You are on page 1of 11

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП

Анализа на соната
[Type the abstract of the document here. The abstract is typically a short summary of the contents of
the document. Type the abstract of the document here. The abstract is typically a short summary of
the contents of the document.]
1.1 КЛАСИЦИЗАМ

Потекнува од латинскиот збор klasikus што значи граѓанин од од прв ред (по
положбата или според своите лични способности). Во стариот Рим тоа биле
граѓаните од прва класа, подоцна писателите на грчките и римските старини;
подоцна тоа биле писатели кои пишувале пообразец на делата на старогрчките и
староримските писатели.Класичари се нарекуваат и оние творци чии дела по
вредност спаѓаат во прв ред.

Терминот класицизам во музиката означува композициски слог т.е стилска


насока која егзистира од средината на XVIII до средината на XIX век. Во прв ред
тоа е композицискиот слог на виенските творци В.А.Моцарт, Јозев Хајдн и
Л.В.Бетовен.Во поширока смисла на зборот класицизмот означува кулминација на
зрелиот период од големите стилски насоки во историјата на музиката во кој се
постигнува складност во изразната и техничката примена на сите елементи од
музичкиот развој (ритам, мелодија, динамика и боја), како и складност помеѓу
содржината и формата.

Класицизмот сватен во најтесната смила на зборот се карактеризира со


јасност и едноставност во музичкото изразување и нагласен стремеж за
единството помеѓу содржината и формата.

Во уметничката практика на музичката уметност се развила и станала


доминантна сонатната форма односно сонатниот циклус. Класичната музичка
форма е јасна и релјефна, обично симетрична со потцртана рамнотежа меѓу
деловите на творбата и меѓу елементите на секој одделен дел.

За време на класицизмот мелодиката не е веке секвентна ниту моторична,


линеарна и од инструментален карактер, туку постанува симетрична и
периодична.Басо-континуо потполно исчезнува.

Во однос на динамиката се користат достигнувањата на Манхајмската школа-


крешендо и декрешендо.Се утврдува бројот и видот на инструментите во
оркестарот.Од гудачките инструменти излегуваат од употреба виола да гамба,
виола да брачо и некои дувачки инструменти а во состав влегува
кларинетот.Чембалото го отстапува местото на клавирот.Во хармонијата се
јавуваат новини како што се употреба на вонтонални доминанти, акорд со
зголемена секунда, повишено второ стапало, модулации, зацврстување на
главните функции, но сепак се смета дека виенските класичари најголема грижа
посветувале на хармонската рамнотежа во соодност со сите музички елементи во
композицијата.Затоа нивниот хармонски слог е во толкава мера изработен,
изедначен колку што е и обоен и изразен.Според тоа овој стремеж се
соодвествува на класичниот идеал за рамнотежа меѓу содржината и изразот.Од
друга страна се гледа и стремежот за давање примарност на целината а не на
оделни делови.Според тоа хармонијата претставува примарен градбен
елемент.Така на пример развојниот дел во сонатната форма бил простор за
најголем хармонски замав.Тука композиторот се служел со модулации и други
елементи од хармонијата.Хармонијата се одвивала во стого определени односи
со другите изразни средства.

Од сето ова може да се констатира дека класичарите добро ја познавале


хармонијата од претходната епоха и богато ја користеле, бидејки неа ја сметале
како основен и непроменлив податок.Во одредени случаи наидуваме на
отстапување од оваа идеа.

1.2. Настанување на сонатната форма

Во половината на XVIII век отпочнува формирањето на сонатната форма


како во поглед на формирање на сонатна форма така и на сонатниот
циклус.Целосното напуштање на полифонијата оди во чекор со давањето на се
поголемото значење на сонатите за пијано наспроти претежно виолинската
барокна литература.Во исто време формата на класичната соната се употребува
и во делата на камерните состави (трио, квартет и др). Скарлатиевата дводелна
класична форма сега се претвара во триделна класична сонатна форма.

Сонатата е композиција составена по поравило од три става (брз, бавен, брз)


или четири става (брз, бавен, менует или скерцо, брз).Првиот од ставовите има
таканаречена сонатна форма што значи сонатниот циклус е збир на повеке
ставови најчесто 3 или 4 од кои формата од првиот став се вика сонатнта форма.
Формата на сонатниот циклус е својствена не само за сонатите за еден до
два инструменти туку и за делата за камерни состави и симфониите.Класичната
сонатна форма претставува најизграден формален тип на хомофониот стил и е
стоставен од три дела:

1.Експозиција-изложување на две теми кои меѓусебно контрастирааат


тематски и тонално.Нивниот спој го ублажува мостот а заклучокот на овој дел е во
завршната група.Експозицијата е составена од:

 Прва тема (изложување на материјалот во осносвен тоналитет).


