You are on page 1of 14

Универзитет Св.

Кирил и Методиј- Скопје


Факултет за музичка уметност
2013/ 2014

Оркестрација 2

Анализа на третата симфонија (Ероика) -


втор став (Marcia funebre)

изработил: Агона Чупи ментор: Проф. Тома Манчев

Скопје, Јуни 2014


1. Автор, Време, Состојба
Со делата на Бетовен класичниот стил го достигна врвот на созреаноста.Тој ја
создаде синтезата на овој славен стил, во кој претходните композитори како Хајдн и
Мозард дадоа еден голем придонес. Со Бетовен се завршува стилот на Класичната музика
а истотак заедно и музиката на XVIII век, така што сега почнува една нова етапа, која
почнува во XIX век и Романтизмот како нејзин правец. Бетовен е роден во Бон во
Германија и истотака потекнува од едно Фламанско семејство.

Слободно може да се каже дека Бетовен неговиот талент го наследил од неговиот


дедо и неговиот татко кои истотака биле музичари по професија но кои биле со по
скромни способности и не толку познати. Уште како млад почнал да свири на: клавир,
оргули, флејта и виолина. Од неговото рано детство почнал да се вклучува во разни
градски музички ансамбли за да заработува финансиски средства за неговото сиромашно
семејство. Многу важен учител во почетокот му бил Нефен кој го упатил накај големите
композитори од времето и тоа нарочито на делата на Бах..

Заради природата на материјалните средства Бетовен немаше редовно школување.


Во возраст од деветнаесет години се запишал на Филозофски Факултет во Бон, но
студиите ги прекинал набрзо. Неговиот краток престој во факултет имаше големо значење
за неговата права ориентација, затоа што таму за прв пат се сретна со Француските
Револуционерски Идеи. Од тогаш па се до неговата смрт Бетовен остана верен на тие
Ревлуционерски идеи.

Бетовен многу интелектуално се развивал читајќи ги делата на светските писатели


почнувајќи од: Хомер, Платон, Софоклис, Шекспир, но исто и делата на неговите
соземјани Гете и Шилер. Ова многу му помогна за да биде голем филозоф со широк
дијапазон. Бетовен беше човек со јак карактер и морал. Тој беше човек кој ја ценеше
уметноста и персоналитетот на уметникот. „Кралевите, принцевите можат да назначат
некој професор или некој таен советник, тие можат да дадат титули и медали но не
можат да создадат големи луѓе“. Самиот факт дека колку Бетовен го ценеше самиот себе
ни кажува и ова мисла: „Ниту еден Бладател,Крал не беше свесен за неговата моќ колку
што беше Бетовен “.

Бетовен без сомнение може да се смета за еден од најголемите и нај напредните


луѓе и со анти феудални и анти клерични идеи. Иако беше принуден заради мтеријални
причини да се движи во аристрократски кругови тој никогаш не потклекна. За ова ни
сведочи и едно писмо кое беше пратено на еден Принц: „Вие сте Принц и тоа сте го
наследиле, а јас мојата позиција и ја должам на моите заслуги. Принцови имало и ќе има.
Бетовен е само еден“. Исто така и за религијата имаше Револуционерен став. Тој беше
анти клеричен, не им веруваше на слеп начин на верските догми за кои збореа
свештениците. Пред неговата смрт, кога го зеде последниот благослов, бикаше:
„Аплаудирајте пријатели, затоа што комедијата заврши“.

За Бетовен можеме да кажеме дека беше човек на времето и на позитивнте струења.


Тој колку што живееше во XVIII век (1770-1800 т.е. триесет години), исто така и во XIX
век (1801-1827, дваесет и седум години). Токму затоа и од овој аспект треба да се гледа
неговиот живот и неговото творештво. Тука може да се каже и симболиката на неговиот
живот и неговото творештво. Од 1792 година Бетовен живееше во Виена и таму создаде
многу важни работи. Таму ги доживеа сите таги и веселби. Таму умре во 1837. Во
неговиот погреб беа многу граѓани на Виена.

