You are on page 1of 8

Марија е ученичка во трето

одделение. Таа секоја сабота и недела оди кај


своите баба и дедо во село.
Едно утро Марија се разбудила многу
рано ,веднаш рипнала од креветот и отишла
во кујната. Во кујната мирисало на печени
колачиња и чај од нане. Баба и ја запрашала :
- Зошто стана толку рано Марија и зошто си
замислена? Вчера наставничката ни кажа дека
следниот час ќе учиме за минатото и
традицијата на Република Македонија , па што
ли е тоа. Е внучке моја минатото е време што
поминало одамна. Традиција е пренесување
на културното богатство од минатото. Секоја
земја има свое минато и своја традиција.
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ НОСИИ

Во минатото ние носевме народни носии.


Народните носии го сочинуваат националното
обележје и традицијата на еден народ. Во мојот
роден крај живееја луѓе со различни обичаи и
сите тие имаа свои носии, фолклор и традиција.
За тоа сведочат и народните приказни кои се
зачувани и често се раскажуваат.

СРПСКА НОСИЈА ТУРСКА НОСИЈА АЛБАНСКА НОСИЈА


Фолклорот е обележје на творештвото на еден народ.
Тој се пренесува од постарите на помладите, за да се
зачува и да сведочи за минатото. Постојат стари
народни инструменти, а зачувани се стари песни ,
приказни и ора.
Македонски ора Албански ора

НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ
ЗУРЛА
ТАПАН ДАЈРЕ
ЧИФТЕЛИЈА

Македонски везови

КАВАЛ ГАЈДА ЛАХУТА


Архитектура е обликување на објекти
И видови градби. Најубавите и
најстарите градби со стара архитектура
Можат да се сретнат во Скопје , Битола,
Охрид и на други места.
Црква Џамија

Охридска куќа Битола – Широк сокак

Скопско кале
Занает е рачна изработка на предмети. Стари занаети се : Грнчарство,
кујунџиство,чевларство и други. Нив ги има по старите чаршии. Стара чаршија е
масто каде што има многу занаетчиски работилници и продавници.

ГРНЧАРСТВО

ФИЛИГРАНСТВО

КОПАНИЧАРСТВО ТКАЈАРСТВО
Традиционални јадења се оние јадења што се пренесуваат од колено на
колено.Македонија е позната по највкусните и најубавите стари јадења. Тие се
подготвувалево земјени тави и се печеле во фурни. Во нашите семејства се уште се
подготвува македонската традиционална кујна. Познати традиционални јадења се :
тавче гравче,погача, зелник, качамак, макало и други.

БАКЛАВА
ЗЕЛНИК

ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА

ТАВЧЕ ГРАВЧЕ ОХРИДСКА ПАСТРМКА ПОГАЧА


Марија беше пресреќна од тоа што го
слушна и научи од својата баба.
Таа во понеделникот им раскажа на
својата наставничка и другарчиња
што и раскажала нејзината баба. Им
однела и неколку предмети од
минатото кои ги чувала нејзината
баба . Тие предмети ги ставила во
етнолошкото катче.

You might also like