 Мост (модулативен момент).
 Втора тема (нов материјал во доминантен тоналитет или паралелен
молски).
 Завршна група (тоналитет од втората тема).

2.Развоен дел-разработка на тематскиот материјал од експозицијата со


нестабилна хармонска основа.Овој дел е конципиран во три отсеци:

 Воведен отсек
 Централен отсек
 Завршен отсек

3.Реприза-повторување на експозицијата на сите делови во основниот


тоналитет. Според ова може да се повлече паралела помеѓу сонатната форма и
триделната песна (а, б, а1).

Сонатната форма претставува карактеристичен тип на триделност за кој е


важно:

а)Постоење на две теми

б)Тонален контраст
1.3.ВОЛФГАНГ АМАДЕУС МОЦАРТ

В.А.Моцарт е роден во Салцбург 1756 година тој е класичар во најчиста


смисла на зборот поради потполната складност на сретствата и изразот во
композицијата.Уште во детството бил зрел во творечкиот процес и како чудо од
дете (како пијанист и композитор) патувал во поголем дел од тогашниот културен
свет и насекаде бил прифатен со чудење.Првата негова запишана и датирана
композиција е allegro за пијано напишана во 1762 година.Истата година со
неговиот татко Леополд и сестрата Ана Марија за прв пат ја посетиле Виена каде
што одржале концерт во дворот кај Јосиф I.Со тоа почнале бројните турнеи по
Австрија и други земји кои ќе придонесат неговата творечка личност да се
формира врз асимилација на стилски влијанија од доцниот музички барок, зрелиот
рококо и класицизмот.

ТВОРЕШТВО

Моцартовата личност и дело не престануваат и денес да бидат предмет на


истражување од страна на историчарите, психолозите и други
специјалисти.Неговите дела (над 600 поголеми и помали од скоро сите области)
претставуваат неисцрпен извор, а неговата биографија е добар материјал за
литературни, филмски и драмски форми.Сите елементи на музичката
архитектоника кој ги применувал во своето творештво ги откриле други пред
него.Виталноста на неговото творештво лежи во специфичната, длабока, лична и
посебна примена на тие наследени и прифатени формални модели.Во творечкиот
живот на Моцарт јасно се распознаваат две големи етапи.Првата почнува од
раните композиции се до конечното преселување во Виена, а втората го опфаќа
остатокот од неговиот живот.

Првиот период се нарекува период на асимилација, а вториот периот на


синтеза.Карактеристиките на Моцартовиот музички израз од двата периода се
следниве:

1.Ритмичка подвижност изразена со цврст хронометарски пулс.

2.Мелодискиот израз е доминантен во однос на другите елементи.


3.Мелодиската орнаментика е строго функционална а не декоративна.

4.Моцартовата мелодика го антиципирала субјективизмот на музичкиот


романтизам.

5.Моцартовото дело е и хармонски богато со честа примена на хроматика


која одговарала на неговиот начин на изразување.

6.Колоритот е повеке карактеристичен во подоцнежните отколку во раните


негови дела.

Помеѓу делата создадени во првиот и вториот период, покрај сличностите


има и големи разлики:

1.Првите негови сонати за пијано, камерни дела и творби за оркестар


припаѓаат на галантниот и чувствениот стил, а додека во втората етапа користи
елементи од Мајнхајмската школа.

2.Голем број Моцартови дела од првиот период не се издвојуваат од


конвенционалниот начин на тоа време, па затоа оправдано голем дел од нив се
заборавени.Делата од вториот период се многу позначајни од историски и
естетски поглед.

„Музиката не е во нотите , туку во тишината помеѓу нив“ - Моцарт


Анализа на делото
Првиот став од сонатата KV 279 во C-dur по форма е сонатна форма. Во него
се присутни следниве делови: експозиција, развоен дел и реприза.

Експозицијата се движи од 1ви до 38ми такт. Тематскиот материјал е


распореден по редослед почнувајќи од прва тема А, мост, втора тема В и завршна
група.

