You are on page 1of 11

ФРАНЧЕСКО ПЕТРАРКА

(1304-1374)
ЖИВОТНИОТ ПАТ НА ПЕТРАРКА
• Роден е во Арецо, но по потекло бил од Фиренца. Неговиот
татко бил современик и истомисленик на Данте (од партијата на
белите гвелфи) и бил прогонет од градот. Подоцна семејството
се преселило во Авињон, Јужна Франција, кој во тоа време бил
папско седиште.
• Како мал се запознал со античката римска литература, а
подоцна студирал правни науки на Болоњскиот универзитет. По
смртта на родителите, се вратил во Авињон и станал
свештеник.
• Петрарка многу ги сакал патувањата. Бил испратен на научно
патување низ Франција и Германија, се искачил на алпскиот врв
Мон Банту, а потоа го посетил Рим. Негов покровител бил еден
римски благородник и мецена.
Куќата на Петрарка во Арецо
Лаура - платонската љубов на
Петрарка
• Петрарка на 23-годишна возраст во една
црква ја здогледал младата жена Лаура во
која се вљубил на прв поглед, но љубовта
останала платонска, невозвратена, бидејќи
таа била мажена за извесен гроф со кого
имала повеќе деца. Умрела многу млада.
• Лаура станала негова муза и поетска
инспирација за да го создаде капиталното
дело „Канцониерот“.
ЉУБОВТА НА ПРВ ПОГЛЕД КОН ЛАУРА
Петрарка како поет
• Петрарка имал соработка со Џовани Бокачо и
неуморно работел и истражувал. Умрел во
Падова, читајќи еден стар антички ракопис.
• Петрарка е најголемиот лиричар на
предренесансата кој оставил длабоки траги врз
светската поезија. Бил овенчан поет (со ловоров
венец) и почитувана личност уште за време на
животот (прогласен за најголемиот жив поет на
Италија). Тој е првиот вистински лиричар во
европската литература, поет-индивидуалист,
свртен кон сопственото лирско „јас“.
Творештвото на Петрарка
• Пишувал и на латински и на народен јазик, ама
сметал дека вистинска уметност треба да се создава
на латински јазик, иако светска слава добил со делото
кое го напишал на народен јазик - „Канцониерот“.
• На латински јазик ги напишал:
*епот„Африка“, зборникот од биографии „За
знаменитите луѓе“, „Посланица“ (писма во стихови) и
„Писма без адреса“
• На народен јазик ги напишал:
*покусиот еп „Триумф“ и неговото капитално дело
„Канцониерот“
Данте, Петрарка и Бокачо - света
тријада на предренесансата

You might also like