You are on page 1of 7

Народна песна

Народна песна

• Народните песни биле и остануваат трајни извори за нови


инспирации во уметничкото музичко творештво.
• Народните песни потекнуваат од најдалечното минато. Нивниот
автор е непознат ,а се зачувале со усно пренесување од колено на
колено.
• Постои општо мислење што е сосем прифатливо во однос на
нашата песнопојна традиција, дека наjстари се песните поврзани
со активности при собирање на природни плодови и храна. Така
меѓу најстарите македонски песни спаѓаат пчеларските, кои се
однесуваат на припитомувањето на млади роеви пчели. Пеењето
што се практикува во такви случаи има речитативен карактер –
многу потсетува на одреден вид баење.
• Народна музика е поим кој се однесува на музичкиот фолклор на
било кој народ, а се појавил како жанр во 20 век.
Архаични песни

• Меѓу архаичните песни од паганско време што се наречени


обредно – обичајни спаѓаат и календарските машки коледарски
песни, со кои во минатото се означувал крајот на годината,
односно почетокот на новата година. Тоа било време што се
разликувал од датумот од денешниот празник Коледе (6-ти
Јануари).
• За нашите предци Новата година започнувала со почетокот на
развојот и будењето на вегетацијата, некаде кон почетокот на
месец Април. Радувајќи се на новата година луѓето истовремено
правеле обреди за здравје, прескокнувајќи ги коледарските
огништа.
Пагански песни

• Меѓу паганските песни, типичен е примерот на


некалендарските женски додолски песни, што имаат функција на
молба за дожд, што се постигнува преку имитативна магија
поврзана со драмски елементи. Во практична смисла потребно е
да се имитира она што се бара преку молбата. Треба да падне
дожд и сушата да биде заменета со зеленило, затоа врз
додолката која целосно е покриена со зеленило се прска вода
што го симболизира паѓањето на дожд.
Жетварски песни

• Жетварските песни на определен начин отсликуваат еден


жетварски работен ден, бидејќи постојат песни со типично
определени функции за повеќе моменти од денот, од
тргнувањето на жетвата до предвечерието, кога жетварите се
враќаат кон дома со пеење. Тоа многу илустрирано го
потврдуваат првите стихови од песните: „Изгрејало јасно сонце“,
„Пладнина мале, тужина“.
Свадбенски песни

• Свадбарските песни не само што се најмногубројни меѓу сите


обредно – обичајни песни, туку заедно со соодветните обреди го
претставуваат највлијателниот дел од македонската песнопојска
традиција. Тоа е сосема нормално, со оглед на фактот што
свадбата како најважен момент од животот на секој човек и до
ден денес, е неизбежен чин што секоја единка го става во
центарот на своите чувства.
• И денеска во современите услови на живеење во повеќе места
во Македонија зачувани се свадбарски песни што имаат посебна
функција, односно се пеат исклучиво во определени моменти од
свадбениот обичај.
Песни што изразуваат посебно чувство на
тага
• Меѓу песните што изразуваат посебно чувство на тага, спаѓаат
оние што се кријат во моментот на разделбата кога невестата се
простува од домот и најблиските. Содржините на стиховите од
песните на метафоричен начин ја подвлекуваат важноста на
моментот што ќе настане во животот на невестата, а во контекст
на патријархалните услови на живеење и однесување.

You might also like