You are on page 1of 23

Волфганг Амадеус Моцарт

Волфганг Амадеус Моцарт (герм. Wolfgang Amadeus Mozart; Салцбург, 27


јануари 1756 - 5 декември 1791 во Виена) е голем австриски композитор,
автор на повеќе музички дела, се смета за еден од најголемите композитори
на европска класична музика. Тој создал неверојатно големо дело на камерни,
симфониски, религиозни и оперски дела за различни соло инструменти,
особено за пијано. Иако бил не многу малку ценет за време на неговиот
животен век, Моцарт го обожавале многу подоцнежни композитори. Tој
можел да свири со рацете од позади.Некои го нарекувале чудо од дете. И
покрај тоа што добивал нервни напади во текот на својот краток живот
напишал дури 179 композиции.

Секој јануари во Салзбург се организира недела по повод раѓањето на овој


музички гениј. Овој град целосно е во знакот на композиторот и во текот на
целата година. Неговиот лик може да се види на разни предмети, а овој гениј,
иако и за животот славен, погребан е во заедничка гробница како сиромав
човек.

Волфганг Амадеус Моцарт е роден во Салзбург на 27 јануари 1756 година, во


музичко семејство во кое пред да научи да чита почнал да употребува ноти.
На 4- годишна возраст веќе почнал да компонира, а на 9 години ја напишал и
првата опера – Бастиен и Бастиена. Кога имал само шест години свирел пред
царицата Марија Терезија. Во текот на својот кус живот од првото дело,
Манует, кој го напишал на само шест години до последното напишано пред
смртта, Реквием, Моцарт создал околу 630 разлини дела меѓу кои и околу 50
симфонии и 20-тина опери.

Со татко му, Леополд, Моцарт од мал патува и гостувал во многу европски


градови каде го слушала и гледала елитната европска публика. Така уште од
неговата младоста имал имиџ на музичар кој патува, и таквиот имиџ ќе го
следи до смртта. Од концерот во 1762 година на дворот на баварскиот принц
во Минхен, потоа на австрискиот двор во Виена, европските патувања ќе го
одведат Моцарт во Манхајм, Аугзбург, Париз, Лондон, Хаг, Цирих, Прага.
Според некои биографи, Моцарт во Прага се скрил после спорот со самата
царица Марија Терезија која наводно дури и нарачала негово убиство.

Иако е еден од најславните композитори на сите времиња, неговата


биографија е прикриена со таинствен вел. Познато е дека во 1782 година се
оженил против волјата на татко му со Констанца Вебер со која имал шест
деца од кои само два сина преживеале, а ниту еден од синовите не се оженил
ниту пак имал потомство. Живеел на работ на сиромаштијата, често не бил
платен за својата работа, а и тоа што го заработувал го трошел на
екстравагантен начин на живот и на коцка. Своето последно дело Реквием, го
пишувал по нарачка за еден благородник. Реквием, или „Миса за мртвите“
како да ја пишувал и за себе. По тешката болест за која и денес се појавуваат
нови толкувања и теории, вклучувајќи го и труењето како и болест на грлото
или белите дробови, Моцарт умира на 5 декември 1791. Неговото семејство
целосно осиромашено немало пари да за  достоинствен погреб и како сите
сиромашни од тоа време и овој голем музички гениј е погребан во заедничка
гробница. Гробот на Моцарт ни денес не е познат.

Денес Моцарт е славен како еден од најголемите музички гении. Сликата за


него со текот на времето се менувала, од вундеркинд до миленик на жените и
уметник желен за живот. Денес би бил милионер само од
комерцијализацијата на неговото име, а делата кои ги оставил се дел од
постојаниот репертоар ширум светот. Моцарт е денес поп икона и човек пред
чии композиции никој не е рамнодушен. Тој е секаде околу анс, од мобилните
телефони до метро станици, Моцарт е синоним за музика и генијалност, но
пред се, Волфганг Амадеус Моцарт е прекрасно наследство на нашата
цивилизација. Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“,
„Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.
Јохан Штраус

Јохан Штраус (25 октомври 1825, Виена - 3 јуни 1899, Виена) бил австриски
композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска
оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите:
„Лилјакот“, „Циганскиот барон“ и валцерите „На убавиот син Дунав“. Тој бил
наречен „Крал на валцерите“ бидејќи има искомпонирано 400 валцери.