Првата тема е отворена. По форма се состои од една голема реченица


(2+2+4)која почнува во 1ви а завршува во 4ти такт. Од 9ти до 12ти такт се појавува
усте една голема реченица (2+2) која заедно со предходната гради низа од две
реченици, додека делот од 12ти до 16ти такт е исто така мала реченица која со
предходната образува ланец. А темата почнува во првиот такт и трае до крајот на
првото време во 16ти такт. Потоа следува мостот кој е фрагментарно граден.
Целта на мостот е да не однесе во нов тоналитет каде што треба да настапи
втората тема. Мостот е секвентен и модулативан.

Втората тема започнува во 20ти такт, истата е модулативна т.е. модулира


со помош на мостот кој мелодијата ја носи во доминантниот тоналитет G-dur. По
форма делот од 20ти до 25ти такт претставува реченица (2+2+2), од 25ти до 27ми
се појавува уште еден двотакт. Од 31ви такт започнува завршната група на
втората тема трае до 38ми такт, истата е градена од мотиви од Б темата но со
различна артикулација.

Развојниот дел е средишниот ден на композицијата. Развојниот дел е исто


така модулативен односно модулира во паралелен тоналитет g-moll и самиот дел
е фрагментарно граден. Разработува материјали од првата, почетната тема.
Развојниот дел почнува во 39ти такт и трае до 57ми такт. Во него после
разработката на парчиња од А темата следат низа од арпежи кои водат до
вонтонална D за VI преку кој се модулира во C-dur.

Репризата ја следи истата структура како првата тема, наместо


несовршената каденца која водеше до доминатата сега таа води до последните
10 такта од експозицијата, овој пат во основен тоналитет. Репризата почнува во
58ми такт и трае до 100ти такт. Во неа се јавува првата тема со мали варирања
која започнува во 58ми такт со голема реченица-до 66ти такт. Делот од 66ти до
69ти такт претставува надворешно проширување.

Мостот се појавува и во репризата како секвенца, почнува во 70ти такт а трае


о 74ти такт.

Во истиот (74ти) такт од третото време почнува репризата на втората тема


која е во основен тоналитет C-dur. Делот од 74ти до 78ми такт по форма е
реченица, додека парчињата од 78ми до 80ти и 80ти до 82ри такт претсавуваат
двотакти, исто како и деловите од 82ри до 84ти, од 84ти до 86ти (напишани со
опработка на материјал од првата тема). Реченицата која што почнува во 86ти а
завршува во 92ри такт не е заокружена. Тактовите кои го заокружуваат овој прв
став (92ри-100ти) се завршна група.

Вториот став од сонатата KV 279 во C-dur по форма е сонатна форма. Во


него се присутни следниве делови: експозиција, развоен дел и реприза.

Експозицијата се движи од 1ви до 28ми такт. Тематскиот материјал е


распореден по редослед почнувајќи од прва тема А, модулативна втора тема В и
завршна група.

Првата тема е дурска во тоналитет F-dur. Започнува со голема проширена


реченица (2+2+2+4) која почнува во 1ви а завршува во 10ти такт. Во десеттиот
такт преку второто стапало во F-dur мелодијата модулира во доминантен
тоналитет, односно C-dur. Од 11ти такт започнува втората тема која по форма е
составена мала проширена реченица која трае до првото време во 17ти каде што
има автентична каденца D-T. Во делот од 15ти до крајот на 16ти има одложување
на каденцата. Потоа од 18ти до 21ви такт има една мала реченица после која
следува завршната група со која се потврдува тоналитетот и се заокружува
експозицијата.
Развојниот дел започнува со разработка на мотиви од експозицијата самиот
дел трае од 28ми до 42ри такт. Скоро целиот дел е фрагментарно граден. Најпрво
има мала реченица од 28ми до 31ви такт, потоа следува делумно повторен
двотакт со исти функции. Од 36ти такт почнува завршна група која трае до пред
почетокот на репризата.

Репризата почнува во 43ти такт и е според правилата на пишување класична


соната, што значи повторувањата на двете теми се во основен таналитет (F-dur).

Во репризата првата тема почнува во 43ти такт самата прва тема е варирана
и се користени мотиви кои се појавуваат и до крајот на целата експозиција, првата
тема завршува во 50ти такт. По форма овој дел може да се дефинира како дел кој
е фрагментарно граден со мотивски материјал од првата појава на темата.
Втората појава на втората тема почнува во 51ви такт и трае до 74ти такт, во 68ми
такт започнува завршната група која обработува материјал од првата тема и како
во експозицијата така и овде нема coda.

You might also like