You are on page 1of 8

ДМУЦ “СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ”- ШТИП

Операта во Франција во
Втората половина
На деветнаесетиот век

Изработил:
Никола Ѓоргиев

Декември 2018 1
СОДРЖИНА
Вовед.................................................................................................3
Главен дел.........................................................................................4
Шарл Гуно..........................................................................................5
Жорж Бизе.........................................................................................7

Декември 2018 2
Опера е музичко-сценско дело, еден вид музичка драма. Операта
содржи драмски текст, музика, танц и ликовно-сценски израз коишто се
здружени во една уметничка форма. Во операта аријата, хорското
пеење, симфонискиот оперен оркестар, балетот, костимите и декорите
се обединети во целина, која е едно сложено музичко-сценско, вокално-
инструментално дело. Називот „опера“ потекнува од латинскиот збор
„опус“ што значи драма што се пее. Првобитната идеја за создавање на
ваков вид музичко дело била на писателот Октавио Ринучини.
Операта ја создаваат композитор и либретист. Композиторот ја
компонира музиката за целиот музички настан и на таа музика се
пишува текстот (либрето), што го пишува либретист. Соло пејачите ја
збогатуваат операта со своите гласовни способности. Главните ликови
ги толкуваат оперските пејачи, најчесто еден машки глас (тенор) и еден
женски глас (сопран). Хорот има големо значење во операта, кое
најчесто е поврзано со масовни сцени во кои е претставен народот.
Оркестарот во операта е симфониски и тој го придружува пеачкото
исполнување и го потенцира оперското дело. Во почетокот, оперскиот
оркестар самостојно ја свири увертирата која претставува вовед во кој
се вметнати сите попознати мелодии од целото оперско дело.
Оркестарот се наоѓа на едно пониско ниво и по бројот на членовите е
многу голем..Операта е изградена од повеќе дејствија, составени од
помали делови: оперска слика, пролог (воведен став) и епилог
(завршеток). Дејствијата во операта се делат на чинови, слики и појави.

Декември 2018 3
Главен дел
Во втората половина на 19 век сликата на музичкиот живот во Франција
нагло се менува. Операта повеќе не е главен интерес на композиторите
и на публиката. Тоа е период, кога почнува да се развива активноста на
Сезар Франк и на неговите ученици. Период во кој се основа “Société
nationale de musique” или во превод “Национално музичко здружение”
кое настанува поради тоа што се тежнеело кон осамостојување на
француската музика од сите подрачја. Едноставно кажано тоа е период
кога настанува пресврт на полето на француската инструментална
музика, во која се јавува голема обнова, благодарение на работата на
Француската школа, Saint-Saëns, а подоцна и на Дебиси.

Операта останува да лебди пред очите на многу композитори, но и во


нејзината структура се случуваат промени. Постепено исчезнува
големата опера од типот на Маербер и на нејзино место доаѓаат
лирската опера, која либретистите и музичарите се почесто почнале да
ја усовршуваат. Но за разлика од тогашната италијанскa и германскa
оперa, во кој великаните Верди и Вагнер позади себе ги оставаат своите
современици, француската опера нема такви личности.

Декември 2018 4
Шарл Гуно
Прв значаен претставник на француската опера од втората
половина на деветнаесетиот век е Шарл Гуно добитник на
Римската награда. Напишал 200 соло песни.
Негови опери се:

 SAPHO (1851, ЗАВРШЕНА 1884)


 LA NONNE SANGLANTE (1854)
 LE MÉDECIN MALGRÉ LUI (1858)
 FAUST (1859, REVISED 1869)
 PHILÉMON ET BAUCIS (1860, ЗАВРШЕНА 1876)
 LA COLOMBE (1860)
 LA REINE DE SABA (1862)
 MIREILLE (1864)
 ROMÉO ET JULIETTE (1867, ЗАВРШЕНА 1888)
 CINQ-MARS (1877)
 POLYEUCTE (1878)
 LE TRIBUT DE ZAMORA (1881)
 MAÎTRE PIERRE (INCOMPLETE, 1877–84)

Од сите негови опери незаборавено е единствено Фауст. Тој е еден од


првите лиричари на тогашната француска опера. Изворот на неговата
инспирација е љубовта која е чиста и несебична. Љѕбовта го исполнува
неговото дело Фауст и ја одредува вредноста на ова ремек дело.

Декември 2018 5
Гуно е еден од најзначајните француски композитори кои со сцоите
дела го обележале преобразувањето и преминувањето на француската
опера во лирска опера.

Декември 2018 6
Жорж Бизе

Жорж Бизе е (25 октомври 1838) во Париз по името Александар Цезар


Леополд Бизе, но брзо после крштевањето го добива името Жорж по
кое ќе остане познат и до ден денес. Како чудо од дете е примен во
престижниот Париски музички конзерваториум на неполни 10 години,
каде учел да свири клавир и композиции и редовно добивал награди за
своите дела.

Во 1857 година добива награда од Жак Офенбах за операта “La docteur


Miracle” и така ја освојува својата школарина за продолжувањето на
учењето. Жорж Бизе струдирал во Рим три години и таму ја напишал
една од своите попознати опери “Don Procopio“. Освен тие три години
во Рим, Жорж Бизе цел свој живот го поминал во Париз.
Најпознатото дело на Жорж Бизе е секако операта “Кармен“ од 1875
година која е заснована на романот (излезен во 1846 година) кој го
напишал Проспер Мериме. Според впечатокот на Џузепе Верди, главна
улога била мецоспоран (мецо-пола). Операта “Кармен“ веднаш не
постигнала успех, а Бизе бил многу разочаран, но за утеха брзо дошла
пофалба од своите колеги композитори како што се Камиј Сен-Санс,
Петар Илич Чајковски и Клод Дебиси, кои веднаш ја препознале
убавината на операта. Во брзо време публиката почнала да го дели
истото мислење со овие композитори и “Кармен“ станува една од
најпознатите опери во историјата.

Декември 2018 7
Декември 2018 8

You might also like