Бетовен доживеа една од најголемите трагедии кои може да ги доживее еден човек
на кој музиката му е професија. Тој една четвртина на векот беше делимично глув или
тотално глув. Во последните десет години на неговиот тежок живот, самиот круг каде тој
живееше не ја разбираа неговата генијалност. Тој патеше и од самиот факт дека во
неговиот интимен живот не доживеа искрена лубов. Сите девојки кои ки запознаваше беа
од високите класи. Исто така и таму Бетовен ја доживеа таа социјална разлика. Тој овие
разлики ги мразеше со сета моќ и душа. И во семејството не беше среќен. Многу пати бил
разочаран во друштво, така да задоволство наоѓаше само во природата.

Делата на Бетовен спаѓаат на различни видови, но пред се тој ја воздигна сонатната


форма до нејзиниот врв, која поточно под влијанието на времето и на тогашната
идеологија, почна да ги крши правилата кои биле секојдневни и исто така пречка за
искажување на револуционерските чуства кои ги донесе Францускта Револуција и
Романтизмот што следуваше потоа.

Неговото творештво треба да се гледа и од гледната тоцка на неговиот: крактер,


темперамент, општествени, политички и идеолошки гледишта исто така и во времето во
кое живеел. Негови нај битни и нај големи дела ги напишал после 1800 година и подоцна.
Многу не вообичаена појава на еден музичар кој бил глув да пишува такви убави дела и
тоа кога слушал многу малку или нималку воопшто.

Во првата фаза на негово творештво беше под влијанието на Хајдн (кој во Виена
беше скоро една година негов професор) но исто така и на Моцард.. Пришто, подоцна тој
се ослободува од овие влијаниа и наоѓајќи го неговит пат. Во неколку негови последн
дела, Бетовен почнал да ја користи и Баховата полифонија, но тој ја користеше во негов
креативен начин. Неговите најзначајни дела се: 9 Симфонии, 32 Сонати за клавир, 10
Сонати за виолини, Камертални дела за Трио, Квартети, Квартети, 5 Солистички концерти
за Клавир, 1 Концерт за виолина, Увертури, Операта „Фиделиано“, „Свечаната Миса“
неколку соло песни и др.

Нај познатите Симфонии се: 3 Симфонија „Ероика“Es-dur со Маршот Фунебре, 5


Симфонија c-mol, 6 Симфонија „Пасторална“ која е посветена на природата, 9 Симфонија
во d-mol “Божествена” за оркестар, слист и хор со текст од Шилер во која се опевува за
луѓето и братството помеѓу нив. Најознатите Сонати за клавир се: „Патетична“ Соната“,
„Месечинска“ Соната, „Апасионата“, „Аурора“ и др. Најпознати увертури се „Леонора 3“,
„Егмонд“, 4-тиот 5-тиот Концер за Клавир.

Заради овие општи Бетовенови квалитети како музичар, многу добро ни објаснува
како и зошто инструменталната музика стана неговата главна преокупација. Тој
компонираше песни, оратории, кантати, две миси па дури и опера, но тие никако не
достигнаа толку успеси како што достигна инструменталната музика. Инструмнталната
музика се дели во три групи: дела за клавир, оркестарски комозиции и камерна музика. Но
сепак за овој семинарски труд сакам да се определам за оркестарските дела, кои исто така
направил поделба во три главни групи: самата работа на оркестарот (каде што главна
улога имаат симфониите), делата со глас и оркестар (каде спаѓаат: операта, мисите,
ораториумите, кантатите и др.) и делата за соло инструменти и оркестар (тука се петте
концерти за клавир и концертот за виолина).

Приморани сме да признаеме дека Бетовен имал идеи за музика со програм, и тоа
не во очигледните дела како што се: Битката на Виториа и Пасторална симфонија
Патетичната соната, или Егмонд, Кориоланус и 2-рата и 3-тата увертура на симфонијата
Леонора . Постои голема дебата за да се определи дали неговата музика со програма е
неговата оригинална идеа или пак сето тоа е само свикување , и дали неговите музички
дела се инспирирани и направени од поетички идеи или пак од самиот музички организам.

