You are on page 1of 8

Живко Фирфов

1(слајд) насловн

1. (2) слајд Живко Фирфов е роден во Велес каде и го завршил основното училиште, музичка
[1]
школа завршил во Белград во 1931 година по што се вработил како диригент во Земун . Во
1939 година ја објавил својата прва етномузиколошка студија во списанието „Музика“, за
интерпретација на македонската народна песна и за мелографската постапка при нејзиното
собирање. По Втората светска војна се вратил во Скопје каде работел како шеф на Отсекот за
уметност во Одделението за култура, уметност и други културни врски со другите народи при
АСНОМ, шеф е на отсекот за народна музика во Радио Скопје. Особено бил ангажиран во
создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
2. (3) слајд Како шеф на Одделението за народна музика и кореографија при Фолклорниот
институт на СР Македонија и негов директор овозможува збогатување на музичката фонотека
која остава широки можности за научни проучувања на македонскиот музички фолклор. До
крајот на својот живот бил дописен член на Меѓународното фолкорно друштво ИФЦМ во
Лондон и бил почесен претседател на секторот за Балкански игри при Меѓународното друштво
за народни игри во Лондон, преку која функција овозможува широко промовирање и
презентирање на македонскиот музички фоклор во целиот свет.
3. 4(слајд) Творештво
 “Свита” - за флејта и пијано[1]
 “Варијации” - за пијано[1]
 “Фантазија” - за оргули[1]
 “Ленка” - за сопран и пијано [1]
 “Марика” - за сопран и пијано[1]
 “Дротар”[1] - хорска композиција
 "Рапсодија" - хорска композиција
 "Цуцул стои на грутка" - хорска композиција
 “Хумореска 1”[1]
 “Хумореска 2” [1]
4. 5(слајд) Танец

„Танец“ е име кое со децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер
на македонското фолклорно творештво на сите континенти на Земјината топка. Покрај негувањето на
фолклорното творештво, народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски
постановки, „Танец“ ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на
убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои претставуваат амблем на
македонската култура.

Од посебно значење е првото претставување надвор од Македонија, поточно на меѓународниот


фестивал во Ланголен, Велс во 1950 година, кога со озведбата на „Тешкото“, ансамблот ги освоил сите
можни поени и ја добил првата награда. Притоа, Танец бил првиот и единствениот ансамбл во
историјата на овој фестивал кој ги освоил сите можни поени. Како резултат на освоената награда,
ансамблот го продолжил својот престој во Британија за уште 20 дена при што одржал повеќе концерти.

5. (6 слајд)

Репертоарот на „Танец“ го сочинуваат голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на
Македонија меѓу кои и: „Тешкото“, „Невестинско“, „Комитско“, „Чифте“, „Калајџиско“, „Тресеница“,
„Осоговка“, „Драчевка“ и други.

„Танец“ е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората. Во таа смисла се


организирани и голем број концерти во сите земји каде што живеат македонски иселеници. Тој
континуирано ги помага културно-уметничките друштва во земјава и во странство во квалитетното
поставување и пренесување на играорната традиција.

6. (7 слајд)

Историјата на „Танец“ започнала во 1949 година, со одредбата на македонската влада за основање на


Државниот aнсамбл за народни игри и песни на Народна Република Македонија. Одредбата била
издадена на 3 март 1949, а била објавена во „Службен весник на Македонија“ на 4 април 1949 година.

Според член 2, Ансамблот за народни игри и песни ги има следните задолженија:

 Да ги одржува, развива и негува уметничките вредности на народните игри


 Да ги одржува, обработува и развива народните песни
 Да гради програм со фолклорни народни танци и песни и на уметнички начин јавно да
ги презентира

Од 2 јуни 1953 година, ансамблот го носи денешното име: Ансамбл за народни игри и песни на
Македонија „Танец“.

7. (8слајд)

Ви благодарам на внимнието!

Слики:

2. Слајд
3 слајд

4 слајд
5 слајд
6 слајд
7 слајд

You might also like