You are on page 1of 9

Природни и Антропогени елементи

Изработила:Илина Стојановска 7а
Кои се природните елементи а кои
антропогени ?
Природни елементи Антропогени елементи
 Воздух Население
 Вода Населби
 Почва Стопанство
 Растителен и животински
свет
Воздух
Воздухот е гасовита материја составена претежно
од азот (78%), кислород (21%) а останатиот 1% го сочинуваат
материи како јаглероден диоксид, водород, хелиум, водна пареа и
други. Воздухот е неопходен за опстанок на животот на Земјата.
Најважен елемент на воздухот за одржување на животот на Земјата
е кислородот. Него го користат и растенијата и животните.
Животните и човекот не можат да издржат без воздух повеќе од
неколку минути. Растенијата, низ процесот фотосинтеза, се
најголеми производители на кислород.
Водните алги и фитопланктоните се исто така производители на
кислород, но со помал интензитет. Уништувањето
на шумите и загадувањето на воздухот и водите се фактори кои ја
зголемуваат опасноста од намалување на кислородот.
Вода
Вода е  супстанца чии молекули се составени од два
атоми. Чистата, свежа вода за пиење е неопходна за
човекот и другите форми на живот. Но, некои
набљудувачи предвидуваат дека до 2025 повеќе од
половина од светското население ќе се соочи со
ранливост поврзана со вода. Водата има важен дел
во светската економија, бидејќи функционира како
растворувач за голем број различни хемиски
материи и го олеснува индустриското ладење и
транспорт. Приближно 70% од свежата вода се
користи во земјоделството.
Почва
Почвата е независно природно-историско
органоминерално природно тело кое се создало на
површината на Земјата како резултат на
долготрајното изложување на биотичките,
абиотичките и антропогените чинители, кое се
состои од тврди минерални и органски
честички, вода и воздух и кое има специфични
генетско-морфолошки својства создадени за растот
и развитокот на растенијата при соодветни услови.
Растителен и животински свет
Флора е збирен поим за сите растенија во едно
географско подрачје или временски период, и
обично се однесува на автохтоните видови. Фауна е
збирен поим за сите животни во едно подрачје или
во некој геолошки период. Флората, фауната и
другите облици на живот како габите заедно се
нарекуваат биота.Во Р.М има разновидна флора и
фауна.
Население
Секое население е жив и динамичен систем. Таа
непрекинато се движи како во просторот, така и во
времето. Затоа може да стане збор за динамика на
населението, при која под влијание на
надворешните и внатрешните (внатре во
населението) чинители се менуваат важните
особености на населението.
Населби
Населено место или населба  е општ поим
во географијата, археологијата и општествените
науки што означува постојано или привременo
живеалиште на заединца од луѓе, без оглед на
големината, населението или значајноста на
местото. Така, едно населено место може да биде
група од неколку објекти, или пак велеград со
околни предградија
крај

You might also like