You are on page 1of 1

Јохан Штраус Помладиот 

Јохан Штраус Помладиот(октомври 1825, Виена - 3


јуни 1899, Виена) —
австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е
создавач на класичната виенска опера во која
доминира валцерот. Најважни негови дела се
оперетите: „Лилјакот“, „Циганскиот барон“ и валцерите
„На убавиот син Дунав“. Тој бил наречен „Крал на
валцерите“ бидејќи има искомпонирано 400 валцери.
Штраус студирал контрапункт и хармонија со
професорот по теорија Јоаким Хофман, кој поседувал
приватно музичко училиште. Неговиот талент бил
признат од страна на композиторот Јозеф Дреслер, кој
го научил вежби по хармонија. Неговиот друг учител
по виолина, Антон Колман од Виенската опера, исто
така, пишува одлични препораки за него. Наоружансо
овие, тој се приближил до виенските власти за да
аплицира за дозвола за изведување. Тој првично
формира негов мал оркестар каде што регрутира
членови од една таверна, каде што музичарите кои
бараат работа можеле лесно да се најдат.Тој го
направил своето деби во 1844 година со неговиот
оркестар во виенското предградие Heitzingu. Од 1847
година изведувал концертнитурнеи низ европските
земји, а 1872 година и во САД.И покрај првичните
фанфари, Штраус наиде на потешкотии во неговите
рани години како композитор. Но, откако прифати да
изведува надвор од земјата, тој ја освои публиката.

You might also like