Неговиот пра- прадедо бил унгарски Евреин - факт кој од нацистите,кои ја


оценувале неговата музика како оригинално германска, подоцна сеобидел да
го скрие. Неговиот татко не сакал тој да стане музичар, тукубанкар. Сепак,
Јохан учел тајно да свири виолина како дете со првиотвиолинист на
оркестарот на неговиот татко, Франц Амон. Кога татко му гооткрил неговиот
син дека тајно вежба виолина, еден ден тој го камшикувал,велејќи дека тоа
треба да ја победи желбата за музика на момчето. Тоа сеслучува во периодот
кога таткото се откажува од неговото семејство зарадисвојата љубовница.
Тогаш доаѓа период кога синот има можност да секонцентрира целосно на
кариерата како композитор со поддршка нанеговата мајка.Штраус студирал
контрапункт и хармонија со професорот по теоријаЈоаким Хофман, кој
поседувал приватно музичко училиште. Неговиотталент бил признат од
страна на композиторот Јозеф Дреслер, кој го научилвежби по хармонија.
Неговиот друг учител по виолина, Антон Колман одВиенската опера, исто
така, пишува одлични препораки за него. Наоружансо овие, тој се приближил
до виенските власти за да аплицира за дозволаза изведување. Тој првично
формира негов мал оркестар каде шторегрутира членови од една таверна,
каде што музичарите кои бараатработа можеле лесно да се најдат.Тој го
направил своето деби во 1844 година со неговиот оркестар вовиенското
предградие Heitzingu. Од 1847 година изведувал концертнитурнеи низ
европските земји, а 1872 година и во САД.И покрај првичните фанфари,
Штраус наиде на потешкотии вонеговите рани години како композитор. Но,
откако прифати да изведуванадвор од земјата, тој ја освои публиката. Првото
негово вработување,
Јоханес Брамс

Јоханес Брамс (гер. Johannes Brahms; Хамбург, 7. мај 1833 — Виена, 3. април
1897) бил германски композитор. Претставник е на доцниот романтизам, бил
извонреден пијанист и плодан композитор.

Роден е у Хамбургу, каде татко му бил контрабасист. Родителите имале


намера од малиот Јоханес да направат прав оркестарси музичар, така д аод
почетокот почнува од својот татко да учи виолина, виолончело и хорна.
Каријерата сепак ја започнал како пијанистички виртуоз, но скапоста на
инструментот многу ги разочарало Брамсовите родитељи. Роберт Шуман му
помогнал да се афирмира како композитор, представувајќи го на музичката
јавност. Најголем дел од животот творел во Виена, каде се напишани сите
негови ремек дела.

Често се инспирирал од народната музика нарочито се истакнал на подручјето


на камерната музика и соло песните. Четири симфоније, два клавирска
концерта, Рапсодија за алт, виолински концерт во D-dur - у, дворски концерт
за виолина и виолончело во A-mol - у, германски реквијем, и бројни соло
песми само се дел од Брамсовото богато творештво. Како пијанист имал
бројни турнеи со виолинистот Ремини - Хофманом
Фредерик Шопен

Фредерик Шопен (полски: Fryderyk Franciszek Chopin , полски: Frédéric


François Chopin; 1 март 1810 Желазова Вола – 17 октомври 1849, Париз) —
полски[2] композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од
најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Шопен се родил во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка


му била полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за
чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20 годишна возраст и никогаш
повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач,
учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име
„Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската
писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39
годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (главно соло), и тие се сметаат дека


припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета
за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и
експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има
измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни
иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата,
валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова,
Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот
фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези
се камен темелник на полската национална класична музика.
Тамбура

Тамбура (  /tæmˈbʊərɪtsə/ или /ˌtæmbəˈrɪtsə/) (хрватски: Tamburica, српски:


Тамбурица, Tamburica, со значење мала тамбура, унгарски: Tambura, грчки:
Ταμπουράς) е традиционален јужнословенски инструмент. Тамбурата е жичен
инструмент, сличен на мандолината, чија појава е поврзана со турските
освојувања на Балканот. Иако донесена од Турците, тамбурата е всушност
стар месопотамски инструмент. Најстарите пишани документи за тамбурите на
Балканот потекнуваат од 1551 година од подрачјата на Србија и Босна.
Тамбурата е особено специфична за муслиманските словенски заедници во
Босна и Херцеговина, на Косово и во Македонија, но со миграциите на
населението таа станала најважен инструмент во музиката во Славонија и
Војводина - подрачја каде и ден денешен цвета тамбурашката култура.