Сите овие дела кои се спомнаа па дури и други кои не се споменати, дела на
Бетовен се во секојдневниот репертоар на многу оркестри, ансамбли и солсти низ целиот
свет заради нивната оригиналност. Бетовен е еден генијален композитор, и ако не е нај
голем тогаш е еден од најголемите што ги познава светот. Тој знаеше да ја синтетизира:
идејата со содржината и совршената форма. Тој не му припаѓа само на Германскиот народ,
тука на целиот свет затоа што неговата музика е уметност која се посветува на целото
човештво.
2.Анализа на третата симфонија (Ероика) -
втор став (Marcia funebre)
Конечно кога Бетовен беше спремен да ја превземе третата симфонија, кое беше
наследсто на неговите предци, Хајдн и Моцард, да ја исполни неговата задача и едвај
остаток од Бетовеновите методи на изразување се однадвор претпознатливи. Контрастот
кој следуваше помеѓу третата и првите две симфонии е неверојатен, и неприкосновен во
историјата на музичкиот прогрес. Ова негово одлично дело е често предпосавувано како
почеток на неговиот нај плоден и нај весел втор период.

Третата симфонија во Е дур оп. 55 напишана во 1804 год. Дел од Бетовеновите


интелектни и темпераментни атрибути, динамичкиот квалитет од неговиот почит кон
музиката треба да се истакне како беспрекорен белег на неговата музикалност. Оваа
динамичка чуствителност го определи неговата употреба на инструментите, неговата
перцепција на музичките форми и развивањето на неговите идеи. Динамиките се
искажување на неговите емоции. Од оваа гледна точка Бетовен го отвори 19 век, како прв
композитор на Романтизмот. Неговите Романтичарски динамики кои ги користел, биле
дел наследени од 18 век, според рационалноста на Хајденовиот класицизам и
индивидуализмот на Моцард.

Сите веќе знаат дека главната инспирација за оваа симфонија е неговото


восхитување кон Наполеон, исто така се знае дека тој за малку да ја уништи целата негова
работа кога дознач дека Наполеон се самопрогласил Император. За сето ова има и докази
дека во оригиналните списи уште стои името на Наполеон, и дека ова дело било посветено
за Наполеон. Била наменета како почит кон животот на еден херој, каде тој самиот ја
именувал под името Ероика. Оваа симфонија е составена од четири става

1 Аllegro con brio

2 Marcia Funebre-Adagio assai

3 Scherco- Allegro vivace


4 Finale-Allegro molto.

Првиот став е многу енергичен, нешто што е многу поврзано со хероизмот и исто
така е хероичен во димензиите. Тоа може да се предвиди уште од поцетокот на ставот кој
почнува со две драндиозни стакато акорди во едур, тука и учествува и целиот оркесрарски
состав. Овој став со исклучок на деветта симфонија е најдолгиот став на сите негови
симфониски ставови. Овде исто тако за прв пат во неговото симфониско творештво
раздава самостоен вовед. Првиот став е во Ес-дур ,има сонатна форма и е во ¾ метар, кој
понатаму се префрлува во 2/4 метар при што се придобиваат ритмички контрасти.

Вториот став Погребниот Марш е неправилна варијација на второто рондо. Исто


така е многу длабоко, широко и драматично исполнето со оригинална трагедија, каде што
во текот на позрелите години на Бетовен, која е исто така полна со убавина како
оригиналот.

Третиот став Бетовен пак ги присвојува терминот Скерцо, која одговара на


карактерот на ставот кој е прилично исполнето со живост и добар хумор. Секрцото се
враќа пак во Ес - дур со Alegro vivace, sempre stakato e piano, која донесува сосема друга
атмосфера и голем контраст на претходниот Погребен маш.

Четвртиот став е чудо во аспект на тоналното третирање и развивање. Нема


адекватен збор кој може да го опише ова музичко творештво. Како форма е приближно на
Рондо но неговата вистинска форма е Тема со варијации и тоа во почетокот се појавува
како осцинантна варијација, исто така многу карактеристично во неговата структура е
воведот кој е поделен во четири дела. Основнит тоналитет на овој став исто така е Ес дур.

