You are on page 1of 1

Народни песни

Македонските народни песни се дел од македонската книжевност и фолклорната


литература, претставувајќи дел од богатото фолклорно наследство во Македонија.
Народните песни потекнуваат од најдалечното минато, каде најчесто авторот е непознат
(анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено.
Според содржината, тие се делат на:

СЕМЕЈНИ песни – Во семејните песни се пее за животот и односите меѓу семејството.


Тука спаѓаат и песните што се пејат во кругот на семејството.

ОБРЕДНИ песни – Во нив се опишува колку луѓето верувале во магиското дејство на


зборот. Овие песни се пееле при прославување на празниците (обичаи, адети).
Обредните песни се делат на коледарски, василичарски, лазарски, додолски,
велигденски, ѓурѓовденски, свадбарски...

ТРУДОВИ песни – Играле улога во олеснување на работата на земјоделците, сточарите,


рибарите итн. (жетварски, печалбарски, аргатски...)

ЉУБОВНИ песни – Мотивот е љубовното чувство во сите негови варијанти и нијанси.


Од првата средба, првиот поглед на улица, од мечтите на заедничкиот живот, неостварена
љубов, љубов кон семејството итн.

ХУМОРИСТИЧНИ песни – Песни кои имаат за цел да развеселат и да предизвикаат


смеа. Кај народот се познати како „смешни песни“. Во некои од нив носители на
смешните постапки се луѓето и кон нив се упатени потсмевот и сатирата, додека во други
во ваква улога се наоѓаат животните.

ПЕСНИ ЗА ДЕЦА – Едноставни куси песнички, често брзозборки кои имаат образовна
содржина, да поучат. Тука спаѓаат приспивните песни, песни за животните, бројалки...

РЕВОЛУЦИОНЕРНИ НАРОДНИ песни – Основен мотив е поврзан со борбата на


народот за ослободување од окупаторот.Честопати се опишани борбите, славните јунаци,
љубовта кон татковината и величење на јунаштвото на историски личности (ајдучки,
комитски, партизански...).

You might also like