Тамбурата е составена од три дела: труп, врат и глава. Традиционално


најчесто се изработувала од јаворово, липово, јабланово или крушково дрво,
и тоа од единствено парче, што денес е сѐ поретко. Наместо тоа денес се
практикува составување на деловите, претежно направени од меко дрво (чам
или смрека). Големината варира според многу параметри, особено според
намената; постојат мали тамбури (некои долги само 37 cm), тамбури со
стандардна големина (од 70 до 90 cm) и големи, оркестарски, тамбури (до 150
cm). Бројот на жици може да биде 4, 5 или 6, распоредени посебно или во
парови.

Култот кон тамбурите и тамбурашката музика е особено развиен во Војводина


и Славонија. Тамбурашката музика и тамбурашките песни се дел од
фолклорот и секојдневниот живот на Војводинците и Славонците, а често
пати се неразделно поврзани со боемски живот, или, како што е попознато во
овие краишта: беќарски живот. Тамбурашката музика е разновидна: од брза и
весела, па сѐ до тажна и развлечена. Најчеста тематика на тамбурашките
песни се: Дунав, Панонската низина и љубовта. Најпознат водач на
тамбурашки оркестар воопшто бил Јаника Балаж (1925-1988), додека
најпознат и ненадминат изведувач на тамбурашки песни - Звонко Богдан.
Ќемане

Ќемане (виолина) од пченка - називот ќемане е повообичаен и


пораспространет. Како материјал за изработка на овој инструмент служат
страковите од пченка. Стракот се сече на две соседни колена. Растојанието
меѓу нив го диктираат колената. Звукот се произведува со движење на едниот
преку другиот страк. При движењето на едниот страк преку другиот,
настанува некакво чкртање, цимолечки глас со неодредена височина.
Инструментот го користат исклучиво децата како детска играчка.
Ут

Назив на инструментот потекнува вероватно од арапскиот збор ал уд за дрво


или персијскиот збори руд што значи жичан инструмент. По Ал Фарабију,
персијскиот научник од десетиот век, инструментот уд го измислилсинот на
Ламех-Матусалов. Најстариот ликовен запис датира од периодот на Урук
периода во јужна Месопотамија, пред повеќе од 5000 години, а се наоѓа на
печатот кој се чува во Британскиот музеј. Овој инструментј уште се вика и
крал на сите инструменти.

 
Канон

Канон (фарси: ‫ ق}}}انون‬qānūn ; грчки: κανονάκι, множина κανονάκια;


Ерменски: քանոն k’anon; Арапски: ‫ ق}}انون‬qānūn, множина ‫ ق}}وانين‬qawānīn;
Азерски и Турски: kanun; qanún или kanun) е струнен инструмент, еден вид
псалтер[1], со правилен трапезоиден корпус. Најчесто се изработува од
јаворово дрво. Трапезоидниот корпус на канонот е затворен со штичка од
смрека и козја кожа. Над козјата кожа е поставен потпирач (магаренце) за
струните, потпрен на четири места. Над кожата е смрековата штичка, како
покривачи на корпусот, се затегнуваат од 24 до 27 црвени струни, групирани
по три и штимувани унисон. Звукот се произведува со удирање по струните со
метални напрстоци, во кои се вденати целулоидни плекрони, углавени на
прстите на левата и десната рака. Секоја октава кај Арапите се именува со
зборот “дар“. Дијапазонот на инструментот варира меѓу две и три октави.
Канонот е виртуозен инструмент и како таков го среќаваме и како солистички
инструмент. Како ансамблов инструмент го среќаваме во чалгиските
ансамбли. Канонот е пренесен во Македонија од турските патувачки
чалгаџиски групи. Во Македонија се користи арапскиот канон
Тарабука

Тарабуката е македонски народен ударен инструмент со арапско потекло,


изработен од глина во форма на вазна, затворена со штавена кожа, по
широката кружна површина. Египетскиот назив за овој инструмент е
дарабуке, а арапскиот дарабуках.

