You are on page 1of 14

Заштита на водите од загадување

1. Загадување на водата

 Водата во природата се среќава во –течна


состојба (мирни води-океани , мориња и езера),
протечни води (извори реки и канали).
Гасовита состојба (водна пареа во воздухот-
облаците)
-цврста состојба (глечерите на високите планини
и во поларните простори)
Во основа, водата е чиста во природата. Меѓутоа, по
природен и по вештачки пат во неа се внесуваат разни
материи со што таа станува неупотреблива и опасна за
живите организми и човекот. Оваа вода се смета за загадена.
Главни загадувачи на водите се: индустријата, комуналните отпадни
води (фекалната и атмосферска канализација), отпад-ни води од
земјоделството, од термоенергетските објекти, депониите на цврст отпад,
преработка на руди и нафтени деривати и др.
Според својствата на отпадните материи, загадувањето
на водата може да биде: физичко, хемиско и биолошко.
-Физичко загадување

 Се однесува на промени на
нејзините својства како што
се:температурата, проѕир-
ност, заматување и радио-
активност. Настанува со
механичко внесување на
разни цврсти отпадоци и
честици, загреана вода и
радиоактивни материи и т н.
-Хемиско загадување

 Настанува со внесување на разни хемиски


соединенија во водата што потекнуваат од
индустриските процеси од земјоделските
површини од урбаните средини и друго.
-Биолошко загадување

 Се врши со внесување на разни организми во водата како


што се: бактерии, вируси и разни изумрени растителни и
животински видови. Овие загадувачи предизвикуваат
разни заболувања кај организмите
Денес во светот најзагадени се водите во морињата и во
реките во густо населените и индустриски развиени реони.

 Проблемот на загадување на водите е мошне


загрижувачки. Токму затоа е неминовна општа грижа за
заштита и унапредување на постојниот квалитет на
водите.
-Мерки за заштита

 Спречување на внесувањето на загадени материи во


водните екосистеми
 Организирање на затворени системи на прочистување на
отпадните води и повеќекратно искористување на истата
вода во технолошките процеси, во индустријата и другите
постројки.
 Прочистување на отпадните води со механички, со
физичко-хемиски и со биолошки методи.
 Во оваа смисла се градат разни прочистителни станици за
водата.
Грижата за заштита на водата мора да ја спроведува секој
поединец бидејќи е општо познато дека без вода нема
живот
Домашна работа

1.Во кои агрегатни состојби се среќава водата во природата?


2.Каде водата ја среќаваме во гасовита состојба?
3.Каде водата во природата се среќава во цврста состојба?
4.Кои се главните загадувачи на водата?
5.Според својствата на отпадните материи какво може да вбиде
загадувањето на водата?
6.Како настанува физичкото загадување на водата?
7.Како настанува биолошкото загадување на водата?
8.Кои се најзагадените води на Земјата?
9.Кои мерки на заштита треба да се преземат за заштита на водите од
загадување и нивно прочистување.
Предметен наставник
Јадранка Георгијева

You might also like