You are on page 1of 7

Семирамидини висечки градини

Семирамидините висечки градини исто познати како Висечките градини на Вавилон го


добиле името од легендарната асирска кралица Шамурамат (Семирамис), но се верува
дека биле изградени од Набукодоносор II за неговата сопруга, персиската принцеза
Амитис која дошла од плодните земји на Месопотамија. Во архитектонска смисла
Висечките градини биле пирамида која се состоела од четири нивоа на платформи кои се
потпирале на столбови од 20 метри. Најнискиот слој имал форма на неправилен
четириаголник, чија најголема страна била 42 m, најмалата 34 m. Според Диодор,
градината била со димензии 123 x 123 m. Изградена е на водоотпорна платформа која се
потпирала на основата составена од бројни платформи. За изградба на покривите на овие
галерии, бил користен дебел слој од трска, битумен, како и глинени тули и цемент за да се
спречи протекување на водата, а потоа во дебел слој била поставена плодна почва со
семиња од разни растенија од целиот свет. Растенијата биле распоредени како што
требало да растат во нивната природна средина: низински растенија – на пониските
тераси, високопланински – на повисоките. Во градините биле засадени дрвја како палма,
чемпрес, кедар, зеленика, чинар, даб. Според деталниот опис на Страбон, пумпите биле
подигнати до самиот врв и дијагонално на секоја тераса преку шуплините на столбовите.
Огромни количини вода се движеле низ цевките од стотиците робови кои постојано
вртеле едно специјално тркало кое ја снабдувало со вода секоја од платформите на
висечките градини, создавајќи вештачки водопади, а потоа течеле низ мрежа од
аквадуукти, давајќи живот на растенијата. Едниот влез
водел до градините, терасите – најшироките скали –
биле наредени во нивоа еден над друг. Пред секоја
од нив имало галерија подржана од камени столбови.
Внатрешната декорија била повеличествена од
надворешната. Имало бројни соби, а во самиот центар
голема површина со базен кој бил осветлен од
сонцето, чии зраци продирале низ покривот. Од
далечина се вели дека пирамидата изгледала како
зимзелен и расцутен рид, кој се капел во свежината
на фонтаните и потоците. Растени во сувата и топла
клима на Вавилон, дрвјата и цвеќињата ја
воодушевиле сечија имагинација. Поради тоа се
вбројуваат меѓу чудата, кои во античко време броеле
седум.
Колосот од родос
Колосот од Родос бил изграден како благодарност на боговите за победата на долгата
опсада на Деметриј Полиоркетес на Родос, и го претставувал богот Хелиос кој бил бог на
Сонцето. За да се изгради, била продадена воената опрема што Деметриос Полиоркетес
ја оставил на земја откако бил поразен. Статуата стоела високо над пристаништето на
влезот на градот и носела круна додека гледала горе во небото кон сонцето, десната рака
му ги чувала очите заштитени од сончевите зраци, додека со левата држел часовник. Таа
била симбол на слободата и симбол на победата. Колосот од Родос бил висок 34 метри и
стоел над основата висока 15 метри. Чарес, скулпторот, користел железни греди и рамки
во статуата за да и помогне да стои и да ја потпира истовремено. За време на изградбата
на статуата, главната грижа на Чарес била локацијата, видливоста, како и основата што
морала да биде доволно силна и цврста за статуата безбедно да се држи на земја.
Колосот од Родос бил изработен од големи количини бронза и железо. Чарес дури и
излеал бронза во различни форми за секој дел од оваа статуа. Дури и ако островот бил
популарен по неговото лиење од бронза, само на мал дел од статуата можел да се
монтира бронзениот лист што бил излеан во обични јами. Чарес одлучил да направи
голема јама за лиење која станала најголемата јама што некогаш била користена за лиење
бронза. Огромни глинени блокови ја наполниле оваа јама. Овие блокови од глина биле
мачкани или намачкани со восок за да ги покрие насекаде. Чарес го обликувал восокот во
специфични форми што му биле потребни за
различните делови на оваа статуа. Глината се
загревала одоздола што овозможило глината
правилно да се стегне во посакуваната форма и
восокот се исцеди, а потоа течната бронза се
истурала одозгора во празнина и ја добивала
специфичната барана форма окако ќе се олади.
Чарес одлучил да постави земја околу статуата, а
потоа создал рампа на која работниците можеле
да се искачат за да продолжат со изградбата. Ова
завршило по 12 години. По завршните допири
околната земја потоа била отстранета за да се
открие највисоката и најспектакуларната статуа
од тоа време која стоела и гледала на областа на
заливот. Статуата стоела силна околу 56 години,
по што се скршила на парчиња од силниот
земјотрес кој го погодил островот, и останала
таму така неколку стотици години.