Во Македонија корпусот на тарабуката се изработува од глина. Тарабуката се


состои од два дела: горниот дел во форма на тимпан, со кружен отвор,
затворен со штавена кожа, поставен на празна цевка проширена при крајот.
Вкупната височина на тарабуката варира меѓу 200 и 450 мм. Корпусот на
тарабуката може да биде украсен со шари или без нив (еднобоен). Тонот се
произведува со удирање по распнатата кожа, наизменично со левата и
десната рака. Тарабуката најчесто при свирењето се држи под левата мишка,
врзана со врвца префрлена преку рамото. Денес тарабуката често се користи
како ритмички инструмент во различни состави на народните оркестри.
Денешните истражувања упатуваат на заклучокот дека во Македонија
тарабуката ја пренесле патувачките турски ансамбли.
Тапан

Тапаните се дел од перкусионистичката група на инструменти, а технички се


класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен од мембрана, која е
растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз
нејзе се врши притисок. Тапанот е направен од буково, оревово или
костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни.
Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои
дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички
инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници
години. Тапаните неможат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се
одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат
на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од
неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.

Најголемиот број тапани се свират со помош на раце, палици, четкици за


тапани и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична
функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во
музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија
врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и џезот, тие се
користат за изведување на музички композиции. Тапанџијата го чува тапанот
нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со
кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење
резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и
непредвидлив ритмички израз. Тапанот ретко се користи како соло
инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли.
Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата
на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на
јажињата, едно по едно.

Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните


музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред
определени сигнали. Во Африка тие се користеле за комуникација на големи
далечини. Во Шри Ланка, тапаните биле користени за комуникација помеѓу
државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за
мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето.
Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.
Дајре

Дајре — вид мал, рачен тапан со една опна, растегната на дрвен, а поретко
на метален обрач. По должината на обрачот врежани се отвори, во кои се
вметнати прапорци или метални плочки.
Инструментот се тресе или удира со рака, или пак се струга по опната или по
обрачот, при што прапорците ѕвецкаат.
Дајрето има многу различни форми, но најчеста е кружната. Го има во многу
форми на музиката:италијанската народна музика,Бугарската народна музика,
класичната музика, ромската музика, персиската музика, госпел музиката, поп
музиката и рок музиката. Зборот дајре, односно tambourin потекнува од
средноперсискиот збор tambūr што значи "лира, тапан".
Како фолклорен инструмент дајрето е раширено во Европа уште од Средниот
век, посебно во земјите на Средоземјето.
На Балканот е одомаќинето на Балканот. Се употребува како придружба на
танцување или пеење. Дајрето се појавува и во оркестар.
Гајда

Гајда — двогласен македонски народен дувачки инструмент кој се состои од:


 гајдарка, која се прави од дреново дрво. Гајдарката има седум
дупки на лицето и една дупка за палецот на опачината; на крајот на
цевката се прикачува славец,
 брчало, бучало или рог кое е направено од три дела кои се
спојуваат; истото произведува континуиран тон (вториот глас),
 дувало поврзано со мевот,
 мев, направен од штавена овча или козја кожа.
Пред свирење гајдата се штима. Ова се изведува со свирење на петтиот тон
на гајдарката (додека погорните дупки се затворени) и со прилагодување на
должината на брчалото, така што истото свири две октави пониско.
Гајдата се држи под рака (мевот се дополнува со воздух од време-на време).
Гајдарката се држи со двете раце, така што прстите од левата рака работат со
долните 4 дупки, додека горните три и палечната дупка се работат со прстите
од десната.
Брчалото се префрла преку рамо, преку десната рака или може да виси.
Гајдата може да свири 9 дијатонички и 2-3 хроматички тонови.
Најкористените клучеви се B и A, но и подолните клучеви исто така можат да
се употребуваат. Репертоарот за гајдата се состои од народни ора и песни,
кои се изведуваат за време на празници. Гајдата се изведува соло и како дел
од ансамбл во изведба на ора и инструментални импровизации.
Зурла