За овој семинарски труд нам ни е потребна по деталната анализа на вториот став на


симфонијата. Како што рековме вториот став е Погребалниот Марш, недовото темпо е
адагио ассаи (80) и е во ц мол. Инструментите кои учествуваат во овој став се: групата на
гудачите, две флејти, две обои, два кларинети ин б, два фагота, две хорни ин ц и една ин
ес, тимпани ин ц и ин г.

Основнит тоналитет на маршот е ц мол. Поцнова со сотто воце каде што темата е
појаена кај гудачите, потоа се повторува кај обоите. Втората тема се појавува во
паралелниот тоналитет бо Ес дур, која ја донесубаат челите. Овој дел на маршот завршува
во ц мол. Огромен контрас е триота во ц дура кјоа од која пак се враќаме во ц мол потоа
бо Ф дур и т.н.

Погребниот Марш еден од тие делови кои можат да се најдат кај Бетовен каде што
се појавува трагедијата без каење. Многу јасно портретот на страдањето овде го
надминува ожалостувањето на еден изгубен пријател. Оваа загуба се вовлекува до самата
душа. Гледајќи ја Ероика како раѓањето на хероизмот во уметност, ова може да претстави
смрт на претходната епоха.
3 Оркестарската улога на гудачките
инструменти на третата симфонија (Ероика)
- втор став (Marcia funebre)
Оркестарските формации на Бетовен не се многу по различен од тие што ги
користел Моцард и Хајдн. Освен гудачите кои секогаш ги формираат неговите основи ,
истотака тука се и дувачите, кои се појавуваат во парови, флејти, обои, кларинети кои се
веќе негов составен дел во фамилијата на дувачите. Освен овие тука се појавуваат:
хорните, трубите, удиралки кои истотака се појавуваат во парови. Понекогаш Бетовен знае
и да ја расипа оваа формација. Во третата симфонија Ероика Бетовен употребува и трета
хорна, во третата симфонија тој употребува и четврта хорна, каде што во третиот став тој
употребува и еден тромбон, во петта симфонија употребува тромбони и туби итн. Бетовен
има тенденција да го зголеми бројот на гудачи, заради по истакнати динамични ефекти, но
никогаш не потенцира одреден број на гудачи, како што истакнуваат Багнер и Берлиоз.
Понатаму тој бара повеќе начини за нови техники. Бетовен истотака големо значење им
дава и на: виоли, чели и контрабаси како солистички инструменти. На дувачките
инструменти како што се дрвените и лимените најчесто им се даваат најтешките сола.
Пример солото на хорната во Adagio на деветтата симфонија или пак солото на обоата во
првиот став на петтата симфонија.

Првите виолини често се принудени да свират во висока позиција што ја зголемува


нивната техничка подготовка. Генерално Бетовен пишувал полесни делови за гудачите во
неговите симфонии, споредувајќи ги со неговите квартети. Понекогаш тој толку ги
зголемил неговите побарувачки, скоро до точка на виртуозност, како што е на пример:
кодата во увертирата Леонора, со нивните брилијантни гудачки пасажи. Во главно тој не
отстапувал од традиционалниот оркестарски состав од времето. Земајќи во предвид дека
Бетовен не ги диригираше своите симфонии тој никогаш не ги земаше во предвид
орекстарските можности (затоа што знаеме дека во тоа време оркестрите биле составени
како од професионалци така и од аматери) но секогаш пишуваше според неговите идеи,
затоа секогаш кога се изведуаа неговите дела, секогаш требаше да се создаваат оркестри
со професионални изведувачи, затоа што изведувачите кои биле аматери не можеле да ги
изведуваат неговите дела. Од тука се раѓа потребата за професионални музичари.

Како што спомнав и погоре гудаците кај Бетовен имале вклучна улога во
развивањето на делото музички, динамички, технички ит.н. Во вторит став на
симфонијата гудачите се употребуваат цкоро цело време во сите можни улоги, таа употрда
следи вака:

Од 1 такт до 7 такт гудаите имаат мелодицка улога и тоа, мелодијата (темата) за


прв пат се појавува кај првите виолини, а вторите виолини, виолите, челите и басите го
дополнуват хармонси и ритмицки.

