искажува своите ставови за
човековиот разум, за задгробниот живот, ангелите и Бог.

Значајно е тоа што делото го напишал на народен говор, а не на


латински јазик како што до тогаш се пишувало. Оттогаш тој
почнува да се занимава со филолошки работи и да ја
пропагира уптребата на јазикот кој го разбираат сите. Вака тој
станува зачетник на формирањето на италијанскиот
литературен јазик. 
Нов живот
Нов живот (La vita nuova) е првата збирка песни на
Данте во која тој ја искажал својата љубов кон
Беатрис. Збирката содржи 30 песни поврзани со
прозно раскажување. На почетокот тој ја раскажува
својата прва средба со Беатрис (тој имал 9, а таа 8
години), кога иако дете почувствувал дека „душата му
затреперила“. Љубовта, по нејзината смрт, се
претвора во тага, но и во ветување дека ќе го воздигне
нејзиниот лик.
Данте Алигиери
починал во Равена во
1321, најверојатно од
последица на
маларија. Погребен е
во црквата што денес
се вика „Свети
Франческо“, во
Равена, а на гробот
стои стихот на
неговиот пријател
Бернард Каначи:
„Фиренца, мајка на
малата љубов".
Изработено од:
Јана Куноска и Елена Јакимовска

You might also like