Зурлата е македонски народен дувачки инструмент направен од оревово или


сливово дрво. Зурлите, исто така, се користат во народната музика од земјите
во регионот, особено Ерменија, Бугарија, Хрватска, Турција, Азербејџан,
Ирак, Курдистан, Грција, Асирија, Иран, Израел, Авганистан, Албанија, Босна
и другите Кавкаски земји. Најчесто се изработува од кајсија (Prunus
Armeniaca). Името зурла дошло преку турскиот збор „zurna, surla", кој
потекнува од персискиот збор сурна(ј) ‫رنای‬:‫ س‬surnāy (сур = прослава + нај =
кавал). Се состои од два дела: конусна цевка и славец кој се вметнува во
горниот крај.
Зурлата има седум дупки и една палечна дупка од задната страна, како и
издувни дупки при долниот дел, и трска со диск на горниот.При свирење,
сурлата се држи со двете раце под агол од ~45° во однос на видното поле.
Прстите од левата рака работат со долните четири дупки, додека прстите од
десната работат со горните дупки и палечната дупка. Сплесканата трска се
става цела во устата, а усните се допираат со металниот диск (медник) кој им
помага на образните мускули. За свирење на овој инструмент потребна е
техника на кружно дишење.Зурлата свири две октави од (отприлика)
природната скала. Хроматичните тонови (D#, F#, A# и B#) исто така може да
се свират со промена на притисокот и комбинација од покривање на дупките
за тонови.Овој инструмент има карактеристичен, многу гласен и продорен
звук и речиси секогаш е придружувана од тапани. Стандардна комбинација се
две зурли и два тапана.
Се смета дека зурлата е донесена во Македонија од блискиот исток, од
ромите или турците.
Репертоарот на зурлата се состои од ора, кои се изведуваат на свадби,
празници или испраќања
Кавал

Кавалот е македонски народен дувачки инструмент отворен од двете страни,


изделкан од едно јасеново парче и орнаментиран низ целата должина.
Горниот крај на кавалот е малку стеснет и со остар раб. Овој инструмент има
7 дупки за прстите на лицето и една за палецот на опачината. Дупките се
рамномерно распоредени (со 2 см раздалеченост), со тоа што шестата дупка е
отприлика при средината на инструментот.
При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол од околу 45° во однос
на телото, со тоа што четири прста од едната рака работат со долните купки,
а со горните три дупки и задната палечна дука работи другата. Устата
покрива ~3⁄4од крајот на кавалот. Промената на притисокот при дување во
него го менува и висината на звукот.
Зависно од клучот (тоналитетот), кавалот може да биде во повисок регистар
(C, C#), среден регистар (D, H) или низок регистар (A, B). Кавалот може да
свири 21⁄5октави од хроматичната скала. Звукот му е топол, меланхоличен и
пријатен.
Додека во минатото ова бил овчарски инструмент, денеска се користи во
народни песни и ора како дел од ансамбл или соло. Кавалот често се свири во
парови. Првиот кавалџија (или водач) го води другиот (полагач), со тоа што
кавалот е во истиот клуч, обично понизок, како C, C#, D, иако се користат и
други клучеви. Калибарот на кавалот е 16мм, но постојат и кавали со калибар
од 17mm кои се препорачуваат на поискусни кавалџии од изработувачот
Стојанче Костовски.
Кавалот обично стои на дрвен држач (арбија), кој го штити од искривување и
ја чува внатрешноста замастена.
Дудук

Дудукот — македонски народен дувачки инструмент, со зарамнет крај. Се


прави од дреново, јаворово или други дрва и го има во две големини: 700-780
мм и 240-400 мм (дудуче). Свирењето на дудукот е прилично лесно, и затоа е
широко застапен низ Македонија. Звукот му е чист и пријатен. Дудукот свири
две октави, со дијатонички и хроматски тонови. При свирењето, истиот се
држи вертикално пред телото.
Шупелка

Шупелка — македонски народен дувачки инструмент сличен на кавалот


(отворен од двата краја), со исклучок на тоа што шупелката е пократка (240-
350 мм). Се прави од оревово, дреново, јасеново или јаворово дрво.
Шупелката свири хроматичка скала (две октави), со исклучок на првата нота
од долната октава. Во долниот регистар, шупелката оддава мек и пријатен
звук, додека во горниот регистар звукот ѝ е остар и пискав.
Овој инструмент има шест дупки и е стеснет при горниот крај. Се свири со
трите средни прста од двете раце и се држи под агол од 45°. Се користи за
солистички импровизации како и заедно со други инструменти.Шупелката има
многу сличности ама и разлики со кавалот.
Македонски ора

Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и


музичка традиција.

Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските


ора можат да се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни,
јужни, северни и источни.
Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од
имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на
орото, начинот на држење и обичаите.
Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици,
Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки,
обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или
за рамиња, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите
играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои
може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на
десно, но има и ора што се вијат на лево.
Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал,
тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина,
кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се карактеристични за градовите.
Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полу-свртување,
клекнување, потскокнување, подрипнување, трусање, вкрстен чекор,
страничен чекор, играње на колена и многу други.
Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора, и тоа обично од бавно кон
брзо.
Најчести ритми се: 2/4 и 7/6 (3,2,2), (3/4, 3/8, 4/4, 6/8, 5/16 (2,3), 7/16 (2,2,3),
8/16 (3,2,3), 9/16 (3,2,2,2), (2,3,2,2), 11/16 (2,2,3,2,2) и (3,2,2,2,2), 122/16
(3,2,2,2,3), 13/16 (3,2,3,2,3), 18/16 (2,2,3,2,2,2,3) и 22/16(2,2,3,2,2,3,2,2,2). Во
нашата татковина-Македонија постојат различни видови ора.Најпознати од
нив се: -Правото, -Пајдушкото, -Елено моме, -Чупурлика. Постојат и други
видови ора кои се применуваат во одреден дел од нашата држава.Ние се
гордееме со играорците кои не претставуваат во другите држави во Европа и
во светот.Играорците кои играат оро нисат народни носии кои припаѓаат во
тој град. Ората се танцови кои се наша традиција(се пренесуваат од колено
на колено).
Невестинско оро

Играчки состав — жени.

Држење на играчите — за раце (подигнати во висината на рамото, свиени во


лактите со китките малку напред).
Метар — 7/16 (3, 2, 2).
Карактер на орото — Типично женско оро со одмерени и елегантни чекори и
движења. Во почетокот се игра бавно во слободен ритам, подоцна влегува во
строго одреден ритам и кон крајот постепено се забрзува. Погледите на
играорките секогаш се свртени кон правецот на движењето на орото. Целото
оро се игра со балансирање.
Почетна позиција — играорките се во полукруг, една до друга. Лицата им се
свртени кон центарот на кругот. Тежината на телото е на левата нога, а
десната ја допира земјата со прстите, подготвувајќи се за почетниот чекор.
 
Тресеница – Македонско Народно Оро

Локалитет—Мариовско.
Играчки состав — жени.

Држење на играорките — Првиот начин: двете раце се подигнати горе и се


свиени во лактите за околу 90°. Китките во тој случај се отворени и свртени
кон внатрешната страна; вториот начин — исто како во првиот, само што сега
во десната рака држат шамиче; и третиот — десната рака исто се држи како
во првиот начин а левата свиена се држи за појасот.
Метар — 2/4.
Карактер на орото — типично женска игра со одмерени и достоинствени
движења и изразито балансирање на телото. При поминувањето од целото на
полу стапалото има нагласено удирање со петицата на земјата. Содржи и
мимичко драмски елементи со кои се прикажува тресење на крпи, огледување
на огледало. Играорките се движат една зад друга или една до друга.
Почетна позиција — играчите се во полукруг една зад друга во I и IV
варијанта и една до друга во II и III варијанта. Тежината на телото е на
левата нога, a десната ја допира земјата со прстите. подготвувајќи се за
почетниот чекор. Во IV варијанта тежината е на обратната страна, т.е. на
десната нога, а левата се подготвува за почетниот чекор.
Копачка (оро)

Копачката е македонско машко соборско оро, кое


потекнува од селото Драмче, во областа Пијанец, во
околината на Делчево. Изведувачите се мажи кои се
држат за појас, со левата рака пред десната. Орото се
игра полетно и темпераментно, со мали, брзи чекори на
полустапалата. Тоа обилува со потскоци, доскоци,
странични движења, ножици и поткопнување со нозете
по подот, од што е произлезено името на орото. Во 2014
година, орото Копачка од Драмче било номинирано за
репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на
нематеријалното културно наследство, меѓутоа не
успеало да влезе на репрезентативната листа.
Пајдушко

Пајдушко оро (т.е. „пијано оро“) е македонски народен танец во 5 такта,


поделени на 2+3 („брзо-бавно“). Традиционално, ова е машко оро, но во
поново време понекогаш го играат и жени.

Орото почнува тргнувајќи на десно, со по четири чекори со подигнување на


ногата, а потоа на лево: со десната нога се прескокнува левата и тежината се
префрла на десната нога, додека левата се движи на десно. Играорците потоа
се движат наназад со по четири чекори.

You might also like