You are on page 1of 14

МАКЕДОНИЈА -

МУЛТИКУЛТУРНА
РИЗНИЦА
ШТО ЗНАЧАТ ЗБОРОВИТЕ
МУЛТИКУЛТУРА - КУЛТУРНА
РАЗЛИЧНОСТ, ПОСТОЕЊЕ НА
ПОВЕЌЕ КУЛТУРИ

РИЗНИЦА - СЕ ПОИСТОВЕТУВА
СО БОГАТСТВО, ТРАЈНИ
ВРЕДНОСТИ И СКАПОЦЕНОСТИ
ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА ОВА
МУЛТИКУЛТУРНО БОГАТСТВО НА
МАКЕДОНИЈА?
Местоположбата на нашата татковина
на Балканскиот Полуостров, ја прави
крстосница меѓу соседните народи и
влијанието на религиите придонеле таа
да биде мултикултурна заедница.
Бројните градби и споменици од
минатото зборуваат дека на нејзината
територија се испреплетувале повеќе
култури.
ШТО ЈА ПРАВИ ШАРЕНОЛИКА И
УБАВА НАШАТА ТАТКОВИНА?
Македонија е татковина на
македонскиот народ, но и на
албанскиот, турскиот, српскиот,
влашкиот, ромскиот, бошњачкиот
народ и други.

Сите имаат свои национални белези и


карактеристики.
ШТО ЈА ПРАВИ ШАРЕНОЛИКА И
УБАВА НАШАТА ТАТКОВИНА?
Живеат на ист простор, секоја заедница со
свои обичаи и навики, но заеднички
создаваат богата културна средина
испреплетена со различни традиции.

Јазикот е нивното најголемо богатство.

Секоја етничка заедница го говори, сака и


негува својот јазик, но ги почитува и
останатите јазици.
МАКЕДОНИЈА – МУЛТИКУЛТУРНА
РИЗНИЦА
Фолкор

Стари градби

Религии и обичаи

Стари занаети
ФОЛКЛОР
Фолклор претставува народно творештво на еден
народ.
Преку песните, ората, приказните ја искажува
судбината на народот што живеел во Македонија.
Фолклорот се пренесува од постарите на помладите
генерации и треба да се зачува како сведок на
минатото.
Фолкорот е дел од културата која создава
материјално и духовно богатство.
Народните носии во Македонија имаат многувековна
традиција.
РЕЛИГИИ И ОБИЧАИ
Во Македонија доминираат христијанската и
исламската религија.

Припадниците на двете религии имаат изградено


традиција на празнување на своите празници.

Тие негуваат обичаи кои ги пренесуваат на идните


генерации.

Населението има изградено взаемна толеранција и


почит на верска основа.
СТАРИ ГРАДБИ
Старите градби, со карактеристична
архитектура, се распространети низ цела
Македонија.

Тие се материјално богатство и доказ за


многувековно постоење и градење, начинот
на живот и културата во одреден временски
период (староградски куќи, мостови,
тврдини, чаршии и сл.).
СТАРИ ЗАНАЕТИ
Низ вековите се развивале многу занаети, како што
се:
- филигранство
- кујунџиство
- копаничарство
- грнчарството и др.
Некои од старите занаети сеуште опстојуваат, па во
чаршиите може да се сретнат дуќани на ковачи,
казанџии, бојаџии, опинчари, јорганџии, саатчии
и други занаетчии.
КАКО ЌЕ ГО НЕГУВАШ И
ЗБОГАТИШ КУЛТУРНОТО
НАСЛЕДСТВО?
Научи:
- да пееш народни песни
- да играш народни ора
- да свириш народен инструмент
- да негуваш некој стар занает
Сочувај:
- стари градби
- традиција и обичаи
- народни носии
- изработки со народен вез
СЛЕДЕШЕ
ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА?

Во тетратката запиши го
насловот и напиши краток
план.
ПРОВЕРИ ШТО НАУЧИ
ДЕНЕС
Препиши ги прашањата и одговори ги во тетратката:

1. Зошто Македонија е мултикултурна ризница?


2. Кои народи живеат во Македонија?
3. Што претставува фолклор?
4. Кои религии доминираат во Македонија?
5. Што претставуваат старите градби?
6. Кои занаети биле застапени во минатото?
ЗБОГАТИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ

Истражувај за старите
занаети!

You might also like