Од 8 такт до 16 такт темата веке е во дуваците, по конкретно кај обоите, а ците


гудаци имаат придружна- ритмична улога.

Од 17 такт до 29 такт се појавува новата тема, таа ја донесубаат ците гудачи затоа
тука имаат мелодиска улога, а придружната улога им припаѓа на дувачи.

Од 30 такт 36 такт пак ни се појавува првата тема која и сега е кај првите виолини
плус кај вторите и виолите а во другата страна басите и челите дополнуват ритам и
хармонија.

Од 37 такт до 55 темата се празвива кај дувачките инструменти затоа сите гудачи


тука имаат придружна и ритмична улога.

Од 56 до 59 такт гудачите пак имаат мелодиска улога но тоа трае многу малеце.

Од 60 до 68 такт каде и завршува првиот дел на маршот гудачите пак имаат


придружна улога.

Од 69 такт кај сто почнува Маггиорето 79 такт гудаците имат хармонска


придружна улога потоа од 80 до 83 кај виолините се префлува мелодијата за кратко време
и од 84 до крајот на маггиорете ците гудаци имат акордска придружна улога.
Од 101 такт 115 такт гудачите имаат мелодиска улога, поточно темата се наоѓа кај
првите и вторите виолини а потоа од 120 такт мелодијата се префрлува кај челите и така
се движи кај гудачите до 159 такт.

Од 160 такт до 223 такт учествуват сите гудачи со акордска придружна функција.
После тоа за кратко време до 247 так кој е и крејот на ставот тие привземат пак мелодиска
улога.

Според анализата што го напревме можеме слободно да кажеме дека гудачите има
вкулчна улага во оркестраските дела на Бетовен тије уцествуват до делото речиси цело
време во суштина со придружна и мелодиска улога
4 Заклучок
Сите веќе знаат дека главната инспирација за оваа симфонија е неговото
восхитување кон Наполеон, исто така се знае дека тој за малку да ја уништи целата негова
работа кога дознач дека Наполеон се самопрогласил Император.

Како прво Ероика ни ги прикажува методите на тоа како биле спремни да го


револуционираат одделот за музика-методите и мајсторијата при врзување на првата тема
со втората, изложувањето на епизодите при развивањето, и неприкосновената важност на
Кодата. Сето ова се случува во првиот став. Во вториот став стои насловот Марш, една
посебна иновација на претходната навика. Во третиот став став стои насловот Скерцо и во
четвртиот став стои Финале, смелиот и романтичен кој го осветлува ставот при многу
стриктната градба на формата. Сите овие чекори се дел од неговото унапредување на
симфонијата, и како раните примери на овие дела, Ероиката секогаш ќе има голем дел при
разликувањето, нешто сосема друго и различно од благородичноста и убавината на тие
видови. Истотака важно е да се спомне дека оваа симфонија е втората од неговите
инструментални дела, кои Бетовен самоит одобрил да се објавуваат со наслов. Извонредна
е приказната на тоа како ова дело го добило својот наслов а поготово своето сегашно име.

Според анализата што го напревме можеме слободно да кажеме дека гудачите има
вкулчна улага во оркестраските дела на Бетовен тије уцествуват до делото речиси цело
време во суштина со придружна и мелодиска улога
5 Употребливна вредност
Овој труд може да се употребува то оласитет на: историја на
музика, оркестрација, хармонска анализа, музички форми,
музикологија, историја на уметност итн.
6 Библиографија
1 Увоу у оркестрацију, Александар Обрадович

2. Хармонска анализа, Дејан деспич

3. Музички облици, В. Перочич

4. Музички инструменти, Дејан деспич

5. Историја на музика, Јосип андеев

6. Essays in music analysis, Donald Francis Tovey

7.The orchestra, Paul Beeker

8. The victore book of the symphony, Charles O Connell

You might also like