Светилникот на Александрија
Светилникот на Александрија е
најноводо од седумте светски чуда. За
изградбата на светелникот постоеле две
причини: да се изгради светилник за да
се обезбеди безбедност на
пристаништето, а другата причина е
дека светилникот бил симбол на моќта
кој служел за пропагирање на името на
Александрија во светот. Бил изграден од
варовник од каменолом во близина на
брегот кој му давал јасен изглед што
правел посетителите да кажат дека е
бел, но тоа не е точно. Аглите на зградата, рамките на вратите и прозорците биле
изградени од гранит од Асван, овој начин на градење се наоњал во Форт Кајбеј. За
врзување на камењата не користеле малтер туку стара техника на жлебување. Тие биле
видливо склопени на корито од стопено олово, делувајќи како армотизер. Светилникот на
Александрија е монолитен објект висок 135 метри. Бил на три ката: На теренот, тешка
квадтратна зграда на која била изградена уште една октагонална зграда. На врвот, третиот
кат бил цилиндричен. Пристапната врата била прилично висока во однос на земјата, па
светилникот имал пристапна рампа на првиот кат која била тврда, не се отсранувала,
рампа која била поставена на шеснаесет импресивни сводови. Првиот кат бил изграден на
платформа висока десетина метри, бил пирамидален во форма на квадрат. Самата зграда
била шуплива и содржела пристапна рампа на вториот кат и педесетина соби, така што
била вистински урбан комплекс, нималку едноставен блок од цврст потпорен камен. Овие
различни простории се користеле за сервис на светилникот. Имало соби за персоналот кој
го чувале огнот на врвот, други за складирање дрва за неговата храна. Рампата била
широка и дозволувала преминот на воловите да го носат дрвото кон врвот на
светилникот. Бил осветлен од низа прозорци, мали и долги, распоредени покрај рампата
и на тој начин, надворешно поместување во споредба со другите. За да се добие добра
идеја за тоа каков бил првиот кат на светилникот, доволно е да се набљудува храмот на
Озирис, во близина на Александрија. Овој дел бил висок 71 m, а на врвот имаше тераса
опремена со висока ограда од 2,30 m. Вториот кат бил висок 34 m, имал осмоаголна
форма и бил шуплив, но опремен со внатрешно скалило, а не со рампа. Третиот кат бил
најнизок, само 9 m. Имал цилиндрична форма и бил опремен со внатрешно скалило.
Светилникот стоел цврсто околи 1600 години и бил, по пирамидата од Гиза, највисоката
градба рачно изградена.
Храмот на Артемида
Храмот на Артемида е третото од седумте светски чуда, изграден во близина на градот
Ефес, кој сега целосно изчезнал. Тој бил посветен на Артемида која била божица на ловот,
животните и месечината во старогрчката митологија, па затоа како и повеќето храмови на
божицата во грчкиот свет, тој се наоѓал на кратко растојание од градот, бидејќи се
сметало дека таа претседава со границите, дивата вегетација, животните и природата
воопшто. Според Плиниј храмот бил долг 129,5 метри и широк 68,6 метри. Имал 127
столбови кои биле високи 18,3 метри и 1,2 метри во дијаметар. Колоните биле наредени
во двоен ред од сите четири страни, осум или девет на кратките страни и 20 или 21 на
долгите страни. Тие колони на фасадите биле украсени со релјефни фигури од грчката
митологија. Декоративниот фриз на храмот носел сцени со Амазонки, кои, во грчката
митологија, се претпоставува дека барале засолниште во Ефес од Херкулес. Се проценува
дека архитравните блокови над столбовите тежеле по 24 тони. Покривот имал две косини,
кои ги следеле главните ѕидови и формирале фронтон на предната и задната страна кои
скулпторите имале задача да го украсат. Темелите на храмот добија одредено внимание
бидејќи биле подготвени на мочурлив терен и на тој начин се ублажувал ефектот од
земјотресите. Се користеле и алтернативни слоеви од овча кожа и спакуван јаглен за да се
обезбеди потребната стабилност за да се поддржи огромната тежина на конструкциите
што требало да се изградат на врвот. Ископувањата на локалитетот неколку години
подоцна навистина откриле дека темелите на храмот се составени од слоеви од мека
малтерна материја и јаглен.
Мавзолеј во Халикарнас
Мавзол, по смртта на татко му владеел со Халикарнес, заедно со својата кралица
Артемисија. Тој се восхитувал на грчкиот начин на живот и владеење, како и на грчкиот
дизајн. По смртта на Мавзолеј, Артемисија како почит кон него, му ја изградила
најпрекрасната гробница во познатиот свет. Таа структура станала толку позната што
името на Мавзол сега се поврзува со сите величествени гробници низ светот преку зборот
мавзолеј. Зградата била иградена во стилот на три различни култури: египетска, грчка и
ликиска. Гробницата била подигната на рид со поглед на градот. Целата структура седела
во центарот на затворен двор на камена платформа. Скалила, опкружени со камени
лавови, воделе до врвот на оваа платформа. По должината на надворешниот ѕид на
дворот имало многу статуи кои прикажувале богови и божици. На секој агол, камените
воини, качени на коњи, го чувале
гробот. Во центарот на платформата
бича самата гробница. Изработена
главно од мермер, структурата се
издигнала како квадрат, заострен блок
на околу една третина од висината на
Мавзолејот од 140 метри. Овој дел бил
покриен со релјефна скулптура која
прикажувала акциони сцени од грчката
историја. Еден дел ја прикажувала
битката на Кентаурите со Лапитите.
Друга ги прикажувала Грците во борба
со Амазонките, раса на жени воини. На
врвот на овој дел од гробницата се
издигнале триесет и шест тенки
столбови за уште една третина од
висината. Помеѓу секоја колона стоела
уште една статуа. Зад колоните имало
цврст блок што ја носел тежината на
масивниот покрив на гробницата. Покривот, кој сочинувал поголем дел од последната
третина од висината, бил во форма на скалеста пирамида со 24 нивоа. На врвот била
поставена претпоследната скулптура на гробницата што ја барал Питеос: Четири огромни
коњи како влечеле кочија во која се возеле сликите на Мавзол и Артемизија. Зградата,
богата со статуи и резби во релјеф, била толку убава и уникатна што станала едно од
седумте чуда на античкиот свет.
Статуата на Зевс во Олимпија
Статуата на Зевс била посветена на
врховниот бог на старите грци. Храмот се
сметал за дом на бог во античката грчка
религија, како резултат на тоа, статуата на
богот внатре била значително позначајна од
самиот храм. Статуата обично била
поставена во центарот на структурата, така
што кога ќе се отвореле вратите, можеле да
се видат жртвите и обредите што се
шравеле во чест на тој бог веднаш надвор.
Колосалната скулптура на Зевс стоела над 12
метри и го прикажувала богот како лежи на
престолот. Била поголема од Атина
Партенос во Атина. Била направена од
слонова коска и злато преку дрвено јадро,
со божјата кожа (главата, торзото,
екстремитетите и нозете) во слонова коска и
неговата коса, облека, и прачка во блескаво
злато додадена во чекани листови. Сребро, бакар, стакло (за украсни лилјани на божјата
облека), емајл, абонос, боја и скапоцени камења биле користени за да се истакнат фините
карактеристики. Обувките истотака му биле од злато. На главата имал венец, во десната
рака држел победа, а во левата држел жезол, а имало и орел на врвот на жезолот.
Наметката ја краселе слики од животни и цветови од крин, престолот бил украсен со
резба што прикажувала разни фигури од грчката митологија. Основата била украсена со
слики од раѓањето на Афродита. Храмот бил најдолгиот, најширокиот и највисокиот од
сите. Бил правоаголен и целосно обѕинет од низа камени столбови високи 10 метри. Имал
источен влез и покрив со две косини што се издигнале до 22 метри во висина, создавајќи
фронтон на предната и задната фасада кои биле раскошно украсени. На предниот дел бил
прикажан Зевс во средината, опкружен со претстави на трките со кочии, во кои Пелопс и
Ененос се натпреварувале за раката на Хиподамија, а задниот дел ја прикажувал борбата
на Кентаурите со Лапитите. Храмот имал два ката од внатрешната страна, со спирални
скали кои воделе до горниот кат преку дрвените галерии. Опистодомот, одаја зад
светилиштето во која биле сместени жртвите, се наоѓала на задниот дел на Наос. Подот на
храмот бил изграден од масивни плочи од варовник, обложени со мермерни плочи.
Кеопсовата пирамида
Големата пирамида во Гиза е најголемата од пирамидите лоцирани на западниот брег на
реката Нил. Тоа е најстарото од седумте чуда на античкиот свет и единственото што
останало недопрено. Пирамидите биле наменети како погребни градби за кралевите, во
овој случај за кралот Куфу. Првично, пирамидата достигнала висина од 146,5 m, но, како
што биле отстранети мазните камења од надворешната обвивка, таа била намалена на
138 m. Должината на секоја од страните на основата е во просек 230 m. Страните на
пирамидата се креваат под агол од 51°52′, точно ориентирани кон четирите кардинални
точки на компасот. Влезот е околу 18 m над земјата на северната страна. Одајата на
кралицата и одајата на кралот биле содржани внатре, поврзани преку коридор и коса
галерија долга 46 метри. Одајата на кралот била заштитена од ударот на масата на
ѕидарството натрупана врз неа, со пет прегради одделени со масивни хоризонтални
гранитни плочи, тешки 25-80 тони. Од оваа комора две тесни шахти се движеле кон
надворешноста на
пирамидата. Таа тежи
5,75 милиони тони.
Повеќето хипотези се
засноваат на идејата
дека огромните камења
биле преместени од
каменолом, а потоа или
влечени, подигнати или
валани на своето место.
Најшироко прифатената
теорија е дека заедно
со пирамидата се
зголемил и насипот од
тули, земја и песок како
рампа. Користејќи го овој насип, Египќаните би ги влечеле камените блокови користејќи
санки, ролери и лостови. Јадрото на пирамидата било формирано од 2,3 милиони
блокови од варовник. Надворешната обвивка била направена со користење на бел
варовник Тура, изработен за да формира мазна површина со сложени споеви кои не
можат да се натпреваруваат со било кој друг египетски ѕидар. Сепак, оваа обвивка
постепено била ограбена во античко и средновековно време, иако некои од камењата се
уште можат да се видат околу основата денес. Кеопсовата пирамида е еден од најтрајните
симболи на египетската уметност воопшто и египетската архитектура особено.

You might also like